концерти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 12 May 2023 08:08:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png концерти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бијонсе започна светска турнеја: Обожавателите воодушевени, но многумина се загрижија поради ОВАА причина https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bijonse-zapochna-svetska-turneja-obozhavatelite-voodusheveni-no-mnogumina-se-zagrizhija-poradi-ovaa-prichina/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bijonse-zapochna-svetska-turneja-obozhavatelite-voodusheveni-no-mnogumina-se-zagrizhija-poradi-ovaa-prichina/#respond Fri, 12 May 2023 08:08:53 +0000 https://kurir.mk/?p=833348

Една од најголемите светски ѕвезди, позната по својот неверојатен глас, ненадминатите хитови и награди со кои собори бројни рекорди, Бијонсе вчера ја започна својата светска турнеја која ќе се состои од четириесетина настапи. Бијонсе ги остави сите без здив синоќа со организацијата, костимите и нејзиниот настап. Пејачката е во четириесеттите години, но тоа не ја спречи да им приреди шоу за паметење на своите фанови, а социјалните мрежи беа преплавени со коментари дека нејзините години не можат ништо. Сепак, има и загрижени обожаватели кои тврдат дека изостана енергичната изведба полна со танцови потези што ги очекуваа од Бијонсе. Некои забележале дека пејачката не ги изведува движењата по кои е позната. На социјалните мрежи се појавија гласини дека тоа е резултат на операција на стапалото на која пејачката беше подложена пред неколку месеци, што таа никогаш официјално не ја потврди. „Бијонсе не мрда со стапалото, ногата сигурно не ѝ закрепнала“, „Бијонсе танцува со половина нога“, „Изгледа дека е крајно внимателна со стапалото (веројатно лекарски совет)“, беа само дел од коментарите по синоќешниот настап на пејачката во Стокхолм.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bijonse-zapochna-svetska-turneja-obozhavatelite-voodusheveni-no-mnogumina-se-zagrizhija-poradi-ovaa-prichina/feed/ 0
Со концерти во Битола и Скопје ќе се пренесе дел од творештвото на Јонче Христовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/so-kontserti-vo-bitola-i-skopje-ke-se-prenese-del-od-tvoreshtvoto-na-jonche-hristovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/so-kontserti-vo-bitola-i-skopje-ke-se-prenese-del-od-tvoreshtvoto-na-jonche-hristovski/#respond Fri, 31 Mar 2023 13:19:51 +0000 https://kurir.mk/?p=818522

