концепт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Aug 2021 09:49:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png концепт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Концептот „Македонија за сите луѓе“ е концепт кој нуди повисок стандард на граѓаните, концепт на нови политики за секој еден граѓани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konceptot-makedonija-za-site-lugje-e-koncept-koj-nudi-povisok-standard-na-gragjanite-koncept-na-novi-politiki-za-sekoj-eden-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konceptot-makedonija-za-site-lugje-e-koncept-koj-nudi-povisok-standard-na-gragjanite-koncept-na-novi-politiki-za-sekoj-eden-gragjani/#respond Tue, 10 Aug 2021 07:07:39 +0000 https://kurir.mk/?p=548626

Концептот „Македонија на сите луѓе“ е концепт кој нуди развој и повисок стандард на граѓаните. Концепт на нови политики, политики кои ќе бидат за секој еден граѓанин преку решавање на нивните потреби, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -На изминатите неколку трибини предложивме неколку крупни економски политики. Со концептот „Македонија за сите луѓе" ќе обезбедиме плати од 750 евра за граѓаните. Тимот на економисти во ВМРО-ДПМНЕ разработи еден нов процес на зголемување на просечната плата во државата. Исто така со концептот на новите политики предвидуваме поевтина електрична енергија за сите граѓани во Македонија. Ќе обезбедиме поевтина електрична енергија за сите домаќинства, преку нова методологија, со инвестициски циклуси во енергетиката со искористување на постоечките ресурси и градење и модернизирање на нови производни постојки. Со парите од акцизата за гориво кои секојдневно се слеваат во буџетската каса, наместо за луксуз ќе ги намениме за народот и проекти во образованието, спортот и културата. Вкупно 40 милиони евра за 4 годишен мандат од акцизата за нафтени деривати ќе бидат вратени во проекти за поквалитетно образование, велат од партијата во соопштението. Од таму додаваат дека македонските тутунари ќе ја имаат целосната грижа од страна на ВМРО-ДПМНЕ, со тоа што ќе се донесе закон за тутун со кој целосно ќе се забрани увоз на тутун се додека не се откупи и последниот лист на домашен тутун, произведен по македонските ниви. -Исто така ќе спроведеме целосна дигитализација на услугите на општините, за граѓаните да не чекаат со месеци за одреден документ. ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период како опозиција ќе предложи закон кој ќе овозможи легална трговија на криптовалути во државата, со што ќе се придонесе за далеку поголемо трансферирање на средства во државата од тргување со криптовалути. Преку концептот „Македонија за сите луѓе“ предвидуваме проект за изградба на ново автопатско решение од Скопје, Велес, преку Бабуна до Прилеп, Битола и Меџитлија, за подобар и поквалитетен патнички и транспортен сообраќај и целосно поврзување со автопатско решение до границата со нашиот јужен сосед. Концептот „Македонија за сите луѓе“ ќе го порази концептот на Заев базиран на корупција, криминал и целосно уништување на македонската економија. Овие 4 години власт на Заев се 4 украдени и упропастени години за Македонија, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konceptot-makedonija-za-site-lugje-e-koncept-koj-nudi-povisok-standard-na-gragjanite-koncept-na-novi-politiki-za-sekoj-eden-gragjani/feed/ 0
„Новиот концепт е тешка импровизација во која најмалку се водело сметка за образованието и неговата содржина“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-koncept-e-teshka-improvizacija-vo-koja-najmalku-se-vodelo-smetka-za-obrazovanieto-i-negovata-sodrzina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-koncept-e-teshka-improvizacija-vo-koja-najmalku-se-vodelo-smetka-za-obrazovanieto-i-negovata-sodrzina/#respond Wed, 16 Dec 2020 13:18:50 +0000 https://kurir.mk/?p=444085

Таканаречената новата концепција за основно образование е се само не концепт за образование. Учениците и наставниот кадар повторно се притиснати во положба врз нив да се вршат опити. Според презентираното, ниту е "постигнат концепт" ниту пак е тоа во некаква близина до финскиот модел. Ова е тешка импровизација во која најмалку се водело сметка за образованието и неговата содржина. Оваа концепција не соодветсвува со ниедна образовна во светот, реагираат од Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ. -Она што во време кога се оспорува нашиот идентит, јазикот и историјата на Македонија, гледаме дека предметот историја се интегрира во општествени науки, заедно со дел од географија и граѓанско образование. Да ли ова значи кратење на наставните програми по историја и да ли ова значи прилагодување на историјата кон политичките потреби на СДСМ? Ќе ја избришеме ли целата македонска историја? Зошто учениците во новата концепција, не би имале барем една година национална историја, како што има во други земји? И  во финската програма постои Историја како водечки предмет со социјални студии од 3 то до 9 то додделение. Оттука, по чиј налог и "програма" е избришана историјата како предмет? Ако министерката постојано тврди дека може да обезбеди онлајн наставата непречено  во 90%, како тоа не може да обезбеди одговор на анкетата од сите засегнати страни за вакво клучно прашање? Како на толку важна анкета и одговориле само околу 16%, истакнуваат од Комисијата. Од таму ги поставуваат прашањата: Каде се резултатите од учениците и дали тие имаат ставови, дали се анкетирани тие? Каде се резултатите од родителите и нивните ставови? Каде се одговорите од стручните служби во училиштата? Каде се директорите? Каде се мислењата на професорите од наставничките факултети? Каде се искуствата од други земји за ваква интеграција на предмети? Не се спомнати наставничките факултети, што правиме со кадарот како што се физичари, математичари или хемичари? -До сега презентираното е чист популизам и личен ПР на Мила Царовска во најтензичниот општествен период од македонската понова историја. Будно ќе го следиме секој чекор во развитокот на концепцијата, порачуваат тие.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-koncept-e-teshka-improvizacija-vo-koja-najmalku-se-vodelo-smetka-za-obrazovanieto-i-negovata-sodrzina/feed/ 0