конфедерација на слободни синдикати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Aug 2021 11:06:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png конфедерација на слободни синдикати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 КСС е загрижен за сигурноста на работните места на работниците по донесените антиковид мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-e-zagrizen-za-sigurnosta-na-rabotnite-mesta-na-rabotnicite-po-donesenite-antikovid-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-e-zagrizen-za-sigurnosta-na-rabotnite-mesta-na-rabotnicite-po-donesenite-antikovid-merki/#respond Fri, 13 Aug 2021 11:06:44 +0000 https://kurir.mk/?p=550108

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) е загрижена за ситуацијата со здравствената состојба на работниците во Македонија, а особено за новите мерки кои се усвоени од Владата со кои се прави дискриминација на вакцинирани и невакцинирани. Како синдикат загрижени сме за сигурноста на работните места. -Домашните закони и Уставот не ги обврзуваат работниците на задолжителна вакцинација и противзаконска е секаков вид на дискриминација по основ на тоа дали некој е вакциниран или не, а на истото упатуваат и меѓународните акти. Ние како синдикат се плашиме дека со мерките кои ги предлага Комисијата за заразни болести, а ги усвојува Владата се прави притисок за вакцинација на работниците. Работниците веќе го чувствуваат притисокот од работодавачите за вакцинација. Правото на вакцинација е право на личен избор, а вработените на кои им се врши притисок за вакцинација се плашат за своето работно место, па мораат да се вакцинираат. Напоменуваме дека правото на работа е уставно загарантирано право и секому под еднакви услови му е достапно секое работно место, а сигурноста на работните места не смее да зависи од тоа дали работникот е вакциниран или не, велат од КСС. Од таму додаваат дека затоа КСС јавно го поддржува и се приклучува на граѓанскиот протест против дискриминација на невакцинираните кој ќе се одржи во недела на 15-ти август во 19 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-e-zagrizen-za-sigurnosta-na-rabotnite-mesta-na-rabotnicite-po-donesenite-antikovid-merki/feed/ 0
КСС со реакција бидејќи не се повикани на седницата за Законот за работни односи: Нема да го премолчиме овој момент, гласот на работникот мора да се слушне! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-reagira-shto-ne-se-povikani-na-sednicata-za-zakonot-za-rabotni-odnosi-nema-da-go-premolchime-ovoj-moment-glasot-na-rabotnikot-mora-da-se-slushne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-reagira-shto-ne-se-povikani-na-sednicata-za-zakonot-za-rabotni-odnosi-nema-da-go-premolchime-ovoj-moment-glasot-na-rabotnikot-mora-da-se-slushne/#respond Tue, 20 Jul 2021 10:21:32 +0000 https://kurir.mk/?p=539145

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) долго време наназад реагира на манипулацијата и популизмот на работничките права. Од година во година, сето ова, се повеќе придонесува да се кршат работничките права, да се намалуваат, а работникот се повеќе осиромашува и нема сигурност на своето работно место. - Вчера бевме сведоци на комисиска седница на труд и социјална политика каде што во прво читање беа измените на Законот за работните односи за недела да биде неработен ден. Прво, реагираме на тоа што како најголем синдикат во државата не бевме поканети на таа седница, како што било пракса во многу претходни случаи. Второ, остро ја демантираме министерката Шахпаска дека сме се сложиле со ваквата верзија на измените на ЗРО за недела да биде неработен ден. Трето, бараме итна јавна дебата каде што јавно ќе ги искажеме нашите ставови зошто не се сложуваме со ваквиот предлог закон за недела неработен ден. КСС уште на самиот старт реагираше по однос на ставот 3 дека се прави дискриминација со одредени дејности кои што според природата не можат да прекинат со работниот процес во поглед на другите работници кои што не се набројани во овие дејности, но очигледно преку карактер на помошни или придружни дејности и преку последната алинеја од членот 3 каде што стои и други дејности кои не