комунална хигиена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Oct 2023 10:57:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png комунална хигиена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Несреќата во кругот на ЈП „Комунална Хигиена“: Пешак тешко повреден откако автомобил удрил во него https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nesrekata-vo-krugot-na-jp-komunalna-higiena-peshak-teshko-povreden-otkako-avtomobil-udril-vo-nego/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nesrekata-vo-krugot-na-jp-komunalna-higiena-peshak-teshko-povreden-otkako-avtomobil-udril-vo-nego/#respond Fri, 13 Oct 2023 10:57:58 +0000 https://kurir.mk/?p=888474

На 12.10.2033 во 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Ј.П.„Комунална Хигиена“, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.З.(45) од Скопје, удрило во Т.Д.(48) од Скопје, информира МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nesrekata-vo-krugot-na-jp-komunalna-higiena-peshak-teshko-povreden-otkako-avtomobil-udril-vo-nego/feed/ 0
Кашиковски: На вработените во „Комунална хигиена“ платата не им е зголемена за 2.175 денари, туку само за 864, со што се крши член 4 од Законот за усогласување на платите со минималната плата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kashikovski-na-vrabotenite-vo-komunalna-higiena-platata-ne-im-e-zgolemena-za-2-175-denari-tuku-samo-za-864-so-shto-se-krshi-chlen-4-od-zakonot-za-usoglasuvane-na-platite-so-minimalnata-plata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kashikovski-na-vrabotenite-vo-komunalna-higiena-platata-ne-im-e-zgolemena-za-2-175-denari-tuku-samo-za-864-so-shto-se-krshi-chlen-4-od-zakonot-za-usoglasuvane-na-platite-so-minimalnata-plata/#respond Mon, 10 Jul 2023 16:47:53 +0000 https://kurir.mk/?p=855126

Основната причина која што ја истакнаа вработените од „Комунална хигиена“ – Скопје е неусогласувањето на нивните плати со растот на минималната плата што е законска обврска од месец март согласно член 4 од Законот за усогласување на останатите плати со минималната плата. Имено, во „Комунална хигиена“ платите се покачија само за 864 денари наместо за 2.175 денари“, истакна претседател на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски во емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24. Кашиковски додаде дека тоа е првото барање и првото незадоволство кај вработените од „Комунална хигиена“. -Второто незадоволство кај вработените кое што се појави е и неисплатата на К-15. Таму има и одредена спогодна за к-15 склучена со еден од поранешните директори која што за жал не е испочитувана. И третото барање е нерегулираниот бенефициран стаж кај работниците во „Комунална хигиена“. А, со оглед на фактот дека вработените во „Комунална хигиена“ пред се луѓето кои што работат на подигнување на сметот работат во тешки услови, а за тоа немаат бенефициран стаж кој по Закон им следува, рече тој. Посочи дека тоа се основните три барања кои што вработените од „Комунална хигиена“ ги бараат од директорката да ги испочитува и исполни. -Директорката во последната изјава кажа дека се работи за околу 27 вработени коишто се ангажирани преку Агенција за привремени вработувања. Инаку 100-тина луѓе не им беа продолжени договорите преку Агенција за привремени вработувања пред мислам околу 6 месеци. А, сега се работи за бројка од 27 луѓе, според кажувањето на директорката, а ние како Синдикат не добивме список за кои луѓе и за која бројка станува збор, нагласи Кашиковски. Тој нагласи дека како Синдикат немаат добиено список од директорката на „Комунална хигиена“ за колкава бројка станува збор на вработени и ангажирани преку Агенција за привремени вработувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kashikovski-na-vrabotenite-vo-komunalna-higiena-platata-ne-im-e-zgolemena-za-2-175-denari-tuku-samo-za-864-so-shto-se-krshi-chlen-4-od-zakonot-za-usoglasuvane-na-platite-so-minimalnata-plata/feed/ 0
Скопските градоначалници најавија кривична пријава за Арсовска доколку не се реши состојбата со комуналната хигиена https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopskite-gradonachalnitsi-najavija-krivichna-prijava-za-arsovska-dokolku-ne-se-reshi-sostojbata-so-komunalnata-higiena/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopskite-gradonachalnitsi-najavija-krivichna-prijava-za-arsovska-dokolku-ne-se-reshi-sostojbata-so-komunalnata-higiena/#respond Mon, 10 Jul 2023 11:09:54 +0000 https://kurir.mk/?p=854964

