Конго-кримска хеморагична треска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Aug 2023 05:45:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Конго-кримска хеморагична треска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Не е заразен секој крлеж, но конго-кримска хеморагична треска е сериозна болест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-e-zarazen-sekoj-krlezh-no-kongo-krimska-hemoragichna-treska-e-seriozna-bolest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-e-zarazen-sekoj-krlezh-no-kongo-krimska-hemoragichna-treska-e-seriozna-bolest/#respond Wed, 16 Aug 2023 05:45:17 +0000 https://kurir.mk/?p=867186

Не секој крлеж е заразен, но конго-кримска хеморагична треска е сериозна болест, предупредуваат експерти. Три случаи се евидентирани сега во земјава. Во првиот случај, почина 27-годишна пациентка, по инфекција со каснување од крлеж. Во вториот случај се работи за болничарка, која се лекува на Инфективна клиника и сега е во стабилна состојба. Третиот случај кај нас е 42-годишен велешанец, а можниот начин на зараза е неговото рибарење.   Прва епидемија кај нас во 1971 година   Според податоците на Институтот за јавно здравје, прва епидемија од ова зболување кај нас е евидентирана во 1971 година. Притоа, заболеле 13 лица со два смртни исхода во едно семејство во тетовското село Чифлик. По оваа епидемија, лабораториски е потврден еден случај во 2010 година. Со оглед дека постојат услови за природни жаришта и на други подрачја во земјава, ова заболување претставува потенцијална опасност. Од соседните земји, болеста е ендемска во Косово, а регистрирани се спорадични случаи и во неколку други европски земји. Пренесување, знаци, симптоми Вирусот се пренесува на луѓето или по каснување од крлеж, или преку контакт со заразена крв или животински ткива, за време и непосредно по колењето на животните. Поголемиот дел од случаите на заболување се однесуваат на луѓе кои се вклучени во работа со добиток, како што се земјоделските работници, работници во кланици и ветеринарите. Преносот од човек на човек може да се случи како резултат на близок контакт со крв, излачевини, органи или други телесни течности на заболените лица. Должината на периодот од заразување до појава на симптоми зависи од начинот на стекнување на вирусот. По инфекцијата со каснување од крлеж, периодот е обично еден до три дена, со максимум од девет дена. Периодот по контакт со заразена крв или ткива е обично пет до шест дена, со документирани максимум 13 дена. Почетокот на болеста е ненадеен, со главоболка, висока температура, болки во грбот, болки во зглобовите, болки во стомакот и повраќање. - Црвени очи, зацрвенето лице, црвено грло и црвени дамки на непцето, се исто така присутни. Може да се јави жолтица, а во потешки случаи, промени во расположението. Како што напредува болеста, на телото на заболениот се јавуваат големи делови со модрици, како и крварење од носот. Закрепнувањето е бавно, се истакнува во описот. Заштита и контрола на заболувањето За намалување на ризикот од пренос од крлеж на човек - доколку престојувате во место каде што има крлежи, носете облека која нема да остава откриени делови од телото – покријте ги рацете, нозете и другите експонирани делови - врат, глава; носете светло обоена облека за да се овозможи лесно откривање на крлежи на облеката; испрскајте ја облеката со спреј на база на синтетски пиретроид – перметрин или употребете купена, специјално третирана со перметрин облека, за да се намали можноста за закачување на крлежите на облеката. Внимавајте да не прскате од спрејот на кожата на откриените делови од телото; дополнителна заштита ќе ви обезбедат репелентите против крлежи и инсекти со посебна состојка, кои можат да се нанесуваат на гола кожа. За постигнување на максимален ефект, нанесувајте репелент на секои 1-2 часа, ако престојот во ризични предели е подолготраен - поновите хемиски производи овозможуваат заштита од 8-12 часа. Употребувајте ги според пропишаното упатство, бидејќи при честа и ексцесивна употреба кај деца, иако ретко, можни се несакани ефекти во смисла на сериозни невролошки компликации, после можна експозиција на убоди од крлежи, направете детална проверка на своето тело и облека, како и на телото и облеката на вашите децата. Посебно внимание посветете им на влакнестите делови од телото, каде