Комора на сметководители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 24 Mar 2023 08:23:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Комора на сметководители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Формирана нова Комора на сметководители, финансиери и даночни обврзници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/formirana-nova-komora-na-smetkovoditeli-finansieri-i-danochni-obvrznitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/formirana-nova-komora-na-smetkovoditeli-finansieri-i-danochni-obvrznitsi/#respond Fri, 24 Mar 2023 08:23:36 +0000 https://kurir.mk/?p=815834

Унапредување на деловното окружување за развој на сметководствено-финансиската и професијата на даночните советници, преку промоција, подигнување на професионалните стандарди и соодветно адресирање на предизвиците е фокусот на активностите на новата Комора на сметководители, финансиери и даночни обврзници која е регистрирана и е дел од Сојузот на стопански комори. За претседател на новата Комора е избран Ромео Костадинов, даночен советник со 30-годишно искуство од областа на економската, финансиска и сметководствена сфера. „Професионалните сметководители, ревизори и даночни советници се пред постојан предизвик да го следат брзиот развој на технологиите, општествените промени, измените во законските регулативи, и сето тоа задолжително да го имплементираат во секојдневното работење на деловните субјекти. Уште позначајно е што на нивните анализи и извештаи се темелат и економските политики на државата. Заради тоа тие повеќе од голем број на други професии во континуитет инвестираат во стручна едукација и професионално усовршување, но сепак претпријатијата кои се занимаваат со овие дејности не можат реално да го валоризираат трудот кој го вложуваат. Комората која ја формираме станува нивниот партнер и поддржувач во унапредување на статутот на овие професионалци и издигнување и раст на нивните бизниси“, истакнува Костадинов, кој е долгогодишен управител во компанија чија дејност претставува даночно советување, организирање на семинари за професионално усовршување од економско финансиска, даноци и сметководствена област. Комората со целиот свој стручен и професионален капацитет ќе работи на тоа да се наметне како рамноправен партнер на државните органи, образовните центри и другите институции од стопанскиот систем со цел постигнување на унапредување на професијата и постигнување на поширок општествен напредок. Исто така ќе се вклучи и во иницирање на рамноправно учество во подготвувањето на законите и останатите прописи од сметководствено, финансиска и даночна област како и во утврдување на стручните ставови и позиции за целисходно вршење на дејностите. „Акцент на активностите ќе се стави и на почитување и следењето на професионалните и етички стандарди на кои се темели квалитетот во работата. Паралелно ќе работиме и на грижата и одбраната на честа и независноста на професијата, поттикнувањето на соработката меѓу членовите на домашно и меѓународно ниво и промоција на услугите и дејностите“, истакнува Костадинов. Со формирање и дејствување на новата Комора, активностите на Сојузот добиваат додадена вредност бидејќи секторите кои се опфатени имаат пошироки импликации во работењето на сите деловни субјекти и воопшто на економскиот и даночен систем во земјата. Сојузот на стопански комори на Македонија е најголемата национална деловна организација со 35 стопански комори, секторски, билатерални и регионални и со над 30 групации, здруженија и асоцијации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/formirana-nova-komora-na-smetkovoditeli-finansieri-i-danochni-obvrznitsi/feed/ 0
Итно да се преиспита одлуката да не се продолжат роковите за поднесување завршни сметки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/itno-da-se-preispita-odlukata-da-ne-se-prodolzat-rokovite-za-podnesuvanje-zavrshni-smetki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/itno-da-se-preispita-odlukata-da-ne-se-prodolzat-rokovite-za-podnesuvanje-zavrshni-smetki/#respond Fri, 05 Feb 2021 11:23:37 +0000 https://kurir.mk/?p=464637

