композитор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 Nov 2021 06:59:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png композитор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дигитализирани дела од композиторот Љубомир Бранѓолица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/digitalizirani-dela-od-kompozitorot-ljubomir-brangjolica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/digitalizirani-dela-od-kompozitorot-ljubomir-brangjolica/#respond Tue, 16 Nov 2021 06:59:48 +0000 https://kurir.mk/?p=595917

„Дигитализација и архивирање на партитурите од творештвото на композиторот Љубомир Бранѓолица“ е насловот на проектот што содржи 153 дела со сериозна музика и претставува само еден дел од творештвото на еден од најплодните македонски композитори. Ова е првиот чекор кој следува во понатамошната дигитализација на останатите дела на овој композитор чија бројка е близу 400 дела од областа на балетската музика, симфониски дела, камерни дела, оперска музика, мјузикли, солистички дела, камерни дела, дела од популарната музика, музика за деца, музика за филм, музика за театар и тн. Авторот на овој проект е Андреј Блажевски кој потенцира дека ова претставува значаен потфат за трајно зачувување  на  делата на Љубомир Бранѓолица, со што ќе се намали ризикот  од нивното евентуално губење и уништување доколку останат само во хартиена форма. Точниот број на дела се уште не е познат, бидејќи некои дела не се воопшто изведени. Преку  дигитализација на  овој богат опус на музички дела, ќе се постигне нивното трајно зачувување, односно префрлање од хартиена првична форма во дигитална форма. Дигитализираниот материјал е даден на Сојузот на композитори на Македонија, на Национална и универзитетска библиотека „Климент Охридски“ и  на Архивот на МАНУ. Поголем дел од творештвото ќе биде и прикачено онлајн и може да се најде на интернет платформата ISSUU или директно на следниот линк: (https://issuu.com/andrejblazevski1). Проектот е поддржан од Министерството за култура во рамките на годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/digitalizirani-dela-od-kompozitorot-ljubomir-brangjolica/feed/ 0
Почина легендарниот композитор Војкан Борисављевиќ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pochina-legendarniot-kompozitor-vojkan-borisavljevikj/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pochina-legendarniot-kompozitor-vojkan-borisavljevikj/#respond Tue, 23 Feb 2021 13:19:44 +0000 https://kurir.mk/?p=472776

Познатиот композитор и диригент Војкан Борисављевиќ почина денес во Белград на 73-годишна возраст, пишува Новости. Него го паметиме како автор на бројни безвременски хитови како „Одисеја“, „Љубовта е само збор“, „А сега збогум“ и други. Роден е на 5 мај 1947 година во Зрењанин, а од 1948 година живее во Белград. Студирал на Филозофскиот факултет во главниот град на поранешна Југославија, а своето музичко образование го стекнал во училиштата „Д-р Воислав Вучковиќ“ и „Станковиќ“, како и на приватни студии во Париз. Компонирал повеќе од петстотини песни за најпознатите југословенски пејачи - Лео Мартин, Здравко Чолиќ, Џорџ Марјановиќ, Мики Јевремовиќ и многу други, како и за бројни телевизиски серии и филмови, како што се сериите „Сив дом“ и „ Топол ветер “и филмот„ Лаење на Ѕвездите“ за чија музика беше награден со Златна мимоза на Југословенскиот филмски фестивал во Херцег Нови во 1997 година. Целиот работен век го помина како хонорарен уметник во рамките на Здружението на композитори на Србија со статус на истакнат уметник. Состави музика за театар, филм и телевизија, популарни и детски песни, инструментални композиции и аранжмани, кои сочинуваат неколку стотици дела од различни жанрови. На 22.03.2018 година тој одржа авторски концерт на Големата сцена на Националниот театар во Белград, наречен Моја одисеја и по тој повод му беше врачена наградата „Дарко Краćиќ“. Во 2018 година ја објави книгата „Мојата одисеја“. "Одисеја": „Љубовота е само збор“: „А сега збогум“: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pochina-legendarniot-kompozitor-vojkan-borisavljevikj/feed/ 0
Почина Благој Цанев, еден од основоположниците на македонската современа класична музика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-blagoj-canev-eden-od-osnovopoloznicite-na-makedonskata-sovremena-klasichna-muzika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-blagoj-canev-eden-od-osnovopoloznicite-na-makedonskata-sovremena-klasichna-muzika/#respond Mon, 27 Jul 2020 10:37:08 +0000 https://kurir.mk/?p=381985

