конечен договор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Aug 2020 13:34:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png конечен договор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Заев и Ахмети разговараат за конечен договор за владина коалиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-ahmeti-razgovaraat-za-konechen-dogovor-za-vladina-koalicija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-ahmeti-razgovaraat-za-konechen-dogovor-za-vladina-koalicija/#respond Tue, 18 Aug 2020 13:34:23 +0000 https://kurir.mk/?p=392231

Повеќе од еден час лидерите на СДСМ и на ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети, придружувани од генералните секретари на партиите Артан Груби и Љупчо Николовски во Клубот на пратеници разговараат за деталите за формирање владина коалиција. СДСМ и ДУИ веќе соопштија дека е постигнат сериозен договор меѓу двете партии во преговорите за формирање влада, но детали од средбата не се изнесуваат. Како што е најавено, по средбата се очекуваат изјави од лидерите на двете партии. Како што соопштија партиите претходно, во изминатите денови СДСМ и ДУИ работеле на усогласување на изборните програми и распределба на одговорностите според ресори на двете партии и на создавање на четиригодишна програма за работа на идната влада, а разговорите биле во целост посветени на економијата, правдата, еднаквоста и интеграциите. Двете партии информираа дека е постигната начелна согласност во однос на распределбата на одговорностите според ресори, без да откријат детали за кадровските решенија. Двете партии ги почнаа преговорите веднаш по конститутивната седница на Парламентот на 4 август, се одржаа неколку средби меѓу Заев и Ахмети. Консултации двете партии имаа и во четвртокот минатата недела, откако претходно истиот ден, шефот на државата Стево Пендаровски му го додели мандатот за формирање влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев. Тричасовна средба на Заев со Ахмети тогаш, во заедничко соопштение, беше оценета како конструктивна и продуктивна и на која биле постигнати основите за „напредок кон коалициски договор за нова европска Влада посветена на европските интеграции, на економијата, еднаквоста и на владеењето на правото“. По договорот за нова влада се очекува претседавачот на Собранието Талат Џафери да закаже продолжение на конститутивната седница и да биде избран претседател на законодавниот дом, кој, пак, во законски утврдениот рок ќе треба да свика нова седница за избор на новиот владин кабинет. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-ahmeti-razgovaraat-za-konechen-dogovor-za-vladina-koalicija/feed/ 0
Мустафа: Конечен договор меѓу Косово и Србија не може да има без Вашингтон на маса https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mustafa-konechen-dogovor-megju-kosovo-i-srbija-ne-moze-da-ima-bez-vashington-na-masa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mustafa-konechen-dogovor-megju-kosovo-i-srbija-ne-moze-da-ima-bez-vashington-na-masa/#respond Sun, 02 Aug 2020 13:58:38 +0000 https://kurir.mk/?p=385215

Лидерот на владејачкиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа вели дека без активно учество на Соединетите Американски Држави во процесот на дијалог меѓу Косово и Србија не може да се очекува да се постигне конечен договор за решавање на споровите меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина. Мустафа за порталот „Газета експрес“ изјави дека дијалогот што се одвива во Брисел со посредство на Европска Унија е политички и, иако него моментно го води националниот координатор Скендер Хисени, тој секако не е сведен на техничко ниво. Лидерот на ЛДК и поранешен премиер очекува дека во процесот на изнаоѓање решение за споровите со Белград, актуелната косовска Влада, предводена од неговиот сопартиец Авдулах Хоти, ќе се консултира и ќе обезбеди согласност од сите домашни фактори – од претседателот на државата, Хашим Тачи, од партиите во владината коалиција, како и од опозицијата. Мустафа нагласи дека водечката улога во дијалогот со Србија му припаѓа единствено на премиерот Хоти и на никој друг. – Никој не може да го замени и да му ја одземе улогата на премиерот во дијалогот. Меѓутоа, невозможно е премиерот да разговара за сите работи и во сите фази. Дијалогот е политички и темите кои се дискутираат на ниво на државни координатори се политички, а не технички, вели Мустафа. Во врска со посетата што деновиве ја имаше во Вашингтон координаторот за дијалогот со Белград, Хисени, Мустафа нагласи дека Косово очекува од САД да бидат активно присутни на преговарачката маса. – Што се однесува до САД, јас го делам мислењето дека нема договор без нивно активно учество во овој процес. Не само што Косово ќе се консултира тесно со САД, туку очекува тие да бидат на преговарачката маса. Затоа ја ценам поканата од Стејт департментот за господинот Хисени и неговата посета на Вашингтон, изјави Мустафа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mustafa-konechen-dogovor-megju-kosovo-i-srbija-ne-moze-da-ima-bez-vashington-na-masa/feed/ 0
Вучиќ: Не знам ништо за конечен договор со Приштина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-ne-znam-nishto-za-konechen-dogovor-so-prishtina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-ne-znam-nishto-za-konechen-dogovor-so-prishtina/#respond Thu, 30 Jul 2020 10:40:25 +0000 https://kurir.mk/?p=383674

