Константин Георгиевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Sep 2021 09:38:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Константин Георгиевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 АНКЕТА: Пецаков со убедливо водство во Охрид пред Георгиевски на престојните локални избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-pecakov-so-ubedlivo-vodstvo-vo-ohrid-pred-georgievski-na-prestojnite-lokalni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-pecakov-so-ubedlivo-vodstvo-vo-ohrid-pred-georgievski-na-prestojnite-lokalni-izbori/#respond Wed, 22 Sep 2021 09:43:54 +0000 https://kurir.mk/?p=566780

“Организацијата за граѓански активизам и независност” која се занимава со анализи, истражувања и граѓански активизам, за сопствени потреби направи теренско истражување поврзано со престојните локални избори во Република Македонија, кои ќе се одржат на 17 октомври 2021 годиниа. Теренското истражување се одвиваше во периодот од 13 септември до 17 септември 2021 на репрезентативен примерок во зависност од големината на општината/ градот Скопје. Резултатите од анкетата, во делот за општина Охрид, покажуваат дека во оваа општина најголема доверба ужива кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков. За него се изјасниле дека ќе гласаат 27.5% од испитаните граѓани. Зад него е кандидатот на СДСМ, Константин Георгиевски за кој довербата ја дале 23,3% од граѓаните, и кандидатот на ТМОРО, Гоце Цветковски за кого 2,1% од испитаниците се изјасниле дека ќе го гласаат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-pecakov-so-ubedlivo-vodstvo-vo-ohrid-pred-georgievski-na-prestojnite-lokalni-izbori/feed/ 0
Ако рушам, ќе ме убијат, ама ако заминам – кој ќе гради: Тивкиот Константин го изрони охридскиот брег https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-rusham-kje-me-ubijat-ama-ako-zaminam-koj-kje-gradi-tivkiot-konstantin-go-izroni-ohridskiot-breg/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-rusham-kje-me-ubijat-ama-ako-zaminam-koj-kje-gradi-tivkiot-konstantin-go-izroni-ohridskiot-breg/#respond Sat, 17 Jul 2021 15:37:36 +0000 https://kurir.mk/?p=538133

Дилемата дали Георгиевски заслужува уште еден мандат можеме да ја решиме со само една негова изјава: „Ако ги рушам дивоградбите во Охрид утре може некој ќе ме убие“, пишува Република. Зошто некој кој се плаши за својата безбедност и за безбедноста на семејството би прифатил уште еден мандат? Веројатно СДСМ и Георгиевски си знаат зошто, а ние сепак да се потсетиме зошто не. Како и до сега ќе работам само за интересите на граѓаните, ќе вложам максимални напори за да го реалиизрам сетоа она што го имаме зацртано и планирано. Мојата визија е Охрид да биде град во кој секој граѓанин ќе ја гледа својата иднина и иднината на своите деца. Само заедно со граѓаните може да го направиме Охрид модерен и развиен туристички центар и град кој ќе послужи како добар пример. Ќе бидеме фокусирани на приоритетните инфраструктурни потреби, како што се улици, водоводи и канализација, поубави јавни површини, подобри услови во образованието, заштита на животната средина, мерки за подобар и поквалитетен туристички производ, подобри општински услуги, подобри услови за спорт, подобри услови за децата и младите и други проекти кои се важни за нашиот град. Илјада изборни ветувања – нула исполнувања. Оваа тажна математика е слика за работата на охридскиот градоначалник Константин Георгиевски, кој ја добил довербата на охриѓани и партискиот лидер Зоран Заев за втор мандат за градоначалник на Охрид. Георгиевски е трет актуелен градоначалник на листата „Чесни и одговорни“. Претходно потсетивме на (не)делата на Аце Велковски од Лозово и Сашко Николов од Штип. Скалпот на Георгиевски ќе му го земе ортаклакот со Нефи Усеини. Нефи Усеини е кралот на дивоградбите во Охрид. На зелениот Нефи Усеини од ДУИ никој ништо не му може, а Георгиевски единствено може да се слика со него. И да договара дивоградби. Зашто, нели, „ставањето на Охрид во листа на опасност, воопшто не е таква трагедија, како што е претставена во јавноста“. Сепак, Нефи не е единствениот кој гради бесправно во Охрид. Има и такви за кои општината „не знае кој гради“. Но, им се може, па градат на само 50 метри од езерото. До 2019 година регистарот на дивоградби во Охрид содржи 1076 нелегални градби, од кои 409 се лоцирани во заштитниот појас. Состојбата со