конфискувана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Mar 2019 14:26:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png конфискувана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Конфискувана приколка со огревно дрво на ЈКП „Чист ден“ без печат, наменето за општината во Ранковце (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/konfiskuvana-prikolka-so-ogrevno-drvo-na-jkp-chist-den-bez-pechat-nameneto-za-opshtinata-vo-rankovce-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/konfiskuvana-prikolka-so-ogrevno-drvo-na-jkp-chist-den-bez-pechat-nameneto-za-opshtinata-vo-rankovce-foto/#respond Tue, 05 Mar 2019 14:26:19 +0000 https://kurir.mk/?p=171489

Последните неколку денови општина Ранковце ја тресат скандали, во кои скандали се вклучени и челници од актуелната власт, објавува Дневно.мк Имено, пред неколку дена е извршен противправен дотур на огревно дрво за противпожарната станица „ТППЕ Ранковце“, која се наоѓа на само неколку метри до полициската станица. За огревното дрво претходно не се пополнети неопходните формулари и сродни документации. Печат кој го издава шумската полиција не е побаран, и едноставно огревното дрво е обезбедено на нелегален начин, кој подлежи на кривична одговорност. Дел од истата огревна маса завршил во самата општина во Ранковце, па шумската полиција соодветствувала според пропишаните закони и ја конфискувала приколката со огревна маса, која е во сопственост на комуналното претпријатие во Ранковце, ЈКП „Чист ден“. Приколката која на фотографиите е прикажана како оштетена е искршена бегајќи од шумската полиција, која пак, покажала професионалност и ги уловила на лице место. Имаме информација дека моментално се одвива акција од страна на шумската полиција, која треба да пристигне и да ја подигне нелегално стекнатата огревна маса. Огревното дрво е набавено од таканареченото „чистење“ на експресниот пат кој се гради од Република Бугарија до клучката на Страцин, како и од „чистење“ на локални патишта. Граѓаните прашуваат до кога ќе трае ова обезличување на зборот право и правдина, до кога ќе трае ова своеволие на градоначалникот Тошевски, како и на локалните моќници, чии раце се одврзани до максимум? Се уште на овие прашања нема соодветен одговор, а дали ќе биде така и во иднина, останува да видиме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/konfiskuvana-prikolka-so-ogrevno-drvo-na-jkp-chist-den-bez-pechat-nameneto-za-opshtinata-vo-rankovce-foto/feed/ 0