се опфатени со овој став ќе треба да работат исто така во недела. Јасно укажуваме дека вака повторно се прави манипулација со работникот и се дава можност на работодавачите повторно да го изигруваат законот и да го злоупотребуваат трудот, стои во соопштението на Конфедерацијата н слободни синдикати на Македонија. Тие велат дека со бајпасирање на ЗРО и измена на Законот за трговија се дозволува работниците во трговијата повторно да работат во недела што само по себе кажува дека Владата повторно подлегнува под притисокот на капиталот за сметка на трудот. - Се повеќе се гласни работодавачите од градежниот сектор кои исто така бараат недела да биде работен ден, согласно можноста да работат и други помошни и придружни дејности. Изјавата на вицепремиерот Битиќи дека на автопатиштата кои ќе се градат во Македонија работниците ќе работат и по 60 саати, самото по себе покажува дека ова е чиста манипулација и предизборен популизам за сметка на трудот на работникот. КСС остро се спротивставува на ваквите дејствија и бара итно од сите пратеници да го отфрлат овој закон и да не дозволат повторно уништување на работничките права. Од самиот почеток укажуваме дека работната недела која што ја предвидуваат за одредени дејности не може да биде во работното време од 40 часа неделно и треба да се плаќа дополнително, а не само зголемена дневница за 50%. Наместо грижа за работниците кои што ги изгубија своите работни места и оние кои што работеа без пари кај работодавачите кои што добија државна помош за плати, денеска се соочуваме со повторно одземање на едно работничко право. Грижа за работниците е кога ќе им помогнете да си го остварат Уставното право на годишен одмор и плата кое што знаеме дека во последните години се повеќе и повеќе се нарушува. Грижа за работниците е кога ќе им дозволите со својот труд да ги сервисираат семејните трошоци и да планираат просперитет на семејството. Не претставува грижа да ги тераме секојдневно да одат на работа, а кога ние како синдикат ќе се побуниме дека им се ускратени правата и не им е исплатена плата државата немо да гледа и да молчи пред истото, истакнуваат КСС. Тие предупредуваат дека нема да го премолчат овој момент и предупредуваат дека ќе одговорат со истата ароганција и дрскост со која се нарушувате работничите права и доколку не се слушне гласот на работникот ќе одговорат многу порадикално од тоа што го правеле досега.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-reagira-shto-ne-se-povikani-na-sednicata-za-zakonot-za-rabotni-odnosi-nema-da-go-premolchime-ovoj-moment-glasot-na-rabotnikot-mora-da-se-slushne/feed/ 0
КСС ги повикуваат сите надлежни институции да го почитуваат и спроведуваат законот за безбедност и здравје при работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-gi-povikuvaat-site-nadlezni-institucii-da-go-pochituvaat-i-sproveduvaat-zakonot-za-bezbednost-i-zdravje-pri-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-gi-povikuvaat-site-nadlezni-institucii-da-go-pochituvaat-i-sproveduvaat-zakonot-za-bezbednost-i-zdravje-pri-rabota/#respond Wed, 28 Apr 2021 12:43:01 +0000 https://kurir.mk/?p=503291

Пандемијата ни покажа колку е важна безбедноста и здравјето на работниците, истакнуваат од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) кои Светскиот ден за заштита при работа го одбележуваат преку онлајн кампања. – КСС уште од почетокот на пандемијата сериозно го сфати новиот предизвик со кој се соочуваме и континуирано укажува и бара итно да се изнајдат решенија за надминување на ваквите состојби и е загрижена за здравствената состојба на работниците во Македонија и негрижата на надлежните институции за работничките права. Пандемијата ги допре речиси сите аспекти од светот на работата. Неочекувано мораше да се смени начинот на работа на многу работници и да се воведат нови форми на работен ангажман на работниците, како што е работа од далечина, што исто така претставува потенцијален ризик за безбедноста и здравјето на работните места, односно допрва ќе се согледуваат психо-социјалните ризици, велат од КСС. Синдикатот извесен период бара прогласување на Ковид-19 како професионално заболување за