конститутивна седница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Dec 2021 06:47:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png конститутивна седница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Конститутивната седница на Генералното собрание и избор на претседателство на ЗЕЛС https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/konstitutivnata-sednica-na-generalnoto-sobranie-i-izbor-na-pretsedatelstvo-na-zels/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/konstitutivnata-sednica-na-generalnoto-sobranie-i-izbor-na-pretsedatelstvo-na-zels/#respond Wed, 22 Dec 2021 06:47:40 +0000 https://kurir.mk/?p=611424

Заедницата на единиците на локалната самоуправа денеска ќе одржи конститутивната седница на Генералното собрание, на која ќе бидат избрани членовите на Управниот одбор, Комитетот на региони и Надзорниот одбор на ЗЕЛС. Конститутивната седница ќе се одржи во 11 часот. На оваа седница ќе бидат избрани и членовите на останатите органи на ЗЕЛС: Управниот одбор, Комитетот на региони и Надзорниот одбор. По изборот на претседателство на Управниот одбор на ЗЕЛС, на седницата на Генералното собрание ќе се обрати и новиот претседател на ЗЕЛС, а потоа ќе бидат разгледани и одредени значајни финансиски и програмски документи од работењето на Заедницата. Генералното собрание на ЗЕЛС го сочинуваат вкупно 90 делегати. Градоначалниците на единиците на локалната самоуправа (вкупно 81 градоначалник) по функција се делегати на Генералното собрание, а претседателите на општинските совети се нивни заменици. Во состав на Генерално собрание се и деветте членови на Комитетот на советите (претставници од општински совети). Генералното Собрание го избира и составот на Управниот одбор на ЗЕЛС што брои вкупно 22 члена, со мандат од четири години. Како највисоко тело на ЗЕЛС, Генералното собрание донесува Статут, програми и други акти, усвојува годишна програма и извештај за работа на Заедницата, финансиски план, а од својот состав ги избира членовите на Управниот одбор, на Надзорниот одбор и на Комитетот на советите, а врши и други работи во согласност со Статутот и општите акти на Заедницата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/konstitutivnata-sednica-na-generalnoto-sobranie-i-izbor-na-pretsedatelstvo-na-zels/feed/ 0
Конститутивна седница на новиот состав на Советот на Град Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/konstitutivna-sednica-na-noviot-sostav-na-sovetot-na-grad-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/konstitutivna-sednica-na-noviot-sostav-na-sovetot-na-grad-skopje/#respond Wed, 17 Nov 2021 06:12:38 +0000 https://kurir.mk/?p=596325

Новиот Совет на Град Скопје денеска од 11 часот ќе одржи конститутивна седница во кино „Фросина“ во Младински културен центар. На дневен ред се избор на претседател и членови на Комисијата за верификација, мандатни прашања, признанија, претставки и поплаки на Советот на Град Скопје, извештајот на Комисијата со верификација на мандатите на членовите и избор на претседател на Советот на Град Скопје. Според резултатите кои Државната изборна комисија ги објави за Локалните избори 2021, шест политички партии и една независна кандидатска листа имаат освоено советнички места во новиот Совет на Град Скопје. Најмногу советници има ВМРО-ДПМНЕ – 18, потоа следуваат СДСМ – 12, ДУИ – пет, Левица – четири и по две советнички места имаат Алијанса за Албанците и Алтернатива, ЛДП/ДОМ и Зелен хуман град. Советот има 45 места, а за мнозинство се потребни 23 советнички места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/konstitutivna-sednica-na-noviot-sostav-na-sovetot-na-grad-skopje/feed/ 0
Конститутивна седница на новото косовско Собрание https://arhiva.kurir.mk/svet/region/konstitutivna-sednica-na-novoto-kosovsko-sobranie/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/konstitutivna-sednica-na-novoto-kosovsko-sobranie/#respond Mon, 22 Mar 2021 07:21:09 +0000 https://kurir.mk/?p=485878

