конче – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Dec 2022 09:36:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png конче – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Градоначалникот Ристов: Изработката на буџетот за 2023 година за општина Конче е во завршна фаза https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gradonachalnikot-ristov-izrabotkata-na-budzetot-za-2023-godina-za-opshtina-konche-e-vo-zavrshna-faza/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gradonachalnikot-ristov-izrabotkata-na-budzetot-za-2023-godina-za-opshtina-konche-e-vo-zavrshna-faza/#respond Thu, 15 Dec 2022 09:36:43 +0000 https://kurir.mk/?p=775919

Веќе се направени посети на сите месни заедници, преку реализираната акцијата „Биди дел од промените што носат иднина” добиени се многу интересни и корисни идеи од граѓаните ги даваа свои предлози, а самиот буџет за 2023 година е во завршна фаза. Ова се дел од главните поенти од обраќањето на градоначалникот на Општина Конче, Златко Ристов на регионалната средба на градоначалниците од Југоисточниот регион од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. -Од голема помош во изработката на нацрт-буџетот беше одржувањето на отворените денови за граѓаните и можам да кажам дека од предлозите на граѓаните произлегоа големи два проекти. За 2023 година од покрупните проекти кои ќе се реализираат можам да ги издвојам уредувањето на речното корито во село Ракитец, уредувањето на главната улица во Конче, која ги поврзува населените места Конче и Лубница, како и реконструкција на главната улица во село Ракитец. Како еден од покрупните проекти, кој ќе го реализираме како предлог од граѓаните, е поставување на фотоволтаични панели на кровните конструкции на објектите во надлежност на општината, како што се општинската зграда, домот на култура и други, кажа градоначалникот Ристов. Исто како и останатите општини од регионот, и Општина Конче ја чека разврската и носењето на новиот Законот за концесии, бидејќи финансирањето на општината во голема мерка зависи од работата на рудникот за бакар во Боров дол. Регионалната средба беше организирана од страна на Комисијата за локална, Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт и Комисијата за финансии при ВМРО-ДПМНЕ.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gradonachalnikot-ristov-izrabotkata-na-budzetot-za-2023-godina-za-opshtina-konche-e-vo-zavrshna-faza/feed/ 0
Ристов: Конче добива нов изглед, реконструирани бројни улици и се започна проект за дигитализација на општинските услуги https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ristov-konche-dobiva-nov-izgled-rekonstruirani-brojni-ulici-i-se-zapochna-proekt-za-digitalizacija-na-opshtinskite-uslugi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ristov-konche-dobiva-nov-izgled-rekonstruirani-brojni-ulici-i-se-zapochna-proekt-za-digitalizacija-na-opshtinskite-uslugi/#respond Wed, 02 Mar 2022 13:14:26 +0000 https://kurir.mk/?p=639466

„Заради ветувањето во предизборието и функционирањето на партијата, а секако и од поддршката на граѓаните на Општина Конче која ни ја дадоа се заложивме за транспарентно работење, ефикасна општина и за остварување на раст и развој на истата. Иако затекнавме загрижувачка состојба со долг од над 25 милиони денари, тоа не не исплаши и ни дава храброст дека се разликуваме од нашите претходници“, изјави Златко Ристов на регионалниот отчет „Промени што носат иднина - 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“. Ристов додаде дека со преземањето на функцијата наследил многу лоша состојба во општината. „Систематизација на работни места со ангажирање на работници и исплата на договори за истите со над половина милион денари; -Потрошени средства за одржување на постоечката механизација и моторни возила, а истите затекнати во катастрофална лоша состојба; -Ветувани неосновани суми за исплата кон граѓаните; -Потпишување на договори за амнестирање на договори без никаков основ; -Потрошени багателни суми за угостителски услуги без никаков договор, а во функција на поткуп на граѓаните во изборите; -Непочитување на закон за градење; -Непочитување на законот за јавни набавки“, нагласи Ристов говорејќи што затекнал од минатата локална власт. Ристов посочи дека со неговото доаѓање комуникацијата помеѓу граѓаните и локалната самоуправа доби нов квалитет, односно општина за сите граѓани подеднакво без црни листи и црвени линии. Се започна проектот за дигитализација на општинските услуги. Одржувањето на јавната чистота и санирањето на дивите депонии се врши перманентно према капацитетите на ЈПКД Лакавица. „Завршен проектот за реконструкција на довод со каптажи во с.Ракитец; Направена реконструкција на потисен цевковод за село Габревци; Во фаза на започнување е доградба на систем за фекална канализација во должина од 3,5 км во Конче; Завршена реконструкција на дел од колектор на фекална канализација во село Долни Липовиќ; Во завршна феза е проектот за реконструкција на локален пат село Д. Липовиќ-село Г.Липовиќ во должина од 3,6 км; Изградба на улици 5,6 и 16 во с. Габревци со вкупна должина од 362 метри; Започнување на проект за доградба на конаци во манастирот Св.Стефан-Конче“,рече Ристов. Ристов нагласи дека грижата кон граѓаните претставува приоритет. „Тука се и проектите кои што ги предвидовме за реализација во тековната 2022 година а тоа се следните: Уредување на јавните површини,тротоари и паркинзи за сите населени места за кои имаме вкупно предвидени 6 милиони денари, изградба на 4 улици во Конче со вредност од 4 милиони денари, изградба на улица во село Ракитец во должина од 1116 метри, доградба на конак во манастирот Св.Стефан во вредност од 3 милиони и 200 илјада денари“, истакна Ристов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ristov-konche-dobiva-nov-izgled-rekonstruirani-brojni-ulici-i-se-zapochna-proekt-za-digitalizacija-na-opshtinskite-uslugi/feed/ 0
СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: „Создади нова иднина“, митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Конче https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledete-vo-zivo-sozdadi-nova-idnina-miting-na-vmro-dpmne-vo-konche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledete-vo-zivo-sozdadi-nova-idnina-miting-na-vmro-dpmne-vo-konche/#respond Mon, 04 Oct 2021 14:28:27 +0000 https://kurir.mk/?p=572815

