комунистичка партија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Dec 2020 17:36:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png комунистичка партија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 САД ги намалија визите за членовите на Комунистичката партија на Кина од 10 години на еден месец https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-gi-namalija-vizite-za-chlenovite-na-komunistichkata-partija-na-kina-od-10-godini-na-eden-mesec/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-gi-namalija-vizite-za-chlenovite-na-komunistichkata-partija-na-kina-od-10-godini-na-eden-mesec/#respond Thu, 03 Dec 2020 17:36:13 +0000 https://kurir.mk/?p=438347

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе ограничувања на патувањето во САД на членовите на Комунистичката партија на Кина и членовите на нивните семејства, соопшти Стејт департментот. Ограничувањето се однесува на визите Б1/Б2 за членовите на Комунистичката партија и членовите на нивните семјества од десет години на еден месец. – Оваа мерка има за цел да ја заштити американската нација од малигното влијание на партијата, која се обидува да влијае врз граѓаните на САД по пат на пропаганда, економска принуда и други подли активности, наведува Стејт департмент. Односите помеѓу САД и Кина изминатите години значително се влошени поради разни спорови, од трговски и технолошки проблеми, ситуацијата во Хонг Конг, како и поради пандемијата со Ковид-19. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-gi-namalija-vizite-za-chlenovite-na-komunistichkata-partija-na-kina-od-10-godini-na-eden-mesec/feed/ 0
Со топови вода и солзавец растерана група демонстранти на Комунистичката партија во центарот на Атина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/so-topovi-voda-i-solzavec-rasterana-grupa-demonstranti-na-komunistichkata-partija-vo-centarot-na-atina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/so-topovi-voda-i-solzavec-rasterana-grupa-demonstranti-na-komunistichkata-partija-vo-centarot-na-atina/#respond Tue, 17 Nov 2020 14:53:54 +0000 https://kurir.mk/?p=430785

Со топови вода од специјалните цистерни на полицијата и со солзавец и шок бомби, грчката полиција го прекина протестот и ја растера групата демонстранти, меѓу кои поголемиот дел беа членови од Комунистичката партија и се собраа во центарот на Атина за да ја одбележат годишнината од студентскиот бунт против хунтата, јави дописничката на МИА од Атина. На инцидентите им претходеше барање од надлежниот полицаец на протестот до првиот човек на Комунистичката партија Димитрис Куцубас, демонстрантите мирно да си заминат, бидејќи во спротивно ќе следи интервенција од полицијата, бидејќи протестите се забранети. Неофицијално, претходно беа приведени околу пет лица на Комунистичката партија, за кои Куцубас бараше да бидат ослободени. Со одлука на грчката полиција од 15 до 18 ноември забранети се собири на четири или повеќе лица, а членови на Комунистичката партија, не повеќе од 1.000 лица, се собраа во центарот на Атина, придржувајќи се до мерките за заштита од коронавирусот, беа на растојание од најмалку два метри и сите носеа маски. На друга локација, пратениците на МЕРА25 предводени од лидерот на партијата Јанис Варуфакис, се обидоа да стигнат до амбасадата на САД во Атина, но беа запрени од полицијата, без да се случат било какви инциденти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/so-topovi-voda-i-solzavec-rasterana-grupa-demonstranti-na-komunistichkata-partija-vo-centarot-na-atina/feed/ 0
Светските политичари и научници со критики кон Кина поради криење на текот на пандемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskite-politichari-i-nauchnici-so-kritiki-kon-kina-poradi-krienje-na-tekot-na-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskite-politichari-i-nauchnici-so-kritiki-kon-kina-poradi-krienje-na-tekot-na-pandemijata/#respond Tue, 14 Apr 2020 13:00:06 +0000 https://kurir.mk/?p=332063

Повеќе од сто политичари, научници и активисти од Европа, Австралија и САД го потпишаа отвореното писмо со кое се критикува Комунистичка партија на Кина поради криење на обемот на епидемијата со новиот коронавирус во Вухан. Писмото, денеска објавено во „Хонг Конг фри прес“ (Hong Kong Free Press) укажуваа на култура на стравот, поради што се криеле клучните информации за борбата против Ковид-19. Потписниците на писмото, меѓу кои има пратеници, членови на невладини организации и универзитетски професори, истакнуваат дека „изворот на пандемијата е во криењето на комунистичките власти во Вухан, во покраината Хубеи“. Тие го наведуваат дека замолчувањето на „свиркачите“ директно придонесе за ширење на епидемијата. Потписниците го наведуваат случајот со лекарот Ли Венлианг, кој почина од последици од новиот коронавирус. – Глобалната пандемија не принуди да се соочиме со болната вистина, политизирање на сите аспекти на животот, вклучително и здравјето на луѓето, долготрајната автократска еднопартиска власт во Народна Република Кина ги загрози сите, се наведува во отвореното писмо. Потписниците ги пофалија поединци кои ја критикуваат Комунистичка партија на Кина, меѓу кои има и новинари, од кои некои исчезнаа или се во куќен притвор. На почетокот од април повеќе од сто кинески научници потпишаа отворено писмо наменето за „големиот број критички гласови, кои ја политизираат пандемијата со Ковид-19“. Научниците блиски до кинеската власт тврдат дека е „неважен“ точниот извор за ширење на вирусот, како и дека фокусирањето на потеклото на Ковид-19 е „вперување на прст и политизација“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskite-politichari-i-nauchnici-so-kritiki-kon-kina-poradi-krienje-na-tekot-na-pandemijata/feed/ 0