кондоми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Dec 2022 06:20:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кондоми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Макрон најави бесплатни кондоми за младите од 18-25 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-najavi-besplatni-kondomi-za-mladite-od-18-25-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-najavi-besplatni-kondomi-za-mladite-od-18-25-godini/#respond Fri, 09 Dec 2022 06:20:37 +0000 https://kurir.mk/?p=772881

Францускиот претседател Емануел Макрон за време на територијалната седница на Националниот совет за обнова, посветена на здравство во Фонтен-ле-Конт, во близина на Поатје, објави дека пристапот до кондоми ќе биде бесплатен во аптеките за млади на возраст од 18 до 25 години од 1 јануари 2023 година, јави дописникот на МИА. „Во аптеките кондомот ќе биде бесплатен за 18/25 години. Одлуката ќе почне да се применува на 1 јануари и претставува мала превентивна револуција “, рече претседателот Макрон за време на седницата на Националниот совет за обнова посветена на здравјето на млади те луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-najavi-besplatni-kondomi-za-mladite-od-18-25-godini/feed/ 0
Ѝ купил помал фустан за да ја мотивира да ослаби: Кога сопругата му одговори сите почнаа да му се смеат https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kupil-pomal-fustan-za-da-ja-motivira-da-oslabi-koga-soprugata-mu-odgovori-site-pochnaa-da-mu-se-smeat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kupil-pomal-fustan-za-da-ja-motivira-da-oslabi-koga-soprugata-mu-odgovori-site-pochnaa-da-mu-se-smeat/#respond Mon, 22 Mar 2021 08:11:52 +0000 https://kurir.mk/?p=485916

Корисник на Тик-ток, под назиив MIKE_P_89 сподели видео кое стана хит на интернет и насмеа, но и разгневи милиони луѓе ширум светот. Имено, Мајк раскажа куса анегдота за тоа како на сопругата ѝ купил фустан за роденден, но неколку броеви помал. Сѐ тоа, за да ја мотивира да ослаби… „Едвај чекам да те видам во ова“, напишал во пораката со подарокот. Но, кој последен се смее, најслатко му е. Кога следниот ден Мајк се вратил од работа, во кујната го чекале пакет кондоми, неколку броја поголеми од неговиот број… Со истата порака: „Едвај чекам да те видам во овие“. Неговото видео собра речиси 20 милиони прегледи и 2,8 милиони лајкови. „Не заслужи подобро“, „Паметна жена“, „Требаше да ти даде документи за развод“ – се дел од коментарите на видеото на Мајк.   (МИА)
@mike_p_89She’s a savage 🥺 ##tiktokcomedy ##funny ##comedytiktok ##dadjokes ##comedy ##jokes ##joke ##wife ##birthday ##dress ##weightloss ♬ original sound - Mike
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kupil-pomal-fustan-za-da-ja-motivira-da-oslabi-koga-soprugata-mu-odgovori-site-pochnaa-da-mu-se-smeat/feed/ 0
Николов: Промашени приоритети- Пари за кондоми има, ама за вакцини против корона нема! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-promasheni-prioriteti-pari-za-kondomi-ima-ama-za-vakcini-protiv-korona-nema-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-promasheni-prioriteti-pari-za-kondomi-ima-ama-za-vakcini-protiv-korona-nema-foto/#respond Sun, 21 Mar 2021 14:14:13 +0000 https://kurir.mk/?p=485674

