концертна сезона – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Oct 2022 05:34:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png концертна сезона – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почнува новата концертна сезона на оркестарот на Филхармонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-novata-koncertna-sezona-na-orkestarot-na-filharmonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-novata-koncertna-sezona-na-orkestarot-na-filharmonija/#respond Thu, 06 Oct 2022 05:34:44 +0000 https://kurir.mk/?p=741603

Со концертот „Зорнина“, на кој како солисти ќе настапат пијанистите Алексеј Володин и Едит Пења, вечерва почнува новата сезона на оркестарот на Филхармонија „Дамар на слободата“. Диригент е Гудни А. Емилсон од Исланд, а на програмата се дела од Волфганг Амадеус Моцарт. -Првиот став е напишан во сонатна форма, а делото започнува со двојна експозиција – првата со оркестарот, втората кога се приклучува пијаното. Ставот содржи неколку теми кои имаат специфична мелодиска структура, со повремена употреба на хроматика која ја потенцира хармонската тензија во овој став. Во вториот став може да се почувствува оперски тон. Солистот го почнува ставот сам, презентирајќи ја темата во сицилијански ритам. Динамиката е мека и суптилна во текот на целиот став. Третиот став е феноменална завршница на концертот, типичен Моцартов музички „есеј“ на деликатно осмислената концертна форма, соопштија од Филхамронија. Како што потенцираат, овој концерт за пијано е еден од најизведуваните и најпознатите – пијанистот Чарлс Розен изјавил дека „делото е исто толку мит колку и ремек-дело: кога го слушате, тешко може да утврдите дали го слушате делото или неговата репутација“. Концертот е комплексен, драматичен, донекаде и мрачен и во него може да се почувствува духот на романтизмот, кој ќе го донесе музиката во 19 век. Има богата оркестрација, рафиниран и мек звук, во него солистот може до крај да ја искаже својата уметничка индивидуалност и да „зборува“ со јазикот на срцето. -Првиот став најавува силна и возбудлива драматичност. И солистот и оркестарот со своите делници прават трансценденција во оваа атмосфера. Вториот став, како што сугерира и насловот „Романса“, носи нова, помирна енергија и звучност. Страсната, лирска, нежна и романтична прва тема во пијаното, дава чувство на мир и спокој. По неа се појавува втората, подраматична тема која ѝ се спротивставува на првата со својот немирен дух. Ставот завршува со разложени акорди, кои наликуваат на шепот. Третиот став се враќа на бурниот карактер од првиот став, заокружувајќи го ова маестрално музичко дело, потенцираат од Филхармонија. Инаку, Алексеј Володин е роден 1977 година во Санкт Петербург. Тој се смета за еден од најсилните претставници на руската пијанистичка школа и за инструменталист од елитата на светскиот пијанизам, кој редовно настапува со престижни оркестри како Њујоршката филхармонија, Оркестарот на театарот „Марински“, Лондонскиот симфониски оркестар и диригенти од рангот на Валериј Гергиев, Владимир Федосејев, Марк Албрехт и Семјон Бичов. Едит Пења е родена во Каракас, каде што го започнува своето музичко образование на четиригодишна возраст. Четири години подоцна дебитира како солистка со оркестарот „Симфоника“ на Венецуела, а истата година се преселува во САД, во Филаделфија, каде што дебитира и со оркестарот на Филаделфија. Студира кај проф. Сузан Стар, а подоцна и кај проф. Сергеј Бабајан во Кливленд. Гудни А. Емилсон е роден во Рејкјавик, Исланд. На четиригодишна возраст започнува да зема часови по музика кај неговиот татко. Како магистранд на Државниот универзитет Тросинген во Германија, студира пијано кај Волфганг Вагенхаусер и диригирање кај Валтер Хаглер. Како диригент настапил со водечки светски оркестри како Филхармонијата на Штутгарт, Симфонискиот оркестар на Нирнберг, Симфонискиот оркестар на Гетинген, Камерниот оркестар на Манхајм, Симфонискиот оркестар на универзитетот во Лајпциг и Северно-германската филхармонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-novata-koncertna-sezona-na-orkestarot-na-filharmonija/feed/ 0