Почнува втората недела од изборната кампања за Локалните избори 2021 закажани за 17 октомври. Кандидатите за градоначалници и советници на средби, трибини и митинзи продолжуваат да ги претставуваат своите програми, концепти и визии. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе ја претстави програмата пред граѓаните во Конче, Радовиш и Струмица. Настанот во Конче, можете да  го следите во живо на линкот во продолжение: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledete-vo-zivo-sozdadi-nova-idnina-miting-na-vmro-dpmne-vo-konche/feed/ 0
Најголема излезност во Конче, најмала во Ново Село во Струмичко-Радовишкиот регион https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/najgolema-izleznost-vo-konche-najmala-vo-novo-selo-vo-strumichko-radovishkiot-region/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/najgolema-izleznost-vo-konche-najmala-vo-novo-selo-vo-strumichko-radovishkiot-region/#respond Wed, 15 Jul 2020 19:42:30 +0000 https://kurir.mk/?p=376700

Сто деведесет и осумте гласачки места во шесте општини во Струмичко-Радовишкиот регион се затворени, а изборниот ден помина мирно и без изборни нерегуларности, информираат од општинските изборни комисии на Струмица, Радовиш, Василево, Ново Село, Босилово и Конче. До 20:45 часот најгoлема излезност на гласачите во Струмичко-Радовишкиот регион е забележана во општина Конче со 65 отсто од вкупно запишани 2.724 избирачи во Избирачкиот список. Во Струмица гласале 58 отсто од запишаните 49.341 избирачи, во Радовиш до 20:45 часот гласале 48 отсто од запишаните вкупно 24.205 избирачи. Во општина Босилово излегле 55 отсто од запишаните 12.248 гласачи, а во Василево 59 проценти од 10. 592 запишани избирачи. Во Ново Село најмала е излезноста на гласачите и таму гласале 45 проценти од 11.181 гласачи. Во шесте општини од регинот има запишано 110.291 граѓани, кои гласаа на 198 избирачки места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/najgolema-izleznost-vo-konche-najmala-vo-novo-selo-vo-strumichko-radovishkiot-region/feed/ 0
Најголема излезеност во Конче во Струмичко-радовишкиот регион https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najgolema-izlezenost-vo-konche-vo-strumichko-radovishkiot-region/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najgolema-izlezenost-vo-konche-vo-strumichko-radovishkiot-region/#respond Sun, 21 Apr 2019 17:21:13 +0000 https://kurir.mk/?p=189527

До 18.30 часот најгoлема излезност на гласачите во Струмичко-радовишкиот регион е забележана во општина Конче со 52 отсто од запишани 2.744 избирачи. Во Ново Село за претседателските и за предвремените избори за градоначалник од вкупно запишани 11.301, односно 11.364 гласачи, излегле над 47 проценти. Според Општинската изборна комисија постигнат е цензусот за избор на градоначалник на предвремените избори. Во Струмица до 18.30 часот гласале 44 отсто од запишаните вкупно 49.162 избирачи, а во Радовиш гласале 34.5 или 8.315 избирачи од 24.201 запишани гласачи во избирачкит список. Во Општина Босилово излегле 44 отсто од запишаните 12.163 гласачи, а во Василево 43 проценти од 10.036 запишани избирачи. Според информациите од општинските изборни комисии изборниот ден поминува мирно и без проблеми. Инаку, во шесте општини од регинот има запишано 109.670 граѓани со право на глас, кои гласаат на вкупно 192 избирачки места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najgolema-izlezenost-vo-konche-vo-strumichko-radovishkiot-region/feed/ 0
Мицкоски на средба со жителите на Конче: Бесперспективноста и игнорирањето од владата се работите кои го зголемуваат нивниот револт https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mickoski-na-sredba-so-zitelite-na-konche-besperspektivnosta-i-ignoriranjeto-od-vladata-se-rabotite-koi-go-zgolemuvaat-nivniot-revolt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mickoski-na-sredba-so-zitelite-na-konche-besperspektivnosta-i-ignoriranjeto-od-vladata-se-rabotite-koi-go-zgolemuvaat-nivniot-revolt/#respond Tue, 13 Mar 2018 18:26:50 +0000 http://kurir.mk/?p=29672

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, по Струмица теренската посета ја продолжи во Конче каде имаше состанок со жителите и со Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Конче. -Разговаравме за нивниот живот, условите и предизвиците со кои се соочуваат. Ми раскажаа за нивните маки, за проблемите во земјоделието и тешките услови за живот. Велат, бесперспективноста и игнорирањето од владата се работите кои го зголемуваат нивниот револт. Тоа мора да се промени. Конче мора да добие шанса за развој и да биде во фокусот на вниманието на властите како што мора да бидат и сите други делови од нашата држава, Македонија, пишува Мицкоски на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mickoski-na-sredba-so-zitelite-na-konche-besperspektivnosta-i-ignoriranjeto-od-vladata-se-rabotite-koi-go-zgolemuvaat-nivniot-revolt/feed/ 0