Комората на сметководители неделава доби известување дека и покрај тоа што сметководителите се загрозени од пандемијата и не можат да ги достигнат роковите, Министерството за економија во чија надлежност се измените на Законот за трговски друштва оценува дека нема потреба од законски измени за пролонгирање на роковите за поднесувањето на завршните сметки и финансиските извештаи. Затоа Комората бара итно и неодложно Министерството да ја преиспита донесената одлуката, бидејќи прецизните и квалитетни податоци се од круцијално значење за точно планирање на расходи и приходи во државниот буџет, а со тоа и навремено сервисирање на доспеани обврски кон граѓаните и правните лица. Комората на сметководители години наназад укажува на проблемите кои произлегуваат од кратките рокови за изготвување на годишни сметки и финансиски извештаи. Оваа година соочени со здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата сметководителите имаат драстично зголемен обем на работа, а во исто време намалени човечки капацитети и временски ресурси, бидејќи и меѓу нив има лица заболени и во изолација. „Неопходна беше промена на Законот за трговски друштва со што на сметководителите ќе им се овозможи да ја извршат својата обврска навремено, точно и квалитетно. Иако министерот за економија јавно на национална телевизија најави повлекување на законот и изнаоѓање на решение за проблемот, до Комората на сметководители пристигна одговор од Министерство за економија, каде се вели дека роковите нема да бидат продолжени. За каков квалитет на статистички податоци зборуваме, кога немајќи доволно време за изработка фокусот на сметководителите ќе биде исклучиво на запазување на ригидните и кратки рокови, со што се доведува во прашање анализата и веродостојноста на податоците, а со тоа ќе се доведат во загрозена позиција и сите претпријатија кои подеднакво одговараат за овие извештаи. Во дописот се вели и дека ова барање за пролонгирање рокови, не може да се оствари поради обврска за запазување рок за јавно објавување и доставување до надлежните институции во Европската Унија. За какви рокови зборуваме кога земјите членки на ЕУ имаат подолги рокови. На пример, во Хрватска овој рок е 31.03, во Германија е 30.06, во Франција и во Шведска до 31.07. Минатата година овие рокови беа и дополнително одложени. Затоа јавно бараме и апелираме Министерот за економија да ја преиспита својата одлука и да го исполни јавно даденото ветување дека ќе се најде решение за проблемот со кое ќе имаат бенефит сите засегнати страни “, изјави Драган Митковски, претседател на Комората на сметководители. Комората бара рокот за хартиено поднесени годишни сметки да биде до 30.04, а електронски да може да се поднесат до 15.05, наспроти сегашните рокови кои во услови на пандемија кога има заболени лица кои не можат да ја вршат работата за малите и средни субјекти, но и самите претпријатија не можат навремено да ги обезбедат и достават документите поради бариерите од кризата кои реално се видливи на терен секој ден. Александра Андреева член на Управниот одбор на Комората на сметководители појасни дека во одговорот Министерството за економија се повикува на консултации со Министерството за финансии кое исто така смета дека нема потреба од пролонгирање на роковите. „Имајќи предвид дека Министерство за финансии не е надлежно за Законот за трговски друштва каде се бара измена, а следејќи ја економската логика, не може а да не се запрашаме дали за ова министерство полнењето на буџетот е приоритет наспроти зачувување на здравјето и дигнитетот на сметководителите но и на сите претпријатија, како би се обезбедиле точни финансиски извештаи“, изјави Андреева. Таа појаснува дека согласно донесените уредби со законска сила за финансиска поддршка за исплата на плата за април, мај и јуни, со поднесувањето на годишните сметки и утврдувањето на финансискиот резултат на претпријатијата, започнува обврската за враќање на средствата кон државата. Со одложување на рокот за годишните сметки и овој рок би се продолжил. „Години наназад Министерството за финансии е глуво за сите проблеми со кои се соочуваме. Наместо одговор на барањата за повлекување на поднесените предлог измени на Законот за вршење сметководствени работи и конечно формирање на работна група за креирање нов квалитетен закон, структури во оваа институција и понатаму крајно пожртвувано и посветено се залагаат за уништување на крвотокот кој е единствената врска меѓу државата и стопанството. Комора на сметководители бара конечно преземање одговорност од страна на Министерот за финансии и ставање крај на перфидните игри во министерството за решавање на проблемите на сметководителите“, изјави Андреева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/itno-da-se-preispita-odlukata-da-ne-se-prodolzat-rokovite-za-podnesuvanje-zavrshni-smetki/feed/ 0