крлежите најчесто се закачуваат, вклучително и главата, вратот и пределот зад ушите, особено кај децата. Крлежите исто често се закачуваат во прегибите на телото - во пазувите, во препоните, под градите кај жените, стомачните прегиби и слично; настојувајте да ги контролирате животните за присуство на крлежи и доколку има соодветно да се елиминираат; и избегнувајте региони каде се присутни крлежи и делови од годината кога се тие најактивни. Кога станува збор за намалување на ризикот од пренос од животно на човек, се препорачуваат ракавици и друга заштитна облека додека лицата се ракуваат со животни или нивни ткива во ендемични области, особено за време на колење, карантин на животните пред да влезат во кланици или рутински да се третираат со пестициди, две недели пред колењето. - Намалување на ризикот од пренос од човек на човек - избегнете близок физички контакт со лица заболени, носете ракавици и заштитна опрема кога се грижите за болните луѓе, редовно мијте ги рацете со вода и сапун после активностите за грижа, нега или посетата на болните луѓе, се наведува во препораките од Институтот за јавно здравје. Во државава пристигна и лекот „рибавирин“, како што беше појаснето, тој се дава само во ситуација кога се нема друг избор, кај пациенти со исклучително тешка клиничка слика. Надлежните велат дека нема простор за паника, но, при каснување од крлеж брзо да се побара медицинска помош, а не да се третира ситуацијата дома. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-e-zarazen-sekoj-krlezh-no-kongo-krimska-hemoragichna-treska-e-seriozna-bolest/feed/ 0
Петличковски: Нема простор за паника во врска со конго-кримската хеморагична треска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-nema-prostor-za-panika-vo-vrska-so-kongo-krimskata-hemoragichna-treska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-nema-prostor-za-panika-vo-vrska-so-kongo-krimskata-hemoragichna-treska/#respond Tue, 15 Aug 2023 12:38:06 +0000 https://kurir.mk/?p=866959

Нема место за паника, апсолутно ниту е потребна, ниту е продуктивна на некој начин, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, во врска со конго-кримската хеморагична треска од која во земјава се регистрирани три случаи. По состанокот инициран од министерот за здравство Фатмир Меџити, во кој освен членовите од Комисијата за заразни болести учествуваа и претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, претставници од Факултетот за ветерина и од центрите за јавно здравје од Штип и Велес, Петличковски информираше дека се работи за болест за која што како држава важиме за ендемско подрачје, а заклучоците од Комисијата, како што рече, се во насока на превентивни мерки. - Информирање на населението и на здравствените работници на кој начин се добива болеста, размислување за оваа болест кога ќе има сомнителни случаи и брзо процесирање, односно испраќање на сомнителните случаи до институциите, односно до одделите за инфективна патологија или до Клиниката за инфективни болести, рече Петличковски. Тестови за оваа болест, како што кажа, во моментот има доволно, а дополнителна количина е нарачана и се очекува да пристигне. - И терапијата којашто има некаков ефект, е достапна што значи дека колку што може да биде подготвена една држава за ваква ендемска болест, ние сме подготвени, истакна Петличковски. Посочи дека оваа болест не се пренесува лесно, а пренесувањето е исклучиво по пат на каснување од крлеж кој што е заразен со вирусот. - Крлежи има особено во летните месеци, а затоплувањето на глобално ниво исто така придонесува за нивна поинтензивна активност. Меѓутоа, не секој крлеж е заразен со некој вирус. Така што, не се забранува на луѓето да одат на отворени површи, но, кога ќе излегуваат треба да имаат предвид и да бидат заштитени, нагласи Петличковски. Според него, риболовците, ловџиите и сточарите се најмногу изложени на оваа опасност, како и здравствените работници заради контакт со телесните секрети од заразените. Состојбата на пациентите заразени со вирусот, како што информираше Петличковски, е добра. - Болничарката е во сосем добра состојба. За неа кризата е помината и се очекува комплетно опоравување. Третиот пациент, рибарот од Велес е во добра состојба во моментов, меѓутоа има уште неколку дена во кои може да се случи промена. Се надевам дека тоа нема да дојде, и