конгресмен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Jan 2023 11:43:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png конгресмен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Конгресмен во САД одржа говор, делумно напишан од вештачка интелигенција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kongresmen-vo-sad-odrzha-govor-delumno-napishan-od-veshtachka-inteligentsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kongresmen-vo-sad-odrzha-govor-delumno-napishan-od-veshtachka-inteligentsija/#respond Thu, 26 Jan 2023 11:43:40 +0000 https://kurir.mk/?p=792270

Говорот на американскиот конгресмен Џејк Окинклос за нацрт-законот за создавање американско-израелски центар за вештачка интелигенција во Претставничкиот дом на САД, по негова замисла, бил напишан со помош вештачка интелигенција. Кусиот говор од два пасуса, прочитан во Претставничкиот дом од демократот од Масачусетс, е создаден од интернет-четбот вештачка интелигенција наречена „Чет-ГПТ“ (ChatGPT). Конгресменот рече дека ѝ дал задача на програмата „да напише 100 зборови за тој да одржи говор во Претставничкиот дом“ за нацрт-законот. Окинклос додаде дека морал неколку пати да ја усовршува задачата за да ја добие конечната верзија на текстот што го прочитал. Според конгресменот и неговите соработници, ова е првпат во Конгресот на САД да се одржи говор напишан од вештачка интелигенција. Тој појасни дека донел одлука – дел од неговиот говор да биде создаден преку „Чет-ГПТ“ за да се поттикне дискусија за вештачката интелигенција, т.е. предизвиците и можностите поврзани со неа. – Јас сум најмладиот родител меѓу демократите и вештачката интелигенција ќе биде дел од мојот живот. Тоа може да стане технологија за општа намена за моите деца, рече Окинклос (34). Појавата на „Чет-ГПТ“ и сличните на неа програми понудени на интернет, веќе е предизвик за наставниците, кои сега треба да се спротивстават на „трендот“ во зародиш – есеите од учениците и студентите, всушност, да бидат подготвени од вештачка интелигенција. Истражувачите се загрижени и за можноста дека чет-ботовите би можеле да овозможат во ширењето дезинформации, лажни вести и пропаганда.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kongresmen-vo-sad-odrzha-govor-delumno-napishan-od-veshtachka-inteligentsija/feed/ 0
Новоизбраниот конгресмен од Њујорк призна дека ја „шминкал“ својата биографијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novoizbraniot-kongresmen-od-njujork-prizna-deka-ja-shminkal-svojata-biografijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novoizbraniot-kongresmen-od-njujork-prizna-deka-ja-shminkal-svojata-biografijata/#respond Wed, 28 Dec 2022 11:47:50 +0000 https://kurir.mk/?p=781635

Џорџ Сантос, новоизбраниот републикански член на Конгресот на САД, призна дека за време на кампањата за место во Претставничкиот дом лажел за своето образование и работно искуство. Сантос сепак рече дека има намера да ги исполни ветувањата што ги дал за време на кампањата. Џорџ Сантос кој во ноември беше избран за член на американскиот Конгрес, во интервјуто за „Њујорк Пост“ се извини затоа што лажел за делови од неговата биографија, признавајќи дека не го завршил факултетот. „Моите гревови ја разубавуваат мојата биографија. Жал ми е“, изјави новоизбраниот конгресмен кој во наредните две години ќе ја претставува државата Њујорк во Претставничкиот дом. Инаку, Сантос претходно тврдеше дека дипломирал на њујоршкиот колеџ „Барух“ во 2010 година. Тој исто така во кампањата рече дека работел за компаниите „Голдман Сакс“ и „Ситигруп“, за во весникот да признае дека „никогаш директно“ не работел со нив, правдајќи се дека лошо се изразил, односно дека бил потпретседател на компанијата „Линк Бриџ“ што соработувала со тие две компании. „Во кампањата зборував за работи кои ги загрижуваат луѓето, а не за мојата биографија… Имам намера да ги исполнам ветувањата што ги дадов во кампањата“, рече Сантос. Весникот „Њујорк Тајмс“ минатата недела ја доведе во прашање биографијата на Џорџ Сантос, на што неговиот адвокат одговори дека се работи за клевета.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novoizbraniot-kongresmen-od-njujork-prizna-deka-ja-shminkal-svojata-biografijata/feed/ 0
Kонгресмен од партијата на Трамп се обиде да внесе пиштол во собраниската сала https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kongresmen-od-partijata-na-tramp-se-obide-da-vnese-pishtol-vo-sobraniskata-sala/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kongresmen-od-partijata-na-tramp-se-obide-da-vnese-pishtol-vo-sobraniskata-sala/#respond Fri, 22 Jan 2021 07:52:18 +0000 https://kurir.mk/?p=458358

Конгресната полиција во Вашингтон ги истражува извештаите дека републиканскиот конгресмен Енди Харис вчера со пиштол се обидел да влезе во Претставничкиот дом на САД, јави телевизијата Ен-Би-Си. – Еден од присутните безбедносни службеници виде огнено оружје кај конгресменот Харис и им ја соопшти информацијата на своите претпоставени, изјави за телевизијата портпарол на Капитол. Тој појасни дека Харис не успеал да го внесе пиштолот во салата. Минатата недела новиот член на парламентот во Долниот дом Тимоти Блоџет воведе правила според кои конгресмените мора да бидат проверени со детектори за метал пред да влезат во салата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kongresmen-od-partijata-na-tramp-se-obide-da-vnese-pishtol-vo-sobraniskata-sala/feed/ 0
Почина конгресменот Илајџа Камингс https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-kongresmenot-ilajdza-kamings/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-kongresmenot-ilajdza-kamings/#respond Fri, 18 Oct 2019 08:51:41 +0000 https://kurir.mk/?p=253335

Aмериканскиот конгресмен Илајџа Камингс од Демократската партија, синоќа почина на 68-годишна возраст од како што се наведува, „долгогодишни хронични проблеми со здравјето“. Беше претставник на седмиот конгресен дистрикт од Балтимор, Мериленд. Тој претседаваше со Конгресната комисија за владини реформи, еден од клучните панели за спроведување на актуелната истрага за импичмент на претседателот и се јавуваше како влијателна фигура во исрагата. Беше член на Конгресот од 1996 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-kongresmenot-ilajdza-kamings/feed/ 0