сите работници и 100 процентна исплата на боледување и плата за сите оние кои се заболени. – Секое заболување на работното место од Ковид-19 се смета за повреда на работно место и се исплаќа 100 проценти боледување, согласно член 39 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Во овие случаи поради спречување на ширењето на заразната болест, за сите вработени, за привремена спреченост на работа, односно кога е издадено решение за самоизолација, треба да се исплаќа 100 проценти плата, наведува КСС. Изразуваат незадоволство што не добиле можност да ги искажат своите согледувања на Советот за безбедност и здравје при работа. Сметаат дека сите релевантни чинители треба да се фокусираат на градење на стратегии за зајакнување на системите за безбедност и здравје при работа. Ги повикуваат сите надлежни институции да го почитуваат и спроведуваат законот за безбедност и здравје при работа со цел тој закон да функционира и во пракса. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-gi-povikuvaat-site-nadlezni-institucii-da-go-pochituvaat-i-sproveduvaat-zakonot-za-bezbednost-i-zdravje-pri-rabota/feed/ 0
„ДОСТА Е, ПРЕТЕРАВТЕ“: КСС излегува на протест во 16 часот, работничките права се на најниско ниво https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dosta-e-preteravte-kss-izleguva-na-protest-vo-16-chasot-rabotnichkite-prava-se-na-najnisko-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dosta-e-preteravte-kss-izleguva-na-protest-vo-16-chasot-rabotnichkite-prava-se-na-najnisko-nivo/#respond Thu, 15 Apr 2021 06:09:34 +0000 https://kurir.mk/?p=497401

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија денеска од 16 часот излегува на мирен протест.  Протестот започнува од бул. Гоце Делчев спроти МРТ кон Собранието, а потоа продолжува и завршува пред Влада. – Протестот ќе се одржи со автомобили со цел почитување на мерките за заштита од Корона вирусот и за заштита на безбедноста и здравјето на учесниците. Сакаме да истакнеме дека, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија во изминатиот период се обидува да воспостави социјален дијалог со надлежните претставници на министерствата и државните органи со цел разрешување на одредени проблеми кои ги засегаат вработените, како и да укажеме на почитување на законите и колективните договори кои подолг период во континуитет се прекршуваат. Исто така истакнуваме дека работничките и човековите права се прекршуваат дури и за време на пандемијата кога луѓето се во ранлива економска и здравствена состојба, велат од конфедерацијата. КСС посочи дека нивни легитимни синдикални барања кои ги поставиле се следните: почитување на законите од областа на трудовото право, барање за неодложно постапување на институциите при прекршување на законите, да се запре притисокот врз синидикалното организирање и синдикалните лидери. – Сите овие барања и активности се во насока на подобрување на социо-економскиот статус на нашите членови и на сите работници во нашата држава. Ги повикуваме сите активно да се вклучите во овој протест, а со цел да се чуе гласот на работниците и гласот на синдикатот и да се принудат надлежните претставници од Министерствата и другите државни институции да започнат социјален дијалог со нас со цел подобрување положбата на сите работници, додаваат од КСС. Самостојниот синдикат за образование, наука и култура– СОНК, како грански синдикат и член на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, истакна дека ќе земе активно учество на протестот. -СОНК ги поддржува барањата на најголемиот синдикат во јавниот сектор и смета дека заради немање слух на надлежните, односно на социјалните партнери на сите нивоа, заштитата на сопствените интереси, во согласност со законите и колективните договори, мора да ги бара преку искажување на јавно незадоволство, односно преку предупредувачки протест, истакнаа од СОНК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dosta-e-preteravte-kss-izleguva-na-protest-vo-16-chasot-rabotnichkite-prava-se-na-najnisko-nivo/feed/ 0