урабнизмот и дивоградбите е алармантна, па затоа УНЕСКО бара природното и културното наследство на Охридскиот Регион да биде на листата на загрозено светско наследство. Охрид го тресеа низа афери со нелегални градби врз заштитено културно наследство како Алипашината џамија, објектот кај Чинарот, објектот врз археолошки локалитет „Манчевци“, хотелот во Лагдин, бетонската база и ред други дивоградби на крајбрежјето. Георгиески не се одважи за ниту една. Рече „процесот ќе е болен и тежок, ќе трае и година, две“…, но ете никој досега не се пожалил на болка. Можеби не е случајност…. Таткото на Константин Георгиевски, во охридската јавност важи за основач на „градежната мафија“ која има незаконски градено згради во центарот на Охрид кои потоа биле легализирани. За името на Георгиевски се врзуваат илјадници партиски вработувања. И уште вбработувања. Поскапување на водата и уште партиски вработувања. Реализирани ветувањата за туристичка преродба на Охрид. Му покажа заби на Ѓоковиќ и му кажа кои сме и зошто сме. Дека Македонија е cеверна. Иако Ѓоковиќ само сакаше да го посети Охрид. Топло добредојдето од граоначалникот, нема што. Додека сме кај Србија и Србите, во духот на добрососедските односи, дали Георгиевски ќе ги врати златните маски од Требеништа и охридските длаборези од Белград како што ја врати оградата? Градоначалникот Георгиески на својата турнеја во Белград ја предаде историски вредната ограда од вилата „Билјана“. Што добија Охрид и Македонија за возврат од тоа што Георгиески зад флоскулата на пријателство ја однесе оградата? Дали Георгиески знае дека пријателството е двостран однос и дали во знак на пријателството од Белград ќе се врати со златните маски од Требеништа како и со охридските длаборези што ги красат тамошните институции и музеи, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ Охрид. Пред крајот, да се вратиме на почетокот – памтите ли како дојде Георгиевски на местото од кое не сака да замине? Боки 13 го има одговорот. Кичеец преку Бено од партијата на Египѓаните ги местеше локалните избори за да победи кандидатот на СДСМ, Константин Георгиевски – открива Боки 13 во исказ пред судот. На крај, ќе завршиме како што започнавме – со мудра мисла од актуелниот градоначалник, со надеж дека самиот тој ќе го почитува својот збор: „Градот мора да се ресетира и да се почитуваат законите“. Епа, охриѓани, стиснете Reset!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-rusham-kje-me-ubijat-ama-ako-zaminam-koj-kje-gradi-tivkiot-konstantin-go-izroni-ohridskiot-breg/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Заев за Охрид го предлага Георгиевски, за кој и неговата министерка за култура кажа дека нема волја да го заштити културното наследство на градот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-za-ohrid-go-predlaga-georgievski-za-koj-i-negovata-ministerka-za-kultura-kaza-deka-nema-volja-da-go-zashtiti-kulturnoto-nasledstvo-na-gradot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-za-ohrid-go-predlaga-georgievski-za-koj-i-negovata-ministerka-za-kultura-kaza-deka-nema-volja-da-go-zashtiti-kulturnoto-nasledstvo-na-gradot/#respond Fri, 16 Jul 2021 07:11:16 +0000 https://kurir.mk/?p=537458

Заев за Охрид го предлага Георгиевски, за кој и неговата министерка за култура кажа дека нема волја да го заштити културното наследство на градот, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. -Константин Георгиевски повеќе од година и половина не направи ништо за уривање на дивоградбите и решавање на урбаниот хаос. Со Георгиевски Охрид ризикува да го изгуби статусот на град под заштита на УНЕСКО. И министерката за култура Стефоска од СДСМ кажа дека општина Охрид нема волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО и дека ќе иницира пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите. Како сега преку ноќ истиот тој Георгиевски е компетентен и способен? Како човекот заради кој виси статусот на Охрид на листата на УНЕСКО е добар градоначалник?, прашуваат од паратијата. Од таму додаваат дека Георгиевски е лош избор за Охрид. Тој е доказ дека СДСМ нема кадри и дека никој не им се нафаќа освен неспособни и криминалци. СДСМ оди со стари и истрошени кадри. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-za-ohrid-go-predlaga-georgievski-za-koj-i-negovata-ministerka-za-kultura-kaza-deka-nema-volja-da-go-zashtiti-kulturnoto-nasledstvo-na-gradot/feed/ 0