повторно доколку дојде до влошување на состојбата терапијата е тука. Така што, се надеваме на добар развој и тука, рече Петличковски. Морбидитетот на болеста, како што рече, е сериозен, но, исто така, нагласи дека има различни видови на вирусот, од кои дел се поврзани со висока смртност, а некои со ниска. - Откриваме дека стоката, животните во Македонија, се изложени на вирусот постојано. Значи не е тоа вирус што се појавил годинава, бидејќи истражуваат покажуваат дека некаде над 30 проценти од говедата, овците, козите се со прележан вирус, односно биле во контакт со вирусот. Меѓутоа немаме информации за хоспитализирани случаи од предизвикани од овој вирус, што значи дека вирусот е тука, меѓутоа, можно е поблагата варијанта да циркулира низ стоката, посочи Петличковски. Комисијата бара и организирање на акциски план во кој ќе се направи проценка на преваленцата на наоѓањето, односно колку често овие крлежи ги има во различните региони по што треба да следува дезинсекција која се смета за клучна превентивна мерка за намалување на ризикот од појава на оваа болест. Во однос на резултатите од анализите од заловените крлежи, тој рече дека сѐ уште немаат резултати, но, дека очекуваат таа мерка да се спроведува и во следните две-три недели со цел да се добие репрезентативен број, односно што повеќе заловени крлежи, за да можат да идентификуваат евентуално дали се тие заразени со вирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-nema-prostor-za-panika-vo-vrska-so-kongo-krimskata-hemoragichna-treska/feed/ 0
Семејството на рибарот и петмина вработени во велешката болница под надзор по третиот случај на конго кримската хеморагична треска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semejstvoto-na-ribarot-i-petmina-vraboteni-vo-veleshkata-bolnitsa-pod-nadzor-po-tretiot-sluchaj-na-kongo-krimskata-hemoragichna-treska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semejstvoto-na-ribarot-i-petmina-vraboteni-vo-veleshkata-bolnitsa-pod-nadzor-po-tretiot-sluchaj-na-kongo-krimskata-hemoragichna-treska/#respond Mon, 14 Aug 2023 13:24:10 +0000 https://kurir.mk/?p=866578

Третиот случај на конго-кримска хеморагична треска кај нас е 42-годишен велешанец, а можниот начин на зараза е неговото рибарење покрај дел на Вардар, каде што има доста влага, каде што има трева, трња и слично. Ова денеска во изјава за медиумите го соопшти директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ. Таа информираше и дека епидемиолози, како и Агенцијата за храна и ветеринарство и Факултетот за ветеринарна медицина, се вклучени во следењето на состојбата со конго-кримска хеморагична треска и работат на терен, заловуваат и испитуваат инсекти. Стевановиќ појасни дека конго-кримска хеморагична треска ја пренесува крлеж. Но, како што посочи, таа може да биде пренесена и од консумирање на несоодветно или млеко, месо, што не е третирано добро. - Најчесто се пренесува кај луѓе кои се професионално оптоварени, здравствени работници во текот на работата со пациентите, сточарите, риболовците, ловџиите со диви укасувања од инсекти. Оние кои ги колат и обработуваат месните продукти на евентуално заболени животни. Тоа е начинот на пренос, додаде Стевановиќ. Конкретно кај овој, трет пациент, таа рече дека тој самиот не бил свесен дека го каснал крлеж. Но, тоа не секогаш може да биде забележано. Под медицински надзор, одговори таа на новинарско прашање, покрај неговото четиричлено семејство, има уште пет лица кои работеле со пациентот во велешката болница. Стевановиќ, меѓу другото, апелираше сите кои се движат во природа, како рибари, ловџии, планинари, да носат високи чизми, високи чорапи, светла облека за полесно да забележат инсект, а здравствените работници никако да не го забораваат основниот протокол за заштита при работа за секој пациент. Ова е трет случај со конго-кримска хеморагична треска во земјава. Во првиот случај со директно заразување, почина 27-годишна пациентка, по инфекција со каснување од крлеж. Во вториот случај се работи за болничарка, која моментално се лекува на Инфективната клиника, а нејзината состојба, како што беше кажано, е стабилна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semejstvoto-na-ribarot-i-petmina-vraboteni-vo-veleshkata-bolnitsa-pod-nadzor-po-tretiot-sluchaj-na-kongo-krimskata-hemoragichna-treska/feed/ 0