КСС: Смешно е и апсурдно да се зголеми минималната плата за 200 денари, бараме да биде најмалку 60 проценти од просечната https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kss-smeshno-e-i-apsurdno-da-se-zgolemi-minimalnata-plata-za-200-denari-barame-da-bide-najmalku-60-procenti-od-prosechnata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kss-smeshno-e-i-apsurdno-da-se-zgolemi-minimalnata-plata-za-200-denari-barame-da-bide-najmalku-60-procenti-od-prosechnata/#respond Thu, 01 Apr 2021 12:54:30 +0000 https://kurir.mk/?p=490835

Конфедерацијата на слободни синдикати смета дека е апсурдно да се зборува за зголемување од 200 денари на минималната плата во период на пандемија кога работникот е осиромашен. Сметаат дека минималната плата треба да се зголеми најмалку 60 проценти од просечната. – Синдикатите вчера беа експлицитно против таквата одлука. Во најмала рака тоа е смешно и апсурдно и затоа бараме минималната плата да биде најмалку 60 проценти од просечната плата, изјави денеска на прес-конференција претседателот на КСС, Благоја Ралповски. Според КСС, вредноста на Бруто домашниот производ, кој е еден од параметрите за пресметување на минималната плата, треба да се земе како износ нула бидејќи повеќе од 100.000 работници се приматели на минимална плата, а речиси 40 проценти се вработени во јавната администрација. Тој рече дека доколку не се исполни ова нивно барање, тогаш преку органите на синдикатот ќе го радикализираат своето делување. Денеска, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи изјави дека минималната плата се уште не е достоинствена, но оти кога економските услови ќе се подобрат, Владата ќе работи на нејзино зголемување до 18 илјади денари. Сега, според него, не е моментот за такво нешто. -Претендирам минималната плата да биде повисока од 60 отсто од просечната, но кога економијата ќе биде доволно продуктивна и ефикасна за да креира раст кој може тоа да си го дозволи. Минималната плата кај нас беше 40 отсто од просечната, а сега достигнавме до 53,4 отсто. Стремиме кон 60 отсто, но тоа се прави постепено. Во владината програма имаме кажано дека минималната плата ќе биде 18.000, а просечната плата 36.000 денари и тоа е точно она што сакаме да го постигнеме. Ќе одиме уште подалеку од тоа и ќе стигнеме на минимална плата од 20.000 денари кога нема да зборуваме за економска криза, рече Битиќи. Вчера, на состанокот на Економско-социјалниот совет, копја се кршеле околу различното толкување на процентот на пораст на БДП во претходната година. Реакција вчера испрати и Сојузот на синдикати на Македонија во која информираа дека за првпат синдикатите биле надгласани од работодавачите и Владата околу усогласувањето на минималната плата. Како што наведе ССМ, Владата и работодавачите сметале дека реалниот пораст на БДП може да биде и во минус што според пресметките на ССМ, усогласувањето би било пониско за 211 денари. Во однос на концептот недела да биде неработен ден, денеска од Конфедерацијата на слободни синдикати го повторија ставот дека недела треба да биде неработен ден за сите работници, а оние што ќе мора да работат, да добијат зголемена дневница за 50 проценти и слободен ден од 12 часа плус 24 часа следниот ден. Предлогот на КСС е и работникот да не работи повеќе од 150 часа во недела во текот на целата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kss-smeshno-e-i-apsurdno-da-se-zgolemi-minimalnata-plata-za-200-denari-barame-da-bide-najmalku-60-procenti-od-prosechnata/feed/ 0
КСС бара да се врати одлуката за исплата на 100 проценти плата за заболените од Ковид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kss-bara-da-se-vrati-odlukata-za-isplata-na-100-procenti-plata-za-zabolenite-od-kovid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kss-bara-da-se-vrati-odlukata-za-isplata-na-100-procenti-plata-za-zabolenite-od-kovid/#respond Thu, 19 Nov 2020 14:45:42 +0000 https://kurir.mk/?p=431843

