консензус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Jan 2021 09:48:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png консензус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 АНКЕТА: Дури 56,2% од граѓаните сметаат дека за спроведување на попис потребен е политички консензус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-duri-56-2-od-gragjanite-smetaat-deka-za-sproveduvanje-na-popis-potreben-e-politichki-konsenzus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-duri-56-2-od-gragjanite-smetaat-deka-za-sproveduvanje-na-popis-potreben-e-politichki-konsenzus/#respond Wed, 27 Jan 2021 09:48:27 +0000 https://kurir.mk/?p=460456

Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТА за сопствени потреби направи анкета на јавното мислење за таргетирани актуелни прашања. Анкетата е спроведена телефонски во период од 11.01.2021 – 15.01.2021 врз 1.119 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност. При анализата опфатени се сите изборни единици. Маргиналната грешка е плус, минус 1.5%. Нарачател и спроведувач на анкетата е тимот на Институтот СИА ВИСТА, резултатите се користат за потребите на анализите на институтот. Од анкетираните граѓани дури 56,2 проценти одговориле дека за спроведување на пописот е потребен политички консензус, додека 35,4 проценти од анкетираните одговориле дека нема потреба од политички консензус. Одбиле да дадат одговор 6,7 проценти, додека не знаат само 1,7 проценти од испитаниците.
  1. Дали сметате дека потребен е политички консензус за оддржување на попис?
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-duri-56-2-od-gragjanite-smetaat-deka-za-sproveduvanje-na-popis-potreben-e-politichki-konsenzus/feed/ 0
Заев се надева на консензус за една изборна единица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-se-nadeva-na-konsenzus-za-edna-izborna-edinica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-se-nadeva-na-konsenzus-za-edna-izborna-edinica/#respond Thu, 07 Nov 2019 11:07:03 +0000 https://kurir.mk/?p=261223

Премиерот Зоран Заев денеска изрази надеж дека ќе биде постигнат консензус за промена на Изборниот модел со една изборна единица, повторувајќи дека со тоа губат големите партии, ќе загуби и СДСМ, но ќе се острани можноста за какво било авторитарно однесување во иднина. Заев одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на „Граматиката на современиот ромски јазик“, нагласи дека добро е во државата вакви важни прашања, како промена на Изборен модел, да се носат со консензус. – А ние не можеме поинаку, ние им ветивме на граѓаните уште во кампањата во 2016 година дека сме за една изборна единица. Тоа е дел од нашата изборна програма, а и ние веруваме во тоа, рече Заев и додаде дека тоа освен што ќе биде придобивка за помалите партии, ќе биде придобивка и за сите граѓани. – Ако дојде до гласање во Парламентот јас се надевам, дека тоа ќе биде консензуално, но ако не е консензуално на кој било друг начин социјалдеморкатите ќе гласаат за оваа измена. ДИК е подготвена, институциите се подготвени, постапката е едноставна, рече Заев. Тој нагласи оти смета дека постои поддршка за овие измени. – Мислам дека имам поддршка, јас не сум иницијатор вака кога кажувам. Најголемата политичка партија од помалубројните етнички заедници е ДУИ, мислам дека има вкупно 23 Албанци во Парламентот, а ДУИ има 10 пратеници, каде се другите помалубројни заедници. Дали се согласуваат ќе видиме на гласањето, да направиме чекор, а ако не успееме, што се надевам дека нема да се случи, ќе се направи притисок за тоа за следните избори, рече Заев. Премиерот додаде дека верува оти овие измени ќе ги привлече оние граѓаните, кои не се заинтересирани за избори да го тестираат новиот изборен модел. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-se-nadeva-na-konsenzus-za-edna-izborna-edinica/feed/ 0