Министерството за здравство има промашени приоритети. Наместо вакцини, тие набавуваат лубриканти и кондоми. Додека кон крајот на декември минатата година сите не замајуваа со датумот за стартот на вакцинацијата против КОВИД – 19, министерството за здравство и Венко Филипче склучиле три договори за набавка на лубриканти и кондоми. Еден од договорите е во вредност од околу 750 илјади денари, вториот е во вредност од речиси 476 илјади денари, а третиот договор е во вредност од скоро 182 илјада денари, истакна Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ. -Замислете, во време кога недостасуваат вакцини, лекови на позитивна листа и кога нородот си ги плаќа од свој џеб антикоагулантите Клексан и Ксарелто, некој одлучил да набавува лубриканти и кондоми. Ваквите набавки на лубриканти и кондоми,  единствено му одат од рака на министерот Филипче. Прашуваме дали ваквите набавки повторно се водени од провизии? Пари, во земјава има за кондоми и лубриканти, за подновување на возниот парк на функционерите, и за други непотребни трошоци, ама, пари за доволна лична заштитна опрема, за обезбедување на неинвазивна вентилација за пациентите, за медикаменти и се што е потребно за справување со последиците од корона кризата нема, вели тој и додава: „И така, поради непотребно трошење на народни пари, Македонија не се најде ниту на листата на 19 земји за кои Европската унија од солидарниот фонд додели пакет вреден 530 милиони евра. Замислете, минимумот кој бил проектиран од страна на ЕУ за користење средства од Фондот за солидарност не бил постигнат! Или едноставно, граѓаните сами плаќаа и понатаму плаќаат, плаќаат за се, за тестови, за лекови, за анализи“. Во меѓувреме, истакна Николов, Филипче и Заев не успеаја да постигнат ниту еден договор за набавка на вакцини против корона. -Освен обидот да го измамат официјален Пекинг преку фантом фирма за што беа разоткриени и авансот им беше вратен. Го нема ниту договорот со Фајзер, имало дополнително барање од производителот за обештетување при евентуални несакани ефекти и Македонија и понатаму чека повратна информација! Заклучокот е, пари има за се, ама нема за справување со корона кризата! Затоа надлежните потребно е да поднесат одговорност! Министер, ако малку имате образ и срам, одете си од функцијата. Немате потреба да го следите Зоран Заев во неговите погубни и коруптивни политики. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-promasheni-prioriteti-pari-za-kondomi-ima-ama-za-vakcini-protiv-korona-nema-foto/feed/ 0
Министерство за здравство пари за вакцини нема, но затоа имаше 2.500.000 денари на лубриканти и кондоми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-zdravstvo-pari-za-vakcini-nema-no-zatoa-imashe-2-500-000-denari-na-lubrikanti-i-kondomi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-zdravstvo-pari-za-vakcini-nema-no-zatoa-imashe-2-500-000-denari-na-lubrikanti-i-kondomi/#respond Thu, 18 Mar 2021 10:09:06 +0000 https://kurir.mk/?p=484137

Набавки на министерството за здравство кои единствено им одат од рака се за лубриканти и кондоми. Додека земјите во светот се трудеа на време да обезбедат што поголеми количини на вакцини за да ги заштити граѓаните од КОВИД-19, македонското министерство за здравство за тоа време склучи три договори за лубриканти и кондоми. Првиот договор на набавка на лубриканти и кондоми бил склучен помеѓу министерството за здравство и Друштво за производство, трговија и услуги МЕДИКОН ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, при што го има објавено на 07.12.2020 година. Набавката била од вредност на склучениот договор со вклучен ДДВ - 740.450,00 денари. Вториот договор за набавка на лубриканти и кондоми бил склучен помеѓу министерството за здравство и Друштво за промет и услуги ФАРМАС МН ДООЕЛ Скопје, при што го има објавено и на 07.12.2020, а набавката била од вредност на склучениот договор со вклучен ДДВ - 475.776,00 денари. И третиот договор исто така за набавка на лубринканти и кондоми е склучен помеѓу министерството за здравство и Друштво за производство,трговија и услуги САКО ТРАДЕ извоз-увоз ДООЕЛ Велес, оваа набавка е објавена на 10.12.2020 година. А, вредност на склучениот договор со вклучен ДДВ изнесува 181.389,60 денари. Вкупна проценета вредност на склучените три договори од период од седми до десетти декември изнесува 1.397.615,60 денари, а Проценета вредност на набавката со ДДВ изнесува 2.500.000,00 денари. Власта наместо пари да обезбеди и да ги користи за заштита на граѓаните од КОВИД-19, таа ги троши на лубриканти и кондоми. Поради трошењето на народни пари на непотребни работи во ек на криза здравствена, Европа не додели пари на Македонија од солидарниот фонд, а тоа го обзнани и најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. „Ако Македонија потрошила само осум милиони евра, а не потрошила 30 милиони евра, тоа значи дека Македонија четири пати помалку се обидела да понуди добри здравствени квалитетни и економски услуги за граѓаните. Македонија требало во март, април, мај, јуни минатата година наместо да дели Владата пакети со салама и макарони да купи 20 амбулантни возила, да купи респиратори, да купи апарати за кислородна поддршка, да направи доопремување и обука на болниците и здравствениот персонал. Да им купи на здравствените работници скафандери, заштитна опрема, но тие сами си ја купуваа за да се заштитат при работа од КОВИД-19“, потсети Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ пред една недела во едно о своите гостувања во емисии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-zdravstvo-pari-za-vakcini-nema-no-zatoa-imashe-2-500-000-denari-na-lubrikanti-i-kondomi/feed/ 0
Младите масовно не користат кондом https://arhiva.kurir.mk/makedonija/mladite-masovno-ne-koristat-kondom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/mladite-masovno-ne-koristat-kondom/#respond Sun, 16 Aug 2020 19:44:10 +0000 https://kurir.mk/?p=391311