Сметководителите бараат пролонгирање на рокот за годишни и финансиски извештаи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smetkovoditelite-baraat-prolongiranje-na-rokot-za-godishni-i-finansiski-izveshtai/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smetkovoditelite-baraat-prolongiranje-na-rokot-za-godishni-i-finansiski-izveshtai/#respond Fri, 22 Jan 2021 06:54:43 +0000 https://kurir.mk/?p=458331

Комората на сметководители на Македонија при Сојузот на стопански комори предлага да се пролонгираат роковите за поднесување на годишните и финансиските извештаи како дел од петтиот пакет економски мерки. Од Комората најавуваат повеќе детали на денешната прес-конференција на која ќе стане збор и за Законот за вршење сметководствени работи. На прес-конференцијата ќе се обратат Благоја Грозданов и Александра Андреева, членови на Управниот одбор на Комората на сметководители.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smetkovoditelite-baraat-prolongiranje-na-rokot-za-godishni-i-finansiski-izveshtai/feed/ 0
Комората на сметководители бара да се носат навремени и прецизни законски решенија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komorata-na-smetkovoditeli-bara-da-se-nosat-navremeni-i-precizni-zakonski-reshenija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komorata-na-smetkovoditeli-bara-da-se-nosat-navremeni-i-precizni-zakonski-reshenija/#respond Tue, 27 Oct 2020 11:38:00 +0000 https://kurir.mk/?p=421195

Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), бара да се носат јасни и навремени законски решенија со подобра техничка и институционална подготвеност за нивно спроведување. Тоа, според нив, е од голема важност за непречено функционирање на стопанството, особено во услови на криза каква што е актуелната. Како што истакна Александра Андреева, член на УО на Комората на сметководители на денешната прес-конференција, при носењето на законските решенија за економските мерки мора да се имаат предвид роковите во кои тие треба да се имплементираат, но и роковите кои веќе се дефинирани во другите важечки закони, како и реалното време кое е потребно за да се изготви документацијата за аплицирање. -Денеска сме 27 октомври, а законот за финансиска поддршка за исплата на плата за октомври, ноември и за декември уште не е донесен. Пријавата за добивање финансиска помош ќе треба да се поднесе најдоцна до 7 ноември, а за да може да се поднесе ќе треба да се направат и пресметки за остварени приходи и да се обезбедат сите потребни документи. Ако се земе предвид како досега функционираа работите кога беше во прашање аплицирањето за економските мерки, повторно товарот ќе падне на сметководителите, а некои претпријатија поради кусите рокови може и да не успеат да аплицираат и да останат без неопходната помош, рече Андреева и додаде дека во нормални услови пресметките за исплата на плати почнуваат од 25-ти во месецот, за да може навреме да се исплатат личните доходи до 15-ти наредниот месец. Таа нагласи дека уште во фаза на подготовка на законските решенија мора да постои подобра координација меѓу сите надлежни институции, а особено меѓу Министерството за финансии и Управата за јавни приходи каде се обработуваат и систематизираат податоците за деловните субјекти врз основа на кои потоа се дефинираат критериумите и условите за добивање на помошта. Според неа, критериумите и условите треба да бидат прецизно и јасно дефинирани за да не oставаат простор за различни толкувања и конфликтни ситуации меѓу засегнатите страни. -Во Законот за финансиска помош за исплата на плати за последните три месеци на 2020 година, кој се очекува да биде разгледуван во Собранието, би требало јасно да се дефинира дали со предвидената помош во рамки на мерките од четвртиот пакет треба да се исплати бруто или нето плата. Ако остане недефинирано, како што беше со уредбата за истата мерка во претходните пакети за економска поддршка, повторно може да се појават различни толкувања од надлежните институции и несигурност кај деловните субјекти, рече Андреева. Благоја Грозданов, член на УО