комуникација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Sep 2023 08:27:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png комуникација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Жабите комуницираат меѓу себе со својата сина светлина https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zhabite-komunitsiraat-megu-sebe-so-svojata-sina-svetlina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zhabite-komunitsiraat-megu-sebe-so-svojata-sina-svetlina/#respond Tue, 12 Sep 2023 08:27:26 +0000 https://kurir.mk/?p=877204

Жабите комуницираат со единките на својот вид со помош на испуштање сина светлина, потврди науката. Истражувањето опфатило повеќе од 500 жаби, а спроведено е во Јужна Америка од тим научници предводен од биологот Кортни Вичер од Универзитетот на Талахаси, Флорида, САД, - Биофлуоресценцијата кај жабите првпат беше откриена 2017 година, по што истражувачите тестираа повеќе водоземци за да го потврдат феноменот и да го истражат поподробно... Примероците што ги проучувавме главно емитираа сина светлина, а во одредени случаи и виолетова, изјави д-р Кортни Вичер, една од истражувачките. Од март до мај лани, истражувачите фатиле 528 единки во Бразил, Колумбија, Еквадор и Перу, а потоа ја измериле светлината на жабите. Така, заклучокот, како што пренесува „Сајенс њус“ (Science News), гласи дека секој од 151-те тестирани видови жаби има одреден степен на флуоресценција, којшто се движи од два до над 90 отсто, што е исклучително силна емисија на светлина. Исто така, научниците дошле до сознание дека оваа способност им овозможува на жабите да комуницираат со припадниците од својот вид. Појавата наречена биофлуоресценција е апсорпција на светлина на одредена бранова должина, односно боја, по што таа се емитува на друга бранова должина, но со помал интензитет. Овој феномен не е резервиран само за жабите, туку и за други животински видови, како што се верверичките, но и за осите и други инсекти. - Објавеното истражување за биофлуоресценцијата кај жабите може да укаже дека животните го доживуваат визуелниот свет на поинаков начин од луѓето, додаде д-р Џенифер Ламб од Универзитетот на Сент Клауд, Минесота, САД. Жабите отсекогаш биле предмет на истражување на научниците, а последниве години многу од видовите се загрозени, бидејќи се истребуваат или ловат за храна ширум Земјата. Одредени примероци на тн. голема зелена жаба, кои потекнуваат од Северна Америка, достигнуваат должина од над 20 сантиметри и важат за едни од најголемите на планетата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zhabite-komunitsiraat-megu-sebe-so-svojata-sina-svetlina/feed/ 0
Гроси: МААЕ сака да воспостави постојана канцеларија во нуклеарната централа Запорожје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grosi-maae-saka-da-vospostavi-postojana-kancelarija-vo-nuklearnata-centrala-zaporozje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grosi-maae-saka-da-vospostavi-postojana-kancelarija-vo-nuklearnata-centrala-zaporozje/#respond Wed, 31 Aug 2022 19:18:30 +0000 https://kurir.mk/?p=726920

Директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси изјави дека МААЕ ќе се обиде да формира постојана канцеларија во нуклеарната централа Запорожје, со цел да се избегне евентуална нуклеарна несреќа. – Мојата мисија е да спречам нуклеарна несреќа и да ја спасам најголемата нуклеарна централа во Европа. Вистинската работа започнува утре. Ќе се обидеме да формираме постојана канцеларија во централата, наведе Гроси. Мисија на МААЕ денеска пристигна во јужниот украински град Запорожје, а утре е предвидено да ја посети нуклеарната централа, што е под руска окупација. Мисијата предводена од Гроси е составена од 14 луѓе, кои утре треба да го оценат нивото на безбедност на нуклеарната централа Запорожје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grosi-maae-saka-da-vospostavi-postojana-kancelarija-vo-nuklearnata-centrala-zaporozje/feed/ 0
3 комуникациски вештини кои ќе ја подобрат вашата врска: Научете ги заедно со партнерот https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/3-komunikaciski-veshtini-koi-kje-ja-podobrat-vashata-vrska-nauchete-gi-zaedno-so-partnerot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/3-komunikaciski-veshtini-koi-kje-ja-podobrat-vashata-vrska-nauchete-gi-zaedno-so-partnerot/#respond Tue, 03 May 2022 20:15:22 +0000 https://kurir.mk/?p=671342

