Константинос Тасулас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Jul 2023 11:03:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Константинос Тасулас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Контантинос Тасулас од Нова демократија повторно избран за претседател на грчкиот Парламент https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kontantinos-tasulas-od-nova-demokratija-povtorno-izbran-za-pretsedatel-na-grchkiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kontantinos-tasulas-od-nova-demokratija-povtorno-izbran-za-pretsedatel-na-grchkiot-parlament/#respond Tue, 04 Jul 2023 11:03:10 +0000 https://kurir.mk/?p=852495

Со широко мнозинство, односно со 249 гласа „за“ и 51 воздржан, пратеникот од Нова демократија Константинос Тасулас одново доби доверба од пратениците и беше реизбран за претседател на грчкиот Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина. За Тасулас гласаа Нова демократија, СИРИЗА, ПАСОК и Грчко решение, додека пак Комунистичката партија, Спартанци, Победа и Курс на слободата беа воздржани. Пред еден месец, по првите избори во Грција, Тасулас беше избран со 270 гласа „за“, меѓутоа тогаш, Парламентот веднаш се распушти во пресрет на новите избори, додека пак во јули 2019 година кога за првпат беше избран за претседател на Парламентот позицијата ја доби со рекорден број гласови, 283 од 298 присутни пратеници. Во текот на денешниот ден, Парламентот ќе избере и потпретседатели и секретари. Новите 300 пратеници избрани на изборите пред десет дена вчера положија свечена заклетва, а во Парламентот обезбедија место осум партии. Нова демократија има 158 пратеници, СИРИЗА 47 пратеници , ПАСОК доби 32 пратенички места, Комунистичка партија 21, Спартанци и Грчко решение по 12 пратеници, Победа десет, а Курс на слободата осум пратеници. Откако денеска беше изберан претседател на Парламентот, во четврток ќе започне тридневната расправа за гласање доверба на Владата, а ќе заврши в сабота со гласањето на пратениците. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kontantinos-tasulas-od-nova-demokratija-povtorno-izbran-za-pretsedatel-na-grchkiot-parlament/feed/ 0
Грчкиот Парламент одржа седница и избра претседател, а попладнево ќе се распушти https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkiot-parlament-odrzha-sednitsa-i-izbra-pretsedatel-a-popladnevo-ke-se-raspushti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkiot-parlament-odrzha-sednitsa-i-izbra-pretsedatel-a-popladnevo-ke-se-raspushti/#respond Mon, 29 May 2023 12:14:33 +0000 https://kurir.mk/?p=840026

Со широко мнозинство, односно со 270 гласа „за“ и 26 воздржани, пратеникот од Нова демократија Константинос Тасулас одново доби доверба од пратениците и беше реизбран за претседател на грчкиот Парламентот, меѓутоа во текот на денот се очекува Парламентот да се распушти во пресрет на изборите на 25 јуни, јави дописничката на МИА од Атина. За Тасулас гласаа сите партии, со исклучок на Комунистичката која беше воздржана. По изборот на претседател на Парламентот, пратениците гласаа и за заменици и секретари. Се очекува во текот на денот да биде издаден претседателски декрет за распуштање на Парламентот и распишување избори на 25 јуни, со што и официјално ќе започне новиот предизборен период во Грција. Новите 300 пратеници избрани на изборите на 21 мај вчера положија свечена заклетва, а ќе имаат еден од најкусите пратенички мандати. Мнозинството пратеници положија религиозна заклетва, дел одбраа граѓанска, а четворица пратеници положија заклетва пред Куранот. Новиот парламентарен состав го сочинуваат пратеници од пет партии кои на изборите го преминаа прагот од три отсто за влез во Парламентот. Нова демократија има 146 пратеници, СИРИЗА 71, ПАСОК- Движење на промена 41, Комунистичката партија 26, а Грчко решение има 16 пратеници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkiot-parlament-odrzha-sednitsa-i-izbra-pretsedatel-a-popladnevo-ke-se-raspushti/feed/ 0
Тасулас: Треба да се забрзаат процесите за интеграција на Западен Балкан во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tasulas-treba-da-se-zabrzaat-procesite-za-integracija-na-zapaden-balkan-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tasulas-treba-da-se-zabrzaat-procesite-za-integracija-na-zapaden-balkan-vo-eu/#respond Thu, 02 Jun 2022 13:33:14 +0000 https://kurir.mk/?p=685626

Западен Балкан треба да се интегрира во ЕУ и процесите треба да се забрзаат. Земјите- кандидатки треба да ги направат неопходните реформи за приближување до европското законодавство, а ЕУ треба да дејствува координирано со дискреција и секако со фантазија, вон вообичаената пракса, односно како што се вели „ out of the box“, порача претседателот на грчкиот Парламент Константинос Тасулас во неговото завршно обраќање на крајот од пленарната сесија на деветтото Парламентарно собрание на ПСЈИЕ, јави дописничката на МИА од Атина. Тасулас ја повтори грчката поддршка за ЕУ перспективата на регионот, рече дека за Грција Западен Балкан е една од најважните области за бизнис заедницата, а во исто време „ЕУ е главниот политички, економски и трговски партнер на Западен Балкан“. -Грција ќе продолжи стабилно и непоколебливо да работи за европската перспектива на Југоисточна Европа, бидејќи веруваме дека само тоа може да обезбеди мир, помирување и просперитет за нашите народи. Регионалната соработка во сите области е најефикасното средство за стабилност, безбедност и добрососедски односи, рече претседателот на грчкиот Парламент. По завршувањето на денешната деветта пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, Тасулас и го предаде претседавањето на претседателката на црногорскиот Парламент Даниела Дуровиќ, со оглед на тоа дека од јули годинава, ротирачкото претседателство со ПСЈИЕ од Атина оди во Подгорица. Деветтото парламентарно собрание се одржа вчера и денеска во Атина во рамките на грчкото претседавање со Процесот, а учествуваше и собраниска делегација од Република Македонија, предводена од претседателот на Собранието Талат Џафери, во чиј состав се пратениците Мартин Костовски, Павле Трајанов и Артина Ќазими. Претседателот на Собранието имаше обраќање на Генералната дебата на Пленарната седница на тема: „Целите за одржлив развој за животната средина. Влијанието на кризата врз Југоисточна Европа: безбедност на снабдувањето со енергија и синџирот на земјоделско- прехранбени производи“, а оствари и билатерална средба со неговиот грчки колега Константинос Тасулас. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tasulas-treba-da-se-zabrzaat-procesite-za-integracija-na-zapaden-balkan-vo-eu/feed/ 0