конфликт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Oct 2023 17:50:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png конфликт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вашингтон предупреди на опасноста од ескалација на конфликтот на Блискиот Исток поради Иран и неговите сојузници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-predupredi-na-opasnosta-od-eskalatsija-na-konfliktot-na-bliskiot-istok-poradi-iran-i-negovite-sojuznitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-predupredi-na-opasnosta-od-eskalatsija-na-konfliktot-na-bliskiot-istok-poradi-iran-i-negovite-sojuznitsi/#respond Sun, 22 Oct 2023 17:49:15 +0000 https://kurir.mk/?p=891994

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека Вашингтон гледа потенцијал за ескалација на конфликтот на Блискиот Исток како резултат на акциите на Иран и неговите сојузници во регионот. САД не бараат ескалација, изјави Блинкен за Ен-Би-Си њуз. Тој додаде дека Вашингтон се надева дека палестинското исламистичко движење Хамас ќе ослободи уште заложници. Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин исто така укажа на опасноста од ескалација на конфликтот, особено со интензивирање на нападите врз американските војници и граѓани. „Постои опасност од значително зголемување на нападите врз нашиот воен персонал и граѓаните низ целиот регион“, рече тој во интервју за Еј-Би-Си. Остин во истото интервју предупреди дека САД „нема да се двоумат“ да употребат воена сила против секоја организација или земја што е во искушение да го прошири блискоисточниот конфликт меѓу Израел и Хамас. „Нашиот совет до оние кои би се обиделе да го ескалираат конфликтот е: Не правете го тоа. Го задржуваме правото да се браниме и нема да се двоумиме да преземеме соодветни мерки“, рече шефот на Пентагон. Тој го изјави ова само неколку часа откако американското Министерство за одбрана објави дека земјата ќе го зголеми своето воено присуство во регионот со оглед на „неодамнешната ескалација од страна на Иран и неговите сојузнички сили“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-predupredi-na-opasnosta-od-eskalatsija-na-konfliktot-na-bliskiot-istok-poradi-iran-i-negovite-sojuznitsi/feed/ 0
Српски моторџии тргнаа кон Косово, специјалци ги спречија на „Јариње“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpski-motordhii-trgnaa-kon-kosovo-spetsijaltsi-gi-sprechija-na-jarine-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpski-motordhii-trgnaa-kon-kosovo-spetsijaltsi-gi-sprechija-na-jarine-video/#respond Fri, 07 Jul 2023 19:06:28 +0000 https://kurir.mk/?p=854199

Дел од медиумите јавија дека со оклопни возила косовските специјалци се упатиле кон граничниот премиер бидејќи добиле информација оти моторџиите тргнале од централна Србија кон Косово, а портпаролот на полицијата за северниот регион, Ветон Ељашани за „Танјуг“ изјави дека полицијата нема да им дозволи да влезат бидејќи не се најавиле претходно Повеќе од 60 моторџии, членови на повеќе мото-здруженија од Србија, денеска попладне сакале да влезат во Косово преку граничниот премин „Јариње“, но биле спречени од косовските специјалци, јавија дел од српските медиуми. РТС пренесува дека денеска тие тргнале во „хуманитарна Бајк-рок мисија за да им пружат поддршка и помош на Србите“. Откако биле спречени да влезат, моторџиите првично најавиле дека поради одлуката на косовската полиција, тие ќе го блокираат „Јариње“ како реципрочна мерка, но по неколку часа се откажале. Претходно, дел од медиумите јавија дека со оклопни возила косовските специјалци се упатиле кон граничниот премиер бидејќи добиле информација оти моторџиите тргнале од централна Србија кон Косово. Портпаролот на полицијата за северниот регион, Ветон Ељашани за „Танјуг“ изјави дека полицијата нема да им дозволи да влезат бидејќи не се најавиле претходно. Како што пренесува РТС, целта на моторџиите била да се врачи хуманитарна помош за две семејства од Косовска Митровица и за обнова на црква кај Звечан. Организаторот на мисијата, Милиќ Радевиќ изјавил дека оваа акција во која се пружа хуманитарна помош постои веќе 18 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpski-motordhii-trgnaa-kon-kosovo-spetsijaltsi-gi-sprechija-na-jarine-video/feed/ 0
ОН повикаа да се спречи обновувањето на конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-povikaa-da-se-sprechi-obnovuvanjeto-na-konfliktot-megju-ermenija-i-azerbejdzan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-povikaa-da-se-sprechi-obnovuvanjeto-na-konfliktot-megju-ermenija-i-azerbejdzan/#respond Wed, 21 Dec 2022 10:01:21 +0000 https://kurir.mk/?p=778502

