конрад аденауер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Jun 2023 16:25:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png конрад аденауер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најголем дел од граѓаните сметаат дека Македонија никогаш нема да биде дел од ЕУ, голема поддршка на членството во НАТО – истражување на Конрад Аденауер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najgolem-del-od-graganite-smetaat-deka-makedonija-nikogash-nema-da-bide-del-od-eu-golema-poddrshka-na-chlenstvoto-vo-nato-istrazhuvane-na-konrad-adenauer/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najgolem-del-od-graganite-smetaat-deka-makedonija-nikogash-nema-da-bide-del-od-eu-golema-poddrshka-na-chlenstvoto-vo-nato-istrazhuvane-na-konrad-adenauer/#respond Thu, 29 Jun 2023 16:25:19 +0000 https://kurir.mk/?p=850948

Антиципирајќи ја важноста на општите и на партикуларните глобални тенденции врз развојот на Северна Македонија, Фондацијата Конрад Аденауер ја издаде публикацијата: „Меѓународни предизвици 2023 (Истражување на јавното мислење)“. Публикацијата има за цел да го анализира расположението на македонската јавност во однос на најважните предизвици и дополнително да ги разјасни трендовите на движењето на таквото расположение низ хронолошка повеќегодишна перспектива која се темели на добиените резултати од претходно спроведените истражувања на јавното мислење издадени од страна на Фондацијата во 2021 и 2022 година – „30 години независност“ и „30 години надворешна политика и одбрана“. Испитувањето на јавното мислење беше спроведено кон крајот на мај 2023 година. Големината на примерокот вклучува 1 111 испитаници, со почитување на клучните демографски карактеристики, односно пол, возраст над 18 години, образование и етничка припадност, географска избалансираност и партиско-политичка афилијација на испитаниците. При спроведување на истражувањето е користена квантитативна истражувачка методологија на собирање податоци (преку телефонска анкета), што овозможува веродостојно и прецизно скенирање на ставовите на генералната популација. Маргиналната грешка се движи помеѓу +/- 2,9 %, со 95 % интервал на веродостојност. Анкетата е спроведена од Институтот за политички истражувања (ИПИС). Прашалникот се состои од прашања кои во најголем дел се конципирани во форма на тврдење со кое секој испитаник може да избере дали се согласува или не се согласува, при што за секое прашање се стратифицираат одговорите на испитаниците врз основа на клучните демографски параметри. Прашањата може да се поделат во седум групи: -Во првата група се поместени прашања што се однесуваат на членството на Северна Македонија во НАТО; -Во втората група се поместени прашања со кои се утврдуваат ставовите на испитаниците за интеграцијата на државата во Европската Унија; -Во третата група се поместени прашања со кои се испитуваат трендовите на поддршката на испитаниците на меѓународните договори важни за Северна Македонија, односно Преспанскиот договор со Грција, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, како и Иницијативата „Отворен Балкан“; -Во четвртата група се поместени прашања што се однесуваат на влијанието на поважни надворешни предизвици врз безбедноста на Северна Македонија; -Во петтата група се поместени прашања што се однесуваат на односите на Северна Македонија со други поважни држави и сојузи; -Во шестата група се поместени прашања што се однесуваат на карактерот на влијанието на селектирани држави и сојузи врз внатрешните политички, економски и безбедносни прилики во Северна Македонија; -Во седмата група, пак, се поместени прашања со кои се расветлуваат ставовите на граѓаните за руската воена агресија врз Украина. Врз основа на резултатите од истражувањето може да се изведат следните покарактеристични заклучоци: -Поддршката на членството на Северна Македонија во НАТО од 2021 година континуирано се зголемува правејќи кумулативна позитивна разлика од 5,9 % и во апсолутна смисла денес таа изнесува 65,7 %; -62,3 % ги поддржуваат европските интеграции на Северна Македонија, што претставува резултат кој е на скоро исто ниво од претходното истражување во 2022 година, кога таа поддршка изнесуваше 62,8 %; -Во однос на времето кога Северна Македонија ќе се зачлени во ЕУ, најголемата група ја сочинуваат испитаниците што сметаат дека тоа нема да се случи никогаш, односно 39,3 %, што споредено со 2022 година оваа група има раст од 11,3 %; дека членството во ЕУ ќе се оствари за 10 години сметаат 14,9 %; дека членството ќе се случи за 10 – 20 години сметаат 11,3 %; дека ќе се случи за 5 години сметаат 8,5 %, додека 18,1 % изјавиле дека не знаат, односно немаат одговор; -36,3 % го поддржуваат Преспанскиот договор со Грција, а 37,2 % сметаат дека овој договор ги