компензација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Apr 2023 13:05:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png компензација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 100 милиони евра од ЕУ како компензација за земјите погодени од увозот на украинско жито https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/100-milioni-evra-od-eu-kako-kompenzatsija-za-zemjite-pogodeni-od-uvozot-na-ukrainsko-zhito/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/100-milioni-evra-od-eu-kako-kompenzatsija-za-zemjite-pogodeni-od-uvozot-na-ukrainsko-zhito/#respond Wed, 19 Apr 2023 13:05:09 +0000 https://kurir.mk/?p=825510

Европската Унија планира да одвои 100 милиони евра компензација за земјоделците во земјите кои граничат со Украина и планира да воведе ограничувања за увоз на украински житарици, соопшти денеска Европската комисија. Како што пренесува Јаху њуз, притисокот врз ЕУ да го реши прашањето за падот на цените поради увозот на поевтини украински житарици на територијата на целата Унија се зголеми откако Полска и Унгарија воведоа забрани за увоз на одредени житарици од Украина во текот на викендот, а денеска истото го направи и Бугарија. И други источноевропски земји најавија слични мерки. Европската комисија е одговорна за трговската политика на Унијата, а медиумите посочуваат дека, како што ЕК ги нарече „превентивни мерки“ се подготвуваат за одредени категории жито и растително масло, пред се за пченица, пченка, семки од сончоглед и семе од репка. Според правилата, Европската Унија може да го ограничи увозот на производ во Унијата или дел од неа, а сепак да дозволи транзит. Европскиот комесар за трговија Валдис Домбровскис подоцна денеска ќе разговара за ова прашање со министрите од земјите чии пазари се погодени, вклучително и Бугарија, Унгарија, Полска, Романија и Словачка, како и со украинските колеги.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/100-milioni-evra-od-eu-kako-kompenzatsija-za-zemjite-pogodeni-od-uvozot-na-ukrainsko-zhito/feed/ 0
Палестинци со протести бараат компензација поради војната во 2014 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/palestinci-so-protesti-baraat-kompenzacija-poradi-vojnata-vo-2014-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/palestinci-so-protesti-baraat-kompenzacija-poradi-vojnata-vo-2014-godina/#respond Mon, 19 Sep 2022 15:19:32 +0000 https://kurir.mk/?p=734914

Демонстрантите денеска запалија гуми во Газа, пред канцелариите на Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации за Палестинците барајќи компензација за уништените домови за време на војната со Израел во 2014 година. Демонстранти ја гаѓаа со јајца зградата на Aгенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток. Над 18.000 домови беа целосно уништени или многу оштетени за време на војната меѓу Израел и палестинските милитанти во летото 2014 година. Минатиот месец, генералниот комесар на агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток, Филипе Лазарини предупреди на егзистенцијална финансиска криза за организацијата. САД престанаа да ја поддржуваат Aгенцијата за помош во 2018 година, под администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп. Сегашниот американски претседател Џо Бајден неодамна вети финансиска помош за Агенцијата во висина од 200 милиони долари. Европската Унија планира да ја поддржи со дополнителни 260,63 милиони долари. Над два милиона луѓе живеат во несигурни услови во Појасот Газа, каде Хамас ја презеде власта во 2007 година. Групата се смета за терористичка организација во САД, ЕУ и Израел. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/palestinci-so-protesti-baraat-kompenzacija-poradi-vojnata-vo-2014-godina/feed/ 0
Здруженија за заштита на човекови права бараат компензација од 440 милиони долари од ФИФА https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zdruzenija-za-zashtita-na-chovekovi-prava-baraat-kompenzacija-od-440-milioni-dolari-od-fifa/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zdruzenija-za-zashtita-na-chovekovi-prava-baraat-kompenzacija-od-440-milioni-dolari-od-fifa/#respond Thu, 19 May 2022 14:30:31 +0000 https://kurir.mk/?p=679090

Амнести Интернешнл и други здруженија за заштита на човековите права ја повикаа ФИФА да издвои 440 милиони долари како компензација за работниците мигранти во Катар поради „кршење на човековите права“ за време на подготовките за Светското фудбалско првенство во Катар. Во извештајот на 48 страници на Амнести Интернешнл се наведуваат бројни примери на злоупотреба од страна на катарските власти поврзани со платите на ангажираните странски работници. – Со цел да се исправат серијата злоупотреби извршени од 2010 година кога ФИФА му ја додели организацијата на Катар без да ја услови земјата да ги подобри работничките права, организациите бараат ФИФА да исплати компензација од 440 милиони долари колку што изнесува и наградниот фонд на Светското првенство, се наведува во извештајот доставен до ФИФА. Катар, од своја страна, ги отфрли обвинувањата, наведувајќи дека вовел серија реформи во последните пет години, додека ФИФА во својот одговор наведе дека го проценува предлогот на Амнести Интернешнл и спроведува „процес без преседан во однос на заштитата на ангажираните работници“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zdruzenija-za-zashtita-na-chovekovi-prava-baraat-kompenzacija-od-440-milioni-dolari-od-fifa/feed/ 0
Чешка бара целосна компензација од Русија за експлозиите во Врбетице во 2014 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cheshka-bara-celosna-kompenzacija-od-rusija-za-eksploziite-vo-vrbetice-vo-2014-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cheshka-bara-celosna-kompenzacija-od-rusija-za-eksploziite-vo-vrbetice-vo-2014-godina/#respond Mon, 28 Jun 2021 18:25:26 +0000 https://kurir.mk/?p=529062

