Компромитирани кадри – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 12 Jul 2021 14:23:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Компромитирани кадри – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Заев со стари и компромитирани кадри на локални, никој сериозен и угледен не му се нафаќа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-so-stari-i-kompromitirani-kadri-na-lokalni-nikoj-seriozen-i-ugleden-ne-mu-se-nafakja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-so-stari-i-kompromitirani-kadri-na-lokalni-nikoj-seriozen-i-ugleden-ne-mu-se-nafakja/#respond Mon, 12 Jul 2021 14:23:21 +0000 https://kurir.mk/?p=535601

Не цели три месеци до кампањата за локални избори во октомври, а партиските мерења и анкети за рејтинзите на можните кандидати за градоначалници се главна тема во јавноста. Во СДСМ веќе се знаат имињата, а Заев веќе го обелодени и првиот сигурен кандидат – досегашниот градоначалник на Валандово, Перо Костадинов. Во СДСМ не е се така лесно, притиснати од лошиот рејтинг на централната влада, но и преспиените четири години на нивните градоначалници на Бихаќка бараат излезна варијанта од се поочигледниот дебакл, но како што брифираат извори од партијата никој сериозен и угледен човек не се нафаќал да застане како кандидат во поголемиот градови низ државата. На веќе исцрпени можности, Заев оди со стари и компромитирани кадри од минатото. Според извори на Бихаќка во Центар се кршат копјата помеѓу Емилијан Станковиќ и Милена Стевановиќ, Станковиќ е поранешен пратеник и висок функционер на СДСМ од минатите раководства на партијата, а Стевановиќ, актуелна директорка на Инфективна клиника. Така според гласините во СДСМ ќе се задоволи скопското крило, а ќе може да се фрла вината врз Богдановиќ за ДУП-от кај Холидеј Инн. На стари кадри се враќаат и во Кисела Вода, таму поранешната пратеничка Тања Томиќ е една од главните претенденти да му го земе кандидатското место на Филип Темелковски, сметките ги мати Дарко Каевски, актуелен пратеник и поранешен директор на Агенцијата за млади и спорт. Во огранокот се коментира, како се едни исти луѓе се вртат на сто функции, и дека нема да трчаат за шака луѓе да ги менува фотељите. Во внатрешноста ништо ново! Според сите мерења во Прилеп, СДСМ го губи градот, Заев под притисок дека се поголем број на општини ќе се обојат во црвено, му упатил ултиматум на Сугарески да оди како кандидат за Прилеп, и да си замине од Царина, или да си замине од Царина без да добие ништо. Денеска ова и се потврди, Сугарески и официјално си замина од Царина. Каква е состојбата во Прилеп, СДСМ бира помеѓу актуелниот градоначалник Јовановски и Сугарески, вечен функционер на партијата, пратеник, министер и директор именуван од партијата. Иста е и ситуацијата во Велес, таму градот се губи, а Заев нема друга опција или ќе игра со Аце Коцевски, или ќе оди со Марјанчо Николов, и со едното и со другото губи, затоа што нема функција која овие двајца не ја извршувале, а СДСМ во Велес од 50 илјади жители нема што ново да понуди, па мора да игра со луѓето од пред 20 години. Уште еден град кој за СДСМ е се понедостижна цел е Битола, градот кај што СДСМ буквално прегази на претходните локални избори, сега е пред пресврт. Актуелната градоначалничка Наташа Петровска, нема направено ништо во изминативе 4 години, рејтингот вртоглаво паѓа, а СДСМ буквално тоне. Незадоволството е од сите локални функционери, но и од Васко Ковачевски, кој доби функции, и направил многу за себе, а ништо за градот и партијата. Токму Васко Ковачевски, е ликот кој ќе треба да вади врели костени, и со себе да ги понесе и евентуалните порази. Пораката е не направи кадри, и ги сечеше сите, сега оди ти во оваа невозможна мисија. Дека се е отиде предалеку, и се нема излез, кажуваа и фактот што за кандидат за Охрид низ партиски кулоари е и Александар Петрески, поранешен градоначалник на Охрид, кој го задолжи градот и не направи ништо во текот на неговото владеење. СДСМ во кадровска криза СДСМ е 4 години на власт, а луѓето кои ги држат клучните позиции се над 20 години во политика. Базата веќе подолг период наназад коментира дека врвот на партијата е затворен, и дека не се дозволува нови луѓе да дојдат до израз, ако некој некому станува опасност тој се елиминира политички и се доаѓа до негативна селекција, како грст луѓе ќе можат да останат вечно на своите позиции или ќе се менуваат од функција а функција. Мали места, големи проблеми Тешки се изборите и во помалите места како Кочани, Делчево, Берово, Ресен, каде има изразито две силни струи кои се борат помеѓу себе за превласт, во речеси сите случаи овие структури влечат корен од 90 тите, па ако тогаш бил таткото сега е синот. Клановските битки веќе на големо се одвиваат во власта, но како понуда за граѓаните нема ништо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-so-stari-i-kompromitirani-kadri-na-lokalni-nikoj-seriozen-i-ugleden-ne-mu-se-nafakja/feed/ 0