подобрил македонско-грчките односи, што споредено со 2022 година претставува раст од 6,6 %; -59 % не го поддржуваат Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија, што споредено со 2021 претставува раст од 13,6 %. Истовремено 67,3 % сметаат дека по потпишувањето на овој договор македонско-бугарските односи се влошиле, што споредено со 2022 година претставува раст од 10,2 %; -68 % ја поддржуваат иницијативата за соработка помеѓу Северна Македонија, Албанија и Србија „Отворен Балкан“, што споредено со 2022 година претставува раст од 2,3 %; -На група засебно поставувани прашања за безбедноста, кои се однесуваат на широк круг на надворешни состојби што влијаат врз безбедносните состојби во државата, 92,3 % сметаат дека организираниот криминал претставува најголема закана за Северна Македонија, по што следуваат потенцијалните нови здравствени епидемии кои како опасност ги чувствуваат 84,9 % од испитаниците, па лажните вести со 82,5 %, хибридните закани од други држави со 79 %, напливот на мигранти со 76,4 % и враќањето на борците од странски боишта во државата, што како најголема опасност за Северна Македонија го сметаат 70,7 % од испитаниците; -На група засебно поставувани прашања посветени на квалитетот на билатералните односи на земјата со селектирани држави, на врвот се наоѓаат Србија, за која 88,1 % сметаат дека има добри односи со Северна Македонија, и Турција, за која 84,3 % сметаат дека има добри односи со Северна Македонија. Следни во горниот дел од табелата се Германија со 77,4 %, Албанија со 66,3 %, Косово со 65,7 % и САД со 62,2 % позитивни перцепции. На најдолниот дел од табелата се Бугарија и Русија, за кои само 18,3 %, односно 16,5 % сметаат дека имаат добри билатерални односи со Северна Македонија; -На група засебно поставувани прашања за влијанието на селектирани држави врз внатрешните политички, економски и безбедносни прилики во Северна Македонија, испитаниците како најпозитивно го оценуваат влијанието на Турција со 58 % позитивни впечатоци за политичкото, 66,1 % за економското и 60,3 % за безбедносното влијание во Северна Македонија; потоа следна на табелата е Европската Унија со 38,7 % позитивни впечатоци за политичкото, 41,6 % за економското и 41,2 % за безбедносното влијание во Северна Македонија; трети на оваа скала се САД со 37 % позитивни впечатоци за политичкото, 38,8 % за економското и 41 % за безбедносното влијание во Северна Македонија; претпоследното место во оваа табела ѝ припадна на Кина со 28,7 % позитивни впечатоци за политичкото, 36,8 % за економското и 29,6 % за безбедносното влијание во Северна Македонија; најмалку позитивни оценки испитаниците даваат за влијанието на Русија, со 17,5 % позитивни впечатоци за политичкото, 18,9 % за економското и 18,2 % безбедносното влијание врз Северна Македонија; -53,7 % ја оценуваат руската воена агресија врз Украина како неоправдана и неприфатлива, наспроти 29,3 % кои ја оцениле како оправдана и прифатлива, што претставува разлика од 24,4 % во корист на првата група, споредено со 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najgolem-del-od-graganite-smetaat-deka-makedonija-nikogash-nema-da-bide-del-od-eu-golema-poddrshka-na-chlenstvoto-vo-nato-istrazhuvane-na-konrad-adenauer/feed/ 0
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ на средба во Германија со претседателот на фондацијата „Конрад Аденауер“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/delegatsija-na-vmro-dpmne-na-sredba-vo-germanija-so-pretsedatelot-na-fondatsijata-konrad-adenauer/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/delegatsija-na-vmro-dpmne-na-sredba-vo-germanija-so-pretsedatelot-na-fondatsijata-konrad-adenauer/#respond Tue, 20 Jun 2023 11:50:48 +0000 https://kurir.mk/?p=847805

Срдечна средба со Проф.Ламерт, претседател на фондацијата "Конрад Аденауер", дискусии за Македонија, ЕУ, билатерална соработка со Германија и подготовката на изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ. Поздрав од Берлин! Пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ, се вели во Фејсбук статусот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/delegatsija-na-vmro-dpmne-na-sredba-vo-germanija-so-pretsedatelot-na-fondatsijata-konrad-adenauer/feed/ 0
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со новиот директор на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-ostvari-sredba-so-noviot-direktor-na-fondacijata-konrad-adenauer-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-ostvari-sredba-so-noviot-direktor-na-fondacijata-konrad-adenauer-vo-makedonija/#respond Mon, 08 Feb 2021 16:14:25 +0000 https://kurir.mk/?p=465892