Рибарењето покрај Вардар е можен начин за зараза на третиот случај на конго-кримска хеморагична треска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ribareneto-pokraj-vardar-e-mozhen-nachin-za-zaraza-na-tretiot-sluchaj-na-kongo-krimska-hemoragichna-treska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ribareneto-pokraj-vardar-e-mozhen-nachin-za-zaraza-na-tretiot-sluchaj-na-kongo-krimska-hemoragichna-treska/#respond Mon, 14 Aug 2023 12:52:34 +0000 https://kurir.mk/?p=866543

Третиот случај на конго-кримска хеморагична треска кај нас е 42-годишен велешанец, а можниот начин на зараза е неговото рибарење покрај дел на Вардар, каде што има доста влага, каде што има трева, трња и слично. Ова денеска во изјава за медиумите го соопшти директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ. Таа информираше и дека епидемиолози, како и Агенцијата за храна и ветеринарство и Факултетот за ветеринарна медицина, се вклучени во следењето на состојбата со конго-кримска хеморагична треска и работат на терен, заловуваат и испитуваат инсекти. Стевановиќ појасни дека конго-кримска хеморагична треска ја пренесува крлеж. Но, како што посочи, таа може да биде пренесена и од консумирање на несоодветно или млеко, месо, што не е третирано добро. - Најчесто се пренесува кај луѓе кои се професионално оптоварени, здравствени работници во текот на работата со пациентите, сточарите, риболовците, ловџиите со диви укасувања од инсекти. Оние кои ги колат и обработуваат месните продукти на евентуално заболени животни. Тоа е начинот на пренос, додаде Стевановиќ. Конкретно кај овој, трет пациент, таа рече дека тој самиот не бил свесен дека го каснал крлеж. Но, тоа не секогаш може да биде забележано. Под медицински надзор, одговори таа на новинарско прашање, покрај неговото четиричлено семејство, има уште пет лица кои работеле со пациентот во велешката болница. Стевановиќ, меѓу другото, апелираше сите кои се движат во природа, како рибари, ловџии, планинари, да носат високи чизми, високи чорапи, светла облека за полесно да забележат инсект, а здравствените работници никако да не го забораваат основниот протокол за заштита при работа за секој пациент. Ова е трет случај со конго-кримска хеморагична треска во земјава. Во првиот случај со директно заразување, почина 27-годишна пациентка, по инфекција со каснување од крлеж. Во вториот случај се работи за болничарка, која моментално се лекува на Инфективната клиника, а нејзината состојба, како што беше кажано, е стабилна. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ribareneto-pokraj-vardar-e-mozhen-nachin-za-zaraza-na-tretiot-sluchaj-na-kongo-krimska-hemoragichna-treska/feed/ 0
Стевановиќ: Пациентот позитивен на конго кримската хеморагична треска е хоспитализиран и во добра општа состојба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stevanovik-patsientot-pozitiven-na-kongo-krimskata-hemoragichna-treska-e-hospitaliziran-i-vo-dobra-opshta-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stevanovik-patsientot-pozitiven-na-kongo-krimskata-hemoragichna-treska-e-hospitaliziran-i-vo-dobra-opshta-sostojba/#respond Mon, 14 Aug 2023 12:10:54 +0000 https://kurir.mk/?p=866533

Пациентот е хоспитализиран кај нас и е во добра општа состојба. Тој пет дена наназад се жалел на покачена температура, главоболка и на мускулно-зглобни болки, поради што и побарал лекарска помош. Ја следиме неговата состојба, изјави денеска директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ, во врска со четириесет и двегодишен велешанец, кој е трет случај на конго кримската хеморагична треска. Таа информираше дека во саботата вечер е донесен суспектен пациент со конго кримска треска од велешката Болница и во текот на вечерта неговата дијагноза е потврдена. -Лабораториски анализите беа со намалени тромбоцити во текот на вчерашниот ден, но со соодветна супституција. Ние ова го третираме мултидисциплинарно во консултација со колегите од транфузиологија. Денешните анализи се уредни, но тоа не значи дека нема да имаме тек и развој на болеста, се надеваме поволен, како што беше и кај претходната пациентка, рече Стевановиќ. Во однос на вработената од Инфективната клиника која беше инфицирана во текот на својата работа, Стевановиќ посочи дека таа е стабилна и добра, опоравувањето е во тек и не очекуваат компликации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stevanovik-patsientot-pozitiven-na-kongo-krimskata-hemoragichna-treska-e-hospitaliziran-i-vo-dobra-opshta-sostojba/feed/ 0
