конгрес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 06:40:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png конгрес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мајк Џонсон е најновиот кандидат за претседател на Претставничкиот дом на Конгресот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majk-dhonson-e-najnoviot-kandidat-za-pretsedatel-na-pretstavnichkiot-dom-na-kongresot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majk-dhonson-e-najnoviot-kandidat-za-pretsedatel-na-pretstavnichkiot-dom-na-kongresot/#respond Wed, 25 Oct 2023 06:40:14 +0000 https://kurir.mk/?p=892792

Републиканците го избраа конгресменот Мајк Џонсон за свој најнов кандидат за претседател на Претставничкиот дом на САД, неколку часа откако претходниот кандидат Том Емер ненадејно се повлече. Конгресменот Емер се повлече наспроти противењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и некои конгресмени од редовите на Републиканската партија. Џонсон од Луизијана, кој е ниско рангиран член на републиканското раководство во Претставничкиот дом, стана четвртиот републикански кандидат по Емер и другите во циклусот политички конфликти што се појавија по смената на Кевин Мекарти од функцијата претседател на Претставничкиот дом. За време на поединечното гласање, Џонсон го освои мнозинството, но пред денешното очекувано гласање во Претставничкиот дом за победа ќе му бидат потребни гласовите на речиси сите републиканци. Американската влада ризикува да се затвори за неколку недели ако Конгресот не го усвои законот за финансирање до 17 ноември за да продолжат да работат службите и канцелариите. Американскиот претседател Џо Бајден побара од Конгресот да одобри 105 милијарди долари помош за Израел и Украина и да ја зајакне границата на САД со Мексико.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majk-dhonson-e-najnoviot-kandidat-za-pretsedatel-na-pretstavnichkiot-dom-na-kongresot/feed/ 0
Мекарти не му дозволи на Зеленски да зборува пред американскиот Конгрес https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mekarti-ne-mu-dozvoli-na-zelenski-da-zboruva-pred-amerikanskiot-kongres/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mekarti-ne-mu-dozvoli-na-zelenski-da-zboruva-pred-amerikanskiot-kongres/#respond Thu, 21 Sep 2023 16:41:11 +0000 https://kurir.mk/?p=880421

Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Кевин Мекарти, денеска соопшти дека не му дозволил на украинскиот претседател Володимир Зеленски да зборува пред конгресмените. Тој кажа дека немало доволно време за говор на украинскиот претседател поради нивна презафатеност, пренесе американската телевизија Ен-Би-Си. Мекарти потсети дека Зеленски веќе зборувал пред Конгресот за време на неговата претходна посета на Вашингтон во декември 2022 година. Зеленски денеска пристигна во Вашингтон на разговари со конгресмени, особено со републиканците, кои се повеќе се противат на испраќање дополнителна помош за Украина. По средбите со нив, украинскиот претседател во Белата куќа ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mekarti-ne-mu-dozvoli-na-zelenski-da-zboruva-pred-amerikanskiot-kongres/feed/ 0
Шефовите на големите технолошки компании во Конгресот разговараа за иднината на вештачката интелигенција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefovite-na-golemite-tehnoloshki-kompanii-vo-kongresot-razgovaraa-za-idninata-na-veshtachkata-inteligentsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefovite-na-golemite-tehnoloshki-kompanii-vo-kongresot-razgovaraa-za-idninata-na-veshtachkata-inteligentsija/#respond Thu, 14 Sep 2023 06:58:33 +0000 https://kurir.mk/?p=877847

