конгресмени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 04 Feb 2021 19:01:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png конгресмени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ако не поминат преку детекторот за метал, конгресмените ќе бидат казнувани со вртоглава сума на пари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ako-ne-pominat-preku-detektorot-za-metal-kongresmenite-kje-bidat-kaznuvani-so-vrtoglava-suma-na-pari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ako-ne-pominat-preku-detektorot-za-metal-kongresmenite-kje-bidat-kaznuvani-so-vrtoglava-suma-na-pari/#respond Thu, 04 Feb 2021 19:01:52 +0000 https://kurir.mk/?p=464358

Членовите на американскиот Претставнички дом кои одбиваат проверка со детектор за метал, инсталиран на влезната врата во главната собраниска сала, ќе треба да платат казна од 5.000 долари. Мерката беше изгласана синоќа од Долниот дом на американскиот Конгрес. Според неа, при следен обид за избегнување на рамката за детекција на метал, казната ќе биде зголемена до 10 илјади долари. Мерката е со цел да спречи законодавачите да влезат во салата со оружје, постапка забранета според новите правила во Конгресот. Правилата беа воведени по настаните на 6 јануари, кога зградата на Капитолот беше нападната од демонстранти, повикани од екс-претседатетелот Доналд Трамп да не ги признаваат резултатите од претседателските избори во САД. При хаосот и нередите загинаа пет лица. Едно од нив беше полицаецот Брајан Сикник, кој за време на одбраната на Конгресот беше тешко ранет, од кои подоцна им подлегна на повредите. Во Конгресот вчера се оддржа помен во негова чест, а на настанот дојде и претседателот Џо Бајден. Новите засилени мерки беа воведени од лидерите на демократите, но не беа поддржани од преставници на Републиканската партија. Така на пример, законодавците Марџори Тејлор Грин, Лорен Беберт и Медисон Коуторн изјавија дека носат оружје и ќе го прават тоа насекаде каде тие тоа го сметаат за потребно. Спикерот на претставничкиот дом, Ненси Пелоси, вчера по овој повод изрази зачуденост. -Едноставно не разбирам зошто некој одбива да ги почитува тие едноставни, разумни правила чија цел е обезбедување безбедност на оваа институција. Жално е што бевме принудени да ги заостриме правилата и да воведеме казни за тие кои одбиваат да ги почитваат мерките. Сепак, Претставничкиот дом треба да биде и ќе биде безбеден, изјави Пелоси. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ako-ne-pominat-preku-detektorot-za-metal-kongresmenite-kje-bidat-kaznuvani-so-vrtoglava-suma-na-pari/feed/ 0
Пелоси: Казни од 10.000 долари за конгресмените кои ќе одбегнуваат да бидат претресени на влезот во Капитол https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pelosi-kazni-od-10-000-dolari-za-kongresmenite-koi-kje-odbegnuvaat-da-bidat-pretreseni-na-vlezot-vo-kapitol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pelosi-kazni-od-10-000-dolari-za-kongresmenite-koi-kje-odbegnuvaat-da-bidat-pretreseni-na-vlezot-vo-kapitol/#respond Thu, 14 Jan 2021 10:41:30 +0000 https://kurir.mk/?p=455182

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, најави дека сака да им изрече казни до 10.000 американски долари на пратениците кои ќе одбијат да минат низ скенер за оружје на влезот во Домот, поради немирите што се случија на 6 јануари кога приврзаниците на Трамп упаднаа во Конгресот. Детекторите за метал во вторникот вечерта беа поставени на влезот во Претставничкиот дом кога конгресмените дискутираа за импичментот на Трамп поради упадот во Капитол, по што пет лица беа убиени. Неколку републикански конгресмени биле забележени како ги заобиколуваат детекторите за метал, додека други се жалеле за причината за инсталирањето, соопштија бротанските медиуми. Пелоси најави дека кога Демократското мнозинство ќе се врати во Домот по 21 јануари, тие ќе изгласаат задолжителни казни за конгресмените кои не сакаат да ги следат правилата: 5.000 американски долари за првиот прекршок и 10. 000 долари за вториот прекршок, и таа сума ќе им биде одземена од платата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pelosi-kazni-od-10-000-dolari-za-kongresmenite-koi-kje-odbegnuvaat-da-bidat-pretreseni-na-vlezot-vo-kapitol/feed/ 0
Американски конгресмени во изолација поради коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-kongresmeni-vo-izolacija-poradi-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-kongresmeni-vo-izolacija-poradi-koronavirus/#respond Tue, 10 Mar 2020 06:35:31 +0000 https://kurir.mk/?p=314297