Веруваме дека многу пати во животот сте слушнале дека комуникацијата е еден од најважните фактори за секоја врска. Покрај љубовта и довербата, комуникацијата е еден од најважните фактори за успешна и здрава врска. Доколку нема добра комуникација меѓу партнерите, тоа доведува до проблеми со доверба, стрес, недоразбирања и непотребни кавги. Од друга страна, комуникацијата може да ви помогне да ги решите проблемите во врската и да ја направите вашата врска цврста и стабилна. Љубовните експерти издвоија три комуникациски вештини кои ќе ви помогнат да имате поздрав и постабилен однос со партнерот. Изберете го вистинското време за разговор Важно е да го најдете вистинското време за разговор со партнерот – особено кога сте во расправија. Вие и вашиот партнер треба да бидете мирни, да не брзате и да не сте под стрес кога треба да имате важен разговор. Понекогаш луѓето имаат тенденција да им ги презентираат проблемите на своите партнери во погрешно време; особено кога се премногу емотивни. Ако вашиот партнер е нерасположен, уморен или расеан, а вие одеднаш влетате во собата за да разговарате со него за тоа што ве мачи, тоа само ќе ја влоши ситуацијата. Избегнувајте да зборувате на телефон СМС пораките можат да предизвикаат само уште поголем проблем, па затоа е подобро лично да разговарате со партнерот. Бидете сигурни дека тие се подготвени да посветат целосно внимание на вас кога ќе им пријдете да разговарате. Одржувајте контакт со очите кога зборувате, слушајте кога зборува и реагирајте смирено. Слушањето е многу важно Треба активно да го слушате партнерот кога ќе каже нешто. Не ги прекинувајте додека зборуваат. Потврдете дека слушате и разбирате што зборуваат. Одговорете само откако ќе ја прекинат конверзацијата. Ако сакате подобро да комуницирате со партнерот и подобро да се разбирате, најдобриот совет за врска е да го научите „јазикот на љубовта“ и да го зборувате течно. Овие вештини ќе ја зајакнат вашата врска, а кавгите и недоразбирањата ќе станат минато. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/3-komunikaciski-veshtini-koi-kje-ja-podobrat-vashata-vrska-nauchete-gi-zaedno-so-partnerot/feed/ 0
Не е сексот или парите, ОВА е најголемиот проблем во секоја врска https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-e-seksot-ili-parite-ova-e-najgolemiot-problem-vo-sekoja-vrska/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-e-seksot-ili-parite-ova-e-najgolemiot-problem-vo-sekoja-vrska/#respond Thu, 24 Feb 2022 15:51:29 +0000 https://kurir.mk/?p=636171

Секоја врска е различна на свој начин, но сите заедно имаат една заедничка точка. Дали некогаш сте размислувале кој е проблемот на секоја врска? Ако првата работа на која помисливте се парите или сексот, тогаш веднаш ќе ви кажеме дека сте во голема заблуда. Имено, проблемот број еден во секоја врска е комуникацијата. Кога ќе се каже комуникација не се мисли само дека треба да бидете говорливи и занимливи, туку на начинот на кој се однесувате кон партнерот. Под терминот „комуникација во врската“ се подразбира и како се расправате со партнерот, како и свеста за тоа дека токму оние начини на однесување што сега ве нервираат отсекогаш биле присутни, а вие можеби порано и сте ги сметале за симпатични. Клучот за опстанок на врската секогаш е ефективната комуникација. Ова го нагласуваат психотерапевтите. По лошата комуникација како прва причина за недоразбирања во врските следат: недостатокот на забава, недостатокот на време за партнерот, бесчуствителност, незаинтересираност или премногу чувствителност, преголема зависност од партнерот, како и губење на идентитетот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-e-seksot-ili-parite-ova-e-najgolemiot-problem-vo-sekoja-vrska/feed/ 0
Ирвинг и Нетс добија казна од 25.000 долари за одбивање комуникација со медиумите https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/irving-i-nets-dobija-kazna-od-25-000-dolari-za-odbivanje-komunikacija-so-mediumite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/irving-i-nets-dobija-kazna-od-25-000-dolari-za-odbivanje-komunikacija-so-mediumite/#respond Fri, 11 Dec 2020 08:08:43 +0000 https://kurir.mk/?p=441842

