компанија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 22 May 2023 08:17:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png компанија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ABEE – белгиска компанија инвестира 40 милиони евра во ТИРЗ Кичево https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/abee-belgiska-kompanija-investira-40-milioni-evra-vo-tirz-kichevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/abee-belgiska-kompanija-investira-40-milioni-evra-vo-tirz-kichevo/#respond Mon, 22 May 2023 08:17:59 +0000 https://kurir.mk/?p=837289

Со инвестиција од околу 40 милиони евра на „Avesta Battery and Energy Engineering“ ќе се отвори можност за 600 нови вработувања. која одлучи да инвестира околу 40 милиони евра во Северна Македонија. Во Технолошко-индустриската развојна зона во Кичево, белгиската компанија ABEE ќе гради фабрика за производство на електрични батерии за автомобили. ABEE е релативно нова компанија. Формирана е во 2019 година, кога – како што пишува на нивната веб страница, Ношин Омар, поранешен универзитетски професор во Брисел, одлучил да ја напушти академската заедница и целосно да се фокусира на индустријата. На почетокот ABEE била консултантска инженерска фирма со петмина вработени, но уште од создавањето се истражуваат сите аспекти на траењето на батеријата, од производството на ќелии до системите на батериски пакети до последната фаза, рециклирање. Во моментот, претставници од компанијата која што е во подем, се активни учесници во десет научни проекти финансирани од Европската унија. Како локации на АБЕЕ покрај Белгија во околината на Брисел, наведено е дека наскоро ќе бидат и во Македонија. Засега имаат повеќе од 25 проекти во развој, а работат со капацитет од 10 илјади производни единици годишно. Во фокусот се истражувањата и развој во областа на BMS и системи за енергетска електроника, како и нивно масовно производство. Целта е производниот капацитет на компанијата да достигне 70.000 единици годишно. Договорот за инвестицијата ќе се потпише денес во Брисел, а македонската страна на претставува директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски. Тој и министерот за економија, Крешник Бектеши, се дел од делегацијата предводена од претседателот Стево Пендаровски. Исто така, денес ќе присуствуваат на бизнис форум во Антверпен, каде што пред белгиските компании ќе бидат претставени можностите за инвестирање во Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/abee-belgiska-kompanija-investira-40-milioni-evra-vo-tirz-kichevo/feed/ 0
Твитер го тужи Маск во обид да го принуди да ја преземе компанијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tviter-go-tuzi-mask-vo-obid-da-go-prinudi-da-ja-prezeme-kompanijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tviter-go-tuzi-mask-vo-obid-da-go-prinudi-da-ja-prezeme-kompanijata/#respond Wed, 13 Jul 2022 06:51:24 +0000 https://kurir.mk/?p=704229

Твитер поднесе тужба против технолошкиот милијардер Илон Маск во обид да го принуди да го заврши преземањето на компанијата, објави претседателот на одборот Брет Тејлор. Одлуката доаѓа откако Маск во петокот објави дека се повлекува од предложеното купување на Твитер во вредност од 44 милијарди долари. Маск тврдеше дека Твитер не дал информации за бројот на лажни и спам-налози на платформата, пренесува Би-би-си. Сега Твитер побара од судот во Делавер да му нареди на најбогатиот човек на светот да го заврши купувањето со договорените 54,20 долари по акција на Твитер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tviter-go-tuzi-mask-vo-obid-da-go-prinudi-da-ja-prezeme-kompanijata/feed/ 0
Компанија по грешка му исплатила 330 пати поголема плата на вработен, па го молела да ги врати парите – еве што направил тој https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kompanija-po-greshka-mu-isplatila-330-pati-pogolema-plata-na-vraboten-pa-go-molela-da-gi-vrati-parite-eve-shto-napravil-toj/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kompanija-po-greshka-mu-isplatila-330-pati-pogolema-plata-na-vraboten-pa-go-molela-da-gi-vrati-parite-eve-shto-napravil-toj/#respond Thu, 30 Jun 2022 08:59:18 +0000 https://kurir.mk/?p=697701