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска реагираше на најновиот заклучок на Владата со кој на болните од Ковид нема да им се исплаќа 100 проценти плата. Синдикатот бара да се врати старата одлука и да се изјаснат сите синдикати дали е вистина дека по нивна иницијатива е скратено ова право. Од министерката за труд и социјална политика се бара да каже кои граѓански организации барале кратење на ова право. – Недозволиво е министерката за труд и социјална политика да се повика на сидикатите и невладините организации за да го оправда овој крајно срамен потег, со кој едно од основните права на работниците се кратат само со заклучок на Влада. Уште потрагично е да не се консултираат социјалните партнери за ваква круцијална одлука за која што одговорно тврдиме дека никој не не консултирал или пак прашал, велат од КСС. Потсетуваат дека од почетокот на пандемијата бараат Ковид-19 да биде прогласено за професионално заболување и апелираат да се направи ажурирана проценка на ризик на работните места согласно новата биолошка штетност како што повикува и Законот за безбедност и здравје при работа и правилникот за биолошки штетности. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kss-bara-da-se-vrati-odlukata-za-isplata-na-100-procenti-plata-za-zabolenite-od-kovid/feed/ 0
КСС: Без почитување на правата на работниците следи социјална криза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-bez-pochituvanje-na-pravata-na-rabotnicite-sledi-socijalna-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-bez-pochituvanje-na-pravata-na-rabotnicite-sledi-socijalna-kriza/#respond Tue, 30 Jun 2020 13:07:42 +0000 https://kurir.mk/?p=365869

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) денеска соопшти дека ги следи предизборните активности, изјави и ветувања на политичките партии и остро се спротивставува на идејата за намалување на јавната администрација преку трансфер или губење на работните места на дел од административците. – Имајќи ја предвид нашата долгогодишна борба и зложба, како и нашите активности за почитување на законите и колективните договори, кои што во изминатиот период доживеаја груби кршења, нефункционирањето на социјалниот дијалог што треба да биде основниот постулат за меѓусебното почитување и кој што беше одземен од социјалните партнери и употребен за лични или партиски цели, и поради сето ова неможноста за остварување фер дијалог за унапредување на работничките права, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија ги предупредува сите политички чинители во овие избори да ги преиспитаат своите изјави затоа што повторно доаѓаме до конфликт во меѓусебното разбирање и нашите барања, соопшти КСС. КСС, како што се наведува во соопштението, во изминатиот период низ повеќе протести и штрајкови и сега остро се спротивставува на идејата за намалување на јавната администрација преку трансфер или губење на работните места на дел од административците, но очигледно, како што наведуваат, нивниот глас не стигнал до актуелната власт. – Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, повторно го промовира проектот за 20 отсто помала администрација преку најдискриминирачки модел на губење на работното место на 20 проценти на вработените во јавниот сектор. Многу пати низ одредени официјални состаноци и јавни настапи, како вработени во јавниот сектор, искажавме дека сме против таа идеја, дека таа е крајно дискриминирачка и понудивме свое решение низ фер и инклузивен пристап за долгорочно намалување на вработените во јавниот сектор кој што ќе биде фер и транспарентен и без да се губат работни места за работниците кои што чесно и вредно си го заработуваат своето парче леб, почитувајќи ги законите, се наведува во соопштението на КСС. КСС предупредува доколку не се смени реториката, односот кон социјалните партнери и социјалниот дијалог, доколку не се поитуваат работниците, нашата држава ќе биде единствената што по оваа здравствена и економска криза ќе влезе во социјална криза. – Го повикуваме раководството на СДСМ да излезе со реална понуда и со вградување на реалните и просперитетни барања на КСС, затоа што се само во насока на вистински реформи и почитување на транспарентноста и правдата и секако на крај да престанат со пресметките со нашиот синдикат и да седнат на дијалог затоа што само така можеме да обезбедиме просперитетна држава во која што институциите ќе се грижат за сите грагани. Од друга страна, ги повикуваме сите други политички чинители во изборниот процес да го почитуваат нашиот глас, гласот на работникот и ги предупредуваме дека ветеното во нивните програми ќе биде нивна обврска за која што ние постојано ќе ги потсетуваме, соопшти КСС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-bez-pochituvanje-na-pravata-na-rabotnicite-sledi-socijalna-kriza/feed/ 0