Кошаркарот Кајри Ирвинг и неговиот клуб Бруклин нетс од НБА-лигата добија казна од 25.000 долари за кршење на правилата за комуникација со медиумите. Од отворањето на тренинг кампот на 1 декември, Ирвинг постојано ги одбиваше барањата на медиумите за интервју. Според правилата на лигата, здравите играчи мора да бидат достапни на печатот пред и по тренинзите или натпреварите. На 5 декември стана познато дека Ирвинг одлучи да не комуницира со медиумите во текот на сезоната 2020/21. -Мојата цел оваа сезона е да дозволам мојата работа на теренот и надвор од него да зборува сама за себе, рече кошаркарот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/irving-i-nets-dobija-kazna-od-25-000-dolari-za-odbivanje-komunikacija-so-mediumite/feed/ 0
Уред за комуникација меѓу луѓето и животните https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ured-za-komunikacija-megju-lugjeto-i-zivotnite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ured-za-komunikacija-megju-lugjeto-i-zivotnite/#respond Thu, 02 Jul 2020 07:16:57 +0000 https://kurir.mk/?p=367126

Јапонски научници работат на развој на електронски уреди што ќе овозможат вид „разговор“, односно размена на мислите меѓу луѓе и животни. Тоа ќе ни овозможи нам луѓето подобро да ги разбереме, соопшти Министерството за образование, наука и технологија на Јапонија. Станува збор за неврокомпјутерски интерфејс (NIC) кој го поврзува мозокот со машина со функционална магнетна резонанца, и содржи вештачка интелигенција која се користи, на пр., при помош на лица со оштетен слух и говор. Се работи за начин на поврзување на ентитет (човек, мачка или куче) кој не може да зборува, со техника што може. Се очекува дека со ова, „читањето мисли“ ќе биде возможно и на поголема далечина. Јапонската Влада неодамна објави „Бела книга“, во која се предвидува дека до 2040 година луѓето ќе можат да разговараат со своите миленици. Слично истражување е веќе направено и во Соединетите Американски Држави, каде што е развиена технологија што може мислите на кучето да ги пренесе писмено или гласовно преку компјутер или паметен телефон. Јапонските научници се надеваат дека уредот што сѐ уште е во развој, ќе може да се користи и во случај на несреќи, природни непогоди, трагање и помош на жртвите, откривање на експлозивни направи и слични потфати. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ured-za-komunikacija-megju-lugjeto-i-zivotnite/feed/ 0
6 хороскопски знаци со кои ќе имате добра комуникација во врската https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/6-horoskopski-znaci-so-koi-kje-imate-dobra-komunikacija-vo-vrskata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/6-horoskopski-znaci-so-koi-kje-imate-dobra-komunikacija-vo-vrskata/#respond Wed, 03 Jun 2020 08:16:56 +0000 https://kurir.mk/?p=353162

Добрата комуникација води кон подобро разбирање. Луѓето кои знаат како да комуницираат можат полесно да ги пренесат своите идеи и мислења. Во продолжение ќе откриете кои хороскопски знаци имаат дарба за добра комуникација во врската. 1. Близнаци Близнаците имаат дарба за комуникација и постојано му поставуваат прашања на својот партнер, што им помага да ја одржат комуникацијата. Припадниците на овој хороскопски знак разговараат на многу различни теми со своите партнери – од едноставни разговори до интересни дискусии за големите прашања во животот. Колку повеќе Близнаците откриваат за својот партнер преку комуникацијата, толку повеќе ќе бидат заинтересирани за него. Добрата комуникација ја прави врската повозбудлива. 2. Вага Вагите зборуваат многу малку за себе и му овозможуваат на својот партнер да се чувствува доволно удобно за да зборува без страв од осуда или критика. Ако партнерот се справува со проблеми или со грижи, Вагата реагира веднаш и секогаш се обидува да ги види работите од гледна точка на својот партнер. Овие личности често ги фалат своите партнери и ги поддржуваат во постигнувањето на нивните цели. 3. Риби Рибите се секогаш тука за својот партнер и тоа им го покажуваат со нивното физичко и вербално присуство. Припадниците на овој хороскопски знак се среќни што се дел од животот на својот партнер и секогаш ќе бидат благодарни за тоа. Тие го користат „јазикот на чувствата“ и не вршат премногу притисок врз партнерот. Исто така, Рибите разговараат за тоа како се чувствуваат и како влијаат врз нив работите што ги кажува партнерот. Ова не значи дека неговите зборови звучат како обвинение или прекор, туку дека Рибите навистина го слушаат својот партнер без да настанат недоразбирања. 4. Лав Лавовите сакаат да ѝ прават редовни анализи на врската затоа што сакаат да откријат дали постои некој проблем. Ако има проблем, Лавовите се многу внимателни во изборот на вистинското време за разговор. Започнувањето расправија кога двете страни се лути, само ќе ги влоши работите. Лавовите се одлични стратези и тоа важи дури и во нивните врски. Тие знаат дека ако го изгубат трпението во погрешно време, би можеле да го изгубат партнерот. 5. Водолија Водолиите веруваат во промените и се надеваат дека нивната врска ќе ги надмине сите пречки. Тие знаат што да кажат за да ја смират напнатата ситуација. Овие личности се креативни во решавањето на проблемите и ја знаат важноста на разговорите за проблемите со својот партнер. Водолијата можеби нема да се согласува со партнерот, но нема да дозволи работите да ескалираат затоа што ќе биде ужасно ако едниот партнер се вознемири и каже нешто за што ќе се кае подоцна. 6. Стрелец Стрелецот многу ретко се наоѓа во ситуација кога не може да води разговор со некого. Припадниците на овој хороскопски знак може да разговараат со секого, без разлика дали станува збор за озборувања на некоја забава или разговарање за длабоки филозофски теми со некоја личност. Тие знаат колку е важно да се споделуваат искуства и слушаат исто толку добро колку што зборуваат. Понекогаш, подобро е да му дозволите на партнерот да разговара за својот ден, отколку вие да се жалите за вашиот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/6-horoskopski-znaci-so-koi-kje-imate-dobra-komunikacija-vo-vrskata/feed/ 0
Комуникацијата најголем проблем на глувите и наглуви лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komunikacijata-najgolem-problem-na-gluvite-i-nagluvi-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komunikacijata-najgolem-problem-na-gluvite-i-nagluvi-lica/#respond Fri, 28 Sep 2018 11:48:19 +0000 https://kurir.mk/?p=107431

