комисиска расправа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 15 Sep 2023 12:02:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png комисиска расправа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Комисиска расправа по предлог Одлуката за формирање анкетна комисија за случајот со Онкологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisiska-rasprava-po-predlog-odlukata-za-formirane-anketna-komisija-za-sluchajot-so-onkologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisiska-rasprava-po-predlog-odlukata-za-formirane-anketna-komisija-za-sluchajot-so-onkologija/#respond Fri, 15 Sep 2023 12:02:06 +0000 https://kurir.mk/?p=878370

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница ја разгледува Предлог одлуката за формирање на анкетна комисија за случајот на клиниката за онкологија. Антонио Милошоски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и еден од предлагачите на Одлуката во своето излагање посочи дека скандалот кој се случи на клиниката го загрозува членот 39 каде е запишано дека секој граѓанин има право на здравствена заштита. - Со ова се гледа дека правото не само што не било испочитувани, туку било и злоупотребувано, истакна Милошоски. Додаде дека овој скандал доведува до пад на довербата во здравството. Според него треба во најбрз можен рок да се утврди политичка одговорност. - Политичката одговорност ќе има дополнителна корист, оти во овој момент има паушално жигосување на здравствените работници кои немаат врска со случајот, а се грижат за своите пациенти. Не би требало другите здравствени работници да бидат жртви на ваков скандал, истакна Милошоски. Предложи Комисијата да биде составена од 13 членови од кои мнозинството да биде од опозицијата, односно од ВМРО-ДПМНЕ шест членови, четири од СДСМ, два члена од ДУИ и еден од Алијанса. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisiska-rasprava-po-predlog-odlukata-za-formirane-anketna-komisija-za-sluchajot-so-onkologija/feed/ 0
Продолжува комисиската расправа за законските измени за изградбата на коридорите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuva-komisiskata-rasprava-za-zakonskite-izmeni-za-izgradbata-na-koridorite-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuva-komisiskata-rasprava-za-zakonskite-izmeni-za-izgradbata-na-koridorite-2/#respond Tue, 16 May 2023 15:26:11 +0000 https://kurir.mk/?p=834897

Собраниската Комисија за европски прашања денеска втор ден ја продолжи расправата за предложените измени на законите поврзани со изградбата на коридорите, означени со европско знаменце, кои треба да се донесат по скратена постапка. Членовите на собраниската Комисија за европски прашања дискутираат по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка. Денешната расправа помина во меѓусебни препукувања меѓу пратениците на власта и опозицијата. За овој предлог-закон остануваат да дебатираат уште тројца пратеници. На почетокот на седницата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во процедурално обраќање забележаа дека во Сала 6 каде се одржување денешната седница на Комисијата нема услови за работа. Тие повторно забележаа дека со ставањето на европското знаме на пакетот за измените на законите за градбата на коридорите се прави злоупотреба на европското знаменце. Посочија дека не добиле образложение зошто законите се поднесени со европско знаменце и нагласија дека евроамбасадорот во земјава посочил дека овој пакет закони не треба да биде поднесео со европско знаменце. Потенцираа дека ВМРО-ДПМНЕ не е против изградба на капитални проекти и патишта, но, според нив ваквата постапка на власта е криминално дело, а забележаа и дека со проектот се развивала само патната инфраструктура во западниот дел на земјата. Заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи истакна дека нема измени во стратешките процедури во државата. Посочи дека дека за овие инвестиции вреди да бидеме поефикасни, да имаме пократки рокови во смисла на комплетирање на документацијата. -Целата работа е транспарентна и се во овој процес е транспарентно. Законот се донесува во Собранието. Преговорите околу компанијата беа транспарентна работа. Овде слушам дискусии кои што не држат, немаат факти и аргументи. Сепак почнувате со популизам. Немојте да го труете народот. Почнуваме со историски проект за државата, рече Реџепи. Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека евроамбасадорот испратил писмо дека не треба да врши злоупотреба европското знаменце, посебно за овој случај , односно за овој пакет закони, бидејќи нема никакво усогласување со европското право. -Ако ние планираме да го усогласуваме европското право, ние треба да имаме и кореспондентна табела во која што е точно наведено кој дел од европското право нашето законодавство го усогласуваме со европското. Празни табели, без никакви обраснувања, рече Ковачки. Потпретседателката на Комисијата и пратеничка на ДУИ, Арта Биљали-Зендели истакна дека е срамно и поминало времето кога државата се делеше на Западна Македонија која што не беше развиена и Источна Македонија која што беше поразвиена. Посочи дека не треба да има такви поделби меѓу пратениците, бидејќи, како што рече, сите граѓани треба да имаат рамноправен развој во државата. Потпретседателката на Комисијата, Биљали-Зендели ја прекина седницата и соопшти дека ќе продолжи во текот на денов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuva-komisiskata-rasprava-za-zakonskite-izmeni-za-izgradbata-na-koridorite-2/feed/ 0
Комисиска расправа за предлозите за избор на членови на Советот на јавни обвинители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisiska-rasprava-za-predlozite-za-izbor-na-chlenovi-na-sovetot-na-javni-obviniteli-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisiska-rasprava-za-predlozite-za-izbor-na-chlenovi-na-sovetot-na-javni-obviniteli-2/#respond Thu, 11 May 2023 13:57:57 +0000 https://kurir.mk/?p=833094

Во Собранието денеска продолжува седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на која на дневен ред е утврдување на предлози за избор на членови на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија. Пријавени за членови на Советот на јавните обвинители се Светлана Жупаноска, судски соработник во Основниот граѓански суд Скопје, Кети Петкова адвокат од Гевгелија која претходно работела во Специјалното јавно обвинителство, како и Митко Митревски, генерален секретар на Јавното обвинителство. Од овие три пријавени кандидати, членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да дадат поддршка за две изпразнети местри заради пензионирање на на два члена. Отворена е расправа за првата кандидатка Светлана Жупаноска. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не дава своја поддршка, а пратениците од оваа партија најавуваат долги дебати и говори исто како претходно за предлозите за уставни судии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisiska-rasprava-za-predlozite-za-izbor-na-chlenovi-na-sovetot-na-javni-obviniteli-2/feed/ 0
Заврши првиот ден од комисиската расправа по Предлог-буџетот за 2023 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-prviot-den-od-komisiskata-rasprava-po-predlog-budzetot-za-2023-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-prviot-den-od-komisiskata-rasprava-po-predlog-budzetot-za-2023-godina/#respond Wed, 23 Nov 2022 17:10:09 +0000 https://kurir.mk/?p=765533

Собраниската Комисија за финансирање и буџет доцна попладнево ја заврши денешната расправа за Предлог-буџетот за 2023 година, а продолжението на 52-та седница е закажано за в петок во 11 часот. За опозицијата буџетот не е развоен туку инфлациски, кризата не е увезена, а за лошата економска состојба на државата е највиновна Владата. За пратениците од владејачкото мнозинство Предлог-буџетот за 2023 година соодветствува на глобалната економска криза која го зафати светот поради војната во Украина, што неминовно се одрази и на нашата држава. Министерот за финансии Фатмир Бесими, реплицирајќи му на пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Игор Здравковски, кој забележа дека нашата држава има највисока инфлација во однос на државите од регионот и оти за тоа не е виновна само војната во Украина, рече дека е ова е четврти по ред Буџет, вклучително и ребалансот за 2020 година, кој Собранието го носи во услови на криза. – Претходните години, ја имавме пандемијата, а сега светската економска криза. Не префрлуваме вина, не избегнуваме одговорност. Но, тоа е нашата реалност. Не можеме да кажеме дека нема криза во услови кога таа владее во Европа. Ако погледнеме во што се состои буџетскиот дефицит од 700 милиони евра, ќе видиме дека 250 милиони евра се за мерки за ублажување на ефектите од кризата. Да немаше енергетска криза, дефицитот ќе беше за толку помал. Да не мислевме на развој на инфраструктурни проекти, да не беше Коридорот 8, немаше да предвидиме 250 милиони евра и да не беа каматите од долговите кои беа акумулирани од минатото, немаше да имаме дополнителни 210 милиони евра. Ние всушност, немаме нов дефицитот, освен овие три работи, рече Бесими. Инаку, вкупните приходи на Буџетот за 2023 година се планирани на ниво од 282,1 милијарда денари и се за 14,8 отсто повисоки во однос на 2022 