Константинос Барбарусис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Jun 2018 08:47:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Константинос Барбарусис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уапсен грчки пратеник https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-grchki-pratenik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-grchki-pratenik/#respond Mon, 18 Jun 2018 08:47:02 +0000 https://kurir.mk/?p=66991

Во стан во северниот дел на Атина рано утрово е уапсен пратеникот Константинос Барбарусис, по кој полицијата трагаше од петокот, откако успеа да им побегне на полициајците со службениот автомобил движејќи се со брзина од 180 километри на час. Како што јави дописничката на МИА од Атина, и покрај тоа што во изминатите денови потрагата на полицијата беше насочена кон градот од каде што потекнува, Барбарусис беше уапсен од секторот за борба со тероризам во грчкиот главен град, веројатно во стан на негова пријателка. Грчкото обвинителството, по поднесената тужба од министерот за одбрана Панос Каменос и алтернативниот министер за одбрана, Фотис Кувелис, покрена обвинение против Барбарусис за велепредавство, врз основа на кое и беше уапсен. Пратеникот, кој повеќе не е член на Златна Зора, во петокот говорејќи од парламентот ја повика војската да ги уапси грчкиот премиер Алексис Ципрас, министерот Каменос и претседателот Прокопис Павлопулос, по што неговата партија беше исклучина од расправата. И покрај тоа што членовите на пратеничката група на Златна зора, со аплауз го поздравија говорот на Барбарусис, веројатно за да избегнат дополнителни прекршувања на законите (во Грција се уште трае процесот против Златна зора), кусо подоцна тој беше исклучен од партијата. Барбарусис, освен што се гони кривично за велепредавство по изјавата од собраниската говорница, се товари и за обид да им побегне на властите, на опасен начин и со ризик да предизвика сообраќајна несреќа. Како што во саботата објави МИА, пратеникот, за да не биде уапсен, на автопат во Грција, не застанал на полицискиот знак и со брзина од околу 180 километри на час, им избегал на полицајците кои што го бркале. Грчките медиуми коментираа дека во петокот вечерта се одвивала филмска брканица во лоши временски услови. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-grchki-pratenik/feed/ 0
Полицијата се уште го бара за да го уапси пратеникот од Златна зора https://arhiva.kurir.mk/svet/region/policijata-se-ushte-go-bara-za-da-go-uapsi-pratenikot-od-zlatna-zora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/policijata-se-ushte-go-bara-za-da-go-uapsi-pratenikot-od-zlatna-zora/#respond Sat, 16 Jun 2018 10:22:43 +0000 https://kurir.mk/?p=66374

Пратеникот од Златна Зора, Константинос Барбарусис кој вчера од парламентот повика на воен пуч, се уште не е уапсен, а полицијата од доцна синоќа, кога успеал со автомобил да им побегне, уште трага по него, јави дописничката на МИА од Атина. Барбарусис, освен што се гони кривично за велепредавство по изјавата од собраниската говорница, сега се товари и за обид да им побегне на властите, на опасен начин и со ризик да предизвика сообраќајна несреќа. Имено, според грчката новинска агенција АНА-МПА, пратеникот, за да не биде уапсен, на автопат во Грција, доцна синоќа, не застанал на полицискиот знак и со брзина од околу 180 километри на час, им избегал на полицајците кои што го бркале. До рано утрово траела акцијата за пронаоѓање и апсење на Барбарусис, но без резултат. Грчките медиуми коментираат дека вчера се одвивала филмска брканица во лоши временски услови. Како што вчера објави МИА, Константинос Барбарусис, говорејќи од парламентот ја повика војската да ги уапси Ципрас, Каменос и Павлопулос, по што неговата партија беше отстранета од расправата. И покрај тоа што членовите на пратеничката група на Златна зора, со аплауз го поздравија говорот на Барбарусис, веројатно за да избегнат дополнителни прекршувања на законите (во Грција се уште трае процесот против Златна зора), кусо подоцна тој беше избришан од партијата. Грчкото обвинителството, по поднесената тужба од министерот за одбрана Панос Каменос и алтернативниот министер за одбрана, Фотис Кувелис, покрена обвинение против Барбарусис за велепредавство и во рамките на законите, тој треба да биде уапси во рок од 48 часа. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/policijata-se-ushte-go-bara-za-da-go-uapsi-pratenikot-od-zlatna-zora/feed/ 0