Кривична пријава доколку не се постапува и барање за расформирање на ЈП Комунална хигиена и предавање на ингеренциите и механизацијата на општините, најавија скопските градоначалници по денешната итна седницата на Скопскиот плански регион. Кривичната пријава за загрозување на здравјето на граѓаните против градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, како што најавија, ќе ја поднесат доколку депонијата на ЈП „Дрисла“ не ги отвори рампите и се пуштат камионите со кои општините сами го собираат отпадот по протестот на вработените во „ЈП „Комунална хигиена“ во Скопје. Градоначалниците на денешната седница во врска со комуналната хигиена во рамките на Град Скопје, одлучија да побараат извештај од Град Скопје за состојбите поврзани со комунална хигиена, како и препорака со која се бара Градот Скопје да ја разгледа состојбата и да преземе мерки за итно постапување од Јавното претпријатие „Комунална хигиена Скопје“ во решавање на проблемот и иницијатива самите општини да ја преземат механизацијата за одржувањето на комуналната хигиена. Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, посочи дека ставот за расформирање на „Комунална хигиена“ и предавање на ингеренциите и механизацијата на општините е заеднички. - А тоа беше и согласување од страна на градоначалничката пред неколку месеци која што истото го изнесе на еден од состаноците како став дека треба Комунална хигиена да се расформира и да ни се предадат надлежностите нам. Ние сметаме дека со многу помалку ресурси за она што го плаќаат граѓаните ќе овозможиме многу поквалитетна услуга од оваа услуга која што ја нема денеска, рече тој. Ѓорѓиевски го негираше соопштението на „Дрисла“ дека на Општина Кисела Вода договорот им е истечен во март годинава, тврдејќи дека поседуваат финансиска картица за фактури кои што, како што рече „ни стигнува месеци наназад од „Дрисла“ и се уредно платени“. Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, изјави дека при консултациите со останатите градоначалници увиделе дека немаа капацитет како општина, а ниту финансиски ресурси колку што има Градот Скопје, за да го решат ова. - И притоа кога се понудивме малку колку што можеме да помогнеме за да не почне да се разболуваат и животинчиња коишто ги имаме во градот, да не почнат да се разболуваат граѓаните и нашите деца, ни велат е тоа ѓубре вие што сте го собрале не може тука да го донесете. А каде да го донесеме? Сопственост на некое семејство е Јавното претпријатие „Дрисла“? Приватен објект е? Јавно е ваше, наше, на сите вас претпријатие, рече тој. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, исто така, посочи дека проблемот е заеднички и не треба да се политизира. - Станува збор за граѓаните и за нивното здравје и треба што поскоро да се најде решение. Решението е што побрзо да се изменаџира ситуацијата во градот заедно со комуналното претпријатие и нивните вработени. Додека они не го решат тоа нашето првично барање е да рампите во „Дрисла“ се дигнат за да ние можеме да функционираме како општини, рече тој. Герасимовски информираше дека утрово имал телефонски разговор со директорот на „Дрисла“ при што тој му одговорил дека ќе се направи договор и дека во текот на денот ќе го имаат. - Нашите луѓе отидоа уште утрово да чекаат за да го подигнат истиот и да се потпише и од наша страна за да може да ги примат нашите камиони и се истовара сметот, дополни тој. Барањето на градоначалниците е додека не се најде решение да се отстрани целосното ѓубре, итно да се кренат рампите за нивната механизација да продолжи со работа. - Не можеме целосно да отстраниме се поради тоа што немаме механизација за оние поголеми контејнери коишто се на тротоарите и подземните контејнери, но имаме доволно механизација да го отстраниме цело ѓубре што е покрај контејнерите, но и покрај оние помали контејнери каде што имаме механизација за подигнување на истите, рече Герасимовски. На седницата беше донесен и заклучок со кој Скопскиот плански регион бара од страна на Владата, доколку проблемот не може да се реши на ниво на Градот, да се вклучи во негово решавање. На итната седницата на Скопскиот плански регион не присуствуваше градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалниците Стевчо Јакимовски - Општина Карпош, Коста Маневски - Општина Зелениково, Сашко Комненовиќ - Општина Чучер Сандево, Блерим Беџети - Општина Сарај и Висар Ганиу - Општина Чаир. Состанокот на Скопскиот плански регион се одржа по состојбата со која главниот град е затрупан во смет поради протест на вработените во Јавното претпријатие „Комунална Хигиена“, кои бараат повисока плата и враќање на отпуштените работници. За 13 часот деенска во Град Скопје закажана прес-конференција на директорката на ЈП „Комунална хигиена“ Косана Мазнева Николиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopskite-gradonachalnitsi-najavija-krivichna-prijava-za-arsovska-dokolku-ne-se-reshi-sostojbata-so-komunalnata-higiena/feed/ 0
Ѓубре си е ѓубре https://arhiva.kurir.mk/kolumni/gubre-si-e-gubre/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/gubre-si-e-gubre/#respond Mon, 10 Jul 2023 09:34:29 +0000 https://kurir.mk/?p=854898

Во време кога Македонија е сарадисана од сите страни и со сите сили се бори против прифаќање на бугарски диктати со комуњарски амин, спроведување антимакедонски преспански капитулаци машносани од Заевци и се спрема за силна битка со албанската мафија скриена на Мала Речица, горенаведената засегната тројка-извршител го сврте телефонот и го повика „пријателот.“ Класика. А малку се расчисти небото над Македонија, секогаш ново „ѓубре“ го затскрива погледот. Овојпат, и буквално и фигуративно... За да, не дај Боже, некој не се зафати со криминалот на Дрин или со пробугарските глупоштии на Таче и за да не престане Македонија од Бехтел и Енка да стенка, за секој случај се јави ДА-НЕ-тра-ла-ЛА, и не така скриениот локален адут во ракавот на централната власт... Опозицијата, буквално, ора на терен, Таче се самозакопува со секоја нова ступидна изјава, на Ахмети „му врие крвот“ од внучето кое катадневно му го открива криминалот, Груби нежно го гали рушветот од Коридор 8, Заев води војна со Австрија која му ги обелоденува апашлуците... Сето ова во комбинација на редица анкети во низа кои велат дека опозицијата „ја мачка на леб“ власта со разлика од 2:1, комбинирано со незадоволството на 85 насто Македонци кои ни на крај памет не прифаќаат внос на Бугари во Устав и две третини граѓани кои во пет анкети по ред велат дека одиме во лоша, катастрофална насока е доволна причина за вклучување на алармот на Бихаќка, сега синхронизиран со Мала Речица. Уплав завладеа, криминал ќе се разоткрива, тик-так, тик-так, месеци до паѓање од власт, а сите властодршци сосе фамили засегнати од злодејанијата. Најбитно, пискотници се слушнаа и од Муртино до Виена, па од Зајас до Тирана. Црвениот телефон заѕвоне, крајно време е е за дигресија, дефокусче и нова тура „магла„ за затскривање на направените криминали, идиотизми и глупоштии. А, затоа што во оваа „влада“ Командантот решава, тој на Артан му рекол што да му пренесе на Ќуран. Крако и јасно. „ФКЉУЧЕТЕ ГО ДАНЕЉА“... И би драма. Горенаведената, пак, го вклучи копчето на својата послушна, исто така пребегуша, од Комунална нехигиена, па го пушти на најјако и директорчето од  Дрисла. Остатокот го знаете. Скопје се гуши во смет, скопски градоначалници сами се организираат да спречат смрдеа и не дај Боже, некоја епидемиичка од неа, а „драма-квинот“ Да-не-тра-ла-ла сипа ли сипа песок во до вчера сојузничката осовина, удира по човекот кој најмногу и пречи на власта, води војна со македонската опозиција и ја каља, плука, руга и „хистерише“ ко навиена. Мислите дека ова е случајно? Јок, поверојатна е дефиницијата на случајноста според која таа е моментот кога не гледате јасно кој ги движи конците на марионетата која е на сцена. Марионетата, пак, сега да ти била носител на името кое е само по себе парадоксално, составено од Афирмација/Негација/Потпевнување. Кумот да ти бил на висина на задачата. Уште една потврда дека ништо во животот не е случајно. Искуствено, ова е пак само уште една, нова потврда на онаа старата, кооперациска констатација. „ЃУБРЕ СИ Е ЃУБРЕ.“ Дефинитивно... ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/gubre-si-e-gubre/feed/ 0