година, додека расходите се планирани на ниво од 324,8 милијарди денари и се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е планиран на ниво од 4,6 отсто од планираниот БДП или на 42,7 милијарди денари. Вкупните расходи се планирани во износ од 324,8 милијарди денари што е за 36,3 милијарди денари повеќе во однос на Буџетот за 2022 година. Пред почетокот на денешната 52 седница на Комисијата за финансирање, Бесими симболично му го предаде Буџетот на Стојаноски во знак на, како што рече, досегашната добра соработка. Предлог-буџетот за 2023 година е единствена точка од дневниот ред на Комисијата која може да расправа вкупно 10 дена. Денеска заврши првиот ден од расправата, а второто продолжение ќе биде в петок во 11 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-prviot-den-od-komisiskata-rasprava-po-predlog-budzetot-za-2023-godina/feed/ 0
Почна комисиската расправа за улогата на АНБ и АР при доделување македонско државјанство на Онишченко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-komisiskata-rasprava-za-ulogata-na-anb-i-ar-pri-dodeluvanje-makedonsko-drzavjanstvo-na-onishchenko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-komisiskata-rasprava-za-ulogata-na-anb-i-ar-pri-dodeluvanje-makedonsko-drzavjanstvo-na-onishchenko/#respond Wed, 16 Nov 2022 11:24:45 +0000 https://kurir.mk/?p=761623

Во Собранието денеска почна расправата во Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР) во безбедносната проверка на лицето Олександр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство. – Причината за оваа седница е бидејќи во изминатиов период се соочуваме со непријатности поврзани со нашата работа. Собранието покрај законодавна, има и надзорна улога. Имаме случај во кој човек кој е на црната листа на САД, Република Македонија му дала државјанство, рече на почетокот на расправата претседателот на Комисијата Љупчо Пренџов. Пренџов претходно најави дека директорот на АНБ Виктор Димовски ќе треба да објасни како службеници на Агенцијата го пропуштиле низ безбедносниот филтер Онишченко, кој е обвинет за корупциски зделки во Украина и ставен на американската „црна листа“. – Тој е најповикан да одговори. Лично сум многу загрижен во врска со издавањето на македонски државјанства и на македонски пасоши веќе имам чувство дека секој втор криминалец има во џебот македонски пасош и според мене сметам дека тоа е сериозен предизвик и аномалија во безбедносниот сектор во државата, рече Пренџов. Украинскиот државјанин Онишченко станал македонски државјанин како спортист во еквестријан по предлог на Коњичката федерација. Одлука за доделување македонско државјанство за него донела Владата по добиено позитивно мислење од сите надлежни институции. И премиерот Димитар Ковачевски изјави дека упатил барање до институциите, кои биле вклучени во донесувањето на позитивни мислења за доделување на државјанството на Онишченко, да поднесат извештај за тоа дали и како е спроведена процедурата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-komisiskata-rasprava-za-ulogata-na-anb-i-ar-pri-dodeluvanje-makedonsko-drzavjanstvo-na-onishchenko/feed/ 0
Комисиската расправа за уставните судии продолжува утре https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisiskata-rasprava-za-ustavnite-sudii-prodolzuva-utre/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisiskata-rasprava-za-ustavnite-sudii-prodolzuva-utre/#respond Tue, 04 Oct 2022 13:49:14 +0000 https://kurir.mk/?p=740939

Во Собранието утре треба да продолжи седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата за кандидатурата за уставен судија на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, предложен од страна на владејачките партии. Членовите на Комисијата, по објавената пауза попладнево не продолжија со работа, а продолжението на седницата е закажано за утре во девет часот. Во претпладневниот дел, претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска даде пауза по настаната тензична ситуација откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски побара збор за процедурално. Георгиевска не му даде збор, со образложение дека тој не е член или заменик член на Комисијата и нема право на процедурално. Потоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ реагираа со повици со повисок тон до Георгиевска дека им го скратува правото на збор што беше негирано од нејзина страна со барање да се стави некаков ред. Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во дискусијата наведоа дека „не може еден човек кој што не реагирал на повеќе од 300 скандали за корупција и криминал во оваа држава да има дигнитет и да биде воопшто предложен како кандидат за уставен судија“. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска побара да и се даде збор повторно на пратеничката Бети Стаменковска да продолжи со обраќањето таму каде што застана кога била прекината по 10-часовно обраќање за завршување на нужни потреби. Георгиевска и одговори дека пратеничката Стаменковска го напуштила своето место кога говорела и таа седницата ја затворила бидејќи не дала никаква пауза. – Ние ќе се бориме тој да не биде уставен судија. А, исто така, ќе се бориме и претходно изгласаната Тања Васиќ Бозаџиева за која што не знаеме дали воопшто знае каде се наоѓаат судовите. Исто така, да ве предомислиме нејзе да не ја гласате ако дојде воопшто моментот да се гласа на пленарна седница. Таа личност да не ја гласате, рече Ласовска. Таа побара да се повлечат сите предлози и како што рече заедно со стручната фела по МЕРИТ систем да се изберат луѓе кои ќе го претстават Уставниот суд. Георгиевска рече дека ако смета дека предлозите треба да се повлечат, тогаш да се повлечат, но потсети дека предлозите се дадени од страна на пратениците и од опозицијата и од парламентарното мнозинство и е право на овој Пленум, односно на оваа работно тело да дискутира по истите без разлика од кого се предложени. – Вашата сугестија дека треба да се размислува за промена, еве апсолутно и јас мислам дека треба да има промени, заради тоа што мислам дека доколку има измени околу изборот на уставни судии, тоа ќе даде голем придонес кон демократскиот процес во државата. Меѓутоа, сметам дека на таков начин граѓаните ќе имаат доверба во институциите кои што имаат најголема одговорност во оваа држава, рече Георгиевска. На претходните седници членовите на оваа Комисија дадоа поддршка на кандидатите Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство и на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер, и двајцата предложени од СДСМ. Од предложените шест кандидати за уставни судии на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден не доби поддршка. Партијата ги предложи Саво Климовски, универзитетски професор, Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска и професорка Родна Живковска. Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена, на четворица им е истечен мандатот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisiskata-rasprava-za-ustavnite-sudii-prodolzuva-utre/feed/ 0
Продолжи комисиската расправа за кандидатурата за уставен судија на Љубомир Јовески https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzi-komisiskata-rasprava-za-kandidaturata-za-ustaven-sudija-na-ljubomir-joveski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzi-komisiskata-rasprava-za-kandidaturata-za-ustaven-sudija-na-ljubomir-joveski/#respond Tue, 04 Oct 2022 11:29:05 +0000 https://kurir.mk/?p=740847

Во Собранието денеска почна продолжението на седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на која членовите дискутираат за кандидатурата за уставен судија на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, предложен за уставен судија од страна на владејачките партии. Изминативе денови членовите на оваа Комисија дадоа поддршка на кандидатите Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство и на граѓанскиот судија во Апелацискиот суд во Скопје, Фатмир Скендер, и двајцата предложени од СДСМ. Од предложените шест кандидати за уставни судии на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден не доби поддршка. Партијата ги предложи Саво Климовски, универзитетски професор, Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска и професорка Родна Живковска. Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена, на четворица им е истечен мандатот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzi-komisiskata-rasprava-za-kandidaturata-za-ustaven-sudija-na-ljubomir-joveski/feed/ 0
Продолжи комисиската расправа за завршната сметка на Буџетот за 2021 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzi-komisiskata-rasprava-za-zavrshnata-smetka-na-budzetot-za-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzi-komisiskata-rasprava-za-zavrshnata-smetka-na-budzetot-za-2021-godina/#respond Mon, 03 Oct 2022 11:12:08 +0000 https://kurir.mk/?p=740383