Обединетите нации ја повикаа меѓународната заедница да го спречи обновувањето на конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан, откако двете земји меѓусебно се обвинија дека го прекршуваат мировниот договор постигнат со посредство на Русија. Помошникот генерален секретар на ОН за политички прашања, Мирослав Јенча, рече дека обновениот конфликт веројатно ќе влијае на регионот на Јужен Кавказ, но и пошироко. Тој повика на зголемени дипломатски напори за постигнување трајно мирно решение меѓу Ерменија и Азербејџан „пред да биде предоцна“. Поранешните советски земји се во конфликт околу Нагорно Карабах со децении. Јенча рече дека постои „тронка надеж“ за напредок, но дека тензиите во зоната на конфликтот не се намалија како што се очекуваше по мировниот договор. Тој посочи дека неколку инциденти ги ескалирале тензиите, а последниот наводно се протестите во близина на руската мировна станица на патот Лачин, меѓу Ерменија и Нагорно Карабах. Јенча рече дека е соопштено дека протестите се против „нелегалната експлоатација на минерални суровини и еколошките влијанија врз животната средина“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-povikaa-da-se-sprechi-obnovuvanjeto-na-konfliktot-megju-ermenija-i-azerbejdzan/feed/ 0
Вучиќ за ситуацијата на Косово: На раб на конфликт https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-za-situacijata-na-kosovo-na-rab-na-konflikt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-za-situacijata-na-kosovo-na-rab-na-konflikt/#respond Mon, 21 Nov 2022 21:50:55 +0000 https://kurir.mk/?p=764436

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по враќањето од Брисел и неуспехот од разговорите, во обраќање до нацијата вечерва изјави дека врз основа на разузнавачките податоци ситуацијата е на работ на конфликт и додаде дека неговото барање до Србите на Косово е да се обидат да го зачуваат мирот. Вучиќ посочи и дека на денешните разговори во Брисел албанската страна не сакала никакво компромисно решение во однос на регистарските таблички. -Денеска презентирав дека Србија нема проблеми со КС табличките и тоа го повторив во неколку наврати, доволно е што имаме статусно неутрални КС таблички. Но, другата страна реагираше многу негативно на тоа и рече дека времето на УНМИК одамна поминало, додаде Вучиќ. „Можеме да зборуваме за се и да ги отвориме сите теми, но она што треба да направиме е да го спроведеме она што е веќе потпишано и е на сила, и кога го велите тоа ја гледате целата суштина на проблемот и гледате дека има обид да ни кажат дека можеби еден ден ќе ја добиеме Заедницата на српските општини (ЗСО), но само кога на еден или друг начин ќе ја прифатиме независноста на Косово, заборавајќи дека ЗСО е производ на Бриселскиот договор, рече Вучиќ. Тој порача дека за Србија денеска ништо не било проблематично и дека е очигледно дека некој друг сакал конфликт и тоа го планира. -Не е случајно што вечерва сите полицајци што постојат во Приштина се испратени на четири места… Србите добро знаат дека не се обврзани да плаќаат харач што не е потпишан. Има гнев кај населението на северот на Косово… Знам дека голем дел од луѓето не ги интересира тоа што го зборувам. Мора да се обидеме да покажеме дека не сакаме конфликти ниту една секунда, да не ја користиме туѓата дрскост и ароганција за прифаќање конфликти. Мораме да дадеме се од себе за да го зачуваме мирот. Што се однесува до нас, Србија ќе почитува и нема да издава нови регистарски таблички, рече Вучиќ. Според него утре почнува тежок период, додавајќи дека е загрижен, но дека нема причина за паника и изјави дека вечерва ќе има средби и со министерот за одбрана Милош Вучевиќ и со началникот на Генералштабот Милан Мојсиловиќ, како и со Србите од Косово. Како што истакна, пред малку пристигнале најновите разузнавачки податоци. -Ситуацијата е тешка, на работ на конфликт, буквално, и знам дека претставниците на Србите ќе ми кажат дека им е доста од се и дека можат сите да загинат, но мора да знаат дека животот на сите нив ни е е поважен од се и дека мора да разберат. „Видов денеска колку пати Жосеп Борел ги предупреди претставниците на Приштина дека имаат разузнавачки информации за ситуацијата на теренот. И ние добивме разузнавачки информации дека ситуацијата е на работ на конфликт и Србите мора да ја разберат нашата молба и нашето барање“, рече Вучиќ. Тој ја повика меѓународната заедница и западните сили „да го запознаат Курти и другите во Приштина“ со познавањето на правото и на овој начин да го зачуваат мирот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-za-situacijata-na-kosovo-na-rab-na-konflikt/feed/ 0
Поради што е конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-shto-e-konfliktot-megju-ermenija-i-azerbejdzan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-shto-e-konfliktot-megju-ermenija-i-azerbejdzan/#respond Wed, 14 Sep 2022 06:33:41 +0000 https://kurir.mk/?p=732472