СКОПЈЕ ЗАТРУПАНО ВО СМЕТ, ПРСТОТ ВПЕРЕН КОН ГРАДОТ: Скопскиот плански регион одржа итна седница- се бара решение на проблемот со комуналната хигиена https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-zatrupano-vo-smet-prstot-vperen-kon-gradot-skopskiot-planski-region-odrzha-itna-sednitsa-se-bara-reshenie-na-problemot-so-komunalnata-higiena/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-zatrupano-vo-smet-prstot-vperen-kon-gradot-skopskiot-planski-region-odrzha-itna-sednitsa-se-bara-reshenie-na-problemot-so-komunalnata-higiena/#respond Mon, 10 Jul 2023 09:32:34 +0000 https://kurir.mk/?p=854901

Скопскиот плански регион бара итно постапување од Јавното претпријатие „Комунална хигиена Скопје“ во решавање на проблемот со комуналната хигиена. На денешната итна седница во врска со комуналната хигиена во рамките на Град Скопје, Советот на Скопскиот плански регион одлучи да побара извештај од Град Скопје за состојбите поврзани со комунална хигиена, како и препорака со која се бара Градот Скопје да ја разгледа состојбата и да преземе мерки за итно постапување од Јавното претпријатие „Комунална хигиена Скопје“ во решавање на проблемот и иницијатива самите општини да ја преземат механизацијата за одржувањето на комуналната хигиена. На седницата беше донесен и заклучок со кој Скопскиот плански регион бара од страна на Владата, доколку проблемот не може да се реши на ниво на Градот, да се вклучи во негово решавање. Овие предлози беа изгласани од 12-те градоначалници кои беа присутни на седницата која се одржа во просториите на Општина Аеродром. На итната седницата на Скопскиот плански регион не присуствува градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалниците Стевчо Јакимовски - Општина Карпош, Коста Маневски - Општина Зелениково, Сашко Комненовиќ - Општина Чучер Сандево, Блерим Беџети - Општина Сарај и Висар Ганиу - Општина Чаир. Состанокот на Скопскиот плански регион следува по состојбата со која главниот град е затрупан во смет поради протест на вработените во Јавното претпријатие „Комунална Хигиена“, кои бараат повисока плата и враќање на отпуштените работници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-zatrupano-vo-smet-prstot-vperen-kon-gradot-skopskiot-planski-region-odrzha-itna-sednitsa-se-bara-reshenie-na-problemot-so-komunalnata-higiena/feed/ 0
Група вработени во „Комунална хигиена“ натепале колега, кога го затекнале како го чисти градот и не протестира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/grupa-vraboteni-vo-komunalna-higiena-natepale-kolega-koga-go-zateknale-kako-go-chisti-gradot-i-ne-protestira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/grupa-vraboteni-vo-komunalna-higiena-natepale-kolega-koga-go-zateknale-kako-go-chisti-gradot-i-ne-protestira/#respond Mon, 10 Jul 2023 08:12:15 +0000 https://kurir.mk/?p=854871

Вработени во „Комунална хигиена“ претепале колега кој чистел отпад низ Скопје. Ова се случило доцна синоќа, откако камионите на претпријатието излегоа од дирекцијата. Од МВР најавуваат дека ќе има кривична пријава за кривично дело насилство, за сите кои учествувале во претепувањето. Преку надзорни камери, очевидци и изјави се утврдува кој се учествувал во настанот. „На подрачјето на Гази Баба полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ц.(28) од Скопје, вработен во ЈП Комунална хигиена Скопје, поради тоа што на 09.07.2023 околу 23.30 часот во трговски центар на подрачјето на Гази Баба, заедно со Д.Д. и уште неколку лица, физички го нападнале Д.С.(37) од Скопје, додека ги извршувал своите работни задачи како вработен во истото претпријатие“, велат од МВР. Неофицијално, причината за претепувањето на вработениот од „Комунална хигиена“ е бидејќи не останал да го поддржи протестот и излегол на терен да работи. МВР работи на расчистување на случајот. „Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на лицата, а по неговото документирање од страна на Единицата за насилен криминал ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело ‘насилство’, по член 386 од Кривичниот законик“, додаваат од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/grupa-vraboteni-vo-komunalna-higiena-natepale-kolega-koga-go-zateknale-kako-go-chisti-gradot-i-ne-protestira/feed/ 0
Градоначалниците ќе решаваат како да го исчистат сметот во Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnitsite-ke-reshavaat-kako-da-go-ischistat-smetot-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnitsite-ke-reshavaat-kako-da-go-ischistat-smetot-vo-skopje/#respond Mon, 10 Jul 2023 06:23:23 +0000 https://kurir.mk/?p=854783

