комунален отпад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Apr 2022 11:36:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png комунален отпад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во 2021 година собрани 632.087 тони комунален отпад https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-2021-godina-sobrani-632-087-toni-komunalen-otpad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-2021-godina-sobrani-632-087-toni-komunalen-otpad/#respond Thu, 21 Apr 2022 11:36:47 +0000 https://kurir.mk/?p=666527

Во земјава лани вкупно се собрани 632.087 тони комунален отпад што е зголемување за 0,3 отсто во споредба со 2020 година. Од собраниот отпад дури 99,8 отсто е исфрлен на депонија. Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот Регион – 176.917 тони или 28 отсто од вкупното собрано количество. Од вкупното количество на собран комунален отпад, 528.261 тон или 84 отсто се собрани од домаќинствата, а останатите 16 отсто се комерцијален отпад од правни и физички лица. Најголемо количество на собран отпад е измешаниот комунален отпад – 522.914 тони или 82,7 отсто, а најмало количество има отпадот од гума – 1.598 тони или 0,3 отсто од вкупното количество собран комунален отпад. Вкупното количество на создаден комунален отпад во 2021 година изнесува 896.066 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2021 година изнесува 452 килограми, исто како и во 2020 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-2021-godina-sobrani-632-087-toni-komunalen-otpad/feed/ 0
Кисела вода се чисти од медицински и комунален отпад https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kisela-voda-se-chisti-od-medicinski-i-komunalen-otpad/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kisela-voda-se-chisti-od-medicinski-i-komunalen-otpad/#respond Tue, 09 Nov 2021 12:44:47 +0000 https://kurir.mk/?p=593138

Акција за чистење на медицински и комунален отпад денес се одвива во општина Кисела Вода. Се чисти на три поголеми локации, мапирани како точки на кои е евидентирано натрупување на опасниот отпад, за кој e предвиден посебен третман. Чистењето започна околу Центарот за зависници, се одвива во неколку траси, и ќе се трае во текот на целиот ден. Во акцијата за чистење на комуналниот отпад, учествуваат сезонски работници ангажирани од општина Кисела Вода. Тие работат на миење на улиците, собирање на сметот, метење на паднатите лисја, перење на плочниците и тротоарите, косење на нараснатите тревни површини. Во делот на собирање на медицинскиот отпад, е ангажирано здружението ХОПС, бидејќи согласно законските одредби, собирање и транспортирање на медицинскиот отпад може да врши само овластено правно или физичко лице. Согласно постигнатиот договор со Општина Кисела Вода, ХОПС ќе продолжи секојдневно, со теренско возило да го чисти медицинскиот отпад од територија на општина Кисела Вода и во наредниот период. Општина Кисела Вода потсетува дека медицинскиот отпад е опасен и може да предизвика значителна штета на здравјето на луѓето. Апелираме доколку граѓаните забележат вакво незаконско одложување на отпад, случајот да го пријават. Притоа, доколку се работи за медицински отпад, на располагање стои телефонскиот број 075/769-948. (здружение ХОПС)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kisela-voda-se-chisti-od-medicinski-i-komunalen-otpad/feed/ 0
Во Европа годишно се собираат 486 килограми комунален отпад, кај нас 344 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-evropa-godishno-se-sobiraat-486-kilogrami-komunalen-otpad-kaj-nas-344/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-evropa-godishno-se-sobiraat-486-kilogrami-komunalen-otpad-kaj-nas-344/#respond Fri, 23 Aug 2019 06:40:45 +0000 https://kurir.mk/?p=232582

Во Европската унија општините на годишно ниво во просек собираат по 486 килограми комунален отпад по човек, покажуваат податоците на Еуростат за 2017 година. Оваа бројка е непроменета во однос на претходната година и е за седум проценти под максимумот од 525 килограми во 2002 година. Нашата земја е меѓу трите последни во Европа со 344 килограми и бележи намалување во однос на претходните години, откако во 2015 се собрани 380 и во 2016 година 385 килограми комунален отпад по глава на жител. Меѓу земјите членки на ЕУ, најмногу отпад по жител во 2017 година е собран во Данска – 781 килограм, по што следи Кипар – 637 килограми и Германија – 633 килограми. На другиот крај од скалата, три земји членки на ЕУ што собрале најмалку отпад по глава на жител се Романија – 272 килограми, Полска – 315 килограми и Чешка – 344 килограми. Во земјите од регионот најмногу општински отпад по глава на жител собрале Грција – 504 килограми, Словенија – 471 килограм и Албанија – 436 килограми, додека Северна Македонија е меѓу трите последни со 344 килограми, по што следат Србија – 306 и Косово со 228 килограми отпад по глава на жител. Во земјава собраниот комунален отпад на годишно ниво по глава на жител бележи пад во однос на претходните години, откако во 2015 се собрани 380 и во 2016 година 385 килограми. Според дефиницијата на Еуростат под комунален отпад се подразбира отпад што е собран од јавно комунално претпријатие на локално ниво и пренесен на депонија што е дел од систем за менаџмент на отпад. Општинскиот отпад во најголем дел е составен од отпад што го прават домаќинствата, иако вклучува и отпад од продавници, канцелари и јавни институции. Вака дефинираниот комунален отпад значи дека државите кои имаат поефикасен ситем за менаџмент на комунален отпад можат да соберат повеќе отпад на годишно ниво.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-evropa-godishno-se-sobiraat-486-kilogrami-komunalen-otpad-kaj-nas-344/feed/ 0
Годишно еден жител во земјава создава 412 килограми комунален отпад https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godishno-eden-zitel-vo-zemjava-sozdava-412-kilogrami-komunalen-otpad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godishno-eden-zitel-vo-zemjava-sozdava-412-kilogrami-komunalen-otpad/#respond Mon, 22 Apr 2019 11:48:28 +0000 https://kurir.mk/?p=189794

Еден жител во земјава во текот на минатата година создал 412 килограми отпад, што е за 8,6 отсто повеќе во текот на 2017 година. Државниот завод за статистика објави дека во текот на 2018 година во земјава е создадено вкупно количество од 854.865 тони отпад, а количината на собран комунален отпад изнесува 625.386 тони, што претставува, пак, 1,6 отсто помалку од 2017 година. Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во скопскиот регион 166.029 тони или 26,5 отсто од вкупното собрано количество во земјава. Од вкупното количество собран комунален отпад, 509.002 тони или 81  отсто се собрани од домаќинствата, а останатите 19 отсто од правни и физички лица (комерцијален отпад). Според видовите отпад, најголемо количество на собран отпад е измешаниот комунален отпад 535.604 тони или 85,6 отсто, а најмало количество отпад од гума  673 тони или 0,1 отсто од вкупното количество собран комунален отпад. Најголемото количество на собран комунален отпад 99,5 отсто се исфрла на депонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godishno-eden-zitel-vo-zemjava-sozdava-412-kilogrami-komunalen-otpad/feed/ 0