Комора на приватно здравство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 06 Sep 2022 11:15:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Комора на приватно здравство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Комора на приватно здравство: Висината на капитацискиот бод да се одредува според методологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komora-na-privatno-zdravstvo-visinata-na-kapitaciskiot-bod-da-se-odreduva-spored-metodologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komora-na-privatno-zdravstvo-visinata-na-kapitaciskiot-bod-da-se-odreduva-spored-metodologija/#respond Tue, 06 Sep 2022 11:15:20 +0000 https://kurir.mk/?p=729398

Комората на приватно здравство при Сојузот на стопански комори на Македонија го поддржува протестот на матичните лекари и на Здружението на приватни лекари, како што истакнува, како релевантни претставници кои ги обединуваат и артикулираат ставовите и интересите на најголем број од лекарите и здравствените установи во примарната здравствена дејност. Комората смета дека нивните барања се легитимни и реални, а системот е неодржлив, за што посочува дека се доказ големиот број проблеми кои се јавуваат. -Капитацискиот бод не може и не смее да се биде политичка одлука, туку бодот мора да се пресмета според посебна методологија, која ќе ги вкалкулира сите трошоците и ќе даде реална цена на услугата, вели д-р Тања Дејаноска, претседателка на Комората за приватно здравство, при ССК. Таа истакнува дека секој друг пристап е неодржлив и предизвикува постојано деградирање и уништување на здравствениот систем. -Новата сериозна закана што доаѓа поради енергетската криза дефинитивно ќе удри најсилно по ординациите на лекарите посебно во руралните средини и во помалите места и тие ќе бидат принудени да ги затворат нивните ординации. Лекарите ќе останат без работа, а пациентите во тие места ќе останат без лекари. Ќе се создаде вистински хаос, вели д-р Дејаноска, пренесува ССК. Преку својот претставник во Управниот одбор барањето за зголемување на капитацискиот бод за матични лекари и матични стоматолози Комората за приватно здравство го поставила на дневен ред на Управен одбор во ФЗОМ уште на 27 јануари годинава. -Барањето го аргументиравме со соодветни пресметки кои покажуваат реален пораст на трошоците на здравствените установи од примарната здравствена дејност, што доведува и до пораст на цената на услугата која тие ја даваат. Оттогаш до денес нема промени. Во меѓувреме, годинава имаше ново зголемување на платите на вработените во ФЗО како и на вработените во јавните здравствени установи, исто како и изминатите години. Со што е очигледна дискриминаторската политика на ФЗО кон приватните здравствени установи. За јавните здравствени установи исто така во континуитет се обезбедуваат средства за сервисирање на долговите кои ги генерираат и им се зголемуваат буџетите, додека за матичните лекарите кои се дел од истиот систем нема никаква поддршка, истакна претседателката на Комората на приватно здравство. Од Комората наведуваат и дека очекувале дека министерот за здравство Беким Сали со поголема енергија ќе се посвети на подобрување на состојбите во примарната здравствена заштита. -Очекувавме поголема ангажираност и разбирање за проблемите на матичните лекари од министерот Сали бидејќи доаѓа од примарното здравство. За жал, не само што не се постигна дијалог туку не се реши ниту еден проблем. Исто така, истакнуваме дека не сите проблеми со кои се соочуваат приватните здравствени установи се со финансиски импликации, за некои треба само добра волја за да се решат, но според тоа како се одвиваат работите и тоа недостасува, истакнува Дејаноска, потенцирајќи дека во наредниот период ќе се преземат и правни мерки против дискриминација на приватните здравствени установи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komora-na-privatno-zdravstvo-visinata-na-kapitaciskiot-bod-da-se-odreduva-spored-metodologija/feed/ 0
Приватното здравство се обединува во комора за подобри услуги на граѓаните и деловен развој https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privatnoto-zdravstvo-se-obedinuva-vo-komora-za-podobri-uslugi-na-gragjanite-i-deloven-razvoj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privatnoto-zdravstvo-se-obedinuva-vo-komora-za-podobri-uslugi-na-gragjanite-i-deloven-razvoj/#respond Thu, 10 Feb 2022 11:13:23 +0000 https://kurir.mk/?p=629575

Во рамки на Сојузот на стопански комори на Македонија формирана е Комора на приватно здравство на Македонија (КПЗ) чие делување ќе биде насочено кон промоција на приватното здравство како еден од носителите за унапредување на здравствените услуги. Комората во која се обединети сите специјалности и нивоа на здравството ќе работи на конкретни активности за измена на постоечки и донесување на нови законски решенија, заеднички проекти со релевантни институции, а со цел подобрување на деловната клима во областа на здравството. Во комората членуваат приватни здравствени установи од областа на општата медицина – матичните лекари, приватни здравствени установи од општа и специјалистичка стоматологија, аптеки, ПЗУ-и од различни медицински специјалности, веледрогерии, лаборатории, болници и други правни субјекти кои се директно поврзани со здравството или се однесуваат на здравството. Приватното здравство е значаен сегмент во целокупниот општествен систем во земјава, па во таа насока Комората ќе делува кон подобрување на условите за работа и решавање на проблемите со кои се соочуваат приватните здравствени установи. -Со цел да ја заштитиме работата на нашите ординации и да ги подобриме условите за работа и квалитетот на услугите за нашите пациенти, се обединивме во Комора како релевантен партнер за јавно-приватен дијалог во рамки на кој ќе работиме на решавање на овој децениски проблем. Во прашања е доведен опстанокот на приватните здравствени установи со оглед на фактот дека платите на докторите и сестрите се поблиску до минималец отколку до реалната вредност. Со години се минимизира и обезвреднува трудот на матичните лекари и стоматолози. Над 2500 приватни здравствени установи се во сериозна егзистенцијална криза бидејќи материјалните трошоци се зголемени од 80-100% како резултат на здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19, изјави Д-р Тања Дејаноска, Претседател на Комора на приватно здравство на Македонија. Поради сериозноста на состојбите во приватниот здравствен сектор во текот на наредниот период е договорена интензивна динамика на тематски состаноци на кои ќе се направи анализа на состојбите, предизвиците и барањата на лекарите со цел да се создадат подобри услови за работа. Комората на приватно здравство на Македонија активно ќе се залага за унапредување на системот на приватната здравствена заштита со цел најголем дел од потребите на здравствените услуги пациентите да ги добиваат на ова ниво, за капацитетите на секундарното и терцијарното здравство да бидат ослободени од непотребни прегледи. -Почитувањето на позитивните правни прописи во областа на здравството е столб на функционирањето на здравствениот систем во државата што креира оптимални услови за работа на здравствените професионалци и гарантира квалитетна здравствена заштита за пациентите. Но, доколку заради некои диспропорции во системот, овие решенија во пракса предизвикуваат спротивен ефект, тогаш креаторите на здравствените политики во договор со давателите на здравствените услуги треба ефикасно и ефективно да креираат нови применливи решенија, изјави Д-р Тања Дејаноска, Претседател на Комора на приватно здравство на Македонија. Во периодот што следи ќе бидат иницирани работни групи и преговарачки тимови кои што ќе преговараат со Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и сите останати релевантни институции и ќе бидат дадени квалитетни и реални решенија за надминување на предизвиците , особено во пост период на глобална пандемија која се уште трае.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privatnoto-zdravstvo-se-obedinuva-vo-komora-za-podobri-uslugi-na-gragjanite-i-deloven-razvoj/feed/ 0