конфликти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Jan 2021 10:49:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png конфликти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Немири во Портланд и Сиетл поради инаугурацијата на Бајден – антивладини демонстранти се судрија со полицијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-nemiri-vo-portland-i-sietl-poradi-inauguracijata-na-bajden-antivladini-demonstranti-se-sudrija-so-policijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-nemiri-vo-portland-i-sietl-poradi-inauguracijata-na-bajden-antivladini-demonstranti-se-sudrija-so-policijata/#respond Thu, 21 Jan 2021 10:49:54 +0000 https://kurir.mk/?p=457957

Антивладини демонстранти во Портланд и Сиетл ги разбија канцелариите на Демократската партија и некои други објекти, за време на синоќешниот конфликт со полицијата, протестирајќи против инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден. Како што пренесуваат странските агенции, луѓе облечени во црно, со маски на лицето, кршеле прозорци и врати во канцеларијата на Демократската партија во Портланд. „Осум лица се уапсени во Портланд под сомнение за насилство и несовесно подметнување пожар, додека уште две лица беа уапсени во Сиетл, едното за напад, другото за уништување на имот“, соопшти полицијата. Пред да упаднат во канцеларијата на Демократската партија во Портланд, група од околу 150 лица се судри со полицијата. Во Сиетл, полицијата истакна дека неколку места во градот биле вандализирани.(МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-nemiri-vo-portland-i-sietl-poradi-inauguracijata-na-bajden-antivladini-demonstranti-se-sudrija-so-policijata/feed/ 0
Гутереш: Конфликтите во светот мора итно да прекинат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-konfliktite-vo-svetot-mora-itno-da-prekinat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-konfliktite-vo-svetot-mora-itno-da-prekinat/#respond Thu, 13 Aug 2020 06:37:18 +0000 https://kurir.mk/?p=390025

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди дека конфликтите во светот мора итно да запрат, затоа што пандемијата не само што е закана за напредок во борбата против гладот ​​и сиромаштијата во светот, туку исто така се заканува дека ќе ги продлабочи постојните конфликти и ќе го охрабри избувнувањето на нови. На состанокот на Советот за безбедност на ОН синоќа тој изјави дека неговата последен апел на 23 март за итен прекин на огнот во сите конфликти на планетата со цел човештвото да се бори против пандемијата на коронавирус, резултираше со бројни примери на намалување на конфликтот и прекинување на вооружените операции. „За жал, во многу случаи, пандемијата не беше доволна причина за спротивставените страни да се договорат за постојан прекин на огнот и прекин на непријателствата“, додаде Гутереш.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-konfliktite-vo-svetot-mora-itno-da-prekinat/feed/ 0
СИПРИ: Коронавирусот ќе ги заостри конфликтите низ светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sipri-koronavirusot-kje-gi-zaostri-konfliktite-niz-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sipri-koronavirusot-kje-gi-zaostri-konfliktite-niz-svetot/#respond Tue, 12 May 2020 09:26:01 +0000 https://kurir.mk/?p=344896

Една од најтешките последици од пандемијата на коронавирусот е пролонгирањето на мирот на неопределено време во многу конфликтни точки низ светот, пишува „Дојче веле“. Според директорот на Стокхолмскиот институт за истражувања на мирот – СИПРИ (SIPRI), Дан Смит, во моментов постои опасност од заострување на меѓународните конфликти и зголемување на теророт како последица на кризата со коронавирусот. -Овој заклучок најмногу се однеусва на Ирак и Сирија, подвлекува Смит. Во Ирак има присуство на податоци за обновување активностите на терористичката група Исламска држава. Во Јемен позициите на противниците може да се зацврстат, а во Авганистан се забележува засилување на активностите на радикалните талибанци. Смит подвлекува дека ново засилување на тензиите им се заканува на државите од Африканскиот рог и деловите од Западна Африка, како Нигерија или Мали. Заради ширењето на заразата во некои од овие региони инфраструктурата на државата е многу ослабена. Луѓето не ја добиваат поддршката која ја очекуваат и од која имаат потреба. Некои од нив ќе се приклучат кон насилните милиции, за да добијат помош и достап до храна, смета директорот на институтот. Претседателот на тинк-тенк групата за меѓународни кризи, Роберт Мали, исто така, смета дека во моментов постои ризик од зголемување на меѓународните тензии. Падот на економијата заради кризата со коронавириусот ќе се одрази во сите конфликтни точки низ светот. -Се наоѓаме на почетокот на ера од конфликти, кои во оделните држави ќе се засилуваат еден по друг, тврди тој. Непосредно пред почетокот на кризата многу луѓе го изразија своето незадоволство од политиката во Хонг Конг, Ирак, Судан, Либија, Алжир и Латинска Америка, излегувајќи на улиците. Главните причини за тоа беа континуираната рецесија, недостигот од храна, на работни места и плати, кои како резултат на пандемијата уште повеќе ќе се влошуваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sipri-koronavirusot-kje-gi-zaostri-konfliktite-niz-svetot/feed/ 0
„Спасете ги децата“: Над 350 милиони деца живеат во зони на конфликт https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spasete-gi-decata-nad-350-milioni-deca-ziveat-vo-zoni-na-konflikt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spasete-gi-decata-nad-350-milioni-deca-ziveat-vo-zoni-na-konflikt/#respond Thu, 15 Feb 2018 08:12:48 +0000 http://kurir.mk/?p=21666

Повеќе деца од кога и да е живеат во зони на конфликт, каде им се заканува смрт и насилство, се наведува во извештајот на хуманитарната организација „Спасете ги децата“. Најопасни држави за младите се Сирија, Авганистан и Сомалија. - Најмалку 357 милиони деца или едно од шест деца ширум светот, живеат во конфликтни зони, што претставува зголемување од 75 проценти во однос на раните 90-ти години, се наведува во извештајот на Организацијата. Експертите посочуваат дека долготрајните конфликти и зголемувањето на бројот на училишта и болници кои се цел на напади ја зголемуваат опасноста за децата, велат експертите. Голема опасност со која се соочуваат се и киднапирањата и сексуалното насилство. - Гледаме шокантно зголемување на бројот на деца кои растат во областите погодени од конфликти и се изложени на најлошите форми на насилство што можете да ги замислите. Децата се изложени на страдање со какво ниту едно дете не би смеело да се соочи: од сексуална злоупотреба до тоа да бидат користени за самоубиствени бомбашки напади. Нивните домови, училишта и игралишта стануваат бојно поле, изјави претседателката на „Спасете ги децата“ Хеле Торнинг-Шмит, која е поранешен премиер на Данска. Според податоците на ОН над 73.000 деца биле убиени или осакатени во 25 конфликти од 2005 година, кога почнала да се води таква статистика. Од 2010 година, бројот на убиени или осакатени деца, за кои ОН има потврда, е зголемен за речиси 300 отсто. На Блискиот Исток, две петтини од децата, или 40 проценти, живеат во конфликтни зони. Според овој индикатор, регионот е рангиран на прво место во светот, по што следи Африка, каде 20 отсто од децата живеат во такви услови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spasete-gi-decata-nad-350-milioni-deca-ziveat-vo-zoni-na-konflikt/feed/ 0