Младите се свесни дека треба да користат кондом секој пат, но кога моментот ќе настапи, ова правило премногу често се игнорираат. Двегодишното глобално истражување на Durex докажува дека многу млади не се загрижени за последиците од сексот без заштитни средства и / или не се сигурни доволно за да инсистираат да користат кондом, што значи дека тие често преземаат ризици, кои се свесни дека не смеат да ги преземат. Популарното верување дека “тоа нема да се случи токму на мене” во комбинација со недостаток на свест за инфекциите, сексуално преносливи, и несаканата бременост го негува развојот на т.н. “култура на неодговорноста”. Фактите се индикативни: 40% од сексуално активните на возраст меѓу 16 и 24 години признаваат дека имале секс со повеќе од еден партнер без кондом, а 61% даваат потврден одговор дека обично не размислуваат за кондом до моментот во кој тој ќе им затреба. Иако често ризикуваат, само 14% од испитаниците признаваат дека сексуално преносливите инфекции се нивната основна грижа. Помалку од четвртина споделуваат дека најголемата загриженост од незаштитен секс е несаканата бременост. Статистиките од одговорите на испитаниците покажува какви се размерите на бариерите за безбеден секс. Речиси половина (48%) од испитаниците сметаат дека никој од нивните пријателски кругови не би се заразил со ХИВ и СИДА. “Минатата недела имав секс со некого без да користам кондом. Отидов во болница, зедов пилула и проблемот беше решен. Истото е како да имаш настинка“, вели еден од испитаниците. “Мислам дека ХИВ-от е поврзан со генерациите. Нашата генерација не мисли за ХИВ“, е мислењето на друг дел од учесниците во студијата. “Безбеден секс треба да биде одговорност и на двајцата партнери, но она што го научивме од многу млади мажи за време на нашето истражување беше дека жените имаат клучна улога – се случува она што тие го сакаат. Младите жени велат дека без разлика дека се свесни дека треба да инсистираат нивниот партнер да користи кондом редовно, во многу случаи двојката не користи кондом од ред причини. Еден од најчестите аргументи е дека ако тие инсистираат нивниот партнер да користи кондом, тоа би го оттргнало. Овој страв од отфрлање или убивање на расположението е главната пречка за многу млади жени, но ние откривме дека во повеќето случаи тоа воопшто не соодветствува на реалноста. Всушност е точно спротивното“, коментира Марк Пирсон, регионалнен бренд директор на Durex. Дополнителна статистика: – 34% од момчињата преферираат да имаат секс без кондом, обидувајќи се да се извлечат без да го користат – 15% Од анкетираните девојки велат дека носат кондом секогаш кога излегуваат – Тројца од четворица испитаници признаваат дека во одреден степен се срамат да зборуваат за секс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/mladite-masovno-ne-koristat-kondom/feed/ 0
Коронавирусот закана за производството на кондоми https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-zakana-za-proizvodstvoto-na-kondomi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-zakana-za-proizvodstvoto-na-kondomi/#respond Thu, 02 Apr 2020 12:19:23 +0000 https://kurir.mk/?p=326202