Шефовите на најголемите технолошки компании, вклучувајќи ги Илон Маск и Марк Цукерберг, вчера го посетија Конгресот за да ги споделат своите планови за вештачка интелигенција, додека САД развиваат нови закони за подобра контрола на технологијата. Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, вели дека постои „универзален консензус“ за потребата од регулирање на вештачката интелигенција. -Постои силен консензус во корист на регулацијата на вештачката интелигенција. Дури и ако регулативата не е совршена..., последиците од излегувањето од контрола на вештачката интелигенција би биле тешки, коментираше Маск по состанокот. Вчерашната средба со американските пратеници се одржа зад затворени врати. Состанокот го свика лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер, а поканети се шефовите на технолошките гиганти, како и застапниците за граѓански права. Многумина се загрижени дека брзиот технолошки напредок ќе доведе до губење на работни места, повеќе дезинформации на интернет и други штетни ефекти. -Денес започнуваме огромен, комплексен и витален потфат - поставување на основата за консензуална политика за вештачка интелигенција која Конгресот може да ја претвори во закон, рече Шумер. Цукерберг нагласи дека Конгресот „треба да се осврне на вештачката интелигенција за да ги поддржи иновациите, но и заштитните мерки“. Тој додаде дека „стандардот е подобро поставен од американските компании кои можат да соработуваат со владата за да ги обликуваат овие модели за важни прашања“. Републиканскиот сенатор Мајк Раундс рече дека на Конгресот ќе му треба време да дејствува. -Дали сме подготвени да го напишеме законот? Апсолутно не, рече Раунд. Демократскиот сенатор Кори Букер посочи дека сите учесници се согласиле дека „владата има регулаторна улога“, но дека изработката на законодавството ќе биде предизвик. Моќта и предностите на вештачката интелигенција, како и потенцијалните опасности, се предмет на голем интерес кај научниците ширум светот. Во мај, Сем Алтман, извршен директор на OpenAI, компанијата зад ChatGPT, сведочеше пред комисијата на американскиот Сенат, опишувајќи ги потенцијалните стапици на новата технологија. -Мислам дека ако оваа технологија тргне наопаку, може да тргне многу наопаку... Сакаме да бидеме јасни кога зборуваме за тоа. Оптимист сум за вештачката интелигенција, но тоа не значи дека нема да има проблеми на патот, рече Алтман, додавајќи дека сакаат да работат со владата за да спречат тоа да се случи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefovite-na-golemite-tehnoloshki-kompanii-vo-kongresot-razgovaraa-za-idninata-na-veshtachkata-inteligentsija/feed/ 0
Вашингтон пост: Белата куќа испратила барање до Конгресот за повеќе финансирање за да се избегне „шатдаун“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-belata-kuka-ispratila-barane-do-kongresot-za-poveke-finansirane-za-da-se-izbegne-shatdaun/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-belata-kuka-ispratila-barane-do-kongresot-za-poveke-finansirane-za-da-se-izbegne-shatdaun/#respond Thu, 31 Aug 2023 20:53:01 +0000 https://kurir.mk/?p=873194

Белата куќа денеска испратила барање до Конгресот да одобри средства што би биле доволни за потребите за функционирање на федералната влада во периодот додека се согласува опширниот буџет за 2024 фискална година, соопшти весникот Вашингтон пост. Краткорочниот буџет е потребен за да не се запре работата на владата поради исцрпени асигнации. Ако не се одобри овој привремен буџет до 1 октомври возможно е запирање на работата на федералната влада или таканаречено „шатдаун“ (shutdown). Весникот дознава дека администрацијата на Бајден го повикала Конгресот кога ќе започне со работа во есенската сесија да одобри финансирање на низа програми, како на пример 1.4 милијарди долари субвенции за исхрана. Некои од тие програми е 20.6 милијарди долари итна помош за Украина, 12 милијарди долари за помош од катастрофи, и подршка на други домашни фондови, посебно во време кога ураганот Идалија направи голема штетат во Флорида и неколку недели по катастрофалниот пожар на Хаваите. Дијана Крисвел, директорка на Федералната агенција за менеџмент на вонредни состојби (ФЕМА), неделава се пожали за мошне низок буџет кој опаднал до 3.4 милијарди долари, и дека се потребни многу повеќе пари за брза реакција во случај на катастрофи. Спикерот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти, републиканец од државата Калифорнија и Чак Шумер, сенатор демократ од Њујорк и лидер на демократското мнозинство во Сенатот, во август изјавија дека не се против одобрување краткорочно продлжување на финансирањето на владата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-belata-kuka-ispratila-barane-do-kongresot-za-poveke-finansirane-za-da-se-izbegne-shatdaun/feed/ 0
Во Конгресот започна истрага за повлекувањето на САД од Авганистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kongresot-zapochna-istraga-za-povlekuvaneto-na-sad-od-avganistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kongresot-zapochna-istraga-za-povlekuvaneto-na-sad-od-avganistan/#respond Sun, 12 Mar 2023 09:19:33 +0000 https://kurir.mk/?p=810910

