конго – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Oct 2023 20:40:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png конго – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најмалку 28 лица загинаа при превртување на брод на реката Конго https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-28-litsa-zaginaa-pri-prevrtuvane-na-brod-na-rekata-kongo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-28-litsa-zaginaa-pri-prevrtuvane-na-brod-na-rekata-kongo/#respond Sun, 22 Oct 2023 20:40:10 +0000 https://kurir.mk/?p=892038

Најмалку 28 лица загинаа при превртување на брод на реката Конго, во истоимената земја во Централна Африка, соопштија денеска локалните власти. Околу 200 патници се спасени, додека засега неутврден број се водат како исчезнати. Несреќите со чамци се чести на реката Конго и езерата во земјата поради честата употреба на импровизирани чамци кои речиси секогаш се преоптоварени. Поголемиот дел од населението во северозападниот дел на земјата ги користи реките за патување поради недостиг на проодни патишта и затоа што тоа е поевтин начин за патување. Владата на Конго ја забрани ноќната пловидба по реките во земјата за да спречи несреќи, но многу луѓе ја игнорираат наредбата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-28-litsa-zaginaa-pri-prevrtuvane-na-brod-na-rekata-kongo/feed/ 0
Најмалку сто загинати во поплави во главниот град на Конго https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-sto-zaginati-vo-poplavi-vo-glavniot-grad-na-kongo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-sto-zaginati-vo-poplavi-vo-glavniot-grad-na-kongo/#respond Tue, 13 Dec 2022 19:54:40 +0000 https://kurir.mk/?p=775175

Најмалку сто луѓе загинаа, а десетици се повредени денеска во големите поплави и свлечишта предизвикани од обилните врнежи што го зафатија главниот град на Конго. Околу 12 милиони луѓе живеат во 24-те области на Киншаса зафатени со поплавите. Локалните власти соопштија дека има жртви, дека се поплавени куќи и уништени патишта. Повеќе од триесет луѓе загинаа во областа Нгалиема, а бројот загинати се уште не е утврден, рече градоначалникот на областа, Алид или Цибанда. Во друг дел од градот загинаа пет членови на исто семејство. „Тажно е да се загубат сите членови на семејството“, изјави 30-годишниот Пјеро Манртуела, кој ги загуби мајка си, деветгодишната ќерка и тројцата браќа, а самиот остана жив затоа што во време кога почна да врне бил на работно место. Официјални лица соопштија дека голем дел од несреќите се случени во објекти изградени без дозвола на локации на кои е забранета градба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-sto-zaginati-vo-poplavi-vo-glavniot-grad-na-kongo/feed/ 0
Демонстранти го уништија седиштето на мисијата на ОН во Конго https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demonstranti-go-unishtija-sedishteto-na-misijata-na-on-vo-kongo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demonstranti-go-unishtija-sedishteto-na-misijata-na-on-vo-kongo/#respond Mon, 25 Jul 2022 17:16:19 +0000 https://kurir.mk/?p=710029

Демонстранти денеска го оштетија седиштето на мисијата на Обединетите Нации (ОН) во Демократската Република Конго, по повици од официјални лица за демонстрации против мисијата, јави ДПА. Лицата насилно влегоа во објектот во градот Гома и уништија и украдоа мебел, тврдат очевидци за ДПА. Безбедносните сили реагираа со солзавец и пукотници. Полицијата во провинцијата Северен Киву за германската новинска агенција изјави дека напаѓачите се криминалци, кои ги искористиле демонстрациите за сопствени цели. Граѓански организации и од партијата на претседателот Феликс Тшисекеди, повикаа за демонстрации во Гома, откако претседателот на Сенатот, Модесте Бахати, во средината на јули, побара мисијата на ОН, МОНУСКО (MONUSCO), да го напушти Конго. МОНУСКО е стационирана во северо-источниот дел на Конго над 20 години. Според САД, потребна е за да помогне во борбата против околу 130 различни вооружени групи, активни во централноафриканската земја. Голем дел од нив сакаат да ги контролираат вредните минерални ресурси на земјата, како што се бакарот, кобалтот, златото, дијамантите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demonstranti-go-unishtija-sedishteto-na-misijata-na-on-vo-kongo/feed/ 0
СЗО: Две лица починаа од ебола во Конго https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-dve-lica-pochinaa-od-ebola-vo-kongo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-dve-lica-pochinaa-od-ebola-vo-kongo/#respond Tue, 26 Apr 2022 08:18:56 +0000 https://kurir.mk/?p=667902