Константин Георгиевски за година и пол загубил повеќе од 2 000 гласови: Што се случи со неговата поддршка? https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/konstantin-georgievski-za-godina-i-pol-zagubil-povekje-od-2-000-glasovi-shto-se-sluchi-so-negovata-poddrshka/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/konstantin-georgievski-za-godina-i-pol-zagubil-povekje-od-2-000-glasovi-shto-se-sluchi-so-negovata-poddrshka/#respond Fri, 26 Apr 2019 09:34:24 +0000 https://kurir.mk/?p=191512

Што се случи со поддршката на актуелниот в.д. градоначалник и кандидат за градоначалник Константин Георгиески за само една и пол година? Тој на локалните избори за градоначалник на Општина Охрид освои 13.000 гласови. Овие 13.000 гласови се за 2.000 помалку дури и од советничката листа на СДСМ на локалните избори во 2017, која ја предводеше токму Георгиески. Константин Георгиески во првиот круг на локалните избори победи, но таа победа ја донесоа гласовите на етничките заедници. Гласови според упатените гласовите му ги донел советникот и претседател на ДУИ во Охрид, Нефи Усеини.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/konstantin-georgievski-za-godina-i-pol-zagubil-povekje-od-2-000-glasovi-shto-se-sluchi-so-negovata-poddrshka/feed/ 0
В.д градоначалникот Константин Георгиески води предизборна кампања, нови 40 партиски вработувања кои ќе ја чинат општината над 6 милиони денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/v-d-gradonachalnikot-konstantin-georgieski-vodi-predizborna-kampanja-novi-40-partiski-vrabotuvanja-koi-kje-ja-chinat-opshtinata-nad-6-milioni-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/v-d-gradonachalnikot-konstantin-georgieski-vodi-predizborna-kampanja-novi-40-partiski-vrabotuvanja-koi-kje-ja-chinat-opshtinata-nad-6-milioni-denari/#respond Sun, 13 Jan 2019 12:15:30 +0000 https://kurir.mk/?p=151654

За веде градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески очигледно во преден план е предизборната кампања наместо решавање на огромниот број проблеми на граѓаните на Охрид. Како точка на дневен на седницата на Советот на општината на предлог на градоначалникот Георгиески е Предлог – одлуката за давање согласност на одлуката за усвојување на годишниот план за вработување на ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид за 2019 година. Според годишниот план за вработување на ЈП „Охридски комуналец“ се предлагаат нови 40 вработувања од кои 16 унапредувања. Според бројките општината на чело во Георгиески пред изборите сака да вработи нови 40 лица од кои 22 Македонци, 2 Албанци, 2 Турци и 14 други. Пресметано во бројки за работното место одржувач на паркови и зеленило потребни се нови 265.613,00 денари, за општ комунален работник во паркови и зеленило нови 261.627,00 денари, за општ комунален работник нови 249.491,00 денари, за метач 237.455,00 денари, за самостоен референт-оператор, 296.103,00 денари, општ комунален работник 263.653,00 денари, референт за осигурување ќе се потрошат нови 280.758,00 денари, додека за портир 286.893,00 денари. Градоначалникот пред изборите нема намера да штеди и во делот на односите со јавноста каде се планираат за нови вработувања на местото референт за односи со јавноста да се потрошат нови 87.284,00 денари. Ќе се трошат пари и за референтот бо набавка за кого е одвоено 287.284,00 денари, за расадничар 207.969,00 денари, за општ комунален работник во расадник со производство 234.831,00 денари, за ракувач на градежна машина 246.192,00 денари, возач за специјално тешко возило 283.632,00 денари, возач на товарно возило- Кипер, 271.716,00 денари, за возач на лесно моторно возило до 3, 5 тони општината ќе потроши 247.368,00 денари, возач на цистерна 258.456,00 денари, за управувач на градежна машина 277.848,00 денари, за автомеханичар 294.114,00 денари. Пари пред изборите ќе се трошат и за возач на директорот за кого се предвидени нови 234.486,00 денари. За хидрауличар рекордни 304.070,00 денари, столар 315.147,00 денари, подмачкувач 235.007,00 денари, за помошник возач на специјално возило-пајак ќе се потрошат 232.920,00 денари и за шинтер 243.435,00 денари. Додека општина Охрид нема пари за улично осветлување и никако да се справи со снегот оставајќи го градот неисчистен и заструпан со снег, се планираат нови вработувања. Овие партиски вработувања ќе ја чинат општината 6.603.344 денари на