Најголем проблем со кој се соочуваат глувите и наглуви лица во Македонија е комуникацијата, односно неможноста да ја остварат во секојдневниот живот, образованието, работата... Затоа, зголемувањето на бројката на толкувачи на знаковниот јазик, е првата работа што треба да се направи, порача в.д. претседателот на Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Република Македонија Томица Стојановски на одбележувањето на Светскиот ден на глуви и наглуви и 70-годишнината од основањето. Тој истакна дека овие лица се соочуваат со проблеми од самото раѓање преку отежната комуникација, неодење во градинка. Затоа, рече, во градинките треба да имаат поддршка и помош за да совладаат основни знаења, а во школо кога се запишуваат треба да се работи повеќе со нив, да има повеќе дефектолози кои ќе им помагаат. - Најбитен проблем е комуникацијата, затоа треба да се работи повеќе на изучување на толковниот јазик. Комуникацијата е основна бариера на чие надминување треба да се работи преку обезбедување на повеќе толкувачи на знаковен јазик. Исто така, ќе работиме на социјализирање на глувите деца во постоечки градинки со кои ќе работи дефектолог и стручно лице за да се стекнат со познавање на основните работи и во прво одделение да се на исто ниво со децата што слушаат, рече Стојановски. Тој рече дека овие лица се соочуваат и со проблеми во натамошното школување, со вработување, но, и воопшто во секојдневниот живот. Најави и дека ќе бараат изедначување на додатокот за глувост со останатите додатоци за инвалидност. Секој инвалидитет има своја тежина и не треба да се занемари, треба да се работи сите да бидат исти, рече Стојановски. Според податоците со кои располага Сојузот во Македонија има околу 6.000 глуви и наглуви лица. На манифестацијата за одбележување, што се одржа денеска во Скопје, присуствуваа членови на сојузот од Македонија, глуви ученици од училиштата Партеније Зографски - Скопје и Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух Кочо Рацин - Битола. Националниот Сојуз на глуви и наглуви своите темели ги има поставено на 28 март 1948 година и досега има остварено вредни резултатити на полето на заштитата, едукацијата и рехабилитацијата на глувите и наглувите лица на територијата на Република Македонија. Во својот 70-годишен развиток, Сојузот на глуви и наглуви на Македонија изминал во повеќе фази, извршил неколку промени во името и статутот на организацијата, ги променувал програмските приоритети, организациските шеми, усогласувајќи се со промените на општествениот систем, развиток на институционална мрежа, социјално законодавство и потребите на членството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komunikacijata-najgolem-problem-na-gluvite-i-nagluvi-lica/feed/ 0