Компанијата Карекс БХД, која важи за еден од најголемите светски производители на кондоми, го запре производството поради коронавирусот. Тоа може да значи и намалување на количината во продажба на уште еден производ за секојдневна употреба на светско ниво. Според „Гардијан“, малезиската компанија произведува една петтина од светското количество кондоми. А, погоните во трите фабрики веќе една седмица не работат поради вонредната состојба што Владата ја воведе заради сузбивање на коронавирусот. Пред неколку дена, компанијата доби дозвола за работа, но само со 50 отсто од капацитетот. Во однос на југоисточна Азија, Малезија е меѓу земјите најтешко погодени од коронавирусот. Бројот заразени е 2.161 лице, а 26 се починати. Корона-кризата во оваа држава би требало да трае најмалку до 14 април. Други позначајни земји во однос на производството на кондоми се Кина, од каде почна ширењето на коронавирусот, како и Индија и Тајланд, каде заразата е во пораст.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-zakana-za-proizvodstvoto-na-kondomi/feed/ 0
Светот стравува од недостиг на овој производ- ќе го нема со месеци, а никој не е свесен, најпогодени ќе бидат младите парови! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/svetot-stravuva-od-nedostig-na-ovoj-proizvod-kje-go-nema-so-meseci-a-nikoj-ne-e-svesen-najpogodeni-kje-bidat-mladite-parovi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/svetot-stravuva-od-nedostig-na-ovoj-proizvod-kje-go-nema-so-meseci-a-nikoj-ne-e-svesen-najpogodeni-kje-bidat-mladite-parovi/#respond Fri, 27 Mar 2020 15:03:13 +0000 https://kurir.mk/?p=323163

Најголемиот светски производител на презервативи, малезиската компанија „Karex Bhd“, предупреди за глобален недостиг на овој производ, откако блокадата поради новиот коронавирус го принуди да запре со производството. Во последните десет дена компанијата нема произведено ниту еден презерватив во трите малезиски фабрики. Тоа е веќе недостиг од 100 милиони кондоми кои обично се продаваат на меѓународно ниво со брендови како „Дурекс“, доставени до државни здравствени системи, како што е британскиот NHS, или дистрибуирани преку програми за помош, како што е Фондот за население на ОН. – Ќе бидеме сведоци на широко распространет глобален недостиг на презервативи, што ќе биде застрашувачки. Тоа нема да трае само две недели или еден месец. Овој недостиг може да биде со месеци, изјави Го Миа Киат, извршен директор на компанијата. Малезија е најпогодената земја во Југоисточна Азија, со 2.161 заразени лица и 26 смртни случаи од коронавирусот. Предвидено е блокадата во земјата да трае најмалку до 14 април. Други големи земји, кои произведуваат презервативи, се Кина, каде новиот коронавирус передизвика затворање на фабрики, и Индија и Тајланд, кои неодамна соопштија за заразени случаи со Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/svetot-stravuva-od-nedostig-na-ovoj-proizvod-kje-go-nema-so-meseci-a-nikoj-ne-e-svesen-najpogodeni-kje-bidat-mladite-parovi/feed/ 0
Ќе се прават помали кондоми за да им бидат точни на мажите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kje-se-pravat-pomali-kondomi-za-da-im-bidat-tochni-na-mazite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kje-se-pravat-pomali-kondomi-za-da-im-bidat-tochni-na-mazite/#respond Wed, 31 Oct 2018 20:31:21 +0000 https://kurir.mk/?p=122045