Министерството за надворешни работи на Чешка денеска го повика рускиот амбасадор во Прага да ги претстави барањата на Чешка за целосна компензација од Русија за штетата од експлозиите во магацините за муниција во 2014 година, за кои тврдат дека се дело на руски шпиони. Заменик-министерот за надворешни работи Мартин Смолек му врачи дипломатска нота на амбасадорот Александар Змеевски, „во која се наведува дека според меѓународното право Руската Федерација е одговорна за нејзиното учество во експлозиите на складиштата за муниција во Врбетице во 2014 година“. Чешката влада на 17 април соопшти дека има докази дека двајца руски воени разузнавачи биле вклучени во бомбашкиот напад во магацинот, во кој загинаа две лица. Русија негира дека има врска со тој инцидент. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова ги спореди барањата на чешките власти за обештетување од Русија со „изнуда“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cheshka-bara-celosna-kompenzacija-od-rusija-za-eksploziite-vo-vrbetice-vo-2014-godina/feed/ 0
Жртви на сексуално насилство бараат компензација од Манчестер Сити https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zrtvi-na-seksualno-nasilstvo-baraat-kompenzacija-od-manchester-siti/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zrtvi-na-seksualno-nasilstvo-baraat-kompenzacija-od-manchester-siti/#respond Thu, 07 May 2020 19:47:20 +0000 https://kurir.mk/?p=343246

Скандалот со сексуална злоупотреба на деца во англискиот фудбал продолжува да го прогонува Манчестер Сити. Осуммина мажи кои биле малтретирани од поранешниот тренер на клубот, Бери Бенел, ќе ги тужат „граѓаните“ за обештетување, јави Би-Би-Си. Тие тврдат дека претрпеле бројни психолошки трауми како резултат на постапките на Бенел. Седуммина од нив, исто така, бараат компензација затоа што не им се дало можност да се развиваат во фудбалот. Бенел во моментот издржува казна од 31 година за насилство врз 12 деца на возраст меѓу 8 и 15 години, во случаи регистрирани од 1979 до 1991 година. Тужителите тврдат дека Сити е виновен, иако Бенел немал договор со тимот и заминува во средината на осумдесеттите. Двајца од мажите ќе поднесат тужба и против Кру Александриа, каде Англичанецот беше тренер во училиштето на тимот по престојот во Манчестер. И двата тима негираат одговорност. Претстојните барања ќе бидат разгледани, а процесот ќе започне во октомври 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zrtvi-na-seksualno-nasilstvo-baraat-kompenzacija-od-manchester-siti/feed/ 0
Њукасл плаќа огромна компензација на Тотенхем за Почетино https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/njukasl-plakja-ogromna-kompenzacija-na-totenhem-za-pochetino/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/njukasl-plakja-ogromna-kompenzacija-na-totenhem-za-pochetino/#respond Mon, 04 May 2020 16:31:50 +0000 https://kurir.mk/?p=341536

Њукасл ќе мора да плати 12,5 милиони фунти на Тотенхем доколку го назначи Маурисио Почетино за тренер до крајот на мај, пренесува „ЕСПН“. Ако „страчките“ го сторат тоа во јуни, тие нема да им плаќаат на „петлите“. Спарси го отпуштија Почетино во ноември и му платија отштета од 12,5 милиони фунти. Според условите на договорот меѓу тренерот и клубот, секој тим кој ќе го назначи Аргентинецот во рок од 6 месеци од разделбата, ќе треба да ги врати тие пари во Тотенхем. Претходно беше откриено дека Њукасл е подготвен да му понуди на Почетино договор со плата од 19 милиони фунти по сезона.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/njukasl-plakja-ogromna-kompenzacija-na-totenhem-za-pochetino/feed/ 0
Конте побара од Челзи 23 милиони евра, клубот возврати со обвиненија кон него https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/konte-pobara-od-chelzi-23-milioni-evra-klubot-vozvrati-so-obvinenija-kon-nego/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/konte-pobara-od-chelzi-23-milioni-evra-klubot-vozvrati-so-obvinenija-kon-nego/#respond Tue, 06 Nov 2018 08:07:01 +0000 https://kurir.mk/?p=123989

Поранешниот тренер на Челзи, Антонио Конте, побара компензација од клубот за предвремено раскинување на договорот, информира „Газета Дело Спорт“.  Сумата која ја бара Италијанецот е 23 милиони евра. Конте бара 13 милиони за отпуштањето и 10 како оштетува на неговата репутација. Челзи го обвини италијанскиот стручњак за прекршување на договорните обврски. Како што е забележано, Конте редовно доцнел на конференција за печат, ги прекршил обврските за спонзорство, а исто така не го паркирал автомобилот на назначеното место во клупската база. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/konte-pobara-od-chelzi-23-milioni-evra-klubot-vozvrati-so-obvinenija-kon-nego/feed/ 0