Комисијата за заразни болести – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Apr 2023 19:49:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Комисијата за заразни болести – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Петличковски за смртта на малата Јана: Вирусните миокардити знаат да бидат бурни, не се исклучува можноста да имала вирусна инфекција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-za-smrtta-na-malata-jana-virusnite-miokarditi-znaat-da-bidat-burni-ne-se-iskluchuva-mozhnosta-da-imala-virusna-infektsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-za-smrtta-na-malata-jana-virusnite-miokarditi-znaat-da-bidat-burni-ne-se-iskluchuva-mozhnosta-da-imala-virusna-infektsija/#respond Fri, 07 Apr 2023 19:49:34 +0000 https://kurir.mk/?p=821676

Со оглед на фактот дека малата Јана најверојатно починала од миокардит, а вирусите се честа причина за миокардит, не се исклучува можноста да имала вирусна инфекција. Лекарите во битолската болница со консултирале и со клиниката во Скопје и биле на добар пат за поставување на дијагнозата, но за жал вирусните миокардити знаат да бидат бурни и за само неколку часа може да се случува смртта. Не верувам дека во битолската болница можеле да направат нешто повеќе, истакна вечерва претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски. Според Петличковски, најчести предизвикувачи на миокардит се Аденовирусите, Парвовирусите и секако вирусните инфекции од ковид, но, како што рече, шест месеци е малку предолг период за директно да се поврзе ковидот. - Многу е веројатно дека некој вирус бил предизвикувач на миокардитот, но не можеме со сигурност да потврдиме кој е тој вирус. Шест месеци период е предолг период за да го инкриминираме ковидот и директно да посочиме дека е тој виновникот. Некој вирус многу веројатно бил, истакна Петличковски. На прашањето околу забелешката на родителите на малата Јана дека таа имала отоци во телото и дали тоа можело да биде некаков сигнал дека се случува такво нешто и да биде предупредување за лекарите, тој одговори дека отоците на очните капаци, како што вели, веројатно се поврзани со ослабување на функцијата на срцевиот мускул. - Мислам дека лекарите во битолската болница тоа веднаш го детектирале и почнале постапки за проценка на срцевата функција. Знам дека имало и консултации со клиниката во Скопје, и со Детската клиника и со Кардиологија, и прилично сум сигурен дека биле на добар пат во поставувањето на дијагнозата. За жал, некогаш овие вирусни миокардити знаат да бидат многу бурни и само за неколку часа се случува смртта, така што не верувам дека во битолската болница можеле да направат нешто повеќе, подвлече Петличковски. Исто така информираше дека во определен мал дел на овие случаи состојбата е многу тешка и ургентна и дека тоа не може да се предвиди на почеток. - Тоа се непредвидливи и многу тешки случаи и за жал немаме начин како тоа да го спречиме, посочи претседателот на Комисијата за заразни болести додавајќи дека можат да постојат некои благи симптоми но овој фулминантен тек не може да се предвиди, непредвидлив е и тешкорешлив, рече Петличковски, информирајќи и дека вирусните миокардити само околу еден процент завршуваат со смртен исход.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-za-smrtta-na-malata-jana-virusnite-miokarditi-znaat-da-bidat-burni-ne-se-iskluchuva-mozhnosta-da-imala-virusna-infektsija/feed/ 0
Пановски: Нелогични, противуставни и присилни се најновите предложени мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panovski-nelogichni-protivustavni-i-prisilni-se-najnovite-predlozeni-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panovski-nelogichni-protivustavni-i-prisilni-se-najnovite-predlozeni-merki/#respond Thu, 18 Nov 2021 15:35:32 +0000 https://kurir.mk/?p=597033

Нелогични, противуставни и присилни се најновите предложени мерки од Комисијата за заразни болести за невакцинираните, оценува професорот на Медицинскиот факултет, доктор Никола Пановски во изјава за „Слободен печат“. За него особено несфатливо е што здравствените власти не го признаваат фактот дека прележувањето ковид создава природен имунитет кој е долготраен и трае и една година. - Познавам многу луѓе со слични примери, но ќе ви кажам само еден: Човек кој три пати дарува крвна плазма, прележал ковид, има силен имунитет и антитела од 32 илјади, не само што со ваквите мерки не му го признаваат имунитетот, туку и не му даваат да оди на работа?! Значи човек чија крвна плазма ја користат за да спасат животи, го малтретираат да се вакцинира. Има граѓани кои не се антиваксери, туку се обесправени на начин што природно стекнатиот имунитет им се оспорува, иако на тестовите за антитела се покажува реалната слика. И друга нелогичност со овие присилни мерки за присилна вакцинација е тоа што се прави поделба на граѓаните среде пандемија на вработени во јавен и во приватен сектор. Која пандемија препознава таква разлика, прашува доктор Пановски. Тој додава дека предложените мерки се неуставни и незаконски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panovski-nelogichni-protivustavni-i-prisilni-se-najnovite-predlozeni-merki/feed/ 0