на Комората на сметководители истакна дека иако сметководителите очекуваа подобрување на нивниот статус и решавање на проблемите да се постигне со измени на Законот за вршење на сметководствени работи што беа договаран во претходната година, законското решение се уште е во собраниска процедура, а законските измени, како што кажа, повторно се носат во процес кој е нетранспарентен и неинклузивен. -Во услови на пандемија, спроведувањето на сите економски мерки падна на товар на сметководителите, како единствен линк меѓу стопанството и државата. И без континуирано професионално усовршување, ние деноноќно се усовршувавме бидејќи ги следевме и толкувавме сите комплицирани пресметки и цело време моравме да се трудиме да бидеме известени за сите чести измени кои се случуваа. Наместо давање правна сигурност и заштита, со ваквиот начин кога се постапува без консултација со засегнатите страни за реалните потреби на фелата се постапува спорти интересите на давателите на сметководствени услуги, рече Грозданов. Тој појасни и дека сите професионални дејности кои нудат услуги имаат потреба од континуирано усовршување, a Министерство за финансии треба да ги отстрани сите недостатоци и недоречености за изведување на процесот. -Апелираме до надлежните институции да размислуваат во насока на намалување на обемот и опфатот на податоците кои се бараат во даночните и статистичките извештаи и да размислуваат за продолжување на роковите заради тоа што огромен е товарот кој во услови на здравствено-економска криза на себе го понесуваат сметководителите. Не смее да се заборави во овие кризни услови дека тоа што се здравствените работници во здравствениот систем, тоа се и сметководителите во економскиот систем, потенцира Грозданов]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komorata-na-smetkovoditeli-bara-da-se-nosat-navremeni-i-precizni-zakonski-reshenija/feed/ 0
Комората на сметководители бара пролонгирање на рокот за поднесок на годишната сметка и даночниот биланс https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komorata-na-smetkovoditeli-bara-prolongiranje-na-rokot-za-podnesok-na-godishnata-smetka-i-danochniot-bilans/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komorata-na-smetkovoditeli-bara-prolongiranje-na-rokot-za-podnesok-na-godishnata-smetka-i-danochniot-bilans/#respond Wed, 19 Feb 2020 11:01:59 +0000 https://kurir.mk/?p=305958

Комората на сметководители на Македонија неделава испрати допис до Управата за јавни приходи (УЈП) за пролонгирање на рокот за поднесок на годишната сметка и даночен биланс (ДБ) за 2020 година, заради доцна објавениот образец за ДБ од страна на Министерството за финансии, соопштија на денешната прес-конференција од Комората. Потоа, како што додадоа, од УЈП добиле известување дека ќе се разгледаат сите можности за пролонгирање на рокот и оти состојбата се следи за да не настанат проблеми од ненавремено поднесување. Комората од УЈП бара одлагање на крајниот рок за поднесок на извештаите Даночен биланс, Даночен биланс за вкупен приход, Годишниот даночен биланс –ДЛД ДБ и Билнас на приходи – Б и одлагање на крајниот рок за поднесок на годишната сметка до Централен регистар до 31 март без разлика на начинот на кој е поднесена годишната сметка, електронски или хартиено. Моментално, рокот за поднесување е до 15 март ако завршната сметка се поднесува електронски и 29 февруари доколку се поднесува хартиено. Благоја Грозданов, член на Управниот одбор на Комората на сметководители истакна дека за споредба во соседните земји, Бугарија и Србија извештаите се поднесуваат до 30 јуни, во Хрватска до 30 април, во Германија до 31 март за средните и големи ентитети и 30 јуни за малите и микро претпријатијата, а Франција и Шведска до 31 јули. Тој додаде оти во соработка со надлежните институции потребно е и во иднина да се разгледа законското одложување на крајниот рок за поднесок на годишните сметки. – Доколку долгорочно се прифати предлогот на Комората и се пролонгира законскиот рок за поднесок на даночни биланси ќе се избегне ситуација на работа под екстремен притисок и ќе се зголеми квалитетот на даночното и финансиското известување, потенцира Грозданов. Како што истакна Александра Андреева, член на УО на Комората на сметководители, неопходно е уредување на целокупниот даночен систем со цел зголемување на ефикасноста и