Републиканското мнозинство во Претставничкиот дом на САД почна истрага за одлуката на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден да се повлече од Авганистан во август 2021 година. Експертите за имиграција и американски војници кои учествуваа во евакуацијата сведочеа дека хаотичното повлекување е резултат на децениски погрешни одлуки, јавија американски медиуми. „Поради занемарување на должноста на администрацијата на Бајден, светот гледаше како се одвиваат потресни сцени во и околу аеродромот во Кабул две недели“, рече Мајкл Мекол, претседател на Комитетот за надворешна политика. Републиканците во Конгресот ги истражуваат настаните од август 2021 година, а демократите тврдат дека претходните администрации се одговорни за хаотичното повлекување. Конгресот, исто така, се прашува зошто обработката на визите е запрена за десетици илјади Авганистанци на кои им беше ветена безбедност во замена за помош за американските сили. Околу 122.000 луѓе на крајот беа пренесени со авиони надвор од Авганистан во два дена пред талибанците да ја преземат власта. Сепак, имиграцискиот статус на Авганистанците кои успеале да дојдат во САД се уште е неизвесен, а десетици илјади се уште се во Авганистан. Американските војници, исто така, сведочеа дека нејасните правила на ангажман ги оставиле без одбрана на аеродромот во Кабул и процениле дека тоа на крајот довело до бомбашкиот напад на 26 август 2021 година, во кој загинаа 173 луѓе, вклучително и 13 американски војници, што беше најсмртоносниот ден за Американците во Авганистан во претходните 10 години. Членовите на Конгресот најавија дека американскиот државен секретар и секретар за одбрана наскоро ќе бидат повикани да сведочат за улогата на нивните секретаријати во евакуацијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kongresot-zapochna-istraga-za-povlekuvaneto-na-sad-od-avganistan/feed/ 0
Конгресот на САД го измени Законот за броење електорски гласови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kongresot-na-sad-go-izmeni-zakonot-za-broenje-elektorski-glasovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kongresot-na-sad-go-izmeni-zakonot-za-broenje-elektorski-glasovi/#respond Sat, 24 Dec 2022 10:12:53 +0000 https://kurir.mk/?p=779977

Американскиот Конгрес го смени законот стар речиси 150 години со кој се регулира официјализирањето на резултатите од претседателските избори. Потегот е рпеземен со цел да се спречат идни обиди за оспорување на изборните резултати, како што тоа го направи во 2021 година поранешниот претседател Доналд Трамп. Претставничкиот дом синоќа ги усвои амандманите на Законот за броење гласови како дел од многу поголемиот законодавен пакет вреден 1,7 трилиони долари, кој претходниот ден беше усвоен од Горниот дом, Сенатот. Законот сега треба да го потпише американскиот претседател Џозеф Бајден, по што ќе стапи на сила. Во соопштение Бајден го пофали вклучувањето на таа регулатива во законодавниот пакет и ја нарече „витална двопартиска акција што ќе помогне да се обезбеди изразената волја на народот“. Измените во Законот за пребројување на гласовите се најзначајниот одговор на Конгресот досега на агресивните напори на Трамп да го поткопа легитимитетот на претседателските избори во 2020 година, кои ги загуби од Бајден. Тој потег беше препорачан и од специјалниот комитет на Претставничкиот дом, кој спроведе истрага за насилниот упад на бунтовничката толпа во зградата на Конгресот на 6 јануари 2021 година. Законот за пребројување на гласовите, донесен во 1887 година, долго време беше критикуван дека е лошо напишан и конфузен. Неговите промени добија поддршка и од Демократската и од Републиканската партија на САД. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kongresot-na-sad-go-izmeni-zakonot-za-broenje-elektorski-glasovi/feed/ 0
Конгрес: Трамп да ги објави податоците за даночните плаќања за период од шест години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kongres-tramp-da-gi-objavi-podatocite-za-danochnite-plakjanja-za-period-od-shest-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kongres-tramp-da-gi-objavi-podatocite-za-danochnite-plakjanja-za-period-od-shest-godini/#respond Wed, 21 Dec 2022 09:14:39 +0000 https://kurir.mk/?p=778464

Специјалната комисија на Претставничкиот дом на Конгресот гласаше јавно да се обелоденат информации за тоа колку поранешниот американски претседател Доналд Трамп платил даноци во период од шест години, пренесе Би-Би-Си. Тој потег стави крај на речиси четиригодишната правна битка на демократите околу добивањето на документите, за што одлучи Врховниот суд на САД минатиот месец. Американските претседатели не се обврзани да објавуваат информации за даночните плаќања, но со децении тие го правеа тоа доброволно. Би-Би-Си потсетува дека Трамп жестоко се борел за да ги заштити своите информации за плаќање данок. Комитетот на Претставничкиот дом гласаше 24:16 за објавување на документите, бидејќи сите демократи во комисијата беа за објавување, а сите републиканци беа против. Не е познато кога американската јавност ќе ги види финансиските документи на Трамп за периодот од 2015 до 2020 година. Во тоа време Трамп се кандидираше за претседател и четири години беше во Белата куќа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kongres-tramp-da-gi-objavi-podatocite-za-danochnite-plakjanja-za-period-od-shest-godini/feed/ 0
Петти конгрес на ДОМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petti-kongres-na-dom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petti-kongres-na-dom/#respond Sun, 27 Nov 2022 08:07:43 +0000 https://kurir.mk/?p=767091