Еден вработен во компанија останал шокиран кога на својата банкарска сметка здогледал огромна сума на пари. Во процесот на депонирање плати на работниците за месец мај се случило нешто што завршило со милионска исплата на еден вработен. Кога компанијата ја воочила грешката, го известила работникот и барала од него да ги врати парите. Но, откако на сметката му „легнале“ 165.398.851 чилеански пезоси наместо 500.000, вработениот преку адвокат го раскинал договорот за работа и исчезнал. Грешката во компанијата „Consorcio Industrial de Alimentos“ од Чиле ја забележал секторот за човечки ресурси на 30-ти мај 2022 година и го известил работникот дека на неговата сметка е исплатен повеќемилионски износ, по што побарал од него да оди во банка и да го врати преплатениот износ. Работникот ветил дека тоа ќе го стори веднаш следното утро, но по повеќекратни повици и пораки од страна на компанијата за да дознае каква е ситуацијата со враќањето на парите, тој повеќе не бил достапен. Неговиот адвокат на 2-ри јуни ја известил компанијата дека го раскинува договорот за работа, а подоцна компанијата подигнала тужба против работникот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kompanija-po-greshka-mu-isplatila-330-pati-pogolema-plata-na-vraboten-pa-go-molela-da-gi-vrati-parite-eve-shto-napravil-toj/feed/ 0
Ѓоковиќ купи 80 отсто од данска компанија за развој на третмани против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/gjokovikj-kupi-80-otsto-od-danska-kompanija-za-razvoj-na-tretmani-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/gjokovikj-kupi-80-otsto-od-danska-kompanija-za-razvoj-na-tretmani-protiv-kovid-19/#respond Wed, 19 Jan 2022 18:41:24 +0000 https://kurir.mk/?p=621134

Тенисерот Новак Ѓоковиќ купи 80 отсто од данската биотехнолошка компанија QuantBioRes. Тоа е компанија што развива медицински третмани против Ковид-19. Ѓоковиќ купи 80 отсто од компанијата во јуни 2020 година, изјави нејзиниот извршен директор Иван Лончаревиќ, без да наведе колкава е инвестицијата. Компанијата вработува 11 истражувачи кои работат во Данска, Австралија и Словенија, рече Лончаревиќ. Тој истакна дека Квантиорес развива терапија, а не вакцина против коронавирусот. Компанијата развива пептид, што спречува коронавирусот да зарази човечка клетка, а во текот на летото очекува да започне со клинички испитувања во Велика Британија, јави Бета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/gjokovikj-kupi-80-otsto-od-danska-kompanija-za-razvoj-na-tretmani-protiv-kovid-19/feed/ 0
Анкета: Фејсбук најлоша компанија во светот за 2021 година https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/anketa-fejsbuk-najlosha-kompanija-vo-svetot-za-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/anketa-fejsbuk-najlosha-kompanija-vo-svetot-za-2021-godina/#respond Mon, 20 Dec 2021 11:12:05 +0000 https://kurir.mk/?p=610768

Технолошкиот гигант Фејсбук, неодамна преименуван во Мета е „најлошата компанија” во светот за 2021. Ова е утврдено по гласањето на повеќе од 1.500 корисници на отворена анкета на Јаху Фајненс (Yahoo Finance). Корпорацијата на Марк Закерберг доби над 50 отсто од гласовите за најлоша компанија во годината, а на второ место е кинескиот гигант на електронска трговија Алибаба. Добивањето на придавката „најлоша” за Фејсбук најмногу се должи на тоа што корисниците на таа социјална мрежа се жалат на цензура и проблемот со дезинформациите, посебно во однос на коронавирусот. Дел од корисниците ја критикуваа компанијата за „поткопување на глобалната демократија и придонес за растот промоција на крајнодесничарскиот екстремизам”. Многумина од целиот свет ја обвинуваат апликацијата за споделување фотографии на страниците на Инстаграм, кои според одредени истражувања, имаат штетно дејство врз менталното здравје на младите луѓе. Сепак, речиси 30 отсто од испитаниците веруваат дека Фејсбук/Мета сè уште може да се спаси. Корисниците наведуваат дека најдобар начин за тоа е фирмата да ги признае грешките, јавно да се извини и да донира значителен дел од профитот на некоја фондација која се бори против онлајн насилство врз малолетници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/anketa-fejsbuk-najlosha-kompanija-vo-svetot-za-2021-godina/feed/ 0
Компанијата која ги произведува „Моцарт куглите“ поднесе барање за стечај https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kompanijata-koja-gi-proizveduva-mocart-kuglite-podnese-baranje-za-stechaj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kompanijata-koja-gi-proizveduva-mocart-kuglite-podnese-baranje-za-stechaj/#respond Tue, 30 Nov 2021 09:22:37 +0000 https://kurir.mk/?p=601792

