конкуренција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Sep 2021 17:13:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png конкуренција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фокус: Како тендерот за смарт-сити го добија здружени фирми без конкуренција? https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/fokus-kako-tenderot-za-smart-siti-go-dobija-zdruzeni-firmi-bez-konkurencija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/fokus-kako-tenderot-za-smart-siti-go-dobija-zdruzeni-firmi-bez-konkurencija/#respond Tue, 21 Sep 2021 17:13:45 +0000 https://kurir.mk/?p=566584

Со цел да се обезбеди можност за што поголема конкуренција, заинтересирани компании барале измени во тендерската документација и техничките спецификации за милионскиот тендер што Град Скопје го спроведе за смарт-сити, меѓутоа најголем дел од нивните барања биле одбиени, пишува најновиот број на неделникот Фокус. Според податоците од Бирото за јавни набавки, станува збор за јавна набавка за имплементацијата на платформа за дигитален град и систем за паметно осветлување, во чии рамки Градот на чело со градоначалникот Петре Шилегов годинава склучи договор вреден 6,5 милиони евра со „Македонски Телеком“ во постапка со еден понудувач. Всушност, „Телеком“ настапил како носител на конзорциум во кој членувале уште хрватската „Версо-Алтима“ и македонската „Винт“, додека, како што покажува извештајот од спроведената постапка, тие имале поддршка од уште 6 подизведувачи –„ГДИ Солушнс“, „Електромикиица“, „Код Инженеринг“, „Метал-Ват-Ел“, „Телелинк Бизнис Сервисис“ и „Телелинк МК“. Во договорот се предвидува дека овие компании на чело со „Телеком“ имаат обврска да имплементираат таканаречена платформа за дигитален град во наредните 4 години, што подразбира, меѓу другото, осветлување со ЛЕД- светилки, паметни столбови, комуникациска инфраструктура, со што, според светлотехничкото решение, се предвидуваат заштеди на струја до 60 проценти. Во процесот на изготвување на тендерската документација и техничките спецификации, заинтересираните компании имаат право да бараат појаснување за одредени формулации, но и да доставуваат барања за промени. Притоа, од Градот информираат дека извршени се измени врз основа на 3 барања од компаниите. Меѓутоа, сознанијата до кои дојдовме укажуваат дека не се прифатени голем дел од барањата на компаниите кои се однесување на ревидирање на условите за потребните годишни приходи, сработените проекти, квалификациите и сертификатите што (треба да) ги поседуваат вработените, а се барала и проверка на категоризацијата на улиците и на параметрите на светилките.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/fokus-kako-tenderot-za-smart-siti-go-dobija-zdruzeni-firmi-bez-konkurencija/feed/ 0
Лидерите на Фејсбук, Амазон, Гугл и Епл демантираат дека ја задушуваат конкуренцијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderite-na-fejsbuk-amazon-gugl-i-epl-demantiraat-deka-ja-zadushuvaat-konkurencijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderite-na-fejsbuk-amazon-gugl-i-epl-demantiraat-deka-ja-zadushuvaat-konkurencijata/#respond Thu, 30 Jul 2020 07:14:23 +0000 https://kurir.mk/?p=383481

Лидерите на четирите најголеми американски технолошки компании – Фејсбук, Амазон, Гугл и Епл ги отфрлија пред Конгресот обвинувањата за монопол на дигиталниот пазар, за задушување на конкуренцијата и фаворизирање на демократите во предизборната кампања. Марк Зукерберг од Фејсбук, Џеф Безос од Амазон, извршниот директор на Гугл, Сундар Пичаи и на Епл, Тим Кук, чии компании имаат пазарна вредност од околу пет билиони долари, за време на повеќечасовното сослушување преку видео конференција, одговарајќи на прашања на пратениците, ги отфрлија обвинувањата за оштетување на помалите бизниси во онлајн рекламирањето, додавајќи дека тие ги поддржуваат двете кампањи за претседателските избори во САД. Тоа беше нивно прво заедничко сослушување, а Безос првпат се појави пред пратениците. Водечките технолошки компании се товарат за кражба на содржини, задушување на конкуренцијата и генерално за злоупотреба на нивната доминација на пазарот, вклучително и аквизиции на ривалите. Конзервативците, исто така, тврдеа дека ги цензурираат нивните политички ставови. Републиканецот Џим Џордан ги обвини компаниите за спречување на конзервативците да контактираат со приврзаниците, а претходно претседателот на САД, Доналд Трамп се закани дека ќе „воведе правда“ во големите технолошки компании преку издавање на извршни регулативи. Марк Цукерберг ја оправда доминацијата на Фејсбук во социјалните мрежи, тврдејќи дека во 2012 година, Инстаграм бил „мала апликација за споделување фотографии“, но тој од неа направил феномен на социјалните медиуми. Безос, пак, не негираше дека Амазон користи податоци од трети лица (продавачи) за креирање сопствен план за пристап до купувачите, претпазливо одговарајќи како тие воделе политика против таквите обиди. „Ако откривме дека тоа некој го прекршил, ќе преземевме акција против нив“, рече тој. Тим Кук ги отфрли обвиненијата за нечесен однос кон конкуренција и високите провизии кои Епл ги наплаќа од креаторите на апликации за App Store. „Не се согласувам со тоа“, истакна Кук, објаснувајќи дека програмерите се натпреваруваат, а можат да пишуваат апликации и за Андроид или Виндоуз или за Иксбокс или ПлејСтејшн. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderite-na-fejsbuk-amazon-gugl-i-epl-demantiraat-deka-ja-zadushuvaat-konkurencijata/feed/ 0