-Изненаден сум од изјавата на Авдулах Хоти дека во Брисел се пишува конечен договор. Ние не знаеме ништо за тоа. Ќе бараме да разговараме за неисполнување на она што беше потпишано во април 2013 година, а тоа е Заедницата на српски општини, изјави Александар Вучиќ на прес-конференцијата во Претседателството на Србија. Српскиот претседател додаде дека „пред Србија не се лесни и едноставни денови, што се однесува до Косово“, и дека ќе бидат потребна многу сила и енергија за да се зачува позицијата на искрен партнер, како и да се обиде да се постигне компромис. -Делегацијата на Србија, предводена од Марко Ѓуриќ е апсолутно подготвена да разговара со косовската делегација. Сакаме сериозни, конкретни разговори, но ако некој мисли дека Србија ќе биде вреќа за удирање, тогаш мислам дека тоа е многу погрешна политика и дека нема да не однесе никаде, истакна Вучиќ, додавајќи дека економијата е една од најважните делови во разговорите. Обраќајќи се на нацијата, Вучиќ рече дека Србија треба да биде силна и да отфрли сè она што не претставува компромис и за што се стреми приштинската страна. -Ние се согласивме суштински да учествуваме во дијалогот со Приштина под покровителство на ЕУ, со цел да ги решиме нашите децениски проблеми. Ќе побараме од ОВК сама да отвори свои архиви, затоа што веруваме дека е важно семејствата на исчезнатите да знаат каде се нивните деца и браќа, кажа Вучиќ, посочувајќи дека враќањето на внатрешно раселените лица во Косово е најниско во светот и дека само 1,9 отсто од Србите се вратиле на Косово. Заклучоците на Атлантскиот совет од вчера претставуваат основа на идната политика во целиот регион, оцени Вучиќ. -Тие се сублимирани во три клучни точки – спроведување на слободен проток на луѓе, стоки, капитал и услуги, потоа имплементација на проекти за кои веќе постои подготвеност да се спроведат и спроведување на сите договори и проект, кажа тој. Вучиќ истакна дека Србија се соочува со бројни притисоци. -Логично е дека не се сите среќни, ако Србија е успешна. Затоа Србија ќе биде мета на остри критики и напади. Мирот ќе го чуваме така што ќе бидеме посилни, пред сè економски. А кога сте посилни политички и воено, тогаш оние што се закануваат со агресија добро ќе размислат, заклучи Вучиќ и уште еднаш се осврна на изјавата на Хоти. -Колку и да не им верувам, ми се чини дека тој бе измисли сè (Хоти). Јас би сакал ЕУ да ги разбере потребите и барањата на Србија, а не само потребите и барањата на земјите-членки. Имам доверба во нашиот преговарачки тим. Само по долг и тежок процес на преговори, можеме да постигнеме компромисно решение, оцени Вучиќ. Тој истакна и дела верува оти Србија наскоро ќе ја победи епидемијата на коронавирусот и дека бројките се подобруваат. По повод објавувањето на списокот на Управата за спречување перење пари, тој оцени дека е важно граѓанскиот сектор да биде силен и почитуван, но дека законот мора да биде ист за секого. -Политиката секогаш е во прашање – ајде да диогнеме бучава дека сме загрозени, да добиеме повеќе пари, оцени Вучиќ во своето „обраќање до нацијата“, додавајќи дека ова е политика што ја водат невладините организации (НВО) во последните 20-30 години. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-ne-znam-nishto-za-konechen-dogovor-so-prishtina/feed/ 0