Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 Dec 2019 13:53:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Јавното обвинителство да го испита криминалот во општина Струмица“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnoto-obvinitelstvo-da-go-ispita-kriminalot-vo-opshtina-strumica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnoto-obvinitelstvo-da-go-ispita-kriminalot-vo-opshtina-strumica/#respond Tue, 17 Dec 2019 13:52:18 +0000 https://kurir.mk/?p=278749

Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство да го испита криминалот во општина Струмица. Во продолжение го пренесуваме нивниот Фејсбук статус:  „Пред нецел месец јавноста по којзнае кој пат се увери дека со СДС корупцијата е застапена на сите нивоа на власт и во сите постапки кои имаат допир со пари, а една од поголемите појави е корупцијата во јавните набавки преку кои годишно се извлекуваат милиони, без никаква одговорност. Вчера премиерот од трибината во Борис Трајковски силно говореше во нешто во кое ниту сам верува, ниту пак, се залага на дело. Имено, тој гласно ги повика сите надлежни институции да се борат со криминалот и корупцијата, а одговорните да ги сносат последиците од својата неодговорност, но притоа не слушнавме како ќе реагираат надлежните органи, ниту пак, кој ќе ја сноси одговорноста за штетниот и апсурден тендер кој се обидоа да го протнат токму во неговата Струмица! Имајќи предвид дека со оваа власт тендерите се секогаш наместени и прилагодени спрема поединци и дека единствен начин за да се спречат големите малверзации е изнесувањето на јавните набавки во медиумите со цел да се изврши притисок, Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на склучениот договор на јавното претпријатие Комуналец од Струмица со приватна фирма, на која Комуналец ќе ù платеше 1.200.000 евра за чистење смет. Напоменуваме дека целта на реакцијата не беше само да се раскине договорот, туку во оваа држава одговорните да престанат да ја користат секоја дупка во законот за да си наместат некоја работа и конечно да одговараат за самоволието. Но, како и секогаш, така и сега, сите си ги измија рацете од одговорноста и конкретна реакција нема! И понатаму не постои никаква волја нешто да се смени и да се превземе одговорност. По патот по кој оди власта, а кого го нарекува „прав пат“ никогаш нема да стигнеме до силна правна држава. ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија и уште поодговорна опозиција која во интерес на сите граѓани на оваа држава будно ги следи и реагира на сите неправилности во функционирањето на власта, максимално залагајќи се да ја спречи секоја можна неправда која власта намерава да ја натовари на грбот на граѓаните! Од таа причина, уште еднаш го повикуваме Јавното обвинителство и сите надлежни институции да истражат колкава е штетата од овој апсурден договор, уште колку такви штетни договори се кријат од очите на јавноста, кој ќе ја превземе одговорноста и конечно, колкава ќе биде казната!? Редно време е тендерите во Струмица, но и во сите општини да престанат да завршуваат во фирми на блиски роднини на функционери и на исти фирми, како да не постојат и други! Одговорно работење не значи само признавање на грешките, туку и нивно прифаќање заедно со оставките кои мора да следуваат после секој обид за кражба на граѓаните“! -велат од Комисијата! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnoto-obvinitelstvo-da-go-ispita-kriminalot-vo-opshtina-strumica/feed/ 0
Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Дали Струмица го приватизира собирањето смет? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-lokalna-samouprava-na-vmro-dpmne-dali-strumica-go-privatizira-sobiranjeto-smet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-lokalna-samouprava-na-vmro-dpmne-dali-strumica-go-privatizira-sobiranjeto-smet/#respond Fri, 29 Nov 2019 14:43:06 +0000 https://kurir.mk/?p=271131

Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил денеска сподели статус во кои прашува дали Струмица го приватизира собирањето смет? -ДАЛИ СТРУМИЦА ГО ПРИВАТИЗИРА СОБИРАЊЕТО СМЕТ? 1,173,562 евра е износот кој комуналното претпријатие од Струмица ќе го исплаќа на компанијата Дасмак за извршување услуги за подигање на смет. Замислете, претпријатието на кое една од основните дејности му е „собирање, транспортирање и депонирање на комуналниот цврст отпад и одржување на Јавната чистота“, за период од 12 месеци дава таа дејност, на сметка на граѓаните, да ја врши друго правно лице. Со оглед на тоа што ЈПКД Комуналец од Струмица има 6 возила и пред секои избори вработува по нови 100тина лица, прашањето е што всушност ќе работи компанијата Дасмак во Општина Струмица? Ако ова е јавна и универзална услуга која јавните претпријатија ја вршат како што е пропишано во Законот за управување со отпадот, зошто не се спроведе постапка за Јавно приватно партнерство, туку се распиша обичен тендер? Дали за отстапувањето на оваа услуга на друго правно лице се запознати Советот на Општина Струмица, Управниот одбор на ЈПКД Комуналец од Струмица и други инволвирани страни? Затоа што доколку не се и доколку никој од нив не дал „АМИН“ за ваков скандалозен тендер, тогаш некој сериозно треба да одговара пред надлежните органи! Ги повикуваме институциите да го разгледат овој случај и доколку има незаконитост во работата на Јавното претпријатие, доколку има недоследност во испорачување на јавните услуги и доколку се докаже дека надлежностите на ЈП не се вршат согласно закон, раководните лица во претпријатието да сносат соодветна одговорност!, стои во нивниот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-lokalna-samouprava-na-vmro-dpmne-dali-strumica-go-privatizira-sobiranjeto-smet/feed/ 0
„Државата се откажа од Охрид и УНЕСКО статусот“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavata-se-otkaza-od-ohrid-i-unesko-statusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavata-se-otkaza-od-ohrid-i-unesko-statusot/#respond Wed, 11 Sep 2019 10:38:06 +0000 https://kurir.mk/?p=239422

Разгледувајќи го Ребалансот на буџетот за 2019 година, евидентен и загрижувачки е фактот што не е наведен ниту рокот, ниту износот на средства кои Владата планира да ги издвои за Колекторскиот систем за заштита на Охридското езеро, како поддршка на напорите на централната и локалната власт за исполнување на препораките од УНЕСКО, реагираат од Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ. Статусот на Комисијата ви го пренесуваме во продолжение: Ако го земеме во предвид, а мора да го земеме, Акцискиот план на општина Охрид за спроведување на препораките од Унеско, кој беше изгласан на 30тата Седница на Советот на општина Охрид и според кој до крајот на 2019та година (значи уште само три месеци!) Министерството за животна средина треба да спроведе постапка за ангажирање на консултантска куќа, која ќе изработи анализа за избор на оптимална финансиска конструкција за финансирање на интегрирано управување со отпад, како и Анализа на постојна локација за централна постројка за преработка/отстранување на отпад и можен избор на нова локација, а со Реблансот на Министерството за животна средина му кратите 18.450.000 денари за чистење депонии и дополнителни 479.000 денари на име Унапредување на животната средина, ќе дојдеме до болниот заклучок дека држвата се одрекла од Охрид и Унеско статусот! И тоа не е сè, туку овој болен заклучок ќе го поткрепиме и со фактот што за Заштита на културното наследсво, кое исто така е од пресудно значење за Унеско статусот на Охрид, со ребалансот се кратат цели 114 милиони денари. Да повториме, за Унеско стаусот клучни министерства се: Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за култура на кое му се кратат над 10 милиони денари и Министерствто за транспорт и врски на кое му се кратат дури над 2 милијарди денари! Ако мислите дека тоа е сè, повторно ќе ве демантираме! Препораката 2 од Извештајот на 41-та седница на Комитетот на светското наследство на Унеско налага Подобрување на постојниот пат помеѓу Струга и границата со Албанија што е во надлежност на Министерството за транспорт и врски на кое, како што наведовме погре му се кратат огромни средства. Понатаму, препораката 12 налага засилена прекугранична соработка, за што со ребалансот на Министерството за локална самоуправа му се кратат 70 милиони денари токму на име прекугранична соработка, додека препораката 13 налага подобрување на системот за третман на отпадни води за сите населби во сливот на езерото, а со Ребалансот се кратат 186.500.000 на име проект за водоснабдување и одведување на отпадни води! И конечно, имајќи го во предвид сè уште незапочнатото постапување со бесправно изградените објекти кои го загрозуваат Унеско статусот на Охрид, а охридскиот градоначалник Константин Георгиески никако да почне да постапува....се наметнува заклучокот дека најверојатно градоначалникот Георгиески очекува премиерот Зоран Заев да преброи колку „пицерии“ и колку „Чичко Николовци“ има во Охрид на кои во предизборето јавно им вети дека нема да им ги руши дивоградбите, па ќе почне да руши. Кога сè ќе се собере и одземе, за жал, доаѓаме до позната охридска реченица: На Охрид му немат спас! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavata-se-otkaza-od-ohrid-i-unesko-statusot/feed/ 0