Петмина членови на американскиот Конгрес се во самоизолација, меѓу кои и двајца републиканци кои биле во контакт со американскиот претседател Доналд Трамп откако биле изложени на новиот коронавирус. Конгресменот Мет Гец патувал во претседателскиот авион „Ер Форс 1“ со кој Трамп се враќал во Вашингтон, а објави дека „11 дена претходно бил во контакт со лице кое било позитивно на коронавирусот“. – Иако конгресменот нема симптоми, тој остана дома и ги чекаме резултатите од неговиот тест, напиша неговиот тим на Твитер, додавајќи дека во самоизолација ќе биде 14 дена. Друг републикански конгресмен, Даг Колинс, кој во петокот се состана со Трамп, изјави дека доброволно ќе остане во карантин и покрај тоа што немал никакви симптоми, бидејќи на крајот од февруари бил изложен на коронавирусот. Двајца конгресмени билe изложени на коронавирусот за време на големата конференција на конзервативците ЦПАЦ која се одржа од 26 до 29 февруари во близина на Вашингтон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-kongresmeni-vo-izolacija-poradi-koronavirus/feed/ 0
ФОТО: Ѓорчев се сретна со сенаторот Тед Круз и повеќе конгресмени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-gjorchev-se-sretna-so-senatorot-ted-kruz-i-povekje-kongresmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-gjorchev-se-sretna-so-senatorot-ted-kruz-i-povekje-kongresmeni/#respond Sun, 15 Dec 2019 15:44:13 +0000 https://kurir.mk/?p=277880

Владимир Ѓорчев, меѓународен секретар и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со сенаторот во Сенатот на САС Тед Круз, како и средби со високи конгресмени во Вашингтон. На средбата Ѓорчев истакна дека Круз е пријател на Македонија, додавајќи дека заеднички го градат пријателството и сојузништвото меѓу Македонија и САД. -Заеднички го градиме пријателството и сојузништвото меѓу Македонија и САД. Сенаторот Тед Круз секогаш е добар соговорник, вели Ѓорчев. Ѓорчев, оствари средба и со сенаторот Дан Коуц, кој беше шеф на државното разузнавање и советник на Доналд Трамп од 2017 до 2019 година. Ѓорчев истакна дека е потребно Република Македонија да има активна надворешна политика, бидејќи така се градат македонските позиции и се создава пријателства и партнерства. -Македонија мора да има активна надворешна политика. Важно е да градиме силни пријателства и партнерства во САД. Со силна надворешна политика, ги јакнеме нашите македонски позиции. Уште еднаш, тоа е важно за Македонија, додаде Ѓорчев. Ѓорчев при посета во Вашингтон оствари средби со Реп Бил Хуизенга, со конгресменот Роберт Питенџер, како и со Брент Мекинтош кој е актуелен потсекретар во Министерството на финансии на САД за меѓународни работи, со пратениците Елен Тране Норби од Данска, Емануелис Зингерис кој е потписник на актот за независна Литванија и пратеник од 1990 година до сега. Ѓорчев имаше свое обраќање и во Сенатот на САД во Вашингтон на парламентарниот форум за безбедност пред околу 200 учесници - сенатори, конгресмени, парламентарци од околу 40 земји, амбасадори, професори, експерти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-gjorchev-se-sretna-so-senatorot-ted-kruz-i-povekje-kongresmeni/feed/ 0
Петмина американски конгресмени на средби во македонското Собрание https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petmina-amerikanski-kongresmeni-na-sredbi-vo-makedonskoto-sobranie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petmina-amerikanski-kongresmeni-na-sredbi-vo-makedonskoto-sobranie/#respond Mon, 27 Aug 2018 05:43:04 +0000 https://kurir.mk/?p=92459

Петмина американски конгресмени денеска и утре се во посета на македонскиот Парламент. Станува збор за конгресмените Гери Коноли, Дина Титус, Сузан Дејвис, Дејвид Прајс и Бил Флорез. Тие денеска, според собраниската агенда,треба да остварат средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, со тројцата потпретседатели, како и со координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА и генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова. Потоа предвидено е американските конгресмени да имаат разговори и со претседателите на повеќе собраниски комисии. Поединечни средби ќе имаат со претседателите и членовите на комисиите за одбрана и безбедност и за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, а ќе се сретнат и со членките на Клубот на жени пратенички. Утре когресмените Коноли, Титус, Дејвис, Прајс и Флорез ќе бидат запознати со активностите на Парламентарниот институт. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petmina-amerikanski-kongresmeni-na-sredbi-vo-makedonskoto-sobranie/feed/ 0