Нов случај на Конго-кримска хеморагична треска, нема поврзаност со претходниот случај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-sluchaj-na-kongo-krimska-hemoragichna-treska-nema-povrzanost-so-prethodniot-sluchaj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-sluchaj-na-kongo-krimska-hemoragichna-treska-nema-povrzanost-so-prethodniot-sluchaj/#respond Mon, 14 Aug 2023 11:10:33 +0000 https://kurir.mk/?p=866514

Велешанец на возраст од 42 години е третиот пациент кој заболел од Конго-кримска хеморагична треска, потврдуваат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Оттаму велат дека во моментов, пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и е во стабилна општа состојба. Нема поврзаност со претходниот случај. „Заболеното лице е маж на возраст од 42 години, од Велес, трансфериран на Клиниката од општа болница Велес, истиот ден. Почетокот на симптомите на покачена температура до 38 степени, главоболка, болка по телото, малаксаност и обилно потење, е 5 дена пред преглед во општата болница во Велес. Веднаш е известен ЦЈЗ Велес да формира тим кој направи епидемиолошка анкета на заболениот, проценка на ризик во семејството и на лицата кои биле во контакт во здравствените установи“, наведено е во информацијата од ИЈЗ. Во 13:30 часот директорката на Инфективна клиника ќе даде изјава за медиумите по повод состојбата со Конго-кримска хеморагична треска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-sluchaj-na-kongo-krimska-hemoragichna-treska-nema-povrzanost-so-prethodniot-sluchaj/feed/ 0
Стабилна е состојбата на болничарката од Инфективна заболена од конго-кримска хеморагична треска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stabilna-e-sostojbata-na-bolnicharkata-od-infektivna-zabolena-od-kongo-krimska-hemoragichna-treska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stabilna-e-sostojbata-na-bolnicharkata-od-infektivna-zabolena-od-kongo-krimska-hemoragichna-treska/#respond Tue, 08 Aug 2023 11:29:57 +0000 https://kurir.mk/?p=864621

Засега стабилна е состојбата на болничарката од Инфективната клиника која заболе од конго-кримска хеморагична треска, истакна денеска докторт Добринка Наунова Јовановска. Параметрите континуирано се следат за да не дојде до влошување на состојбата. Докторката истакна дека кај оваа болест многу е важна супортивната терапија со која се надогнадува се што организмот губи. -Таа е петти ден болна. Самата болест има своја еволуција, првите денови не се лоши, но подоцна може да се влоши состојбата. Затоа добро се следат сите параметри кај пациентката за да може да се интервенира. Сега нема крварења, појасни Наунова Јовановска. Таа посочи и како можеби болничарката дошла во контакт со заразениот материјал од пациентката која со оваа болест претходно беше хоспитализарана, и која за жал почина. -Шансите за зараза се многу мали, но пациентката имаше ненормално големи количини на секрет, крварења итн, тие се заразните содржините кои можеле да бидат пренесени. Болничарката била заштитена додека работела со пациентката, но потоа кога ги симнала ракавиците, маската можно е да прсне нешто во слузницата или очите. Се е можно кога постои толку голема количина на заразен материјал и затоа треба многу да се внимава, појасни Наунова Јовановска. Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Рената Младеновска, истакна дека 40 лица се под здравствена надзор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stabilna-e-sostojbata-na-bolnicharkata-od-infektivna-zabolena-od-kongo-krimska-hemoragichna-treska/feed/ 0
40 ЛУЃЕ ПОД ЗДРАВСТВЕН НАДЗОР – по двата случаи на конго-кримската хеморагична треска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/40-luge-pod-zdravstven-nadzor-po-dvata-sluchai-na-kongo-krimskata-hemoragichna-treska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/40-luge-pod-zdravstven-nadzor-po-dvata-sluchai-na-kongo-krimskata-hemoragichna-treska/#respond Tue, 08 Aug 2023 11:08:52 +0000 https://kurir.mk/?p=864612