годишно ниво. Според овие бројки се гледа сериозноста на Георгиески околу раководењето со Општината за која не требаше неколку недели од назначувањето да се забележи. Според ова јасна е намерата- приоритет се партиските врабтувања како никогаш досега пред локалните избори, додека решавањето на проблемите за охриѓани ќе почека подобри времиња. Инаку претходно ВМРО-ДПМНЕ Охрид предупреди за катастрофалната состојба со зимското одржавање и отстранување на снегот во градот, додека Георгиески не сака да се зафати за работа. Катастрофална е состојбата со зимското одржување во Охрид и отстранувањето на снегот. Градоначалничката функција не е пи-ар и маркетиншка агенција, па в.д градоначалникот Констатнтин Георгиески добро ќе беше чајот да го испие и со граѓаните кои беа оставени сами на себе да се справуваат со снегот, ова преку соопштение го потенцираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид. -Наместо свесно извршување од сметката на општината со цел враќање стари долгови, требаше се набави нова и современа механизација, а не директорите на јавните претпријатија да набавуваат стари некорисни возила со сомнителни технички спецификации. Георгиески и покрај информациите, откако Охрид беше затрупан со снег, одржа работен состанок со членовите на Оперативниот штаб и директорите на јавните претпријатија. Патиштата и улиците во населбите Радојца Новичиќ, Кошишта, Видобишта останаа нерасчистени и тешко проодни, а Стариот дел на градот и поодалечените места беа блокирани и отсечени. Дури и Центарот на градот и градскот плоштад беа затрупани во снег, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид. Тие прашуваат како луѓето со здравствени проблеми навремено да стигнат да примат лекарска помош? -Синоќа улицата до Кардиолошкиот центар беше целосно отсечена. Да не размислуваме доколку некој има потреба од Итна медицинска помош, тогаш веќе ќе биде касно од секакви реакции. Ќе преземете ли одговорност затоа што граѓаните на Охрид свесно ги ставате во голем ризик? Дури денес започнавте да расчистувате во Стар град и ненаселените места. Ова е срамно и скандалозно снегот во јануари да Ве изненади. Охриѓани на дело ја видоа нестручноста и неажурноста на СДСМ и Георгиески преку задоцнетата реакција откако оставија да заврне снег. Хаосот во Охрид е доказ за тоа. Наместо водење предизборна капмања и расипничко трошење на парите на граѓаните, Георгиески треба да се зафати со работа во корист на граѓаните, стои во соопштението на партијата. Инаку локалните избори за нов градоначалник во Охрид треба да се одржат најдоцна до мај годинава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/v-d-gradonachalnikot-konstantin-georgieski-vodi-predizborna-kampanja-novi-40-partiski-vrabotuvanja-koi-kje-ja-chinat-opshtinata-nad-6-milioni-denari/feed/ 0
По смртта на Стојаноски, избран е нов вршител на должност градоначалник на општина Охрид https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/po-smrtta-na-stojanoski-izbran-e-nov-vrshitel-na-dolznost-gradonachalnik-na-opshtina-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/po-smrtta-na-stojanoski-izbran-e-nov-vrshitel-na-dolznost-gradonachalnik-na-opshtina-ohrid/#respond Tue, 25 Dec 2018 12:08:56 +0000 https://kurir.mk/?p=144800

Поради смртта на градоначалникот Јован Стојаноски и престанок на функцијата, за вршител на должност градоначалник на општина Охрид денеска на вонредна седница со 15 гласа „за“ беше избран Константин Георгиевски, координатор на советничката група на СДСМ од Охрид. После смртта на градоначалникот Стојаноски, Општина Охрид испрати известување до Министерството за локална самоуправа кое пак ја известило Владата за престанок на функцијата Градоначалник на Охрид согласно член 54 од законот за локална самоуправа. Вршител на должност градоначалник се избра за да може локалната власт да функционира. Георгиевски беше предложен од страна на советникот Ристо Булоски и ќе ја извршува функцијата в.д. градоначалник до изборот на нов градоначалник на предвремени избори, кои најверојатно ќе се одржат оваа пролет заедно со претседателските. Избори за градоначалник распишува Собранието на Република Македонија кое покрај за Охрид треба да распише избори и за општините Дебар и Ново Село.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/po-smrtta-na-stojanoski-izbran-e-nov-vrshitel-na-dolznost-gradonachalnik-na-opshtina-ohrid/feed/ 0