Компанијата „Салцбург чоколадо“, позната по производство на „Моцарт куглa“, поднела до судот барање за стечај. Поради овој неочекуван потег, синдикалците заедно со работниците и менаџментот планираат да разговараат за ситуацијата и да ги информираат вработените. Иако изминатите години, компанијата бележи добивка, минатата година од пандемијата била тешко погодена. Поради намалениот број на туристи, манифестации и прослави дошло до пад на продажбата на чоколадите, а со тоа и на познатите „Моцарт кугли“. Падот на заработката малку бил компензиран во новата работна година, но недоволно за да се покрие огромната загуба. -Актуелниот локдаун и значителниот раст на цените на суровините, енергијата, платите, логистичките трошоци, материјали за пакувањето се само дел од причините, вели директорот Кристијан Шигерл додавајќи дека компанијата на вработените не може да им ги исплати ноевмриските плати, ниту божиќниот додаток. Компанијата е основана во 1897 година под името „Рајсигл фабрика за слатки“ во Салцбург, а потоа е преселена во 1956 година во Гредиг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kompanijata-koja-gi-proizveduva-mocart-kuglite-podnese-baranje-za-stechaj/feed/ 0
Вредноста на „Тесла“ надмина трилион долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vrednosta-na-tesla-nadmina-trilion-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vrednosta-na-tesla-nadmina-trilion-dolari/#respond Tue, 26 Oct 2021 10:04:38 +0000 https://kurir.mk/?p=585679

Пазарната вредност на компанијата „Тесла“ надмина трилион долари вчера, откако ја доби најголемата нарачка на возила досега од компанијата за изнајмување автомобили „Херц“. Акциите на „Тесла“ пораснаа за 14,9 отсто, а вредноста на компанијата достигна 1,045 трилиони долари, со што таа стана највредниот производител на автомобили во светот. Тесла е и првата автомобилска фирма која се приклучи на елитниот клуб на компании со вредност од трилиони долари и повеќе, каде што се „Епл“, „Амазон“, „Микрософт“ и „Алфабет“. За „Тесла“ и нејзините инвеститори, одлуката на „Херц“ да нарача 100.000 „Тесла“ автомобили покажува дека електричните возила повеќе не се ексклузивен производ, туку ќе доминираат на масовниот пазар на автомобили во блиска иднина. „Електричните возила сега се во широка употреба и ние сме само сведоци на почетокот на глобалната побарувачка и интерес“, рече извршниот директор на „Херц“, Марк Филдс. Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск постави стапка на раст на продажбата од 50 насто годишно, која во одреден миг би требало да достигне 20 милиони продадени возила за една година. Тоа е двојно повеќе од продажбата на актуелните лидери на пазарот „Фолксваген“ и „Тојота“. Побарувачката за електрични возила на некои пазари веќе ги надмина очекувањата, па „Моделот 3“ на „Тесла“ е најпродаваниот автомобил во Европа за минатиот месец, објави во понеделникот консултантската компанија „ЈАТО дајнамикс“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vrednosta-na-tesla-nadmina-trilion-dolari/feed/ 0
Галеника со нов изглед што ја рефлектира трансформацијата во модерна компанија ориентирана кон иднината https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/galenika-so-nov-izgled-shto-ja-reflektira-transformacijata-vo-moderna-kompanija-orientirana-kon-idninata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/galenika-so-nov-izgled-shto-ja-reflektira-transformacijata-vo-moderna-kompanija-orientirana-kon-idninata/#respond Wed, 21 Jul 2021 10:20:02 +0000 https://kurir.mk/?p=539678

