Концепција за основно образование – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 11 Jul 2021 08:30:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Концепција за основно образование – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МОН не отстапува: Привршува изработката на новите материјали за учење за прво и четврто одделение https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-ne-otstapuva-privrshuva-izrabotkata-na-novite-materijali-za-uchenje-za-prvo-i-chetvrto-oddelenie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-ne-otstapuva-privrshuva-izrabotkata-na-novite-materijali-za-uchenje-za-prvo-i-chetvrto-oddelenie/#respond Sun, 11 Jul 2021 08:30:08 +0000 https://kurir.mk/?p=534963

Министерството за образование и наука денеска соопшти дека привршува изработката на новите материјали за учење за прво и четврто одделение, согласно усвоените нови наставни програми предвидени со новата Концепција за основно образование. Најавува дека во текот на летниот период ќе бидат претставени на јавноста и проследени до наставниците со цел навремено запознавање и подготовка за настава во новата учебна година. Ѓорги Божиков, наведуваат во соопштение, е еден од илустраторите и дизајнерите кои преку јавниот повик на Бирото за развој на образованието се одбрани да работат на илустративната содржина во новите материјали за учење за прво и четврто одделение. Божиков вели дека е предизвик да се работи на учебници за деца и оти прв пат е ангажиран во својата земја. Досега, укажува МОН, неговите ангажмани претежно биле за изработка на илустрации во едукативни материјали надвор од државата. -Работам на општество и македонски јазик за прво одделение. Според мене, мислам дека најмногу децата во прво одделение ги привлекува бојата и затоа во моите илустрации се застапени попастелни и силни бои кои што на децата им оставаат некоја фотомеморија и потоа знаат да препознаваат предмети“, ја пренесува МОН изјавата на Божиков, кој додава дека најпривлечно за учениците на оваа возраст е токму илустрацијата која најмногу може да им помогне да научат одредени работи, како да се водат и да поврзуваат текст со илустрација. Како што наведува Божиков, во учебникот по македонски јазик има илустрации каде што некои делови не се до крај обоени и се намерно оставени од илустраторот и од дизајнерите за детето да дополни некои работи каде што е потребно. -Новите материјали за учење се изработуваат согласно усвоените нови наставни програми кои треба да обезбедат поголема интерактивност за време на наставата и да го поттикнат креативното и критичко размислување кај учениците. Инаку, сите промени се предвидени со новата Концепција за основно образование усвоена преку широка јавна дебата при што предвид е земено мислењето на сите засегнати чинители, а особено и на експертската јавност. Имплементацијата започнува етапно со стартот на новата учебна година во прво и четврто одделение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-ne-otstapuva-privrshuva-izrabotkata-na-novite-materijali-za-uchenje-za-prvo-i-chetvrto-oddelenie/feed/ 0