компјутер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Aug 2023 19:19:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png компјутер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трикови за да не Ве болат очите од гледање во телефон и компјутер https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/trikovi-za-da-ne-ve-bolat-ochite-od-gledane-vo-telefon-i-kompjuter/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/trikovi-za-da-ne-ve-bolat-ochite-od-gledane-vo-telefon-i-kompjuter/#respond Fri, 18 Aug 2023 19:18:39 +0000 https://kurir.mk/?p=868414

Се повеќе луѓе премногу време поминуваат пред компјутер и гледајќи во телефон. Ако сте во таква ситуација правете чести паузи и гледајте во билки. Околу 80 отсто од луѓето кои поминуваат повеќе од три часа дневно пред компјутер мислат оти тоа им прави проблеми, а половина од нив велат дека тоа им штети на очите. Проблеми се сушење на очите, загалување на погледот, главоболки, чувствителност на светло и замор. Она што е ефикасно е да направите повеќе мали паузи отколку една долга, како и да држите билки во канцеларијата. Тие се добри за превенција на сушењето на очите зашто додаваат влажност. Освен тоа, мониторот држите го под прав агол во однос на прозорецот и светилките, избегнувајте индиректно осветлување, а очите држите ги 50 до 80 сантиметри оддалечени од екранот – со што ќе го намалите заморот и проблемот со очите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/trikovi-za-da-ne-ve-bolat-ochite-od-gledane-vo-telefon-i-kompjuter/feed/ 0
Истражување: Начинот на кој се користи компјутерот го открива степенот на стрес на работа https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazhuvane-nachinot-na-koj-se-koristi-kompjuterot-go-otkriva-stepenot-na-stres-na-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazhuvane-nachinot-na-koj-se-koristi-kompjuterot-go-otkriva-stepenot-na-stres-na-rabota/#respond Wed, 12 Apr 2023 08:31:59 +0000 https://kurir.mk/?p=823115

Начинот на кој луѓето пишуваат на тастатурата и го користат компјутерското глувче, може да биде подобар показател за стрес отколку мерењата срцев ритам, посочуваат швајцарски истражувачи. Како што велат, нивниот модел може да помогне да се спречи хроничен стрес. Истражувачите од Швајцарскиот технолошки институт во Цирих (ЕТХЗ), набљудувале 90 учесници во лабораторија како извршуваат канцелариски задачи од реалниот свет, како што се закажување состаноци или снимање и анализа на податоци. Научниците го набљудувале користењето на глувчето и пишувањето на испитаниците, како и отчукувањата на срцето и редовно ги прашувале колку се тие под стрес. - Тоа кажува повеќе за нашето ниво на стрес отколку отчукувањата на срцето во работната средина, истакна математичарката и една од авторите на научниот труд, Мара Нажлин. На некои учесници им било дозволено да работат непречено, но половина од групата постојано биле прекинувани со пораки за разговор или повици за состанок. Истражувачите открија дека луѓето под стрес пишуваат и го движат глувчето поинаку од оние кои се опуштени. - Имено, луѓето под стрес почесто и понепрецизно го движат глувчето, вели Нажлин. Исто така, откриено е дека луѓето кои се чувствуваат под стрес во канцеларија прават повеќе печатни грешки и се склони да пишуваат нагло и брзо, со многу кратки паузи. Од друга страна, пак, опуштените луѓе прават помалку, но подолги паузи кога пишуваат и работат на своите компјутери. Врската меѓу стресот и употребата на тастатурата и глувчето може да се објасни со тн. теорија на невромоторна способност. - Зголеменото ниво на стрес негативно влијае на способноста на нашиот мозок да обработува податоци. Тоа влијае и на нашите моторни способности, објасни психологот Џасмин Кер. Се истакнува и дека секој трет вработен во Швајцарија страда од стрес на работа. „Засегнатите често не сфаќаат дека нивните физички и ментални ресурси се намалуваат, додека не е предоцна“, се вели во написот. Научниците сметаат дека треба да им се помогне на работниците брзо да го идентификуваат стресот, меѓу другото, и создавајќи алатки за следење на нивната работа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazhuvane-nachinot-na-koj-se-koristi-kompjuterot-go-otkriva-stepenot-na-stres-na-rabota/feed/ 0
Супер компјутерот на „ОПТА“ ги одреди шансите за триумф на секој учесник на СП, ќе се изненадите од изборот за прво место https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/super-kompjuterot-na-opta-gi-odredi-shansite-za-triumf-na-sekoj-uchesnik-na-sp-kje-se-iznenadite-od-izborot-za-prvo-mesto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/super-kompjuterot-na-opta-gi-odredi-shansite-za-triumf-na-sekoj-uchesnik-na-sp-kje-se-iznenadite-od-izborot-za-prvo-mesto/#respond Wed, 16 Nov 2022 17:02:26 +0000 https://kurir.mk/?p=761913