Обвинувања за капацитетите на власта за менаџирање на енергетската и економската криза и за ефектите од мерките од почетокот на ковид пандемијата, како и за слаба реализација на Буџетот, упатија пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешното продолжение на расправата во матичната собраниска Комисија за Предлог – завршната сметка на Буџетот за 2021 година. Членовите на Комисијата за финансирање и буџет од власта, пак, ги отфрлија обвинувањата и меѓу останатото побараа одговорност и конкретни мерки во справувањето со кризата и од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. -Граѓаните се во страв и неизвесност до каде се со она што го ветивте, дали ќе има храна и електрична енергија и по која цена, ќе има ли рецесија. Доаѓаме до инфлаторна рецесија, најлошата економска состојба. Час поскоро да се излезе со мерки што навистина ќе помогнат за стопанството, рече Зоранчо Јованчев од ВМРО-ДПМНЕ. Неговиот колега Игор Здравсковски оцени дека „се случува колапс на економијата и дека спроведуваат безнадежни и безидејни решенија за привремен спас на Владата“. -Со ваков однос на Владата ќе биде многу тешко да се преживее и наредната година бидејќи ние според овие бројки и извештаи се немаме опоравено од ковид кризата, рече Здравковски, повикувајќи ги пратениците од власта да се одважат и да ги прифатат предлозите на опозицијата за носење на клучните решенија во наредниот период. Коментирајќи ја завршната сметка за 2021 година, рече дека намалувањето на невработеноста се должи на иселувањето од државата, а зголемените приходи од наплатата на даноците на инфлацијата. Меѓу останатото забележа дека бројките од завршната сметка ја потврдиле слабата реализација на капиталните инвестиции, но и зголемувањето на наплатата од казни. Реплицирајќи, пратеничката од СДСМ Даниела Маркоска, пак, посочи дека следи тешка година и ги повика опозициските пратеници да не ги блокираат важните закони за да справиме со тековните кризни состојби. -Тешки одлуки треба да носат и Владата и министрите, но и градоначалниците што доаѓаат од вашите редови. Нивна задача не е само да седат во фотелјите и да вработуават, а од друга страна да кажуваат дека имаат високи сметки за струја, туку да работат, да соработуваат и со бизнис секторот, како и да направат некои мерки за да ги заштитат граѓаните, да намалат некои нивни приходи, како што се данок на имот, паркинзи. Да си работат со план, да си стават фотоволатици на институциите во општините со што ќе заштедат енергија. Кога ќе работат плански и систематски ќе имаат многу висок степен на реализација ќе работат добро и нема постојано да бараат помош од државата, рече Маркоска. Според Маркоска, неосновани се тврдењата дека Владата е неспособна за реализација на Буџетот, за што бројките во нагорна линија и тој добро се проектира, а падот на стапката на невработеност не се должи на иселувањето, туку на владините мерки за вработување. Во Предлог-завршната сметка е наведено дека во 2021 година бруто-домашниот производ забележа раст од 4 проценти на реална основа, што е во рамки на предвидувањата. По падот од 1,8 проценти во првото тримесечје, економската активност забележа висок раст од 13,4 проценти во второто тримесечје, проследен со раст од 3 проценти и 2,3 проценти во третото и четвртото тримесечје, соодветно. -Растот на домашната економија во 2021 година е одраз на подобрената епидемиолошка состојба и мобилност, поповолното меѓународно опкружување, помалата воздржаност за потрошувачка и владините мерки за поддршка на економијата, рече заменик министерот за финансии Филип Николовски на првиот ден од расправата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzi-komisiskata-rasprava-za-zavrshnata-smetka-na-budzetot-za-2021-godina/feed/ 0
Комисиската расправа за продолжување на рокот за енергетската кризна состојба продолжува утре https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisiskata-rasprava-za-prodolzuvanje-na-rokot-za-energetskata-krizna-sostojba-prodolzuva-utre/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisiskata-rasprava-za-prodolzuvanje-na-rokot-za-energetskata-krizna-sostojba-prodolzuva-utre/#respond Thu, 22 Sep 2022 17:32:59 +0000 https://kurir.mk/?p=736364

Во собраниската Комисија за одбрана и безбедност заврши денешниот дел од расправата за предлог-одлуките за подлжување на кризната состојба во енергетиката, која, според најавите, ќе продолжи утре. Комисијата втор ден расправаше за предлог одлуките за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на државава заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија и за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија. Со предлог одлуките треба да се објави кризна состојба во периодот од 1 октомври годинава до 30 април следната година. Со тоа ќе се овозможи продолжување на кризната состојба во енергетската област, што со одлука на Влада стапи во сила од 1 месецов. Според пратениците од опозициската ВМРО -ДПМНЕ, причината за лошата состојба со