Десетици војници загинале во обновените борби меѓу Ерменија и Азербејџан. Но, која е причината за борбите? И како реагира сојузникот на Ерменија, Русија? Конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан тлее со децении и сега повторно се разгорува. Најважните прашања и одговори. Што се случи? Тешки борби меѓу Азербејџан и Ерменија избија во вторникот вечерта. Ерменското Министерство за одбрана соопшти дека Азербејџан ги нападнал ерменските позиции во близина на градовите Горис, Сотк и Џермук со артилерија и оружје од голем калибар. „Непријателот се обидува да напредува“, соопшти Министерството за одбрана во Ереван. Ерменскиот премиер Никол Пашинјан во парламентот извести дека се убиени 49 ерменски војници. Од друга страна, Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека борбите се предизвикани од масовниот обид за саботажа од страна на Ерменците. „Целата одговорност за ситуацијата е на воено-политичкото раководство на Ерменија“, се вели во соопштението. Дали е можен прекин на огнот? Беше објавено дека Азербејџан и Ерменија се договориле за прекин на огнот, кој треба да важи од 13 септември во 9 часот по локално време (7 часот по средноевропско време). Меѓутоа, азербејџанската новинска агенција Тренд известува дека прекинот на огнот траел само неколку минути. Ерменскиот премиер Пашинјан изјави во парламентот дека борбите продолжуваат. За што е конфликтот? Иако борбите сега се водат во пограничните региони, конфликтот во основа е фокусиран околу регионот Нагорно-Карабах. Областа припаѓа на Азербејџан, но претежно е населена со Ерменци. Ерменците и Азербејџанците се натпреваруваат за оваа област од почетокот на 20 век. Кога Советскиот Сојуз се распадна на крајот на векот, ерменските сили обезбедија контрола врз областа во војната од 1992 до 1994 година и окупираа големи делови од Азербејџан. Во 2020 година, Азербејџан ги врати териториите и зазеде стратешки важни точки во Нагорно-Карабах. Најмалку 6.500 луѓе загинаа во борбите таа година. Шестнеделните борби завршија со договор за прекин на огнот со посредство на Русија. Во април 2022 година, Ерменија и Азербејџан објавија дека сакаат да преговараат за мировен договор за Нагорно-Карабах со посредство на ЕУ. Според Ерменците, треба да се формира комисија која ќе се занимава со прашања за безбедност и стабилност долж границата. Во Ерменија, илјадници луѓе протестираа против можните отстапки за Азербејџан. Какви се реакциите на обновените борби? Според неговиот кабинет, ерменскиот премиер Никол Пашинјан телефонски разговарал со американскиот државен секретар Антони Блинкен, со рускиот претседател Владимир Путин, францускиот претседател Емануел Макрон и со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел. Тој повикува на „соодветна реакција од меѓународната заедница“ на активностите на Азербејџан. Според ерменски извори, Мишел кажал дека ЕУ е „подготвена да вложи напори за да спречи понатамошна ескалација“ и изјавил дека „нема алтернатива за мирот и стабилноста во регионот“. Ерменскиот министер за одбрана Сурен Папикјан изјави дека разговарал со неговиот руски колега Сергеј Шојгу. Двајцата „се договориле да ги преземат неопходните чекори за стабилизирање на ситуацијата“. Не е јасно што точно значи тоа. Москва ги повика двете земји да го почитуваат договорот за прекин на огнот. Ерменија е сојузник со Русија. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на Твитер напиша дека разговарал со својот азербејџански колега за „ерменските провокации“. „Ерменија треба да престане со провокациите и да се концентрира на мировните преговори и соработката со Азербејџан“, рече Чавушоглу. Азербејџан е сојузник со Турција. Дали конфликтот може да има влијание и на војната во Украина? Тешко е да се каже во моментов. Меѓутоа, во 2020 година Русија испрати илјадници свои војници во регионот Нагорно-Карабах за да го надгледуваат прекинот на огнот. Конфликтот е товар и за руската војска, која деновиве трпи тешки порази во војната против Украина. Германија и Азербејџан – немаше ли нешто? Во минатото, авторитарниот режим на Азербејџан се обиде да го полира својот имиџ и постојано се обидуваше да се доближи до германските политичари. Аферата со Азербејџан беше за лоби-мрежа за која се вели дека ја основал поранешниот државен секретар на ЦСУ, Едуард Линтнер. Пратеничката на ЦДУ, Карин Стренц, која во меѓувреме почина, наводно водела кампања за интересите на диктаторот Илхам Алиев. Политичарот на ЦДУ, Томас Бареис, исто така одржувал контакти со сомнителни политичари и лобисти. 14 септември 2022 (Шпигел)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-shto-e-konfliktot-megju-ermenija-i-azerbejdzan/feed/ 0
НАТО: Русија е целосно одговорна за овој конфликт https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nato-rusija-e-celosno-odgovorna-za-ovoj-konflikt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nato-rusija-e-celosno-odgovorna-za-ovoj-konflikt/#respond Fri, 25 Feb 2022 21:51:04 +0000 https://kurir.mk/?p=636915

