Константин Георгиески – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 01 Nov 2021 12:42:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Константин Георгиески – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Георгиески му честиташе победа на Пецаков https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/georgieski-mu-chestitashe-pobeda-na-pecakov/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/georgieski-mu-chestitashe-pobeda-na-pecakov/#respond Mon, 01 Nov 2021 12:42:22 +0000 https://kurir.mk/?p=589209

Поранешниот градоначлник на Охрид Константин Георгиески денеска на противкандидатот Кирил Пецаков му го честиташе остварениот резултат во вториот круг од локалните избори, посакувајќи му успех во четиригодишниот градоначалнички мандат. Георгиески се заблагодари на оние што гласале за него вчера, за одлучноста, за поддршката, за сполотеноста во заедничката цел да се продолжи по започнатиот пат, но констатира дека сепак мнозинството граѓани во Охрид се одлучила за промени. – Ја почитувам демократската одлука на охриѓани, се надевам дека го направија вистинскиот избор. Им благодарам на сите соработници, сопартијци во целокупната кампања, теренската работа и борбата за подобра иднина за нашиот град. Охрид е наше најскапоцено богатство и заслужува да оди напред, охриѓани ги заслужуваат најдобри политики, најдобри проекти и многу работа, изјави Георгиески. Тој уште рече дека му била чест изминатите 2,5 години да им служи на Охрид и на охриѓани, задоволен и горд на сите реализирани проекти и сите остварени успеси изминатиот период. – Носевме храбри и важни одлуки со кои се направи историски напредок. Ја раздолживме општината, го сочувавме статусот на УНЕСКО и значително ги подобривме условите во инфраструктурата и обрзованието. Оставаме голем број готови проекти, кои се надевам дека новата локална власт успешно ќе ги реализира. Уште еднаш им благодарам на сите граѓани за довербата и целокупната поддршка до сега. Мојот интерес и мојот избор секогаш ќе биде Охрид и чест ми е што имав можност да работам за доброто на овој прекрасен град, објави Георгиески на својот Фејсбук-профил. На вчера одржаниот втор круг од локалните избори, Георгиески ја доби довербата на 13.186 граѓани на Охрид, додека за новиот градоначалник Кирил Пецаков гласаа 16.993 граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/georgieski-mu-chestitashe-pobeda-na-pecakov/feed/ 0
„Охрид 24“: Почна да пука асфалтот на најпромовираниот проект на Константин Георгиески (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohrid-24-pochna-da-puka-asfaltot-na-najpromoviraniot-proekt-na-konstantin-georgieski-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohrid-24-pochna-da-puka-asfaltot-na-najpromoviraniot-proekt-na-konstantin-georgieski-foto/#respond Fri, 15 Oct 2021 20:35:32 +0000 https://kurir.mk/?p=579942

Почна да пука асфалтот на најпромовираниот проект на Константин Георгиески, улицата "15 Корпус", пишува Охрид 24. Тие на својот Фејсбук профил објавија и фотографии. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohrid-24-pochna-da-puka-asfaltot-na-najpromoviraniot-proekt-na-konstantin-georgieski-foto/feed/ 0
Георгиески со ребалансот на буџетот на клубот од Нефи Усеини му додели речиси 50.000 евра https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/georgieski-so-rebalansot-na-budzetot-na-klubot-od-nefi-useini-mu-dodeli-rechisi-50-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/georgieski-so-rebalansot-na-budzetot-na-klubot-od-nefi-useini-mu-dodeli-rechisi-50-000-evra/#respond Fri, 30 Jul 2021 17:44:25 +0000 https://kurir.mk/?p=544146

Со денешниот ребаланс на буџетот, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески предизборно на ФК Воска во сопственост на поранешниот советник Нефи Усеини му додели 2.750.000 денари или речиси 50.000 евра . За потсетување кога опозицијата пред околу две години бараше средства за поддршка на кошаркарскиот клуб АВ Охрид, власта ги одби со образложение дека општината не може да финансира приватни спортски клубови, пишува порталот Охрид24. Но, сега на три месеци пред локалните избори тоа не важи, па така Константин Георгиески со пари на граѓаните и во услови на тешка финансиска криза ќе го финансира клубот на неговиот коалиционен партнер, Нефи Усеини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/georgieski-so-rebalansot-na-budzetot-na-klubot-od-nefi-useini-mu-dodeli-rechisi-50-000-evra/feed/ 0
Божиновски: Георгиески ја поддржува урбаната мафија, се плаши да се справи со дивоградбите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozinovski-georgieski-ja-poddrzuva-urbanata-mafija-se-plashi-da-se-spravi-so-divogradbite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozinovski-georgieski-ja-poddrzuva-urbanata-mafija-se-plashi-da-se-spravi-so-divogradbite/#respond Tue, 27 Jul 2021 11:41:36 +0000 https://kurir.mk/?p=542479