Во Скопје деновиве не се собира смет поради протест на вработените во Комунална хигиена кои бараат повисоки плати и враќање на отпуштените колеги од работа. Градот е полн со смет, а градоначалниците од Скопскиот плански регион денеска ќе одржат состанок на кој ќе расправаат за состојбата со хигиената во Скопје. Во меѓувреме, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ со помош на своите колеги од други општини синоќа почнаа да го чистат насобраното ѓубре, додека од Општина Центар најавија дека од утрово сами почнуваат со чистење на ѓубрето. На состанокот, градоначалниците од Скопскиот плански регион ќе излезат со свој став за настанатата состојба. Во меѓувреме, од скопските општини Центар и Аеродром, по реакција од граѓаните побараа од надлежните итно да најдат соодветно решение за собирање на сметот. Од Општина Центар пак, најавија дека ќе почнат со чистење ѓубре во и надвор од контејнерите. Градоначалникот Горан Герасимовски соопшти дека утрово со работа почнуваат речиси сите хигиеничари од комуналната служба во ЈП „ПОЦ“ и дел од општинската администрација. На терен ќе биде употребена целата механизација во сопственост на претпријатието како и дополнителна опрема за собирање смет. Герасимовски испрати апел Град Скопје итно да ги реши проблемите во јавното претпријатие и да започне со чистење на градот. Граѓаните, како што посочи, не смее да бидат жртви на лошото управување во градот, ризикот по здравјето на граѓаните е огромен. Сојузот на синдикатите на Македонија на својата фејсбук страна објави дека најостро ги осудува заканите кон вработените во Комунална хигиена Скопје по објавеното видео во медиумите каде, како Инаку, вработените во „Комунална хигиена“ протестираат и бараат повисоки плати, подобри услови, исплата на К15 и враќање на отпуштените колеги од работа. Директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева им вети на вработените дека ќе добијат К 15, но вели дека разговорите ќе продолжат од оваа недела. Таа завчера на прес-конференција информира дека нема да дозволи политички центар да ја контролира работата на ова претпријатие и дека се поднесени пријави до МВР и до Обвинителството за заканите по живот кон неа и кон други вработени. И Сојузот на синдикатите на Македонија вчере излезе со ставот дека најостро ги осудува заканите кон вработените во Комунална хигиена Скопје, но и го осудува потегот на раководството да избрка од работа поголема група на вработени. ССМ соопшти дека целосно ги поддржува вработените во Комунална хигиена во Скопје кои веќе неколку денови изразуваат револт кон раководството бидејќи, отпуштени биле десетици вработени, но и поради тоа што не им се исполнуваат барањата за зголемување на платите, К-15 и бенефициран стаж. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnitsite-ke-reshavaat-kako-da-go-ischistat-smetot-vo-skopje/feed/ 0
ТЕНЗИЧНО пред „Комунална хигиена“, вработените легнаа пред камионите за да не можат да одат да чистат https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/tenzichno-pred-komunalna-higiena-vrabotenite-legnaa-pred-kamionite-za-da-ne-mozhat-da-odat-da-chistat/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/tenzichno-pred-komunalna-higiena-vrabotenite-legnaa-pred-kamionite-za-da-ne-mozhat-da-odat-da-chistat/#respond Sun, 09 Jul 2023 20:53:56 +0000 https://kurir.mk/?p=854745

Тензично е и вечерва пред Јавното претпријатие Комунална хигиена каде вработените излегоа на протест. Директорката на скопска „Комунална хигиена“, Косана Мазнева, успеа да мобилизира неколку камиони за да собираат смет низ Скопје. Вработените кои протестираат, не дозволија тие да излезат од кругот на претпријатието. Полицијата и раководни лица во претпријатијата се обидоа да ги убедат да се тргнат од портите, но неуспешно, пренесува Макфакс. „Не мрдаме од овде“, „Нека не газат“, „И ние сакаме да живееме“, довикуваа лицата кои седнаа пред капијата. „Кон нас немате ништо, но мора да се овозможи…“, рече полицаец на вработените, кои пак продолжија да скандираат „Оставка, оставка“, и да довикуваат дека полицијата треба да ги заштити нив, а не раководството на претпријатието. Полицијата се обиде да ги разубеди, но безуспешно, пренесе Макфакс. „Нека даде оставка, одма се тргаме. До седум сабајле, цело Скопје ќе биде чисто. Кога ќе даде оставка ќе се тргнеме“, довикуваше вработен. Тие ја обвинија Мазнева дека ги понижува и продолжија со барањето за оставка. Камионите кои добија налози и вработените кои сакаа да работат – не можат да излезат од кругот на претпријатието. Во живо атмосферата ја пренесува ПОРТАЛБ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/tenzichno-pred-komunalna-higiena-vrabotenite-legnaa-pred-kamionite-za-da-ne-mozhat-da-odat-da-chistat/feed/ 0