Русија е целосно одговорна за овој конфликт и светот мора да го осуди. Ова се наведува во соопштението на шефовите на држави и влади на земјите од НАТО, усвоено на денешниот вонреден состанок на интернет. -Никој не треба да биде измамен од бранот лаги на руската влада. Силно ја осудуваме целосната инвазија на Русија на Украина со поддршка на Белорусија, се вели во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nato-rusija-e-celosno-odgovorna-za-ovoj-konflikt/feed/ 0
Жител на Велес избрка попишувач: „Ми доаѓаш на врата без маска“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zitel-na-veles-izbrka-popishuvach-mi-doagjash-na-vrata-bez-maska-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zitel-na-veles-izbrka-popishuvach-mi-doagjash-na-vrata-bez-maska-video/#respond Wed, 08 Sep 2021 12:48:01 +0000 https://kurir.mk/?p=560999

На социјалните мрежи денеска масовно се споделува видео кое го снимил жител од Горно Оризади, Велес на кое се гледа и слуша како тој брка попишувач од својот двор. Снимателот, односно жителот обвинува дека попишувачот кај него се појавил без маска и притоа не се легитимирал. Вчера градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски на прес-конференција информираше дека на првиот ден од пописот ниту еден од попишувачите не бил вратен од домовите на граѓаните и податоците биле успешно внесени во системот, денес ова видео сведочи за конфликт помеѓу граѓанин кој треба да биде попишан и попишувач. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zitel-na-veles-izbrka-popishuvach-mi-doagjash-na-vrata-bez-maska-video/feed/ 0
Етиопија ја почна „последна“ офанзива во конфликтот во Тиграј https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopija-ja-pochna-posledna-ofanziva-vo-konfliktot-vo-tigraj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopija-ja-pochna-posledna-ofanziva-vo-konfliktot-vo-tigraj/#respond Thu, 26 Nov 2020 08:30:08 +0000 https://kurir.mk/?p=434604