Георгиески е синоним за селективност која произведува корупција и криминал и злоупотреба на општинските институции за меѓукоалициони интереси. Ако до пред неколку дена се зборуваше дека можеме да станеме загрозено подрачје, сега дефинитивно се потврди дека евтините трикови на Георгиески не поминуваат, рече денеска портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид. Тој истакна дека Георгиески ја поддржува урбаната мафија, покажа дека нема сила, дека се плаши како што самиот кажа да се справи со дивоградбите и сè сведе на обичен популизам и евтин пиар отстранувајќи неколку шанкови и дел од платформите во Охридското Езеро. - Таму каде што се во прашање милиони евра, дивоградби претворени во станбени згради, спратови на згради и куќи, таму не смее ни да помисли да реагира. Исто како што дозволи пред негови очи да се градат дивоградби, а тој да ги гледа и аминува, затоа што е уценет, а фактурите треба да се плаќаат. Со оваа власт се случува деградација на природата, загадување на езерото, хаос со плажите и со урбаната опрема, чади депонијата Буково, потребно е итно делување во Охрид и ставање крај на лошото менаџирање и неспроведувањето на законските регулативи. Георгиески да собере храброст, да се одважи и да започне со отстранување на дивоградбите, да ги усогласи деталните урбанистички планови со Планот за управување со УНЕСКО, да го ажурира инвентарот на бесправни објекти и да го објави јавно само така ќе докаже дека не е уценет и дека се залага за европски вредности и перспективи, истакна Божиновски. - Соочен со пораз кој е неизбежен Георгиески ќе бара спас во непринципиелни коалиции, кои ќе му достават двојно повисоки предизборни фактури што ќе значат уништување на Охрид и иднината на охриѓани. По локалните избори новата општинска власт во Охрид од ВМРО-ДПМНЕ има за цел да ги промени работите и да го врати сјајот на Охрид.На охриѓани им требаат луѓе кои нема да се плашат, нема да бидат уценети, кои се борат за интересите на граѓаните, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozinovski-georgieski-ja-poddrzuva-urbanata-mafija-se-plashi-da-se-spravi-so-divogradbite/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Георгиески пред заминување сака да земе кредит од 5 милиони евра за раздолжување, а граѓаните ќе го враќаат идните 10 години https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vmro-dpmne-georgieski-pred-zaminuvanje-saka-da-zeme-kredit-od-5-milioni-evra-za-razdolzuvanje-a-gragjanite-kje-go-vrakjaat-idnite-10-godini/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vmro-dpmne-georgieski-pred-zaminuvanje-saka-da-zeme-kredit-od-5-milioni-evra-za-razdolzuvanje-a-gragjanite-kje-go-vrakjaat-idnite-10-godini/#respond Wed, 21 Jul 2021 13:42:03 +0000 https://kurir.mk/?p=539788

Веројатно малкумина од граѓаните разбраа дека во текот на вчерашниот ден во просториите на Општина Охрид се одржала јавна расправа за оправданоста од долгорочно задолжување на Општина Охрид. Епилогот на расправата е непознат, освен веста дека се одржала, а ниту збор за тоа какви биле ставовите на присутната „јавност”. Јавна расправа по теркот на оние на Мила за реформите во образованието, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид. Во продолжение интегрален текст и видео: Но, она што треба да допре до јавноста е фактот дека повторно на два месеци пред локалните избори, Локалната власт и Георгиески пред заминување сакаат да земат кредит од 5 милиони евра за раздолжување, а граѓаните ќе го враќаат идните 10 години. Слично беше и пред последните вонредни локални избори кога беа потрошени дури 9 милиони евра народни пари за истата цел. Загрижува и фактот наведен во Физибилити студијата дека со близу 300 милиони денари општината ќе се раздолжи и ќе ја одблокира сметката, не се совпаѓа со она што го кажале на јавната расправа, а тоа е дека долгот е 470 милиони денари. Па така сосем е извесно дека и покрај задолжувањето, Охрид и натаму ќе остане со блокирана сметка. Најпроблематично од сè е тоа што ова се случува непосредно пред локални избори, што фрла сомнеж за начинот и целта за која ќе се потрошат овие суми, кои потоа со години ќе ги враќаат токму граѓаните на Охрид. Срамно и врв на неспособноста е дека Георгиески и покрај тоа што не направи ниту една капитална инвестиција сега сака да ги задолжи охриѓани за идните 10 години кои ќе треба да вратат со камати близу 8 милиони евра. Не смееме да дозволиме Георгиески да решава за нашата судбина, Општина Охрид не е негова приватна фирма. Ги повикуваме советниците без оглед на која политичка партија припаѓаат, особено од власта барем еднаш во нивниот четиригодишен мандат да застанат зад интересите на граѓаните. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vmro-dpmne-georgieski-pred-zaminuvanje-saka-da-zeme-kredit-od-5-milioni-evra-za-razdolzuvanje-a-gragjanite-kje-go-vrakjaat-idnite-10-godini/feed/ 0
Вака изгледаат слободните плажи на Георгиески – кој сака си наплаќа лежалка 300 денари (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vaka-izgledaat-slobodnite-plazi-na-georgieski-koj-saka-si-naplakja-lezalka-300-denari-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vaka-izgledaat-slobodnite-plazi-na-georgieski-koj-saka-si-naplakja-lezalka-300-denari-foto/#respond Sun, 18 Jul 2021 14:55:00 +0000 https://kurir.mk/?p=538322