Стефковски со предлог до ЈП „Комунална хигиена“: Доколку не се способни да менаџираат со комуналниот смет, механизацијата и буџетот нека ги даде на располагање на скопските општини https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-so-predlog-do-jp-komunalna-higiena-dokolku-ne-se-sposobni-da-menadhiraat-so-komunalniot-smet-mehanizatsijata-i-budhetot-neka-gi-dade-na-raspolagane-na-skopskite-opshtini/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-so-predlog-do-jp-komunalna-higiena-dokolku-ne-se-sposobni-da-menadhiraat-so-komunalniot-smet-mehanizatsijata-i-budhetot-neka-gi-dade-na-raspolagane-na-skopskite-opshtini/#respond Sun, 09 Jul 2023 20:25:03 +0000 https://kurir.mk/?p=854739

Неспособноста на менаџментот на Градот Скопје и институциите под Градот Скопје повторно излезе на виделина. За жал, изминатиот период граѓаните се соочија со сериозен проблем околу комуналната хигиена и несобирањето на сметот од страна на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, иако за тоа сите како граѓани плаќаме соодветен надомест. Имајќи ја во предвид оваа состојба, јас денеска остварив контакт со моите колеги од соседните општини, градоначалникот на Општина Илинден и Општина Петровец и тие уште вечерва испратија соодветни екипи и механизација која што ќе ни излезе во пресрет и заедно со Јавното комунално претпријатие на општина Гази Баба ќе преземеме теренски активности со цел собирање на сметот, вели градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски во изјава за вестите на телевизија Сител, каде што на лице место од терен го собираат сметот кој што веќе неколку дена не е собран од страна на ЈП „Комунална хигиена“ Стефковски упати предлог до менаџментот на јавното комунално претпријатие, ако не се способни да го собираат и да менаџираат со комуналниот смет, механизацијата, како и буџетот со која располагаат нека ги даде на располагање на скопските општини, за тие да менаџираат со нив и да воспостават ред и чистота во градот. „Апелирам до Градот Скопје и до надлежните институции, навремено да превземат соодветни мерки да се надмине оваа ситуација. Доколку истите не се во состојба да воспостават менаџирање во однос на собирање на комуналната хигиена, имаме соодветен предлог, дел од механизацијата со која што располага Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, секако и буџетот со кој располага, рамномерно да се распредели согласно големината на скопските општини и ние како скопски општини да менаџираме со оваа механизација за собирање на комуналниот смет“, рече Стефковски Тој додаде дека недозволиво е во 21 век граѓаните во Скопје да се соочуваат со една ваква состојба која што не се соочиле години наназад. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-so-predlog-do-jp-komunalna-higiena-dokolku-ne-se-sposobni-da-menadhiraat-so-komunalniot-smet-mehanizatsijata-i-budhetot-neka-gi-dade-na-raspolagane-na-skopskite-opshtini/feed/ 0
МВР со детали за вчерашната тензична ноќ кај Комунална Хигиена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-za-vcherashnata-tenzichna-nok-kaj-komunalna-higiena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-za-vcherashnata-tenzichna-nok-kaj-komunalna-higiena/#respond Sun, 09 Jul 2023 10:17:44 +0000 https://kurir.mk/?p=854572

Од МВР известуваат дека на ден 07.07.2023 околу 23.00 часот во Полициска станица Гази Баба е пријавено дека во јавно претпријатие на подрачјето на Гази Баба дел од вработените пред капијата одржуваат протест. Полициски службеници излегле на лице место, при што било констатирано дека околу 50 лица протестираат. Исто така, на 09.07.2023 околу 01.30 часот е пријавено дека дел од вработените ги попречуваат влезот во претпријатието и останатите вработени во извршувањето на работните обврски. Известен е јавен обвинител. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-za-vcherashnata-tenzichna-nok-kaj-komunalna-higiena/feed/ 0