Новиот состав на Собранието на Република Косово, кој призлезе од вонредните парламентарни избори одржани на 14 февруари, денеска треба да ја одржи својата конститутивна седница, на чиј дневен ред е изборот на новиот паламентарен спикер и на собраниските потпреседатели, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението од собраниските служби за односи со јавноста, прва точка на денешната седница, според дневниот ред, е верификацијата на кворумот и на мандатите на новите пратеници. Пред гласањето за нов претседател на осмиот по ред законодавен дом во историјата на парламентарниот плурализам во Косово по војната во 1999 година, според дневниот ред на седницата, треба да се одржи и положувањето заклетва на новите пратеници. Неофицијално, од извори на партијата Движење самоопределување (ВВ), која извојува убедлива победа на годинешните избори со освоени 50,27 отсто од гласовите, за нов собраниски спикер ќе биде предложен Глаук Коњуфца, една од водечките фигури на партијата предводена од претендентот за иден косовски премиер, Албин Курти. Конститутивната седница на новото Собрание на Косово треба да започне во 10 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/konstitutivna-sednica-na-novoto-kosovsko-sobranie/feed/ 0
Владата на пладне ќе одржи конститутивна седница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-na-pladne-kje-odrzi-konstitutivna-sednica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-na-pladne-kje-odrzi-konstitutivna-sednica/#respond Tue, 01 Sep 2020 08:07:37 +0000 https://kurir.mk/?p=397608

Владата на Република Македонија денеска на пладне во свечената сала ќе ја одржи првата конститутивна седница. На првата конститутивна седница се очекува да бидат разгледани предлозите за определување на заменици на претседателот на Владата на Република Македонија, предлозите за именување на претседатели и членови на основните комисии на Владата, како и предлозите за именување на претседатели и членови на посебните комисии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-na-pladne-kje-odrzi-konstitutivna-sednica/feed/ 0
Во 12 часот закажано продолжението на конститутивната седница за избор на Џафери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-12-chasot-zakazano-prodolzenieto-na-konstitutivnata-sednica-za-izbor-na-dzaferi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-12-chasot-zakazano-prodolzenieto-na-konstitutivnata-sednica-za-izbor-na-dzaferi/#respond Fri, 21 Aug 2020 07:51:46 +0000 https://kurir.mk/?p=393337

За денеска напладне е закажано продолжението на собраниската конститутивна седница, на која досегашниот прв човек на Собранието, Талат Џафери, треба повторно да биде избран за претседател на законодавниот дом. Предлогот за избор на Џафери е поднесен во Собранието со потписи од сите 62 пратеника парламентарното мнозинство што го сочинуваат СДСМ и Коалицијата „Можеме“ со Беса, ДУИ и ДПА. Претседателот на Собранието се избира со најмалку 61 глас од вкупниот број пратеници. По изборот, претседателот на Парламентот во наредните денови ќе треба да закаже и седница за избор на новата Влада што ќе ја предводи лидерот на СДСМ Зоран Заев. Рокот за поднесување предлог за избор на нова Влада е 2 септември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-12-chasot-zakazano-prodolzenieto-na-konstitutivnata-sednica-za-izbor-na-dzaferi/feed/ 0
Ниту денес не се знае дали ќе продолжи седницата за избор на претседател на Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nitu-denes-ne-se-znae-dali-kje-prodolzi-sednicata-za-izbor-na-pretsedatel-na-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nitu-denes-ne-se-znae-dali-kje-prodolzi-sednicata-za-izbor-na-pretsedatel-na-sobranieto/#respond Fri, 21 Aug 2020 05:24:35 +0000 https://kurir.mk/?p=393298