Светското првенство ќе започне за неколку дена, а голем број од патниците во Катар очекуваат нивната репрезентација да триумфира на мундијалот. Сепак, јасно е дека само една селекција ќе слави на 18. декември, а компјутерот на статистичкиот експерт ОПТА го прогнозирал епилогот на СП со помош на вештачка интелигенција. Алгоритмот на ОПТА земал предвид голем број критериуми, прогнозирајќи го исходот, а според истиот Бразил ќе биде нов светски првак по пауза од 20 години. Бразилците имаат 15,8% шанси да победат во Катар и дури 63,7% да играат во четвртфиналето, а зад нив е Аргенетина со 12,6%. Европска селекција со најголеми шанси да триумфира на СП има Франција, која е на третото место со 12,2%. Во Топ 10 се уште и Шпанија, Англија, Германија, Холандија, Португалија, Белгија и Данска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/super-kompjuterot-na-opta-gi-odredi-shansite-za-triumf-na-sekoj-uchesnik-na-sp-kje-se-iznenadite-od-izborot-za-prvo-mesto/feed/ 0
Кинезите прикажаа мистериозен „ролетна“ лаптоп: Дали ќе влезе во сериско производство? (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kinezite-prikazaa-misteriozen-roletna-laptop-dali-kje-vleze-vo-serisko-proizvodstvo-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kinezite-prikazaa-misteriozen-roletna-laptop-dali-kje-vleze-vo-serisko-proizvodstvo-video/#respond Thu, 20 Oct 2022 09:02:22 +0000 https://kurir.mk/?p=748220

Во состав на најавата за „Tech World 2022“, компанијата „Lenovo“ прикажала мистериозен лаптоп со „ролетна“ екран. Доколку не сте запознаени, напредната технологија подразбира „OLED“ дисплеј којшто се „одмотува“ по хоризонтална/вертикална оска со помош на специјален механизам. Малку податоци Делува како да гледаме класичен лаптоп со тастатура, но во еден момент екранот почнува да се издолжува – и тоа воочливо. Официјалните податоци не се познати, освен шпекулациите дека екранот „расте“ од 9 на 13,5 инчи. Примената на ваквата технологија е очигледна, а особено е пријатен мултитаскингот, без потреба на дополнителен екран. Остра конкуренција Останува да видиме дали „Lenovo“ ќе влезе во сериско производство со „ролетна“ лаптопот, со што би ја заострил конкуренцијата. Да ве потсетиме, слични концепти веќе постојат, но за мобилни телефони – „LG Rollable“, „Oppo X 2021“ и „Galaxy Scroll“. Извршниот директор на „Samsung Display“ неодамна изјавил дека „свитливите екрани се минато“ и го претставил дисплејот од 13 инчи којшто со едноставно движење на рацете се претвора во 17-инчен.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kinezite-prikazaa-misteriozen-roletna-laptop-dali-kje-vleze-vo-serisko-proizvodstvo-video/feed/ 0
Компјутер на МВР украден од граничниот премин „Блаце” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kompjuter-na-mvr-ukraden-od-granichniot-premin-blace/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kompjuter-na-mvr-ukraden-od-granichniot-premin-blace/#respond Fri, 16 Sep 2022 19:15:31 +0000 https://kurir.mk/?p=733890