Со концертот „Зорнина“ се отвора новата концертна сезона на Филхармонија насловена „Дамар на слободата“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/so-koncertot-zornina-se-otvora-novata-koncertna-sezona-na-filharmonija-naslovena-damar-na-slobodata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/so-koncertot-zornina-se-otvora-novata-koncertna-sezona-na-filharmonija-naslovena-damar-na-slobodata/#respond Thu, 29 Sep 2022 10:21:13 +0000 https://kurir.mk/?p=738951

Секоја концертна сезона има ново име, оваа музичка сезона ја насловивме „Дамар на слободата“, а инспирација ни беше последниот концерт во претходната сезона кој беше насловен „Слобода“. Насловот произлезе од слободата која ја донесе своевидното излегување од пандемијата, но и како слобода во музиката, изразот, живеењето. Во новата сезона ќе не води дамарот, односно „пулсот“ на слободата. Насловите на концертите се инспирирани од архаични зборови во македонскиот јазик, со што сакаме да дадеме акцент на некои заборавени зборови од богатата ризница на нашиот јазик – вели Тина Иванова, директорка на Филхармонијата. На концертот на отворањето на сезоната како солисти ќе настапат врвните пијанисти Алексеј Володин и Едит Пења, а диригент е маестро Гудни А. Емилсон од Исланд. На програмата се дела од генијалниот Волгфанг Амадеус Моцарт – три клавирски концерти и увертирата од операта „Свадбата на Фигаро“. -За првпат во една концертна вечер ќе бидат изведени три концерти за пијано од Моцарт, што претставува своевиден куриозитет на овој концерт – вели Иванова. Со концертот насловен „Далга“ кој ќе биде изведен и во Скопје на 12 октомври, оркестарот на Филхармонија ќе гостува и во Белград на 16 октомври. Диригент на овој концерт е маестро Габриел Бебешелеа, а како солист ќе настапи Рафаел Агире на гитара од Шпанија. На програмата се дела од Петровски, Родриго и Чајковски. -Гостувањето во Белград е од исклучително значење за нашата институција, историски настан за нас – вели Иванова. До крајот на сезоната публиката ќе има можност да проследи низа интересни концерти со возбудливи солисти и диригенти и да чуе деликатно избрана програма. До крајот на годината со оркестарот на Филхармонија ќе настапат диригентите Кондрад ван Алфен, Емил Табаков, Борјан Цанев, Виктор Митревски, а како солисти ќе настапат и голем број македонски солисти – виолнистите Владимир Костов и Даниел Лазаревски, чембалистката Цветанка Созовска, тенорот Благој Нацоски... Насловите на концертите во сезоната „Дамар на слободата“ се извлечени од богатата ризница на архаизми во македонскиот јазик – „Вида“, „Азно“, „Меѓа“, „Далга“... Во рамки на програмата до крајот на оваа година е и концертот за деца „Магичен глас“ како и концертот „Омаж за маестро Александар Џамбазов“ кој ќе се реализира во рамки на програмата на фестивалот „Денови на македонската музика“. Филхармонија за првпат по подолго време ќе соработува и со НОБ, со чии ансамбли заедно ќе го изведат Вердиевиот „Реквием“ на „Мајските оперски вечери“ како и музиката на Збињев Прајснер од филмот „Три бои сино“ на режисерот Кшиштоф Кишловски. Промоција на албумот „Филхармонија во срцето“ На отворањето на новата концертна сезона „Дамар на слободата“ ќе биде промовирано и новото це-де „Филхармонија во срцето“ кое го издаде „Con:tempo“ во соработка со Филхармонија на РСМ. -Исклучително сум среќна што токму овој концерт се најде на це-дето, бидејќи станува збор за изведба во живо – вели Дијана Имери Илкоска, диригентката која во водеше концертот „Филхармонија во срцето“. Албумот е снимка од истоимениот концерт на Камерниот оркестар на Филхармонија кој го водеше диригентката Дијана Имери Илкоска, а како солисти настапија Елена Дојчинова (флејта) и Владимир Лазаревски (обоа). На албумот може да се слушне изведбата на дела од Антон Аренски, Антонин Дворжак и од македонскиот композитор Томислав Зографски. Проекција на филмот „Амадеус“ во Кинотека Во соработка со Кинотеката на Р.