Откако минатиот викенд, од конго-кримска хеморагична треска по каснување од заразен крлеж, почина млада жена од штипско, беа издадени решенија за изолација за 29 контакти, а една од хигиеничарките во Клиниката за инфективни болести пројави симптоми, Издадени се решенија за излоација за уште 11 контакти. – Што подразбира здравствениот надзор: контактите на пациентката ќе треба да се јавуваат и да бидат во постојан контакт со дежурниот епидемиолог од Центарот за јавно здравје. Да бидат во не класична изолација, но не треба да бидат во контакт со домашните, за да не се прошири оваа зараза и јас се надевам дека ова ќе биде и последниот случај. Што се однесува до претходните 29 контакти, од нив една, еве, се потврди како случај. Вкупно имаме издадено решенија за здравствен надзор на 40 луѓе. Од овие 11, десет луѓе се од потесното семејство на пациентката и еден контакт е колешка од Клиниката за инфективни болести – рече на денешната прес-конференција Рената Младеновска, директорка на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Таа додаде дека и и за Клиниката за инфективни болести било издадено решение за спроведување на протоколите при вакви случаи, а од таму ги известиле дека клиниката постапила по нивното решение и отстранети се недоследностите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/40-luge-pod-zdravstven-nadzor-po-dvata-sluchai-na-kongo-krimskata-hemoragichna-treska/feed/ 0
Мехмедовиќ: Без паника, не очекуваме повеќе случаи на конго-кримска хеморагична треска во блиска иднина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mehmedovik-bez-panika-ne-ochekuvame-poveke-sluchai-na-kongo-krimska-hemoragichna-treska-vo-bliska-idnina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mehmedovik-bez-panika-ne-ochekuvame-poveke-sluchai-na-kongo-krimska-hemoragichna-treska-vo-bliska-idnina/#respond Tue, 08 Aug 2023 09:32:30 +0000 https://kurir.mk/?p=864561

Не треба да се крева паника во однос на новата состојба со конго-кримска хеморагична треска, изјави за МИА, портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ. Тој подвлече дека не очекуваат да има повеќе случаи на конго-кримска хеморагична треска во блиска иднина. - Во однос на тоа каква е состојбата, какви се симптомите, кои се евентуалните компликации, што може да се направи во насока на тоа да се превенира болеста, мислам дека од Институтот за јавно здравје излегоа со информации за тоа. Комисијата за заразни болести апсолутно стои зад сето тоа што е направено од страна на Институтот за јавно здравје, мерките што се преземаат и препораките што се даваат, нагласи тој. Од она што го виделе, како што додаде тој, првиот случај е случај на директно заразување, а вториот е веројатно на пренесување преку контаминирана крв. - Не очекуваме да има повеќе случаи, меѓутоа ова не е првпат да се јавува во државава ваков тип на заболување, зборуваме конкретно за конго-кримска хеморагична треска. Дека го имало во минатото – го имало, дека се појавува во регионот – се појавува, дека ќе има вакви инцидентни појавувања – ќе има. Меѓутоа тоа не значи дека сме на раб на избивање на нова епидемија што ќе ги загрози сериозно животот и здравјето, истакна Мехмедовиќ. Од Министерството за здравство вчера информираа дека по потврдување на случај на конго-кримска хеморагична треска кај жена на 27-годишна возраст, вработено лице на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС), идентификувано како контакт со среден ризик, на деветтиот ден од надзорот, пројавило симптоми. Согласно добиените резултати од страна на ЕПИ Одделот на ИЈЗ, бил утврден позитивен случај на конго-кримска хеморагична треска. Оттаму појаснија дека пациентот е хоспитализиран на Клиниката, а Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институтот за јавно здравје Скопје, веднаш формирал екипа за теренски увид, „која ги спроведе потребните активности, односно изврши анкетирање на пациентот и ставање под надзор контакти од здравствен ризик со цел спречување од понатамошно ширење на болеста“. - По потврдување на случај на конго-кримска хеморагична треска кај жена на 27-годишна возраст, надлежните здравствени институции постапија согласно препораките на СЗО. Стручен тим од Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институтот за јавно здравје на Северна Македонија во соработка со надлежни епидемиолози од Центрите за јавно здравје на Штип и Скопје, направија теренско истражување во Клиничка болница Штип, Итна медицинска помош Штип и во семејството на сега почината жена. Стручен тим епидемиолози направија