Уште еден пациент со дијагностицирана ебола почина во Демократска Република Конго, неколку дена откако смртоносната болест повторно се појави таму, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Генетското тестирање покажа дека инфекцијата е потврдена минатата недела, нов случај на пренос од заразено животно и дека не е поврзана со последната епидемија, чиј крај беше објавен во декември, објави во понеделникот СЗО на Твитер. Второто лице кое починало било поврзано со првиот починат пациент, изјави портпаролот на СЗО за Ројтерс. Првиот пациент, наводно, почнал да покажува симптоми на 5 април, но не побарал лекарска помош повеќе од една недела. Тој беше примен во центарот за лекување на ебола во Мбандака, главниот град на провинцијата Екватор во Конго, на 21 април, а почина подоцна истиот ден, пренесува британската агенција. Конго претходно имаше 13 епидемии на ебола, вклучувајќи ја и онаа од 2018 до 2020 година, на истокот на земјата, во која починаа речиси 2.300 луѓе, што е втор најголем број регистрирани случаи во историјата на оваа болест, според Британците. агенција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-dve-lica-pochinaa-od-ebola-vo-kongo/feed/ 0
ДР Конго: Најмалку 60 загинати во железничка несреќа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dr-kongo-najmalku-60-zaginati-vo-zeleznichka-nesrekja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dr-kongo-najmalku-60-zaginati-vo-zeleznichka-nesrekja/#respond Sat, 12 Mar 2022 15:08:35 +0000 https://kurir.mk/?p=646044

Најмалку 60 луѓе загинаа откако товарен воз излета од шините во Демократска Република Конго, потврди денеска локален претставник. Несреќата се случила вчера кога воз, на релација од селото Китенте до Бујофве во провинцијата Луалаба, излетал од шините и паднал клисура. Седум од десетте вагони завршија во клисурата. Околу 20 луѓе ја преживеале несреќата. Многу возови во ДР Конго се од колонијално време и не се добро одржувани. Патниците често нелегално користат товарни возови како бесплатен превоз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dr-kongo-najmalku-60-zaginati-vo-zeleznichka-nesrekja/feed/ 0
Најмалку 18 цивили убиени од локални милиции во Конго https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-18-civili-ubieni-od-lokalni-milicii-vo-kongo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-18-civili-ubieni-od-lokalni-milicii-vo-kongo/#respond Wed, 09 Mar 2022 15:25:02 +0000 https://kurir.mk/?p=644168

Најмалку 18 цивили се убиени од локални милиции додека се криеле во црква во источниот дел на Конго, јавуваат очевидци и локални групи за човекови права. Нападот се случил вчера наутро во областа Баниари де Кило, во зафатената од конфликт Итури провинција, додека жртвите спиеле во помошните згради на црквата.
Нападот, според еден од очевидците, е дело на Кодеко, една од локалните милициски групи, кои се активни во источниот дел на Конго, каде повеќе декади се води конфликт за територии и ресурси. Борците на Кодеко имаат убиено стотици цивили и во последните месеци целат кон кампови на раселени лица. Армијата на Конго распореди сили во провинцијата Итури и соседната Северен Киву, но сепак насилствата не запираат. Околу 60 луѓе се убиени во февруари во напади, за кои армијата и други извори тврдат дека се дело на Кодеко групата. „Работиме … на враќање на мирот во провинцијата Итури. Овие милиции повторно ги напаѓаат раселените лица, кои немаат начин да се одбранат“, изјави портпаролот на армијата. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-18-civili-ubieni-od-lokalni-milicii-vo-kongo/feed/ 0
Трагедија во Конго: Најмалку 25 лица загинаа откако пукна високонапонски кабел за струја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-vo-kongo-najmalku-25-lica-zaginaa-otkako-pukna-visokonaponski-kabel-za-struja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-vo-kongo-najmalku-25-lica-zaginaa-otkako-pukna-visokonaponski-kabel-za-struja/#respond Wed, 02 Feb 2022 11:44:48 +0000 https://kurir.mk/?p=625902

Најмалку 25 луѓе загинаа денеска кога високонапонски кабел за струја пукна и падна врз куќи и пазар во предградие на Киншаса, главниот град на Конго, соопшти полицијата.

-Електричен кабел со висок напон падна врз неколку куќи во областа Матади-Кибала и врз пазарот, а неколку луѓе загинаа на самото место, изјави началникот на полицијата во Киншаса, Силвано Касонго, пренесува Би-Би-Си. На видеата кои кружат на интернет, луѓето плачат покрај неколку тела во баричките со вода во кои паднале, опкружени со расфрлани свежи производи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-vo-kongo-najmalku-25-lica-zaginaa-otkako-pukna-visokonaponski-kabel-za-struja/feed/ 0
Епидемија на менингитис во ДР Конго https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/epidemija-na-meningitis-vo-dr-kongo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/epidemija-na-meningitis-vo-dr-kongo/#respond Wed, 08 Sep 2021 10:50:56 +0000 https://kurir.mk/?p=560939