Откако едно најново истражување објавено во Journal of Sexual Medicine покажа дека просечниот пенис во САД е за 2,45 сантимери помал од минималната должина од 16,9 сантиметри по која се водат производителите на кондоми. Откако едно најново истражување објавено во Journal of Sexual Medicine покажа дека просечниот пенис во САД е за 2,45 сантимери помал од минималната должина од 16,9 сантиметри по која се водат производителите на кондоми, Службата за контрола на храна и лекови на САД (FDA) одобри производство на помали кондоми. Истражувањето на Универзитетот Индијана спроведено во 2014 година на 1.661 Американци покажа дека просечниот пенис во земјата е долг 14,1 сантиметри. Најдолгиот пенис во истражувањето бил долг 25,9 сантиметри, а најмалиот 4,06 сантиметри. Според Центарот за контрола и превенција на болести (CDC), само околу една третина од Американците користат кондоми, а погрешната величина, што предизвикува лизгање, се наведува како главна причина да не се користи овој тип на заштита од сексуално преносливи болести и непланирана бременост. Како реакција на овие сознанија, FDA одобри производство и продажба на помали кондоми во земјата. Иако поголемите брендови за кондоми уште се немаат адаптирано на различните потреби во пракса, Global Protection Corporation почна да нуди кондоми во 60 величини, со должини од 12,4 до 23,8 сантиметри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kje-se-pravat-pomali-kondomi-za-da-im-bidat-tochni-na-mazite/feed/ 0
Владата реагираше: Лубрикантите се купени затоа што се делат заедно со кондоми! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-reagirashe-lubrikantite-se-kupeni-zatoa-shto-se-delat-zaedno-so-kondomi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-reagirashe-lubrikantite-se-kupeni-zatoa-shto-se-delat-zaedno-so-kondomi/#respond Tue, 09 Oct 2018 15:00:38 +0000 https://kurir.mk/?p=112940

Владата ја потврди информацијата на Економски Лидер дека со државни пари невладината организација ЕГАЛ ќе набавува лубриканти за хомосексуалната популација. На денешната прес конференција на директорката на клиниката за инфективни болести која во исто време е претседател на националната комисија за ХИВ, Д-р Милена Стефановиќ, таа истакна дека невладината морала да набави пакувања со лубрикант затоа што тие се делеле заедно со кондомите. -Едукацијата во превенцијата од ХИВ и користењето на кондом и лубрикант се многу важни за да се спречи ширењето на оваа болест. Постојат кондоми за одредени сексуални групи кои е неопходно да се користат заедно со лубрикант. Веројатно во организацијата им се истрошиле лубрикантите кои ги делат заедно со кондомите и морале да набават нови, изјави д-р Стефановиќ на прес конференцијата. Таа додаде дека е многу горда што државата ги финансира овие проекти со кои граѓаните се штитат од ХИВ вирусот. Инаку претходно Лидер објави дека бизарна јавна набавка осамна вчера на страницата на Бирото за јавни набавки, со државни пари ќе се набавуваат 20.000 шишиња со лубрикант за „Здружението на граѓани Еднаквост за геј и лезбејки-ЕГАЛ Скопје.“ Тендерската документација за набавката до која стигна Економски Лидер е обилна, а во неа стои дека оваа невладина организација во склоп на „Програма за заштита на население од ХИВ во Република Македонија 2018“со државни пари, ни помалку, ни повеќе – ќе набавува 20.000 шишиња лубриканти. Понудите за набавка на лубрикантите, заинтересираните компании може да ги достават најдоцна до 15ти месецов. Во техничката спецификација е наведено дека лубрикантите треба да бидат без вкус, без мирис и без боја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-reagirashe-lubrikantite-se-kupeni-zatoa-shto-se-delat-zaedno-so-kondomi/feed/ 0