Комисијата за спречување и заштита од дискриминација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 08 May 2023 10:38:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Комисијата за спречување и заштита од дискриминација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/potpishan-memorandum-za-sorabotka-pomegu-narodnata-banka-i-komisijata-za-sprechuvane-i-zashtita-od-diskriminatsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/potpishan-memorandum-za-sorabotka-pomegu-narodnata-banka-i-komisijata-za-sprechuvane-i-zashtita-od-diskriminatsija/#respond Mon, 08 May 2023 10:38:19 +0000 https://kurir.mk/?p=831778

Народната банка и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација склучија Меморандум за соработка, со кој се овозможува размена на искуства и знаења, добри практики, како и стручна консултација за прашања од интерес.

Меморандумот има за цел да ја промовира еднаквоста и недискриминацијата, да ги зајакне институционалните капацитети и меѓусебната поддршка и да поттикне заеднички иницијативи во областа на еднаквоста и недискриминацијата. Спроведувањето на одредбите на Меморандумот е значајно за двете институции, со оглед на тоа дека директната и отворена соработка ќе придонесе за унапредување на примената на принципите на еднаквост и недискриминација. За спроведување на Меморандумот се предвидени обуки за прашањата поврзани со дискриминаторските практики и трендови, заради јакнење на капацитетите на вработените и спречување на дискриминацијата.

Притоа, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска истакна дека институционализирањето на соработката со Комисијата е уште еден показател за интересот на банката за практикување здрава и етичка институционална култура, со еднакви можности за сите. Претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Исмаил Камбери, посочи дека Народната банка е одличен пример помеѓу институциите во земјава од аспект на поддршката на еднаквоста и борбата против дискриминацијата.

Зајакнувањето на соработката со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е активност на Народната банка за поддршка на примената на принципите на Законот за спречување и заштита од дискриминација, преку одржување високи етички стандарди и примена на висок степен на професионално и непристрасно постапување при спроведувањето на целите и задачите.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/potpishan-memorandum-za-sorabotka-pomegu-narodnata-banka-i-komisijata-za-sprechuvane-i-zashtita-od-diskriminatsija/feed/ 0