Денес во Собранието на Република Македонија, Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратениците Тимчо Муцунски, Жаклина Пешевска и Јован Јаулески остварија средба со новиот Директор на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија, г-динот Даниел Браун. На почетокот, Координаторот Никола Мицевски во име на присутните пратеници и на целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ му посака добредојде на г-динот Даниел Браун во Република Македонија, но и успешна работа како нов Директор на Фондацијата Конрад Аденауер во Р. Македонија. На оваа средба, се отворија многу актуелни прашања, проблеми и предизвици со кои се соочуваме како држава во овој момент. Се разговараше за моменталната блокада за отворање на пристапните преговори со ЕУ, за проблемите со кои што во моментов се соочуваме со Република  Бугарија, за се’ поголемиот број на млади лица кои што заминуваат или имаат намера да заминат од Република Македонија, за пописот и проблемите околу неговото спроведување, за катастрофалната и лошата состојба со загадениот воздух и животната средина во целост, за проблемите и последиците со кои се соочуваме поради КОВИД кризата, како и за предизвиците со кои треба и мора да се справиме во наредниот период предизвикани од КОВИД кризата. Исто така, на средбата се отворија и прашањата околу функционалноста на Собранието, злоупотребата на европското знаменце и носењето на голем број на закони по скратена постапка. Се разговараше и за соработката помеѓу сите пратенички групи, соработката помеѓу пратеничките групи и Владата и други слични теми поврзани со работата и делокругот на Собранието на Република Македонија и пратеничките активности во рамките на Собранието. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, покрај за актуелните предизвици и проблеми кои се присутни во нашата држава и во Собранието, упати благодарност и  за досегашната сериозна поддршка и плодна долгогодишна соработка со Фондацијата Конрад Аденауер и како што рече тој, се надева дека така ќе продолжи и во иднина. На денешната средба, г-ѓата Жаклина Пешевска како актуелен пратеник, но и како претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ се осврна на прашањата кои се поврзани со застапеноста на жените во политиката и Собранието, односно со родовата еднаквост на политичката сцена во Република Македонија, како и за активностите кои ги превземаат и реализираат поврзани со оваа тема. Пратеникот Јован Јаулески, како поранешен претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, а сега актуелен пратеник и директен претставник на младите во Собранието, се осврна на економските, социјалните, егзистенционалните и образовните проблеми со кои се соочуваат младите во Република Македонија. Тој на оваа тема посочи неколку важни показатели кои ја отсликуваат реалната состојба за статусот на младите во нашата држава и нивната желба што побргу да ја напуштат нашата држава. Јаулески напомена дека и покрај лошата состојба на младите во државата, Фондацијата Конрад Аденауер е докажан како најголем поддржувач на младите во нашата држава, покажувајќи го тоа и помагајќи на многу начини досега. Пратеникот Тимчо Муцунски се осврна на предизвиците со кои се соочува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија и недостигот на стручна и политичка соработка помеѓу пратениците од различните партии и пратенички групи.  Тој исто така посочи и на проблемот со потценувањето и девалвирањето на Парламентот и пратениците како директни претставници на народот од страна на власта. Но сепак, како што нагласи тој, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе остане силно мотивирана и ентузијастички расположена и во иднина да продолжи да работи со полна пареа со цел обезбедување на подобар живот и животен стандард за граѓаните на Република Македонија. На крајот, сите присутни на оваа средба заеднички заклучија дека ваквата соработка на различни полиња е добитна комбинација за нашата држава и за подобрување и поефикасно решавање на проблемите на нашата држава, како и дека единствената цел на Република Македонија е час поскоро да се одблокира процесот на отворање на пристапни преговори за полноправно членство во Европската Унија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-ostvari-sredba-so-noviot-direktor-na-fondacijata-konrad-adenauer-vo-makedonija/feed/ 0
Николоски: Секогаш кога на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија им е тешко тука се да помогнат Фондацијата Конрад Аденауер од Германија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-sekogash-koga-na-vmro-dpmne-i-na-makedonija-im-e-teshko-tuka-se-da-pomognat-fondacijata-konrad-adenauer-od-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-sekogash-koga-na-vmro-dpmne-i-na-makedonija-im-e-teshko-tuka-se-da-pomognat-fondacijata-konrad-adenauer-od-germanija/#respond Thu, 17 Sep 2020 18:05:40 +0000 https://kurir.mk/?p=404779