Армијата на Етиопија доби наредба да почне „финална“ офанзива во конфликтот на земјата со регионот Тиграј, соопшти денеска етиопскиот премиер Абиј Ахмед. Објавата доаѓа непосредно по истекот на рокот од 72 часа, кој Владата му го даде на фронтот за народно ослободување на Тигреј (ТПЛФ) да се предаде и да стави крај на бунтот. – Илјадници припадници на милицијата на Тиграј и на специјалните сили се предадоа за време на ултиматумот од 72 часа кој го дадовме, рече Абиј во објава на Фејсбук, посочувајќи дека офанзивата ќе се фокусира на оние кои не го сториле тоа. „Ги повикуваме жителите на Мекеле да го положат оружјето, да останат внатре и да не се доближуваат до воените цели, додаде Абиј, мислејќи на главниот град на Тиграј. Тој го увери населението дека „максимално ќе се внимава“ за да се заштитат цивилите, како и верските институции, местата кои се културно наследство и клучната инфраструктура. Абиј вчера и порача на меѓународната заедница да не се меша во конфликтот. Нобеловецот Абиј, кој минатата година ја доби Нобеловата награда за постигнување мир со соседна Еритреја, е под голем притисок од почетокот на овој месец, кога распореди војници за да го задуши бунтот на ТПЛФ. ТПЛФ долго време доминираше во политиката во Етиопија, но откако ја презеде функцијата во 2018 година, реформаторот Абиј се соочи со елитите во Тиграј и ги отстрани од владините и државните институции. Двете страни пријавија крвопролевање, но исклучувањето на интернетот и блокираните телефонски линии не дозволуваат да се сфати што се случува на терен во Тиграј. За сега се знае дека досега се убиени стотици луѓе, а повеќе од 40 000 Етиопијци кои избегале од борбите влегле во соседен Судан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopija-ja-pochna-posledna-ofanziva-vo-konfliktot-vo-tigraj/feed/ 0
Вестбрук ги демантираше информациите за конфликтот со Харден https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vestbruk-gi-demantirashe-informaciite-za-konfliktot-so-harden/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vestbruk-gi-demantirashe-informaciite-za-konfliktot-so-harden/#respond Sat, 14 Nov 2020 09:45:52 +0000 https://kurir.mk/?p=429363

Кошаркарот на Хјустон рокетс, Расел Вестбрук ги демантираше информациите на новинарот Стивен Еми Смит за наводен негов конфликт со првата ѕвезда на „ракетите“, Џејмс Харден. Смит најави и можно заминување на Вестбрук од Хјустон. -Ова е целосно измислена информација. Добра ноќ на сите! – напиша Вестбрук под објавата на новинарот Смит од „ЕСПН“ на Инстаграм. Претходно беше објавено дека 32-годишниот Американец е незадоволен од тоа како тече неговата кариера во Хјустон и дека не сака да игра со Харден. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vestbruk-gi-demantirashe-informaciite-za-konfliktot-so-harden/feed/ 0
Црна Гора: Неколку повредени во конфликт меѓу приврзаници на ДПС и опозицијата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-nekolku-povredeni-vo-konflikt-megju-privrzanici-na-dps-i-opozicijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-nekolku-povredeni-vo-konflikt-megju-privrzanici-na-dps-i-opozicijata/#respond Tue, 01 Sep 2020 07:23:03 +0000 https://kurir.mk/?p=397579

Неколку лица синоќа се повредени во подрачјето на градот Подгорица, во судир меѓу приврзаници на ДПС и опозициските коалиции. Полицијата спречила потежок инцидент која ги разделила двете групи, јави подгоричкиот весник „Вијести“. Наводно, приврзаници на ДПС славеле во кафулето „Штрафта“ кога дошла група симпатизери на опозицијата и ги нападнала, информира „Вијести“, повикувајќи се на неофицијални извори од црногорската полиција. Илјадници луѓе синоќа се собраа на улиците во Подгорица за да го прослават успехот на опозицијата на парламентарните избори во неделата. Синоќа во повеќе црногорски градови се одржаа и собири и литии поради повод контроверзниот Закон за слобода на вероисповед. Освен во Подгорица, каде илјадници луѓе се собраа пред црквата Христово воскресение, собири се одржаа и во Бијело Поље, Бар, Беране и Даниловград. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-nekolku-povredeni-vo-konflikt-megju-privrzanici-na-dps-i-opozicijata/feed/ 0