Едeн од најпрепознатливите брендови во регионалниот фармацевтски бизнис, Галеника во мај го промовираше новиот визуелен идентитет, во согласност со модерната деловна визија на компанијата. Новиот изглед ги одразува трансформациите и инвестициите низ кои помина Галеника од 2017 година, кога стана дел од бразилската Групација НЦ, во која спаѓа и ЕМС - една од најголемите фармацевтски компании во Латинска Америка Фармацевтската компанија „Галеника“ со нов изглед ги прославува 76. години успешен бизнис во служба на здравјето со производство на продукти и лекови што се значајни за животот. Еден од најпрепознатливите брендови во регионалниот фармацевтски бизнис минатиот месец лансираше нов визуелен идентитет, во согласност со модерната деловна визија на компанијата. Новиот изглед ги одразува трансформациите и инвестициите низ кои помина Галеника од 2017 година, кога стана дел од бразилската Групација НЦ, која ја вклучува и ЕМС - најголемата фармацевтска компанија во Бразил и една од најголемите фармацевтски компании во Латинска Америка. Групацијата НЦ во аквизицијата на Галеника виде можност за вистинско стратешко партнерство што за бразилскиот инвеститор ќе го отвори европскиот пазар. Возобновувајќи се како регионален лидер кој обезбедува фармацевтски производи дизајнирани за подобрување на квалитетот на животот, во последните две години Галеника мина низ интензивен период на инвестиции и трансформации. Врз основа на традиционалните позитивни вредности на доверба и квалитет, што ја прават Галеника препознатлива во регионот, новиот бразилски стратешки партнер инвестираше во модернизација на компанијата, носејќи иновации на српскиот пазар и во регионот. Во првиот квартал од 2021 година, во споредба со истиот период во 2020 година, Галеника го зголеми извозот во земјите од регионот - Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора за 147%. Исто така, во соработка со својата сестринска компанија од Бразил - ЕМС, Институтот за истражување и развој на Галеника работи на трансфер на технологија за уште четири производи од поновата генерација на генерички лекови. Иновативниот начин на размислување бараше промена на визуелниот идентитет на компанијата на начин што ќе ја рефлектира новата модерна Галеника со многу силни вредности како што се интегритет, страст, храброст и одговорност. Новите бои на логото се сина, зелена и розова, а сите заедно прикажуваат дека Галеника е посветена на луѓето и верна на здравјето.
„Сината ја претставува традицијата и посветеноста, истрајноста, квалитетот ... наследство кое го негуваме и со кое се гордееме. Зелената е боја на природата, безбедноста и е симбол на здравјето, здравиот раст на кој сме фокусирани, додека розовата е боја на грижата и љубовта, но и на солидарноста. Ова е круната на иновациите што беа донесени во Галеника преку разни и значителни инвестиции во новото производство, деловните стандарди, развојот на вработените, растот на портфолиото, заштитата и одржливост на животната средина, дигиталната трансформација, како и во корпоративните односи и кампањите за производи. Во 2018 година Галеника беше 4-та компанија според уделот на фармацевтски пазар во Србија, а заклучно со 2019 година, Галеника има стабилна втора позиција. Во исто време Галеника останува посветена на луѓето и верна на здравјето “, вели Даниел Јаневски, генерален директор во Галеника, Северна Македонија.
Галеника почна да го применува новото лого на производи што се присутни на македонскиот пазар. Но, воведувањето на логото на пазарот, според генералниот директор Јаневски ќе биде долг процес спроведен во Агенцијата за лекови и медицински помагала - МАЛМЕД. На македонскиот пазар, Галеника е присутна со различни генерички лекови на рецепт, додатоци во исхраната и козметика, кои се етаблирани како познати брендови, а во блиска иднина се планираат и лансирања на нови производи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/galenika-so-nov-izgled-shto-ja-reflektira-transformacijata-vo-moderna-kompanija-orientirana-kon-idninata/feed/ 0
„Лидл” отвора супермаркет во земјава, ќе инвестира 500.000 евра, но не во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lidl-otvora-supermarket-vo-zemjava-kje-investira-500-000-evra-no-ne-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lidl-otvora-supermarket-vo-zemjava-kje-investira-500-000-evra-no-ne-vo-skopje/#respond Fri, 07 May 2021 07:05:42 +0000 https://kurir.mk/?p=506851

По влегувањето во Словенија, Хрватска и Србија, германскиот трговски синџир „Лидл” ќе го отвори својот прв супермаркет и во Северна Македонија, објави специјализираниот портал „Јуропеан Супермаркет Магазин” (ЕСМ), со седиште во ирскиот главен град Даблин. Според ЕСМ, германската компанија минатиот месец регистрирала своја подружница во земјава под името „Лидл Северна Македонија”, која ќе биде под надлежност на бугарскиот огранок на „Лидл” и со неа ќе раководат Милена Драгијска, Бисер Инчовски и Љубомир Хрсев. Предвидено е „Лидл” на стартот да инвестира 500.000 евра во земјава. Според неофицијални извори, „Лидл“ ќе стартува со една продавница и тоа во туристичкиот центар Охрид, а веќе се дискутира и за конкретна локација кај новата автобуска станица. Според порталот, интересот на „Лидл” за отворање супермаркет во земјава следи откако неговата продавница отворена во јануари во Врање, привлече голем број купувачи од Северна Македонија, но и од Косово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lidl-otvora-supermarket-vo-zemjava-kje-investira-500-000-evra-no-ne-vo-skopje/feed/ 0
Голем пожар во компанија за матични клетки во Индија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-pozar-vo-kompanija-za-matichni-kletki-vo-indija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-pozar-vo-kompanija-za-matichni-kletki-vo-indija/#respond Fri, 22 Jan 2021 14:06:51 +0000 https://kurir.mk/?p=458607

Голем пожар избувна денеска во компанијата „Биоцел“ во индискиот град Тане, во државата Махараштра. Компанијата „Биоцел“ е вклучена во зачувување на матични клетки, собрани од плодовата течност. На местото на инцидентот се испратени пет противпожарни екипи. Засега нема информации за евентуални жртви, ниту е позната причината за пожарот. Несреќата се случи откако вчера пет лица загинаа во пожар во Институтот за серум во Пуне, Махараштра. Објектот се наоѓа на само еден километар од објектот „Ковишилд“ за производство на вакцини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-pozar-vo-kompanija-za-matichni-kletki-vo-indija/feed/ 0