Продолжува традиционално добрата соработка со нашите партнери од германската фондација Конрад Аденауер. Секогаш кога на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија им е тешко тука се да помогнат од Фондацијата Кондар Аденауер која е фондација на најголемата партија во Германија ЦДУ, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. „КАС ќе помогне со обуки за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, активистите на различни позиции во партијата, односот со медиумите, како и организационите елементи. Поразговаравме и за состојбата во Македонија со старо – новата крими коалиција на лагата. Перспективата на ВМРО-ДПМНЕ е во соработка со КАС, ЦДУ и останатите сестрински партии од ЕПП, перспективата на Македонија е горда и признаена членка на ЕУ со зачувано национално достоинство и гордост“, напиша тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-sekogash-koga-na-vmro-dpmne-i-na-makedonija-im-e-teshko-tuka-se-da-pomognat-fondacijata-konrad-adenauer-od-germanija/feed/ 0
Мицкоски: Со Фондацијата „Конрад Аденауер“ работиме на идните политики и пренесуваме искуства на членовите на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-fondacijata-konrad-adenauer-rabotime-na-idnite-politiki-i-prenesuvame-iskustva-na-chlenovite-na-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-fondacijata-konrad-adenauer-rabotime-na-idnite-politiki-i-prenesuvame-iskustva-na-chlenovite-na-vmro-dpmne/#respond Sat, 29 Feb 2020 13:20:03 +0000 https://kurir.mk/?p=310452

Членови на извршниот комитет на партијата, членови на останатите структури на ВМРО-ДПМНЕ заедно со фондацијата Конрад Аденауер овие два дена ќе разговараат за предизвиците кој што се пред нас после 12 април, ќе разговараат и за она што не очекува и пред 12 април, практично е поврзано со предизборната кампања, изборната кампања и така натаму, посочува Христијан Мицкоски. -За политиките во иднина кои ВМРО-ДПМНЕ треба да ги рефлектира според современите текови на конзервативните центар десни политички партии, не само од национален карактер туку и сето она што е поврзано со тие центар десни конзервативни политики. Тука пред се мислам на економијата политиките од реалниот живот пред се тука мислам на политиките кои што подразбираат и поинаков пристап надвор од кутијата што би рекле, пристап на работите. Ценам дека ќе биде исклучително значајно ќе биде добро искуство за членовите на Извршниот комитет на партијата ова е дел од низата тренинзи кои ги имаше ВМРО-ДПМНЕ изминативе месеци и изминатава година и со фондацијата Конрад Аденауер но и со други фондации за нас ова е од исклучително значење големо искуство и се надеваме дека сето она што е извадено како заклучок ќе прерасне во политика на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија, рече тој. На новинарско прашање за мислење околу синоќешниот дуел, Мицкоски одговори: Не би било пристојно јас да давам оценка тоа го кажав и на дуелот ќе оставам граѓаните да судат едноставно се забавував кога зборував со господинот Зоран Заев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-fondacijata-konrad-adenauer-rabotime-na-idnite-politiki-i-prenesuvame-iskustva-na-chlenovite-na-vmro-dpmne/feed/ 0
Ѓорчев: Германската фондација Конрад Аденауер и ЦДУ се наши стратешки партнери, ќе ја засилиме соработката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorchev-germanskata-fondacija-konrad-adenauer-i-cdu-se-nashi-strateshki-partneri-kje-ja-zasilime-sorabotkata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorchev-germanskata-fondacija-konrad-adenauer-i-cdu-se-nashi-strateshki-partneri-kje-ja-zasilime-sorabotkata/#respond Mon, 24 Dec 2018 16:44:45 +0000 https://kurir.mk/?p=144445

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, денеска се сретна со Јоханес Реј, директор на фондацијата Конрад-Аденауер, која што е блиска до владејачката партија ЦДУ. На средбата тие ја потврдија соработката и си посакаа успешна работа во понатамошниот период. – Прием на германската ???? фондација Konrad-Adenauer-Stiftung (КАС) блиска до владејачката CDU, партнер на ВМРО-ДПМНЕ. Заедно работиме и соработуваме со години билатерално и во рамките на ЕПП, тоа се нашите стратешки определби и партнери. Честитки за успешната соработка на КАС со ВМРО-ДПМНЕ и желби за успепшна работа понатаму. Срдечна средба со директорот Јоханес Реј. Мило ми е што бев нивен стипендијант од 2000-та година, како и учесник и предавач на бројни нивни програми во Берлин, Брисел, Бон, Келн, Стразбур и многу други места. Ќе продолжиме интензивно да соработуваме. ????. – напиша Ѓорчев во објавата на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorchev-germanskata-fondacija-konrad-adenauer-i-cdu-se-nashi-strateshki-partneri-kje-ja-zasilime-sorabotkata/feed/ 0