С. Македонија, во среда, на 5 октомври со почеток во 20 часот ќе се прикаже антологиското кинематографско дело на режисерот Милош Форман – филмот „Амадеус“ биопик, посветен на генијалниот композитор Волфганг Амадеус Моцарт. Проекцијата на филмот ќе биде своевидна увертира, пред концертот на 6 октомври на кој оркестарот на Филхармонија и пијанистите Алексеј Володин и Едит Пења ќе изведат четири дела од богатиот музички опус на Волфганг Амадеус Моцарт. -Успеавме да ги обезбедиме правата за прикажување на филмот, откако го исконтактиравме синот на продуцентот на филмот „Амадеус“. Парите со кои требаше да ги платиме парите за прикажување, на барање на продуцентската куќа ќе ги донираме во хуманитарни цели – вели Владимир Ангелов, директор на Кинотеката на Р.С.Македонија. Филмот „Амадеус“ е снимен во 1984 година, а сценарист е Питер Шефер. Филмот е адаптација на истоимената театарска претстава на Шефер, во која акцентот е ставен на наводното соперништво помеѓу Волфганг Амадеус Моцарт и Антонио Салиери, двајца композитори кои живееле во Виена, Австрија, во втората половина на XVIII век. „Амадеус“ беше номиниран за вкупно 53 награди од кои освои 40, меѓу кои и осум „оскари“ (вклучувајќи и „оскар“ за најдобар филм), четири БАФТА награди, четири „Златни глобуси“ и една од Режисерското здружение на Америка. Во 1998 година, Американскиот филмски институт го рангираше филмот на 53-тото место на листата „100 години... 100 филмови“. Освен проекцијата на „Амадеус“, Кинотеката во соработка со Филхармонија ќе прикаже уште четири филмови „Малер“ на Кен Расел, „Проба на оркестарот“ на Фредерико Фелини и немиот филм „Сатанска рапсодија“ од 1917 година за кој музиката ја напиша Пјетро Маскањи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/so-koncertot-zornina-se-otvora-novata-koncertna-sezona-na-filharmonija-naslovena-damar-na-slobodata/feed/ 0
„Печат на времето“ – нова концертна сезона на „Танец“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pechat-na-vremeto-nova-koncertna-sezona-na-tanec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pechat-na-vremeto-nova-koncertna-sezona-na-tanec/#respond Thu, 10 Mar 2022 06:49:02 +0000 https://kurir.mk/?p=644466

Со денешниот концерт во Делчево, по подготовките во сѐ уште важечките сложени епидемиолошки услови, Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ ја најавува својата богата и динамична домашна и меѓународна концертна сезона, насловена „Печат на времето“. Како што информираат од „Танец“, новата сезона, ансамблот ќе ја започне токму во Делчево, во чест на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, со концептот наречен „Изворни минијатури“, кој ќе ја следи целата пролетна концертна серија низ државата. Во овој циклус посветен на изворите, Танец ќе изведува програма конципирана од фрагменти, односно автентични фолклорни творби врз кои се темелат познатите кореографии на ансамблот (песни и ора како Адана, Тоска, Трченица, Ситното, и неизоставно формите кои се заштитени во УНЕСКО, како пијанечкото оро Копачка и машкото двогласно пеење од Долни Полог). Со голем број на концерти кои се дел од неколку различни концепти – од изворни фолклорни творби до современи етно фузии, и во ова време-невреме, како и низ целиот период од 73 години од своето постоење, „Танец“ ќе се обиде да остави длабок печат на оваа временска отсечка од македонското културно битисување. Потоа следуваат гостувањата низ другите градови, пракса што Танец ја одржува во соработка со центрите за култура низ земјата, а тоа годинава се концертите во Радовиш (на 17.3.2022), Свети Николе (на 24.3.2022), Пробиштип (на 30.3.2022) и во Скопје (на 8.4.2022), во рамките на фестивалот „Денови на македонска музика“ во организација на Сојузот на композиторите на Македонија СОКОМ. Пред скопскиот концерт, Танец на 1 април ќе одржи уште еден целовечерен концерт и тоа со целиот капацитет на својот ансамбл во изведба на своите далеку познати кореографски постановки, во големата сала на Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево. Уште еден ваков концерт, ансамблот ќе одржи и во летниот период, во Центарот за култура во Тетово, на 9 јуни. После циклусот „Изворни минијатури“ , Танец на 19 април ќе го одржи традиционалниот Велигденски концерт во големата сала на Националната опера и балет, а по периодот на интензивни подготовки, Танец од 8 до 23 мај ќе замине на северноамериканска турнеја и ќе одржи осум концерти во престижни концертни сали во Канада и САД, во Монтреал, Отава, Торонто, Детроит, Чикаго, Кливленд, Питсбург и Њујорк. По враќањето од Америка, во периодот од 13 до 18 јуни, по прв пат ќе се одржи „Летната академија ТАНЕЦ“ која е замислена како нов едукативен проект на институцијата во чии рамки во иднина сите заинтересирани љубители на македонскиот фолклор, но и сите идни професионалци од областа, ќе имаа можност низ еднонеделна интензивна теориска и практична настава која ќе ја изведуваат врвни експери од редот на вработените, но и надворешни соработници од областа на етномузикологијата, да навлезат поблиску во уникатниот репертоар на ансамблот. Оваа премиерна година ќе им биде целосно посветена на учениците од Насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ од Скопје, за кои летната академија ќе биде одлична дополнителна практична настава од која ќе имаат повеќекратна полза. На овој начин, Танец и ДМБУЦ отпочнуваат и конкретна соработка, која во иднина ќе биде продлабочувана во повеќе сегменти. Потоа, на покана на организаторот на фестивалот „Лент“ во Марибор, Танец ќе се претстави со проектот Етно фузија, кој за прв пат го изведе на крајот од минатата година во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености 2021“. Станува збор на заедничкиот целовечерен концерт на Танец и Влатко Стефановски кој се најде и на ДВД издание, материјал кој содржи десет нови аранжмани на познати фолклорни теми специјално напишани од Дамир Имери. Проектот веднаш предизвика голем интерес кај домашната, но и кај јавноста во регионот и поканите за гостувања почнаа да стигнуваат од сите страни, а реализацијата на првата од нив е оваа во Марибор на 25 јуни оваа година. Со овој концерт, практично започнува и серијата на концерти на Танец на отворено, едни од најомилените и на ансамблот и на широката публика. Веднаш по враќањето од Словенија, ансамблот на 30 јуни традиционално, со вокално-инструментален концерт ќе настапи на фестивалот Скопско лето, а потоа веднаш започнува со подготовките за уште едно патување. Следното меѓународно претставување на Танец започнува на 13 јули, кога ансамблот ќе замине на еднонеделна турнеја во Хрватска, каде ќе одржи 3 заеднички концерти со хрватскиот национален ансамбл „Ладо“ во Славонски Брод, Сплит и Загвозд. После ова патување, Танец се враќа на прекрасните летни сцени во Битола и Охрид, каде повторно ќе настапи со својот атрактивен проект заедно со Влатко Стефановски и тоа на сцената на Хераклеа (27.7.2022) и на Долни Сарај (28.7.2022). Концертот на Хераклеа ќе биде во рамките на традиционалната манифестација „Илинденски денови“. Летото, ансамблот ќе го заокружи со своите неизоставни настапи на историските локалитети Пелинце и на Мечкин Камен, во одбележување на празникот Илинден. Концертната сезона продолжува и на есен за кога е предвиден редовниот концерт на Танец на манифестацијата „Есенски музички свечености“, а вообичаено за крајот на годината Танец за својата публика подготвува нешто ново и раскошно, како традиционалниот новогодишен концерт. Овој пат тоа е и планираниот голем музичко-сценски спектакл „Фолклорна симбиоза“, заеднички проект на две национални установи, Танец и Националната опера и балет, во кој се очекува вклученост на повеќе од 200 уметници. – Се разбира, Танец и оваа година продолжува со другите редовни активности посветени на чувањето, негувањето и унапредувањето на македонскиот музички и музичко-сценски фолклор, па во план е остварување на повеќе активности во доменот на едукативната, документаристичата и публицистичката дејност, меѓу кои е и издавањето на втората збирка партитури за оркестар на уште шест антологиски кореографии од едицијата „Од ризницата на Танец“, посочуваат од „Танец“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pechat-na-vremeto-nova-koncertna-sezona-na-tanec/feed/ 0