Украден електронски уред на граничниот премин Блаце. Првите сомнежи беа поврзани со ризикот од обиди за сајбер напади врз системот. Од МВР за “Алсат” потврдуваат дека на контролниот терминал за патници со воз недостасува компјутерско куќиште. Но, тие негираат дека е можно да дојде до опасност од следење на информациите и до кражба на податоци, бидејќи, според полицијата, уредот не бил поврзан на софтверската мрежа на МВР. Во писмениот одговор велат дека компјутерот веќе подолго време не бил во функција. „Известен е Секторот за внатрешна контрола, криминалистичка истрага и професионални стандарди, кое ги презеде соодветните мерки. Доколку се утврдат пропусти во постапувањето на кој било полициски службеник, ќе се преземат мерки согласно Колективниот договор на МВР и за тоа ќе биде известено надлежното јавно обвинителство“, известуват од МВР. Од МВР тврдат дека секој компјутерски систем може да биде цел на различни видови компјутерски напади. Од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика набројуваат некои од причините кои водат до неовластен пристап до компјутерски систем. „Сакаме да напоменеме дека, според нашето искуство и според искуството на експертите од областа на компјутерската безбедност ширум светот, неовластен пристап до компјутерски систем се врши од луѓе кои ја користат ранливоста на системот каде лозинките се оставени непроменети долго време, користејќи едноставни и слични лозинки“, додаваат од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kompjuter-na-mvr-ukraden-od-granichniot-premin-blace/feed/ 0
Работата на компјутер e физички предизвик за телото https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/rabotata-na-kompjuter-e-fizichki-predizvik-za-teloto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/rabotata-na-kompjuter-e-fizichki-predizvik-za-teloto/#respond Thu, 02 Jun 2022 08:30:52 +0000 https://kurir.mk/?p=685417

Стресот предизвикан од современиот начин на работа на компјутер e предизвик за сечие тело. Главата и вратот често страдаат од положбата во којашто се наоѓаат со часови, па болката е придружена со проблеми со рамената, очите и траен замор. – Понекогаш лошото држење е причина за болка и непријатност во нашето тело. Направете еден брз експеримент… Турнете ја главата нанапред, а потоа подигнете ја за да погледнете нагоре колку што ви дозволува вратот. Оваа незгодна поза е токму онаа која луѓето зад екранот често несвесно ја заземаат, а истражувањата покажаа дека ако сме во таа положба само 30 секунди се јавува болка, вели д-р Ерик Пепер, професор на Универзитетот на Сан Франциско во Калифорнија (САД). Тој објаснува како главоболките може да бидат предизвикани од разни нешта, но треба да се концентрираме и да избегнуваме што повеќе причинители на болката. Еден од начините се дишењето и држењето на телото. Делотворно е како да не се задржува напнатоста во мускулите на вратот, па така да се стане посвесен за таа состојба. Вежбата гласи: Стегнете ги мускулите, па опуштете ги целосно и тоа се повторува и практикува што почесто, додека човекот не се навикне на опуштањето. Друг совет гласи – поставете потсетник кој како училишно ѕвонче ќе ве потсетува накусо да станете да се истегнете. За положбата на екранот, важно е таа да нѐ тера да бидеме исправени, т.е. тој да биде „пред очите“ на човекот, а не долу. Професорот советува и да го подигнеме лаптопот со држач, ако е потребно, па и посебна тастатура. – Внимавајте и на дишењето и обидете се да вдишите во стомакот, притоа исправајќи се. За да ги опуштите очите од постојаното гледање блиску, доколку можете, свртете го погледот на поголема далечина, како што се облаците или врвовите на дрвјата, препорачува проф. Пепер. Секако, сите овие вежби се повторуваат секојдневно, кога тоа е потребно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/rabotata-na-kompjuter-e-fizichki-predizvik-za-teloto/feed/ 0
Советот е едноставен: Што да правите кога ве болат очите од гледање во екранот? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sovetot-e-ednostaven-shto-da-pravite-koga-ve-bolat-ochite-od-gledanje-vo-ekranot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sovetot-e-ednostaven-shto-da-pravite-koga-ve-bolat-ochite-od-gledanje-vo-ekranot/#respond Wed, 01 Jun 2022 18:31:15 +0000 https://kurir.mk/?p=685218

