комунално претпријатие „Солидарност“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Jul 2021 11:28:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png комунално претпријатие „Солидарност“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вработените во комуналното од Виница добија плата од 100 денари за мај https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vrabotenite-vo-komunalnoto-od-vinica-dobija-plata-od-100-denari-za-maj/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vrabotenite-vo-komunalnoto-od-vinica-dobija-plata-od-100-denari-za-maj/#respond Wed, 07 Jul 2021 11:28:13 +0000 https://kurir.mk/?p=533331

На стотината вработени во комуналното претпријатие „Солидарност“ од Виница вчера им била исплатена платата за мај во висина од 100 денари. Од синдикалната организација во претпријатието ја потврдија ваквата исплата, со образложение дека финансиската состојба во моментот не дозволува работниците да ги добијат редовните износи на платите. – Точно е дека на вработените им е исплатена мајската плата од по 100 денари, а причина за тоа е да нема прекин во подмирувањето на обврските за придонеси за здравствено и пензиско осигурување. Веќе одржавме состанок на стручниот колегиум на кој директорот на претпријатието информираше дека поради достасани обврски по судски пресуди исплатени се стари побарувања за К-15, отпремнини за пензија, награди на вработени и слично, поради што на сметката нема доволно средства за исплата на редовна плата. Се работи за долгови од пред десетина години, чија висина изнесува околу седум милиони денари, а за наплатата стигнале дури сега, истакна Павле Стојковски, в.д. претседател на синдикалната организација во „Солидарност“. За утре е закажана средба на синдикатот со директорот на претпријатието и со градоначалникот на Општина Виница, при што ќе се разговара за лошата финансиска состојба и ќе се бара начин да се подмират обврските кон вработените. Стојковски информираше дека „Солидарност“ има побарување од околу четири милиони денари од Локалната самоуправа на Виница, како и од други правни и приватни лица. Вработените ги извршуваат работните задачи нормално, а со оглед на специфичните законски прописи за штрајк во комуналните претпријатија, засега нема најава за протест или прекин на работата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vrabotenite-vo-komunalnoto-od-vinica-dobija-plata-od-100-denari-za-maj/feed/ 0