Демократската обнова на Македонија денеска треба да го одржи Петтиот конгрес на кој се очекува да бидат реизбрана актуелната претседателка Маја Морачанин и да бидат избрани членови на Централниот и Надзорниот одбор на партијата. На седницата на Централниот одбор на партијата, одржан на 24 овој месец, беше утврдено дека актуелната претседателка Морачанин е единствениот предлог за претседател на партијата, а беа утврдени и предлозите за членови на Централниот и Надзорниот одбор на партијата. Согласно внатрепартиските принципи, кандидатите за претседател и членови на Централниот и Надзорниот одбор на ДОМ ги предлагаат членовите на општинските организации, МОДОМ и Форумот на жени на ДОМ. Одлуката за одржување на Петтиот конгрес на партијата беше донесена на 16 октомври од страна на Централниот одбор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petti-kongres-na-dom/feed/ 0
Републиканците се поблиску до мнозинството во американскиот Конгрес https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/republikancite-se-poblisku-do-mnozinstvoto-vo-amerikanskiot-kongres/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/republikancite-se-poblisku-do-mnozinstvoto-vo-amerikanskiot-kongres/#respond Thu, 10 Nov 2022 16:52:36 +0000 https://kurir.mk/?p=758737

Републиканската партија се доближува до бројот на претставници потребни за тесно мнозинство во Претставничкиот дом на среднорочните избори за Конгресот на САД, додека контролата на Сенатот зависи од резултатите од изборите во неколку сојузни држави. Кога станува збор за Претставничкиот дом, републиканците сега се поблиску до мнозинството од 218 места потребно за преземање контрола. Според резултатите на Си-Ен-Ен, републиканците во моментов имаат 209 претставници во Претставничкиот дом, а демократите имаат 191. Во Сенатот, републиканците во моментов имаат 49 мандати, а демократите 48. Секоја партија би можела да обезбеди мнозинство во Сенатот со победи во Невада и Аризона каде гласовите сè уште се бројат. Во Невада во моментов водат републиканците со 49,4 отсто од гласовите, додека демократите имаат 47,6 отсто. Во Аризона во водство се демократите, кои освоија 51,4 отсто од гласовите, пред републиканците кои имаат 46,4 отсто. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/republikancite-se-poblisku-do-mnozinstvoto-vo-amerikanskiot-kongres/feed/ 0
САД утре гласаат на избори за Конгресот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-utre-glasaat-na-izbori-za-kongresot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-utre-glasaat-na-izbori-za-kongresot/#respond Mon, 07 Nov 2022 12:44:20 +0000 https://kurir.mk/?p=756894

Секое сценарио е во игра на изборите во САД утре. Трката во многу места е изедначена, предизборните анкети укажуваат дека претстои жестока битка во некои клучни држави, па дури во традиционално демократските Њујорк и Њу Хемпшир. Едно сценарио е демократите да го задржат Сенатот, со мошне блиска трка за Претставничкиот дом кој би го изгубиле, со реалистични можности за републиканците да надвладеат. За Сенатот, анкетите укажуваат на мртва трка во Џорџија, Пенсилванија, Невада и Аризона. Слично е и за Претставничкиот дом каде десеттина трки се целосно неопределени. Демократите нејверојатно ќе се судрат со незадоволство од широк спектар гласачи како независните, или индивидуалните инвеститори кои изгубија многу по падот на берзите годинава. Иако администрацијата на претседателот Џо Бајден ги исполни ветувањата за стимулација на развојот на еколошки чиста енергија и обезбеди финансии за обнова на старите мостови и патишта. Републиканската партија го критикува Бајден за високата инфлација и зголемениот криминал во земјата, по одминувањето на Ковид-19 пандемијата. Повеќе независни набљудувачи очекуваат републиканците да го земат Претставничкиот дом и најверојатно и Сенатот. Ако тие земат контрола макар и на еден од двата дома на Конгресот, тоа ќе овозможи да се спротивстават на законските иницијативи на Бајден во Конгресот и да започнат потенцијално штетни истраги за Демократската партија. Покрај инвестициите, друго прашање кое демократите го сметаат за сламка на спас е укинувањето на забраната за абортус што беше вратена летоска од Уставниот суд на САД и која беше озаконета во повеќе држави. Ова прашање се наметнува силно на изборите, при што двете партии се со целосно спротивставени ставови. Бајден рече дека ако неговата партија освои мнозинство, тој ќе го озакони на федерално ниво правото на пристап до абортус. Републканците се за ограничен или никаков абортус. Земјата е поделена и републиканската страна смета дека со тоа се заштитуваат „што повеќе животи“. Една од грпите „за живот“ е Националниот комитет за право на живот. Анкетите покажуваат дека две третини од Американците поддржуваат пристап до абортус, па демократите се надеваат дека, и покрај слабите економски резулатати и падот на берзите, ова прашање може да превагне како значајно за жените и со тоа да задржат контрола барем на еден од двата дома на Конгресот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-utre-glasaat-na-izbori-za-kongresot/feed/ 0