Се повеќе и повеќе луѓе се пред компјутерските екрани по речиси цел ден. И тоа воопшто не е добро за нивните очи. Околу 80 отсто од луѓето кои трошат повеќе од три часа дневно пред екранот велат дека тоа им создава проблеми, а половина од нив велат дека чувствуваат проблеми со очите, според германската офтамолошка асоцијација. Советот е едноставен - да правите пауза! Идеално би било неколку пати, или на секои 20 минути. Би било добро да погледнете во далечина или во некои растенија. Исто така, мониторот треба да биде оддалечен најмалку 50 сантиметри од вас. Важно е  редовно да одите на лекарска проверка за видот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sovetot-e-ednostaven-shto-da-pravite-koga-ve-bolat-ochite-od-gledanje-vo-ekranot/feed/ 0
Имате проблеми поради долгата работа на компјутер? Овие совети ќе ви помогнат! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/imate-problemi-poradi-dolgata-rabota-na-kompjuter-ovie-soveti-kje-vi-pomognat-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/imate-problemi-poradi-dolgata-rabota-na-kompjuter-ovie-soveti-kje-vi-pomognat-2/#respond Fri, 11 Mar 2022 20:45:26 +0000 https://kurir.mk/?p=645758

Се повеќе луѓе премногу време поминуваат пред компјутер. Ако сте во таква ситуација мора да правите чести паузи и да гледате во билки. -Околу 80 отсто од луѓето кои поминуваат повеќе од три часа дневно пред компјутер мислат дека тоа им прави проблеми, а половина од нив велат дека тоа им штети на очите, тврди германскиот Сојуз на офталмолози. Пациентите како проблеми ги наведуваат сушење на очите, замаглување на погледот, главоболки, чувствителност на светло и замор. Она што е ефикасно е да направите повеќе мали паузи отколку една долга, како и да држите билки во канцеларијата. Тие се добри за превенција на сушењето на очите зашто додаваат влажност. Освен тоа, мониторот држете го под прав агол во однос на прозорецот и светилките, избегнувајте индиректно осветлување, а очите држите ги 50 до 80 сантиметри оддалечени од екранот – со што ќе го намалите заморот и проблемот со очите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/imate-problemi-poradi-dolgata-rabota-na-kompjuter-ovie-soveti-kje-vi-pomognat-2/feed/ 0
Ѓорѓиевски: Обезбедивме компјутер за секој наставник од училиштата во Кисела Вода https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gjorgjievski-obezbedivme-kompjuter-za-sekoj-nastavnik-od-uchilishtata-vo-kisela-voda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gjorgjievski-obezbedivme-kompjuter-za-sekoj-nastavnik-od-uchilishtata-vo-kisela-voda/#respond Fri, 17 Dec 2021 13:44:35 +0000 https://kurir.mk/?p=609851

