концесија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 13 Jan 2019 12:56:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png концесија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Аеродрoмот во Кукс даден под концесија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/aerodromot-vo-kuks-daden-pod-koncesija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/aerodromot-vo-kuks-daden-pod-koncesija/#respond Sun, 13 Jan 2019 12:55:41 +0000 https://kurir.mk/?p=151693

Конзорцумот меѓу две албански компании „Global Technical Mechanichs” и “Bami sh.p.k.”,го добија под концесија за 35 години аеродромот во северниот албански град Кукс. Министерството за инфраструктура соопшти дека конзорцумот е избран на тендерот спроведен деновиве,на кој единствени понудувач биле споменатите албански компании. Според Министертвото, концесонерите ќе инвестираат околу 8 милиони евра во модернизација на аеродромот и негово ставање во функција. -Во документацијата за тендерот,со цел да ги исполнат условите за искуство двете компании приложија и договор со холандската компанја „Нако“ која има големо искуство во областа на администрирањето и менаџирањето на аеродроми во повеќе земји во светот,-соопшти албанското министертво за инфраструктура. Новите концесонери,меѓу другото, треба да извршат проширување на аеродромската писта, на терминалот за патници,како и на паркинг просторот. Аеродромот ќе функционира за ниско буџетски летови, а се предвидува да патуваат во просек по 300 илјади патници годишно. Тој се наоѓа на 3,5 клометри јужно од градот Кукс. За негова изградба Обединетите арапски емирати вложија 20 милиони долари. Почна да се гради на 10 мај 2003 а беше завршен на 31 октомври 2005 година. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/aerodromot-vo-kuks-daden-pod-koncesija/feed/ 0
Сардич МЦ: Раскинувањето на Договорот ќе направи штета од 380 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sardich-mc-raskinuvanjeto-na-dogovorot-kje-napravi-shteta-od-380-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sardich-mc-raskinuvanjeto-na-dogovorot-kje-napravi-shteta-od-380-milioni-evra/#respond Mon, 26 Mar 2018 14:37:08 +0000 https://kurir.mk/?p=33243

Компанијата предупреди дека ако Владата го раскине еднострано Договорот ќе биде принудена да покрене меѓународна судска постапка/арбитража за заштита на нејзините права. Концесионерот – Друштвото за експлоатација, преработка и производство Сардич МЦ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје испрати соопштение до јавноста. Истото ви го пренесуваме во целост

„Концесионерот – Друштвото за експлоатација, преработка и производство Сардич МЦ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, од средствата за јавно информирање и од интернет страницата на Владата на РМ дојде до сознание дека на последните неколку одржани седници, Владата на Република Македонија забрзано иницира активности за спроведување на постапка за еднострано раскинување на склучениот Договор за концесија за експлоатација на минерална суровина – бакар, злато и сребро на локалитетот „Казандол“ Општина Валандово, Општина Богданци и Општина Дојранброј 24-64/9 од 27.02.2015 година.

Ваквите случувања создадоа чувство на несигурност и вознемиреност кај украинските инвеститори, но и кај деловните партнери и вработените на Концесионерот, бидејќи едностраното раскинување на Договорот за концесија за експлоатација значи безусловен банкрот на Концесионерот, неговите деловни партнери кои се долгорочно ангажирани во проектот Рударски комплекс Казандол, како и оставање без егзистенција на преку 200 семејства кои директно егзистираат од работењето на Концесионерот.

Доколку Владата на Република Македонија донесе Одлука за еднострано раскинување на Договорот, огромна финансиска штета проценета на износ од повеќе од 20 милиони евра ќе претрпат македонските банки, градежните, индустриските и трговските компании од земјава и странство затоа што нема да можат да ги наплатат паричните средства за испорачаната опрема, извршената работа и извршеното финансирање, додека пак украинските инвеститори ќе претрпат огромна материјална штета проценета на преку 380 милиони евра, во кој случај тие ќе бидат принудени да започнат меѓународна судска постапка/арбитража за заштита на нивните права.

Штетата која што ќе настане ќе биде уште поголема со оглед дека украинските инвеститори во Сардич МЦ активно инвестираат во подготовка на уште два рудника, како и во други бизнис сфери каде што имаат инвестирано сериозни парични средства коишто ќе ги повлечат доколку Владата не го спречи едностраното раскинување.

Со едностраното раскинување на Договорот, Концесионерот ќе биде оневозможен во Буџетот на Македонија да ги плаќа редовните приходи по разни основи согласно склучениот Договор кои што досега изнесуваат повеќе од 1,4 милиони евра и кои во иднина драстично ќе растат со отпочнувањето на производството на бакарните катоди.

Истовремено со едностраниот раскин се прекршува и одредбата од член 7 од Договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Украина за поттикнување и заемна заштита на инвестициите кое што доведува и до нарушување на билатералните односи на двете држави, а со цел тоа да се спречи Амбасадата на Украина официјално се обрати до Владата на Република Македонија со барање на прекин на постапката за еднострано раскинување на Договорот за Концесија за експлоатација.

Концесионерот Сардич МЦ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, со целосно почитување и спроведување на сите законски и договорни обврски експресно го реализираше Проектот Рударски комплекс Казандол – прв современ рударски комплекс изграден на Балканот по 40 години и во текот на оваа 2018 година планира производство на финален производ – македонски катоден бакар со чистота 99.99%.

Во севкупното работење на Концесионерот, од надлежните државни институции на Република Македонија никогаш не е утврдена ниту една неправилност, ниту е утврдено дека некоја договорна или законска обврска или норма не е исполнета или прекршена и Концесионерот како општествено совесен субјект никогаш не е ниту опоменуван, ниту пак казнуван.

Концесионерот – Сардич МЦ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје ја известува јавноста и Владата на Република Македонија дека не постои ниту еден правен основ за еднострано раскинување на Договорот и дека доколку тоа навистина се случи ќе биде досега невиден преседан, огромно понижување за стручноста на владините експерти и правниот систем во државата, како и катастрофална порака за постоечките и потенцијалните домашни и странски инвеститори.

Со цел за најдобронамерно спречување на настанување несогледливи штетни последици за било која договорна страна и за граѓаните на Република Македонија, Концесионерот на овој начин се обраќа до својот партнер-Владата на Република Македонија со барање за прекин на сите активности за еднострано раскинување на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина број 24-64/9 од 27.02.2015 година и за пристапување кон пријателско решавање на било кое прашање кое според Владата на РМ се јавува како спорно.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sardich-mc-raskinuvanjeto-na-dogovorot-kje-napravi-shteta-od-380-milioni-evra/feed/ 0