Константин Втори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Jan 2023 08:44:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Константин Втори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поранешниот грчки крал денеска ќе биде погребан во Атина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshniot-grchki-kral-deneska-ke-bide-pogreban-vo-atina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshniot-grchki-kral-deneska-ke-bide-pogreban-vo-atina/#respond Mon, 16 Jan 2023 08:44:08 +0000 https://kurir.mk/?p=787781

Поранешниот грчки крал Константин Втори денеска ќе биде погребан во Атина, без државни почести, но во присуство на членови на кралски семејства од повеќе држави, меѓу кои и од Шпанија, Холандија, Шведска, Данска, Луксембург итн. Според грчките медиуми, во Атина од рано утрово собрани се граѓани кои во редица чекаат за да му упатат последен поздрав на поранешниот крал. Константин Втори, кој минатата седмица почина на 82-годишна возраст, ќе биде погребан во поранешниот кралски имот во близина на Атина. На погребот, грчката Влада ќе ја претставуваат вицепремиерот Панајотис Пикраменос и министерката за култура Лина Мендони.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshniot-grchki-kral-deneska-ke-bide-pogreban-vo-atina/feed/ 0
Почина поранешниот грчки крал Константин Втори https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochina-poraneshniot-grchki-kral-konstantin-vtori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochina-poraneshniot-grchki-kral-konstantin-vtori/#respond Wed, 11 Jan 2023 06:41:02 +0000 https://kurir.mk/?p=785762

Поранешниот крал на Грција Константин Втори, чие деветгодишно владеење се совпадна со еден од најтурбулентните периоди во политичката историја на земјата, почина на 82-годишна возраст. Константин Втори, единствениот син на кралот Павле и на кралицата Фредерика од Грција, стапи  на тронот во 1964 година по смртта на неговиот татко, но неговото владеење беше обележано со политичка нестабилност што кулминираше со воен удар на 21 април 1967 година. Неколку месеци по државниот удар и неуспешниот обид да се спротивстави на воената хунта, кралот беше принуден да ја напушти земјата. На референдумот што го распиша владата на национално единство по падот на хунтата во 1974 година, Грците по вторпат ја отфрлија монархијата, со што Константин Втори стана последниот крал на Грција. Иако официјална Атина му го одзеде државјанството на Константин, сепак во 2002 година кралското семејство беше обештетено со 13,7 милиони евра за поранешниот имот во Грција. Константин има пет деца со сопругата Ана-Марија.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochina-poraneshniot-grchki-kral-konstantin-vtori/feed/ 0