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го посети ООУ “Кирил Пејчиновиќ”. И во ова, и во сите останати 10 училишта во општина Кисела Вода, денес беше реализиран проектот Компјутер за секој наставник, кој има за цел подигнување на квалитетот на наставниот процес во општинските училишта. -За секоја училница од сите 11 објекти, од осумте централни и трите подрачни училишта, Општина Кисела Вода, преку донација обезбеди компјутер за наставниците. На овој начин, тие ќе можат во целост да си ги извршуваат своите обврски на работното место. Ова е посебно значајно бидејќи од оваа учебна година дневникот постои само во електронска форма, но и поради фактот што се обезбедува поквалитетно изведување на онлајн наставата за учениците кои се во изолација. Воедно, ова ќе помогне и во подобра примена на ИКТ во наставата-изјави градоначалникот при посетата. Додаде дека oпремувањето на училиштата со научно-наставен материјал е само првиот од големиот број проекти поврзани со подобрувањето на условите во училиштата, кои се зацртани во неговата програма. - Сакам да нагласам дека обезбедувањето на компјутер за сите 221 училници колку што ги има во општинските училишта е првиот од бројните проекти кои ќе ги релизираме во периодот што доаѓа. Опремувањето на училиштата со научно-наставен материјал и подобрувањето на условите за работа се еден од врвните приоритети во мојата работа. Потврда за тоа е и реализацијата на денешниот проект, кој се случува во вториот месец од моето преземање на градоначалничката функција-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gjorgjievski-obezbedivme-kompjuter-za-sekoj-nastavnik-od-uchilishtata-vo-kisela-voda/feed/ 0
ИСТРАЖУВAЊЕ: Прекумерното користење на екранот го зголемува ризикот од кратковидост кај децата за 80 проценти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/istrazuvanje-prekumernoto-koristenje-na-ekranot-go-zgolemuva-rizikot-od-kratkovidost-kaj-decata-za-80-procenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/istrazuvanje-prekumernoto-koristenje-na-ekranot-go-zgolemuva-rizikot-od-kratkovidost-kaj-decata-za-80-procenti/#respond Wed, 10 Nov 2021 09:10:28 +0000 https://kurir.mk/?p=593488

Многу време поминато пред екранот на мобилниот телефон или компјутерот може да го зголеми ризикот од миопија кај децата и до 80 отсто, покажува најновото истражување објавено во здравствениот магазин „The Lancet Digital Health“. Се покажа дека повеќе од 3.000 испитаници ја поврзуваат изложеноста на паметни уреди со кратковидоста кај децата и младите на возраст од три месеци до 33 години, според студијата спроведена од експерти од Универзитетот Англиа Раскин во Кембриџ, Англија. Тие открија јасна врска помеѓу времето поминато во гледање телефони или таблети и поголем ризик од развој на миопија. Само паметните телефони го зголемуваат ризикот за 30 проценти, но во комбинација со прекумерната употреба на компјутер, ризикот се зголемува на 80 проценти. Истражувачите стравуваат дека тоа би можело да значи дека до 2050 година половина од светското население би можело да биде кратковидно или да страда од проблеми со губење на видот. Во 2019 година, Светската здравствена организација препорача децата на возраст под две години да не поминуваат време пред екранот, а на децата на возраст од две до пет години им се советуваше да користат паметни уреди до еден час во текот на денот. Истата година, истражувањето на CensusWide на 2.000 британски семејства покажа дека децата поминуваат во просек 23 часа неделно на екраните на телефонот, таблетот или компјутерот. Бројни студии покажаа дека оваа бројка значително се зголемила за време на пандемијата на коронавирусот, бидејќи повеќето деца поминувале време дома и оделе на училиште онлајн, што значело користење на уреди со нова технологија. Руперт Борн, професор по офталмологија и коавтор на студијата, рече дека кратковидоста е здравствена грижа која брзо ескалира. - Нашата студија е најсеопфатна досега за ова прашање и покажува потенцијална поврзаност помеѓу времето поминато со екранот и миопијата кај помладата популација - посочи тој. Тој додаде дека е јасно дека итно се потребни дополнителни истражувања за подобро да се разбере како изложувањето на дигитални уреди може да влијае на очите и видот. – Исто така, знаеме дека луѓето реално не го доживуваат времето кое го поминуваат пред екранот, па затоа во идните студии треба да се користат објективни мерки за собирање информации – заклучува Борн.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/istrazuvanje-prekumernoto-koristenje-na-ekranot-go-zgolemuva-rizikot-od-kratkovidost-kaj-decata-za-80-procenti/feed/ 0