ефективноста во работењето. – Сметководителите неретко се соочуваат со уште еден проблем, а тоа е неусогласени финансиски картици за даночен долг. Се случува нашите коминтенти да добијат опомена за неплатен долг, дури и решение за присилна наплата на средствата, за долг кој според нашите евиденции воопшто и не постои, а за волја на вистината се случува да не постои ниту на системот за Е-даноци, рече Андреева. Додаде дека во време на дигитализација, работите може да функционираат беспрекорно, а ваквата, како што рече, несуогласеност го доведува во неизвесност работењето и ликвидноста на компаниите за што Министерството за финансии би требало да инвестира современ систем со кој ќе се надминат овие состојби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komorata-na-smetkovoditeli-bara-prolongiranje-na-rokot-za-podnesok-na-godishnata-smetka-i-danochniot-bilans/feed/ 0
Да се намали даночната стапка на сметководствените услуги, бара Комората на сметководители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-se-namali-danochnata-stapka-na-smetkovodstvenite-uslugi-bara-komorata-na-smetkovoditeli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-se-namali-danochnata-stapka-na-smetkovodstvenite-uslugi-bara-komorata-na-smetkovoditeli/#respond Thu, 06 Feb 2020 07:48:16 +0000 https://kurir.mk/?p=299913

Да се намали даночната стапка на сметководствените услуги зашто во спротивно ќе нема кој да книжи и да поднесува завршни сметки, велат од Комората на сметокводители при Сојузот на стопански комори (ССК). Комората денеска на прес – конференција детално ќе го образложи ова барање, но и, како што најавува, ќе ги соопшти останатите проблеми со кои се соочува фелата поради нефунционалниот систем. Кохезијата на сите чинители е многу битно за непречено функционирање на даночниот систем, смета Комората. Дополнува и дека од голема важност е и деблокадата на работењето на Институтот на сметководители и овластени сметководители со цел унапредување на професијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-se-namali-danochnata-stapka-na-smetkovodstvenite-uslugi-bara-komorata-na-smetkovoditeli/feed/ 0
Комората на сметководители бара мерки за заштита на сметководствената дејност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komorata-na-smetkovoditeli-bara-merki-za-zashtita-na-smetkovodstvenata-dejnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komorata-na-smetkovoditeli-bara-merki-za-zashtita-na-smetkovodstvenata-dejnost/#respond Thu, 05 Sep 2019 09:52:51 +0000 https://kurir.mk/?p=237295

Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори (ССК) бара мерки со кои ќе се подобрат состојбите во оваа дејност. Велат дека оваа професија неправедно е ставена на маргините. Бараат да се елиминира нелојалната конкуренција со тоа што само лиценцирани сметководители ќе имаат право да доставуваат извештаи до надлежните интитуции и да се одобри акт за минимален надомест за трошоци на услугите што ги даваат. Според Благоја Грозданов, член на Управниот одбор на Комората,  од лиценцираните сметководители се бара да поднесуваат извештаите, а се дозволува и нелиценцирани сметководители да поднесуваат извештаи. – Со тоа се подгрева и сивата економија, а и немаат точни податоци кои ги бараат. Мислам дека она што го бараме е многу разумно и во интерес и на државата и на сите економски чинители бидејќи ако се реши проблемот со сивата економија, автоматски ќе се зголеми и квалитетот на услугите, истакна Грозданов на денешната прес-конференција во ССК. Од Комората велат дека алармантна е и состојбата со возраста на сметководителите и оти за 10-тина години државата може да се соочи со недостиг на кадар во оваа област. – Согласно со расположливите податоци на регистрираните сметководители, просечната возраст на сметководителите е 53 години, а само 24 проценти од вкупниот број регистрирани се на возраст до 35 години, истакна Драган Митковски, претседател на Комората на сметководители. Според Комората, само со сузбивање на нелојалната конкуренција, откочување на работата на здружението на сметководители и едукација и донесување на акт за минимален надоместок може да се зголеми интересот кај младите лица за оваа професија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komorata-na-smetkovoditeli-bara-merki-za-zashtita-na-smetkovodstvenata-dejnost/feed/ 0