Во Битола и во Скопје, во организација на битолскиот Камерен оркестар, ќе се одржат два концерта посветени на музичкиот великан Јонче Христовски. Според музичарот Ристо Самарџиев, целта е да пренесат само дел од она огромно творештво, што овој великан на македонската музика го има создадено низ годините. На концертот, освен Ристо Самарџиев, меѓу другото ќе настапат и уметниците Виолета Томовска, Ленче Кукиќ, Горан Кукиќ, Елена Андоновска, Душко Георгиевски, Петар Младеновски и Агну Авшар. Во Битола концертот ќе се одржи на 4 април во Центарот за култура, а веќе следниот ден, 5 април, во Скопје во Националната опера и балет. -Ќе се обидеме да пренесеме само дел од она огромно творештво, што овој великан на македонската музика го има создадено низ годините. Се надеваме дека тоа ќе успееме да го реализираме барем во некој дел, и драго ми е што за првпат на еден ваков начин, со камерен оркестар, со 40-тина музичари на сцената ќе прозвучат неговите легендарни композиции. Основата на ново создадена македонска песна сигурно лежи и кај големиот Јонче. Тој има важна нота во песните со која истовремено можеме и да тагуваме и да заиграме, рече на денешната прес-конференција Ристо Самарџиев. Неговите песни, потенцираше, се слушаат и изведуваат дури и во Јапонија и тоа само покажува колку вредноста на неговата музика е универзална за целиот свет. Агни Авшар на прес-конференцијата напомена дека Јонче Христовски не случајно го нарекуваат човек институција, поради тоа што тој не бил само песнопеец, туку и кореограф, но и многу голем поборник за зачувување на автохтоноста на македонската фолклорна музика На концертот, како што информираше таа, ќе може да се слушнат неговите најубави песни во оркестрација на Владимир Димовски, кој освен што се појавува како аранжер и оркестран на оваа манифестација, тој е и диригент на Камерниот оркестар на Битола. Како што напомена Авшар, оркестрациите се направени за постарата публика да може да се потсети, а помладата да се запознае со неговата музика. Захаринка Милосављевиќ на прес-конференцијата денеска потенцираше дека Јонче е и ќе биде еден од најголемите промотори на македонската народна песна, на македонската инструментална музика. -Тој знаеше и да каже и да отпее и да биде другар. Работевме заедно не само како членови на МРТ, соработувавме многу, додаде Милосављевиќ. Душко Арсовски рече дека имавме голем човек, големо „богатство“ и напомена дека е редно на ваков, но и на некој повозвишен начин да му одадеме почит, бидејќи тој е основоположник на македонската песна. Виолета Томовска потенцираше дека сите песни што тој ги компонираше, сите беа „бисери“ и останаа „бисери“. -Тој остави голема трага во мене. Сите негови песни се поврзани со македонштината. Кога тој ќе запееше на сцената, сите во публиката пееа со него. Имавме и преработки на многу други изворни песни, рече Томовска на прес-конференцијата. Јонче Христовски (Битола,1931 - Скопје, 15 април 2000) бил македонски пејач, текстописец и композитор. Се прославил со својата песна „Македонско девојче“, а впечатливи му биле и изведбите на песните „Животе мој“, „Ај засвирете ми чалгии“, „Запеј песна Македонко“. Како најзапаметени и највпечатливи негови песни се „Едно име имаме“, „Ако умрам ил загинам“, „Ој, Вардаре македонски“, „И ние сме деца на Македонија“', „Мој роден крај“, „Куќа имам на Пелистер“ и други.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/so-kontserti-vo-bitola-i-skopje-ke-se-prenese-del-od-tvoreshtvoto-na-jonche-hristovski/feed/ 0
Аеросмит ги откажа концертите, Стивен Тајлер оди на одвикнување https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/aerosmit-gi-otkaza-koncertite-stiven-tajler-odi-na-odviknuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/aerosmit-gi-otkaza-koncertite-stiven-tajler-odi-na-odviknuvanje/#respond Thu, 26 May 2022 12:12:51 +0000 https://kurir.mk/?p=681888

Рок групата Аеросмит откажа неколку концерти во Лас Вегас бидејќи пејачот Стивен Тајлер (74) се пријави на лекување од наркотици. Пејачот повеќе од една деценија не користел наркотици, но им се вратил по земањето лекови против болки поради операција на стапалата. Самоиницијативно се пријавил на програма за лекување и сега е посветен на здравјето и заздравувањето, се наведува во соопштението на бендот. Аеросмит требаше да почне серија концерти на 17 јуни. Сите датуми за концертите во јуни и јули се откажани. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/aerosmit-gi-otkaza-koncertite-stiven-tajler-odi-na-odviknuvanje/feed/ 0
Откажани концерти на Елтон Џон, пејачот позитивен на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/otkazani-koncerti-na-elton-dzon-pejachot-pozitiven-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/otkazani-koncerti-na-elton-dzon-pejachot-pozitiven-na-koronavirus/#respond Wed, 26 Jan 2022 08:50:49 +0000 https://kurir.mk/?p=623022

И покрај тоа што е вакциниран со трета доза, британскиот пејач Елтон Џон се зарази со коронавирус, поради што ги одложи двата концерти во Далас, Тексас, САД. Тој има само благи симптоми и со нетрпение очекува наскоро да се врати на сцената за да ја продолжи својата проштална светска турнеја „Farewell Yellow Brick Road“, се наведува во соопштението на 74-годишниот пејач. Настапите во Далас беа закажани за 25 јануари и 26 јануари. Посетителите ќе можат да ги искористаат своите билети за презакажаните датуми кои ќе бидат објавени наскоро. Одложената турнеја на Елтон Џон во Северна Америка, првично закажана за 2020. Започна на 19 јануари оваа 2022 година во Њу Орлеанс, со закажани настапи во Хјустон, Чикаго, Детроит, Торонто, Њујорк и Мајами. Претходно Џон најави дека ги одложува европските датуми од прошталната турнеја до 2023 година, за да биде опериран поради повреда на ногата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/otkazani-koncerti-na-elton-dzon-pejachot-pozitiven-na-koronavirus/feed/ 0
Цеца доаѓа во Македонија: Пејачката најави концерти во овие македонски градови https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ceca-doagja-vo-makedonija-pejachkata-najavi-koncerti-vo-ovie-makedonski-gradovi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ceca-doagja-vo-makedonija-pejachkata-najavi-koncerti-vo-ovie-makedonski-gradovi/#respond Tue, 29 Jun 2021 20:12:12 +0000 https://kurir.mk/?p=529579

Балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ најави два концерта во Македонија. Таа летово ќе пее за македонската публика во Охрид и Пробиштип. По долгата пауза од настапи поради пандемијата, пејачката се враќа на сцената. Во својата агенда на настапи Цеца најави дека летово ќе ја гледаме во Охрид на 14 август и во Пробиштип на 21 август, за време на Денот на рударите. -Се радувам на дружењето, напиша Ражнатовиќ, која и во минатото беше честа гостинка кај нас. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ceca-doagja-vo-makedonija-pejachkata-najavi-koncerti-vo-ovie-makedonski-gradovi/feed/ 0
„Црвена Јабука“ имале концерт, Брнабиќ најави казни и нови мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crvena-jabuka-imale-koncert-brnabikj-najavi-kazni-i-novi-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crvena-jabuka-imale-koncert-brnabikj-najavi-kazni-i-novi-merki/#respond Wed, 10 Mar 2021 14:27:33 +0000 https://kurir.mk/?p=480216

Салата Комбанк ги прекршила епидемиолошките мерки што се на сила во Србија и поради тоа најверојатно ќе биде казнета. Имено синоќа групата „Црвена Јабука“ оддржа концерт, па иако беше наведено дека биле почитувани сите епидемиолошки мерки, премиерката најави дека организатторите ќе бидат казнети. Премиерката Ана Брнабиќ денеска изјави дека, како дел од мерките против ширење накоронавирусот, ќе инсистира да бидат откажани сите концерти и дека скоро сигурно ќе има нови мерки за викендот. Брнабиќ, по повод можни нови мерки за сузбивање на епидемијата „ковид-19“, рече дека најпрво е неверојатна и дека е изненадена што во ова тешко време се организираат концерти во Белград. -Ќе разговараме со претставниците на градот Белград за да видиме како се случило и ќе инсистираме да се откажат сите концерти. Тоа е спротивно на сите правила и мерки и ќе бараме да бидат казнети организаторите. Тоа не е е театар претстава или културен настан, рече Брнабиќ. Кога станува збор за влошување на епидемиолошката состојба, премиерката рече дека вакцинацијата помага да не биде уште полошо, но дека скоро сигурно ќе има нови мерки за викендот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crvena-jabuka-imale-koncert-brnabikj-najavi-kazni-i-novi-merki/feed/ 0
Организатори на концерти во Швајцарија разгледуваат за обврзно вакцинирање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/organizatori-na-koncerti-vo-shvajcarija-razgleduvaat-za-obvrzno-vakciniranje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/organizatori-na-koncerti-vo-shvajcarija-razgleduvaat-za-obvrzno-vakciniranje/#respond Mon, 28 Dec 2020 06:24:13 +0000 https://kurir.mk/?p=449187

Швајцарските организатори на концерти изјавија дека разгледуваат можност да воведат правило – на концерите да може да присуствуваат само лица вакцинирани против Ковид-19, со што ќе се овозможат фестивали и концерти. „Вакцинацијата може да стане една од мерките што ќе овозможат да се доаѓа на настани“, изјави за весникот SonntagsBlick, Ластефан Брејтенмосер, генерален директор на Професионалното здружение на швајцарски организатори на концерти, настани и фестивали. Тој додаде дека треба да се соберат повеќе информации за заштитата на вакцините против вирусот. Кампањата за вакцинација против Ковид-19 почна во средата во Швајцарија, додека земјата со 8,6 милиони жители има повеќе од 425.000 случаи на инфекција и околу 6.500 смртни случаи од почетокот на пандемијата. Вакцинацијата е бесплатна и не е задолжителна. Швајцарската фудбалска лига соопшти дека се уште разгледува таква мерка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/organizatori-na-koncerti-vo-shvajcarija-razgleduvaat-za-obvrzno-vakciniranje/feed/ 0
Концертите се враќаат: Комисијата за заразни болести ги усвои правилата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koncertite-se-vrakjaat-komisijata-za-zarazni-bolesti-gi-usvoi-pravilata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koncertite-se-vrakjaat-komisijata-za-zarazni-bolesti-gi-usvoi-pravilata/#respond Wed, 29 Jul 2020 10:23:01 +0000 https://kurir.mk/?p=383109

