Конески на 11 јазици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Jun 2021 05:38:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Конески на 11 јазици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Виртуелна промоција на зборникот „Конески на 11 јазици“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/virtuelna-promocija-na-zbornikot-koneski-na-11-jazici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/virtuelna-promocija-na-zbornikot-koneski-na-11-jazici/#respond Thu, 03 Jun 2021 05:23:36 +0000 https://kurir.mk/?p=518359

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), денеска ќе го промовира зборникот „Конески на 11 јазици“. Станува збор за зборник од Првата зимска школа на МСМЈЛК, којашто се одржа на почетокот на годинава и беше прва активност во рамките на програмата за одбележување на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Блаже Конески. Во Зборникот се објавени препеви на песни и преводи на кратки прозни текстови на Конески остварени од странски македонисти – слушатели на двата напредни курса за литература и за преведување на Зимската школа, со што делови од творештвото на Конески коишто претходно не беа преведени на сите овие јазици, сега се објавуваат на: руски, полски, чешки, словенечки, хрватски, српски, бугарски, италијански, шпански, грчки и турски јазик. Ова е прв зборник на МСМЈЛК во којшто се објавуваат во толкав обем и на толку јазици препеви и преводи од творештвото на Конески остварени во текот на програмските активности на МСМЈЛК. Истовремено, во Зборникот се објавени и текстови со сеќавања за Конески од странски македонисти – академиците Зузана Топољинска, Иван Доровски, Виктор Фридман и Горан Калоѓера. Промоцијата ќе се одржи виртуелно и истата ќа ја отвори ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, по што ќе следи и пригодна реч на директорката на МСМЈЛК при УКИМ, Весна Мојсова-Чепишевска. Промотори на Зборникот ќе бидат странските македонисти Намита Субиото од Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана и Даниела Костадиновиќ од Филолошкиот факултет на Универзитетот во Ниш.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/virtuelna-promocija-na-zbornikot-koneski-na-11-jazici/feed/ 0