По кратко боледување, вчера на 82 годишна возраст, во Скопје почина композиторот и музички педагог, Благој Цанев. Роден е во Свети Николе , 1937 година. Тој е првиот дипломец на основаната Висока музичка школа, подоцна Факултет за музичка уметност, каде подоцна дипломира и на Одделот по композиција, во класата на Властимир Николовски. Цанев работеше како професор во Средното музичко училиште, а потоа и на ФМУ. Неговиот опус бележи дела од повеќе музички родови, а најзначајни се оние во хорскиот, камерниот и солистичкиот жанр. Композициите на Цанев се базираат врз неоромантичната и неокласичната естетика, со дискретна примена на елементи од македонскиот музички фолклор. На полето на камерната музика ги остварува најзначајните творечки достигања, при што некои од творбите, меѓу кои се „ Соната ин Ес“ , за кларинет и пијано, од1972 година, доживеа бројни изведби од домашната музичка репродуктива. За својата самопрегорна работа, Благој Цанев е добитник на највисоките државни награди – „11 Октомври“ и „Климент Охридски“, како и стручните „Панче Пешев“, „Трајко Прокопиев“ и др. -Со огромно жалење соопштуваме дека денеска почина проф. Благој Цанев, еден од основоположниците на македонската современа класична музика. Проф. Цанев беше еден од највлијателните композитори, еден од најпочитуваните педагози по музика, кој зад себе остави богатство од дела. Големиот уметник, беше неизоставен дел од Филхармонија уште од самите почетоци на функционирање на институцијата, најпрвин како дел од оркестарот, потоа како композитор и до крајот на животот, редовен посетител на симфониските концерти. Слава му, објави Македонска филхармонија на Фејсбук. Погребот на Цанев ќе биде извршен на градските гробишта- Бутел, од најтесниот круг на семејството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-blagoj-canev-eden-od-osnovopoloznicite-na-makedonskata-sovremena-klasichna-muzika/feed/ 0
Почина композиторот Енио Мориконе, неколкупати номиниран за Оскар https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pochina-kompozitorot-enio-morikone-nekolkupati-nominiran-za-oskar/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pochina-kompozitorot-enio-morikone-nekolkupati-nominiran-za-oskar/#respond Mon, 06 Jul 2020 07:50:30 +0000 https://kurir.mk/?p=369652

Италијанскиот композитор и диригент, Енио Мориконе, почина на возраст од 91 година. Мориконе починал поради компликации по скршеницата на бутната коска, која ја скршил минатата недела откако паднал. Тој е најпознат по музиката за филмови, а со својот квалитет се стекна со прекарот „Маестро“. Во соработка со својот пријател од детството, режисерот Серџо Леоне, остави неизбришлива трага во шпагети вестерните, поставувајќи нови граници кога компонираше музика за филмовите. Зад себе остави деца и внуци.  Во повеќедецениската кариера Мориконе направи музика за филмовите „За шака долари“, „Беше еднаш во Америка“, „Малена“, „Недопирливи“ и многу други, а шест пати беше номиниран за Оскар. Почесен Оскар доби во 2007 година, за значаен придонес во кинематографијата, а Оскар, како најстар добитник прими во 206 година, за музиката во филмот „The Hateful Eight” на Квентин Тарантино. Мориконе е роден во Рим на 10 ноември 1928 година и свиреше неколку инструменти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pochina-kompozitorot-enio-morikone-nekolkupati-nominiran-za-oskar/feed/ 0