теренски увид и на КИБФС во Скопје, соопштија од Министерството. Здравствениот надзор трае 14 дена од последниот контакт со пациентот. Контактите од првиот позитивен случај се под надзор до четврток. Како што се потенцираше во соопштението, „должината на периодот од заразување до појава на симптоми зависи од начинот на стекнување на вирусот. По инфекцијата со каснување од крлеж, периодот е обично еден до три дена, со максимум од девет дена. Периодот по контакт со заразена крв или ткива е обично пет до шест дена, со документирани максимум 14 дена“. - Почетокот на болеста е ненадеен, со главоболка, висока температура, болки во грбот, болки во зглобовите, болки во стомакот и повраќање. Црвени очи, зацрвенето лице, црвено грло, и црвени дамки на непцето, се исто така присутни. Може да се јави жолтица, а во потешки случаи, промени во расположението. Како што напредува болеста, на телото на заболениот се јавуваат големи делови со модрици, како и крварење од носот. Закрепнувањето е бавно, пишува во соопштението на Министерството за здравство. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mehmedovik-bez-panika-ne-ochekuvame-poveke-sluchai-na-kongo-krimska-hemoragichna-treska-vo-bliska-idnina/feed/ 0
На 9-тиот ден од изолацијата, вработена на скопската Инфективна клиника покажа симптоми на Конго-кримска хеморагична (ККХТ) треска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-9-tiot-den-od-izolatsijata-vrabotena-na-skopskata-infektivna-klinika-pokazha-simptomi-na-kongo-krimska-hemoragichna-kkht-treska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-9-tiot-den-od-izolatsijata-vrabotena-na-skopskata-infektivna-klinika-pokazha-simptomi-na-kongo-krimska-hemoragichna-kkht-treska/#respond Mon, 07 Aug 2023 16:06:17 +0000 https://kurir.mk/?p=864306

По потврдување на случај на Конго-кримска хеморагична (ККХТ) треска кај жена на 27 годишна возраст, надлежните здравствени институции постапија согласно препораките на СЗО . Стручен тим од Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија во соработка со надлежни епидемиолози од Центрите за јавно здравје на Штип и Скопје, направија теренско истражување во Клиничка Болница Штип, Итна медицинска помош Штип и во семејството на сега почината жена. Стручен тим епидемиолози направија теренски увид и на КИБФС во Скопје. На сите овие локации, епидемиолозите направија пребарување на контактите нивно соодветно класифицирање на: лица со висок ризик, лица со среден ризик и лица со низок ризик и лица без ризик. На сите идентификувани контакти проценети со ризик, им без издадени Решенија од ДСЗИ и ставени под 14-дневен здравствен надзор, спроведуван од надлежен Центар за јавно здравје. Еден од вработените на КИБФС кој беше како идентификуван контакт со среден ризик, на 9-тиот ден од надзорот, пројави симптоми, и согласно добиените резултати од страна на ЕПИ Одделот на ИЈЗ, е утврден позитивен случај на Конго-кримска хеморагична треска. Пациентот е хоспитализиран на КИБФС, а ЕПИ Одделот на ЦЈЗ Скопје, веднаш формираше екипа за теренски увид која ги спроведе потребните активности, односно изврши анкетирање на пациентот, ставање под надзор контакти од здравствен ризик со цел спречување од понатамошно ширење на болеста. Здравствениот надзор трае 14 дена од последниот контакт со пациентот. Контактите од првиот позитивен случај се под надзор до 10.08.2023 година. Должината на периодот од заразување до појава на симптоми зависи од начинот на стекнување на вирусот. По инфекцијата со каснување од крлеж, периодот е обично еден до три дена, со максимум од девет дена. Периодот по контакт со заразена крв или ткива е обично пет до шест дена, со документирани максимум 14 дена. Почетокот на болеста е ненадеен, со главоболка, висока температура, болки во грбот, болки во зглобовите, болки во стомакот и повраќање. Црвени очи, зацрвенето лице, црвено грло, и црвени дамки на непцето, се исто така присутни. Може да се јави жолтица, а во потешки случаи, промени во расположението. Како што напредува болеста, на телото на заболениот се јавуваат големи делови со модрици, како и крварење од носот. Закрепнувањето е бавно, информираат од МЗ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-9-tiot-den-od-izolatsijata-vrabotena-na-skopskata-infektivna-klinika-pokazha-simptomi-na-kongo-krimska-hemoragichna-kkht-treska/feed/ 0