Вака изгледаат слободните плажи на Константин Георгиески. Кој сака си наплаќа лежалка 300 денари, пишува во Фејсбук статусот на ОХРИД24. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vaka-izgledaat-slobodnite-plazi-na-georgieski-koj-saka-si-naplakja-lezalka-300-denari-foto/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Георгиески најде мнозинство за нови 17 вработувања на ДУИ во ЈП „Нискоградба“, но не најде за паркирањето https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vmro-dpmne-ohrid-georgieski-najde-mnozinstvo-za-novi-17-vrabotuvanja-na-dui-vo-jp-niskogradba-no-ne-najde-za-parkiranjeto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vmro-dpmne-ohrid-georgieski-najde-mnozinstvo-za-novi-17-vrabotuvanja-na-dui-vo-jp-niskogradba-no-ne-najde-za-parkiranjeto/#respond Thu, 29 Apr 2021 10:05:04 +0000 https://kurir.mk/?p=503667

Вчерашната седница на Советот покажа уште една јавна сервилност на Георгиески кога е во прашање ДУИ, односно негова лична заложба како точките од интерес на ДУИ да бидат изгласани, велат од ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во денешниот допис до медиумите. – За да опстои коалицијата со Усеини, Градоначалникот одобри нови 17 вработувања во ЈП „Нискоградба“ кое го раководи кадар на ДУИ, кои вработувања граѓаните ќе ги чинат близу 5 милиони денари годишно, а во исто време го повлече планот за вработување на ЈП „Билјанини извори“ кој предвидуваше 4 нови вработувања, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ Охрид. Според нив преголема е цената која Георгиески ја плаќа само да опстои коалицијата од интерес помеѓу него и Усеини. Понатака во соопштението од партијата додаваат: -Се поставува прашањето: Зошто Георгиески не го стори истото и не побара да се изгласа точката за паркирање, туку бараше начин со неговиот недемократски однос и одбивањето на точката за работењето на ЈП „Водовод“ предложена од опозицијата, за истата да ја примора да ја напушти седницата? Георгиески да одговори: Дали има забрана од коалицијата таа точка да биде изгласана? Доколку нема, го повикуваме да престане со неговите добро познати дворски игри и веднаш да побара седница на која ќе му помогнеме точката за паркирање да биде изгласана!, велат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vmro-dpmne-ohrid-georgieski-najde-mnozinstvo-za-novi-17-vrabotuvanja-na-dui-vo-jp-niskogradba-no-ne-najde-za-parkiranjeto/feed/ 0
Во Србија прават болници за ковид, а охридскиот градоначалник по половина година ветување се пофали со асфалт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-srbija-pravat-bolnici-za-kovid-a-ohridskiot-gradonachalnik-po-polovina-godina-vetuvanje-se-pofali-so-asfalt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-srbija-pravat-bolnici-za-kovid-a-ohridskiot-gradonachalnik-po-polovina-godina-vetuvanje-se-pofali-so-asfalt/#respond Sun, 27 Dec 2020 10:58:08 +0000 https://kurir.mk/?p=449009