Епидемија на менингитис е регистрирана во североисточниот дел на ДР Конго во провинцијата Чопо, соопшти регионалната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО). – Во Чопо се регистрирани 216 случаи на менингитис, 129 лица починаа, се вели во соопштението за медиумите од регионалната канцеларија. Оттаму забележуваат дека стапката на смртност е висока и изнесува 50 проценти. Во провинцијата со поддршка на СЗО е распореден и почна да работи првиот тим за укажување помош на болните. Во исто време, формиран е и комитет за брза реакција за да се спречи ширењето на болеста. Менингитисот е опасна заразна болест предизвикана од микроорганизми што предизвикува воспаление на мозокот и ’рбетниот мозок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/epidemija-na-meningitis-vo-dr-kongo/feed/ 0
Вулканска ерупција во Конго уби најмалку 32 лица: Се стравува дека повеќе од 170 деца се водат како исчезнати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vulkanska-erupcija-vo-kongo-ubi-najmalku-32-lica-se-stravuva-deka-povekje-od-170-deca-se-vodat-kako-ischeznati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vulkanska-erupcija-vo-kongo-ubi-najmalku-32-lica-se-stravuva-deka-povekje-od-170-deca-se-vodat-kako-ischeznati/#respond Tue, 25 May 2021 06:26:13 +0000 https://kurir.mk/?p=514632

Ерупција на вулкан во источен Конго уби најмалку 32 лица и уништи повеќе од 500 куќи, соопштија денеска градските власти во Гома. Жителите велат дека скоро и да немало предупредувања пред мрачното небо да стане црвено, по што луѓето почнале да бегаат и да си го спасуваат животот. Според локален службеник, повеќе од 10 лица загинале во сообраќајни несреќи при обид да избегаат од загрозената област, пренесува АП. Ерупцијата на Мон Нирагонга во саботата вечерта принуди 5.000 луѓе да се евакуираат од 2 милиони жители на градот Гома близу границата со Руанда, додека други 25.000 луѓе побараа засолниште во северозападниот град Саке, изјави претставникот на УНИЦЕФ. Се стравува дека повеќе од 170 деца се водат за исчезнати, а претставниците на УНИЦЕФ потврдија дека организирале транзитни центри за да обезбедат помош на 150 деца кои биле оставени без придружба на возрасните „за време на катастрофата“. Воениот гувернер на провинцијата Северен Киву ги повика граѓаните да не испраќаат деца во училиштата, а аеродромите во Гома и соседниот Кавум беа затворени. - Граѓаните на Гома мора да избегнуваат непотребно патување и движење по патот помеѓу Кибата и Гома, кој е пресечен од река лава ширина околу илјада метри - предупредуваат официјалните лица. Гома беше уништена за време на вулканска ерупција во 2002 година, кога беа убиени стотици луѓе, а повеќе од 100.000 луѓе останаа без покрив над главата. Овој пат, селата во близина на вулканот претрпеа повеќе, но надлежните предупредуваат дека вулканот е сè уште активен, како и дека се регистрирани земјотреси, па локалното население повикува на претпазливост и будност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vulkanska-erupcija-vo-kongo-ubi-najmalku-32-lica-se-stravuva-deka-povekje-od-170-deca-se-vodat-kako-ischeznati/feed/ 0
Македонија во друштво со Џибути, Боцвана, Уганда, Замбија и Конго по однос на почитувањето на работничките права https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-vo-drushtvo-so-dzibuti-bocvana-uganda-zambija-i-kongo-po-odnos-na-pochituvanjeto-na-rabotnichkite-prava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-vo-drushtvo-so-dzibuti-bocvana-uganda-zambija-i-kongo-po-odnos-na-pochituvanjeto-na-rabotnichkite-prava/#respond Thu, 20 May 2021 10:42:24 +0000 https://kurir.mk/?p=512878

Македонија се најде во друштво со Кенија, Џибути, Боцвана, Уганда, Замбија, Конго и низа други земји од т.н. трет свет по почитувањето на работничките права според извештајот на Mеѓународната Конфедерација на синдикати, извештај кој се смета за најрелевантен кога станува збор за оценување работничките права во земјите низ светот. Македонија е класифицирана со оценка четворка, односно со оценка „систематско кршење на работничките права“, заедно со земји од третиот свет. Полоши од Македонија се само работничките права во Палестина која е зафатена од неколкудеценсики конфликт, Сомалија, Судан, Сирија, Јемен, Либија, Бурунди и Централно Африканска Република. Македонија е во друштво со Кенија, Џибути, Боцвана, Уганда, Замбија, Конго и низа други земји од т.н. трет свет по почитувањето на работничките права според извештајот на Mеѓународната Конфедерација на синдикати, извештај кој се смета за најрелевантен кога станува збор за оценување работничките права во земјите низ светот. Од Македонија подобро се рангирани сите Балкански земји, освен Србија. Со подобра оценка се Црна Гора, Албанија, Бугарија, Хрватска и Словачка. Но подобри се и африканската Того, Мозамбик, Буркина Фасо. Оценката која ја доби Македонија – 4, односно „Систематско кршење на работничките права“, означува дека во земјата се работничките права се кршат од страна на Владата и компании блиски до владата. Владата е вклучена во систематско уништување и задушување на колективниот глас на работниците и нивно организирање во синдикати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-vo-drushtvo-so-dzibuti-bocvana-uganda-zambija-i-kongo-po-odnos-na-pochituvanjeto-na-rabotnichkite-prava/feed/ 0