КСС: Владата да се откаже од идејата за трансфер од јавен во приватен сектор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-vladata-da-se-otkaze-od-idejata-za-transfer-od-javen-vo-privaten-sektor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-vladata-da-se-otkaze-od-idejata-za-transfer-od-javen-vo-privaten-sektor/#respond Mon, 29 Jul 2019 14:14:55 +0000 https://kurir.mk/?p=224306

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија бара Владата и Министерството за информатичко општество и администрација да се откажат од идејата за трансфер од јавен во приватен сектор, бидејќи како што велат, идејата воопшто не е издржана, а уште потешко е да се имплементира во пракса. Во соопштението на Синдикатот се наведува дека Владата треба да се насочи кон други мерки што ќе помогнат да се пополнат дефицитарните кадри во приватниот сектор, а не преку трансфер на вработените од јавниот сектор. -Да се замрзнат вработувањата во јавниот сектор, а не да се вработуваат нови партиски и нестручни кадри, а потоа да ги “трансферираат” оние кои имаат подолго искуство. Вработените во јавниот сектор се изложени на постојан притисок со „трансферот”, а досега нема предложено никаков конкретен модел, соопштуваат од Синдикатот. Посочуваат дека пазарот на трудот е отворен и секој кој сака може да работи и во приватен и во јавен сектор, а Владата со конкретни мерки да помогне на работодавачите за да може приватниот сектор да биде попривлечен и одливот на вработени ќе се реши по природен пат, а не со мерка која е вештачка и не одговора ниту на работодавачите, ниту на работниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-vladata-da-se-otkaze-od-idejata-za-transfer-od-javen-vo-privaten-sektor/feed/ 0
КСС ги поддржува владините заложби за финансиска поддршка за растот на платите во трудоинтензивните фирми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-gi-poddrzuva-vladinite-zalozbi-za-finansiska-poddrshka-za-rastot-na-platite-vo-trudointenzivnite-firmi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-gi-poddrzuva-vladinite-zalozbi-za-finansiska-poddrshka-za-rastot-na-platite-vo-trudointenzivnite-firmi/#respond Wed, 02 May 2018 14:25:56 +0000 https://kurir.mk/?p=48824

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (KСС) соопшти дека ги поддржува заложбите на Владата за финансиска поддршка за растот на платите во трудоинтензивните фирми, за одржување на спиралата и поттикнување на растот на платите по зголемувањето на минималнта плата. Владата од Буџетот ќе покрива 30 отсто од растот на бруто платата на 15.000 фирми кои опфаќаат 50.000 работници, што само по себе покажува дека 1/3 се самовработени или сопственици на истите, наведуваат од КСС. Најостро реагираат за правењето дискриминација кон јавниот сектор кој ја прима платата од Буџетот, а од истиот се финансираат приватни фирми, сопственици, самовработени, додека јавниот сектор станува социјална категорија и се поотворено се зборува дека се „неработници”, „непрофесионални” и затоа платите ќе бидат замрзнати, поради тоа ќе имало отпуштања, иако имаат законска обврска за усогласување на платите согласно колективните договори со зголемувањето на минималната плата. Од КСС ги упатуваат сите одговорни кон извештајот на Прибе и извештајот на Европската комисија. Од КСС ја повикуваат во следниот ребаланс на Буџетот заедно со релевантните социјални партнери да направи усогласување на платите во јавниот сектор, задржување на спиралата, затоа што основната плата на еден државен службеник е 13.100 денари, што, како што наведуваат, покажува на кое ниво е донесена јавната администрација, а со тоа и целата состојба во државата, во делот на социјално економскиот простор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-gi-poddrzuva-vladinite-zalozbi-za-finansiska-poddrshka-za-rastot-na-platite-vo-trudointenzivnite-firmi/feed/ 0