електричната енергија во земјава се должи на недомаќинското работење и намалено производство на електрична енергија. -Се повикувате на тоа дека имаме многу високи цени на светските берзи по мегават од час, меѓутоа имаме услови за домашно производство од домашните производни капацитети кои доколку се искористеле ќе сме немале потреба од увоз на електричина енергија и скандалоззни набавки, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Дејанчо Ефтимов. Според него, стабилна состојба може да се постигне само со искористување на капацитетите и одговорност на надлежните. -Ниту се посегнало кон план за надминување на оваа криза, ниту пак имаме никаков друг план освен пренамена на средства за што не добиваме детален извештај, каде овие средства се потрошиле. Енормно многу се краде енергија тоа значи дека во Македонија не функционира системот, оцени Ефтимов. Марија Георгиевска од СДСМ во реплика посочи на погрешниот пристап односно, како што рече, на еднострано презентирање на податоците објавени преку Еуростат без притоа да се споменат другите фактори кои имаат влијание врз цената. -Треба да имаме предвид дека секоја земја има различен енергетски систем фактори, колку од компаниите во земјите се на слободен пазар и колкава е таа портошувачка, дали земјата увезува и колкав процент на електрична енергика исто зависи од тоа како е спремен буџетот во дадената земја така да постапува, треба да се земе и ова предвид, бидејќи не се исти земјите со кои правиме споредба, така на пример Бугарија и Словенија имаат и нуклеарни централи и повеќе од 90 проценти електрична енергија бидејќи нашата земја со години наназад за 40 проценти е зависна од увоз. Да не се врзуваме спрема еден параметар, има фактори кои влијаат на формирањето на цената, не само кај нас туку и кај останатите не може да правиме еднострана споредба. Оваа криза не натера да ги погледнеме аномалоите кои треба во наредниот период да се следат и да бидат показател за да знаеме како да ги контролираме нашите акции и реакции, потенцира Георгиевска. Пратеникот Ефтимов во контрареплика го повтори ставот дека во изминатите години требало да се зголеми наместо да се намали домашното производство што рече дека е причина што земјава во моментот е увозно зависна. -ЕСМ во изминатите 10 години има намалуваење од 40 отсто, ако во овие десет години се зголемило производството, така ќе биле заштедени во буџетот енормни средства кои сега ќе можевме да ги алоцираат на други соодветно мерки кои ќе биле од помош за граѓаните, рече Ефтимов. Додаде дека одговорното искористување на ресурсите ќе спречело многу компании да не се затворат секојдневно или да бидат на работ на егзистенција, намалувањето на стандардот на живеење, инфлација како и оптоварен систем на социјална заштита. Видепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи непосредно пред завршување на расправата изрази разочараност од дискусиите помеѓу членовите на Комисијата во изминатите два дена. -Сметам дека расправата од овие два дена не доликува на еден законодавен дом, да се упатуваат такви критики на луѓе кои не се присутни се недолични, бидејќи треба да расправаме како да се справиме со енергетска криза, а не дали некој е способен или не е способен, рече Битиќи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisiskata-rasprava-za-prodolzuvanje-na-rokot-za-energetskata-krizna-sostojba-prodolzuva-utre/feed/ 0
Продолжува комисиската расправа за предлозите за уставни судии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-komisiskata-rasprava-za-predlozite-za-ustavni-sudii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-komisiskata-rasprava-za-predlozite-za-ustavni-sudii/#respond Tue, 13 Sep 2022 06:00:07 +0000 https://kurir.mk/?p=731944

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе ја продолжи расправата за предлогот јавниот обвинител Љубомир Јовески да биде уставен судија. Јовески за уставен судија е предлог на владејачките партии. Изминативе денови членовите на оваа Комисија дадоа поддршка на кандидатите Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство и на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер. Комисискиот филтер не го поминаа кандидатите Саво Климовски, универзитетски професор Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска. Досега е одбиена и кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска, која беше предложена од опозицијата. Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена, на четворица им е истечен мандатот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-komisiskata-rasprava-za-predlozite-za-ustavni-sudii/feed/ 0