Во новата реалност, која ни ги менува животите на многу начини, и концертите во живо станаа загрозен вид. Социјалното дистанцирање како една од основните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, го оневозможи одржувањето на настани, веќе четири месеци, со што иднината на концертите, јавните собири и настани се стави под прашалник. Денес Министерот здравство Венко Филипче, рече дека Комисијата за заразни болести го прифатила предлогот на Здружението на музичари и на преставници на здруженијата за организирање на настани, одобрила, односно усвоила нови протоколи за организирање на музички настани. Министерот изјави дека ќе се дозволат музички настани, но капацитетот на објектите да биде полн 50 отсто, картите да се купуваат само по електронски пат и сите кои присуствуваат на настанот да носат маски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koncertite-se-vrakjaat-komisijata-za-zarazni-bolesti-gi-usvoi-pravilata/feed/ 0
Претстави и концерти од средината на јануари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavi-i-koncerti-od-sredinata-na-januari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavi-i-koncerti-od-sredinata-na-januari/#respond Thu, 03 Jan 2019 06:43:38 +0000 https://kurir.mk/?p=147595

Театрите во Скопје од средината на месецов ќе ги прикажат првите претстави во 2019 година. Македонската опера и балет традиционалниот концерт за празникот Василица ќе го изведе на 12-ти и на 13 јануари. Годинава тој е насловен „Диско треска“ и ќе содржи диско хитови од 1970-тите години во целосно нови симфониски аранжмани. Првата претстава на репертоарот на Македонскиот народен театар е „Не се клади на Енглези“ на 14 јануари, а во наредните два дена публиката во МНТ ќе може да ја види претставата  „Животот е прекрасен“. Во Драмски театар првата претстава е закажана за 15 јануари – „Странци“, по која следно на програмата, според објавениот репертоар, е „Крал Иби“ на 23 јануари. Театарот за деца и младинци на 10 јануари ќе ја изведе претставата „Оливер Твист“, а наредниот ден – „Пепелашка“. Првиот симфониски концерт на Македонската филхармонија во 2019 година е на 24 јануари, со солистот Лусјен Ренодин-Вари и диригентот Петер Феранец. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavi-i-koncerti-od-sredinata-na-januari/feed/ 0
Трпчевски со два концерти на 1 јануари ќе ја започне новата година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/trpchevski-so-dva-koncerti-na-1-januari-kje-ja-zapochne-novata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/trpchevski-so-dva-koncerti-na-1-januari-kje-ja-zapochne-novata-godina/#respond Sun, 30 Dec 2018 10:44:49 +0000 https://kurir.mk/?p=146652

Со два новогодишни концерти на 1 јануари нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески ќе ја започне новата година. Тој ќе настапи во Хановер на покана од хрватскиот диригент Иван Репушиќ, кој што е шеф-диригент на Операта во тој град. По Божиќ, пред наша Стара Нова година, по неколку години, Трпчевски се враќа во Линколн Центарот на три концерти со Њујоршката филхармонија. Со чешкиот диригент Јакуб Хруша ќе го изведе Концертот број 3 за пијано и оркестар на Прокофјев. Следи нов настап во Белфаст со Вториот концерт на Брамс, потоа 2 концерта во норвешката престолнина со Филхармонискиот оркестар на Осло кој ја одбележува својата стота годишнина. Веднаш потоа со овој оркестар под диригентската палка на Васили Петренко заминуваа турнеја низ Шпанија токму со изведба на двата концерти од Брамс. Во февруари, следат изведбите на Концертот број 3 од Рахманинов со Чикашкиот симфониски оркестар на нивната матична сцена, а следат и три концерти во Милвоки. Трпчевски ќе настапи и со Лондонскиот симфониски оркестар во „Барбикан. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/trpchevski-so-dva-koncerti-na-1-januari-kje-ja-zapochne-novata-godina/feed/ 0