Да не беше смешно ќе беше трагично. После пола година ветување за модуларна болница, Константин Георгиески, градоначалникот на Охрид, се пофали со асфалт, пишува Охрид24.мк. Колку за споредба, Во Србија во рок од четири месеци се отворија две нови болници наменети за лекување на пациенти со Ковид-19. Едната во Крушевац со 500 места, а другата во белградското предградие Батајница со 930 кревети.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-srbija-pravat-bolnici-za-kovid-a-ohridskiot-gradonachalnik-po-polovina-godina-vetuvanje-se-pofali-so-asfalt/feed/ 0
Донев: Георгиески ја поскапува водата за да ги покрие новите партиски вработувања во ЈП „Водовод“ Охрид https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/donev-georgieski-ja-poskapuva-vodata-za-da-gi-pokrie-novite-partiski-vrabotuvanja-vo-jp-vodovod-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/donev-georgieski-ja-poskapuva-vodata-za-da-gi-pokrie-novite-partiski-vrabotuvanja-vo-jp-vodovod-ohrid/#respond Fri, 25 Dec 2020 11:06:18 +0000 https://kurir.mk/?p=448210

Во услови на економска криза и рецесија како и на намален обем на работа, градоначалникот Георгиески излегува со предлог за ново покачување на цената на водата за пиење. Вистинската причина за поскапувањето на водата е зголемувањето на платите на вработените за 2021 година во ЈП „Водовод“ од над 12 милиони денари и нови 18 вработувања кои охриѓани ќе ги чинат над 5 милиони денари, рече на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Сашо Донев. – Почитувани сограѓани, Време е да го кренеме гласот! Нашиот повик не треба да се гледа како партиски интерес, нашиот повик е за обединување на сите граѓани, за Охрид. Ова што ни се случува не го заслужуваме, ваквиот однос на градоначалникот е понижувачки, срамен и потценувачки за сите нас. Ве повикувам јавно да побарате од советниците кои сте ги гласале да се борат за вашите интереси и да се спротивстават на предлогот на партискиот послушник Георгиески за покачување на цената на водата, нагласи Донев. За ваквата одлука на Георгиески, посочи Донев, граѓаните ќе треба да одвојат од сопствениот буџет вкупно 250 илјади евра годишно. – Дека на забеганоста и нема крај говори и фактот што сè уште има луѓе кои или немаат вода за пиење или истата е микробиолошки неисправна, додека приоритет на Георгиески е како да му вработи личен возач на директорот и разни административни референти. Доста е! Време е!, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/donev-georgieski-ja-poskapuva-vodata-za-da-gi-pokrie-novite-partiski-vrabotuvanja-vo-jp-vodovod-ohrid/feed/ 0
Петкоска: Додека Георгиески дише чист воздух на Француските Алпи, граѓаните сѐ повеќе и повеќе се гушат https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/petkoska-dodeka-georgieski-dishe-chist-vozduh-na-francuskite-alpi-gragjanite-s-povekje-i-povekje-se-gushat/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/petkoska-dodeka-georgieski-dishe-chist-vozduh-na-francuskite-alpi-gragjanite-s-povekje-i-povekje-se-gushat/#respond Thu, 05 Mar 2020 12:57:03 +0000 https://kurir.mk/?p=312546

Денес пред општина Охрид се одржа прес-конференција на која говореше Лидија Петкоска, советник во Советот на општина Охрид и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид. -Додека градоначалникот Константин Георгиески дише чист воздух на Француските Алпи, граѓаните секојдневно сѐ повеќе и повеќе се гушат. Локалната власт на СДСМ секојдневно депонира градежен шут и ѓубре на локацијата Мауцкер, иако тоа е забрането. Зошто покрај забраната и спротивно на законите повторно и повторно се одлага ѓубре на Мауцкер? Ова ли се современите стандарди за одлагање отпад? Зошто распишавте тендери и потрошивте милиони, а сликата од Мауцкер го кажува спротивното? За жал вистината е дека останаа само лажните изјави дека наводно е отстрането ѓубрето, истакна таа. Петкоска прашува: „Зошто Георгиески не бара одговорност од директорот на ЈП „Охридски комуналец“, Љупчо Грданоски за што ги потрошија парите за дислокација на отпадот“? -Градоначалникот Георгиески и локалната власт создаваат проблеми наместо да вложат напори за изнаоѓање на Локација за депонирање на градежен шут и цврст отпад со што би се решил проблемот со дивите депонии во околината. Власта на СДСМ се однесува несериозно кон животната средина создавајќи депонија на Мауцкер и апсолутно не се грижи за зачувување на статусот на УНЕСКО. Локалната власт и градоначалникот Георгиески не можат да се справат ниту со депонијата Буково, исто како што не можат ни со дивоградбите. По 12 април нема да изостане одговорноста за сите непочитувања и прекршувања на законите!“ – истакна Петкоска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/petkoska-dodeka-georgieski-dishe-chist-vozduh-na-francuskite-alpi-gragjanite-s-povekje-i-povekje-se-gushat/feed/ 0