Доколку денеска до Собранието биде доставен предлог со потписи од најмалку 20 пратеници, би можело да се очекува претседавачот Талат Џафери, кој воедно треба повторно да биде избран за претседател на законодавниот дом да закаже продолжение на конститутивната седница. Сите пратенички групи неофицијално се известени дека продолжение на седницата би можело да биде закажано денеска на пладне. Но, неизвесно е дали ќе се одржи продолжение на конститутивната седница и нема официјални информации дали се собрани потписите за избор на претседател на Собранието. Во текот на вчерашниот ден имаше разговори меѓу пратеничките групи, но дел од медиумите пишуваа дека проблемот е меѓу пратениците на ДУИ поради поделбата на ресорите. Според договорот меѓу СДСМ и ДУИ, на оваа функција повторно ќе биде предложен досегашниот спикер Талат Џафери. Според информации од Собранието, пратениците вчера собирале потписи за предлогот Џафери да биде уште еден мандат претседател на Собранието. Седницата за избор на Џафери ја најави лидерот на ДУИ Али Ахмети во средата, при објавувањето на министерските места на партиски состанок на највисокото раководство. Со изборот на Џафери треба да биде и официјализирано мнозинството во Парламентот по склучениот договор за владина коалиција меѓу СДСМ и ДУИ, а во која влегуваат партиите од коалицијата „Можеме“ и ДПА на Мендух Тачи. Според бројот, владејачкото мнозинството би имало 62 пратеници. Претседателот на Собранието се избира со најмалку 61 глас од вкупниот број пратеници. По изборот, претседателот на Собранието во наредните денови ќе треба да закаже и седница за избор на новата Влада што ќе ја предводи лидерот на СДСМ Зоран Заев. Рокот за поднесување предлог за избор на нова Влада е 2 септември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nitu-denes-ne-se-znae-dali-kje-prodolzi-sednicata-za-izbor-na-pretsedatel-na-sobranieto/feed/ 0
Џафери го откажа продолжението на конститутивната седница, доби внук https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-go-otkaza-prodolzenieto-na-konstitutivnata-sednica-dobi-vnuk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-go-otkaza-prodolzenieto-na-konstitutivnata-sednica-dobi-vnuk/#respond Thu, 13 Aug 2020 07:22:34 +0000 https://kurir.mk/?p=390057

Од кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери соопштија дека претседавачот со конститутивната седница, поради објективни семејни причини, нема да закаже продолжение на седницата. Талат Џафери вчера кажа дека им дал насоки на собраниските служби за денеска да подготват продолжение на конститутивната седница и избор на претседател на законодавниот дом. Рече дека, штом претседателот Стево Пендаровски ќе му го додели мандатот на Зоран Заев за формирање Влада, значи дека лидерот на СДСМ има мнозинство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-go-otkaza-prodolzenieto-na-konstitutivnata-sednica-dobi-vnuk/feed/ 0
Собранието конституирано, претседателот на десетиот состав ќе се избере кога ќе се создават услови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-konstituirano-pretsedatelot-na-desetiot-sostav-kje-se-izbere-koga-kje-se-sozdavat-uslovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-konstituirano-pretsedatelot-na-desetiot-sostav-kje-se-izbere-koga-kje-se-sozdavat-uslovi/#respond Wed, 05 Aug 2020 05:38:24 +0000 https://kurir.mk/?p=386294

Согласно здравствените протоколи за заштита од ширење на Ковид-19, вчера во Собранието на Република Македонија, во салата со Голема купола се одржа конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав каде присуствуаа 117 од вкупно 120 пратеници избрани на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули. Најмладиот пратеник, односно пратеничка во овој парламентарен состав е Артина Ќазими и доаѓа од редовите на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, додека најстарите пратеници се Илија Николовски од коалицијата „Можеме” и Стојан Миланов од коалицијата „За обнова на Македонија”. На дневен ред на конститутивната седница беа четири точки, од кој само за првите две имаше расправа. Останатите точки кои предвидуваат избор на претседател на Собранието, негови заменици и членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, според претседателот на претходниот состав Талат Џафери, ќе се дискутираат тогаш кога ќе се создадат услови за тоа. Според Деловникот на Собранието, на оваа конститутивна седница и претходеше формирање на Комисијата за верификација на мандатите. По предлог на претседателот во претходниот состав Талат Џафери, за претседател на оваа Комисија беше избрана пратеничката Јагода Шахпаска, а за членови пратениците Изет Меџити, Благица Ласоска, Соња Мираковска и Сафије Садики Шаини. Верификациската комисија утврди дека предвремените избори за пратеници се спроведени согласно со Решението за распишување на предвремени избори за пратеници во Собранието од 16 февруари 2020 година и Решението за изменување и дополнување на Решението за распишување на предвремeни избори за пратеници од 15 јуни 2020 година. – Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, одржани на 15 јули 2020 година, ги спроведоа Државната изборна комисија, општинските изборни комисии и избирачките одбори. Врз основа на записниците од општинските изборни комисии и записниците од избирачките одбори Државната изборна комисија ги утврди конечните резултати, рече Шахпаска. На изборите кои се одржаа на 15 јули коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата „За обнова на Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15, коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива – 12, Левица – два и ДПА – еден мандат. Во новиот парламентарен состав, мандати освоија 43 жени и 77 мажи. Со одржувањето на конститутивната седница течат роковите за формирање на влада. Во Уставот е предвидено претседателот на државата во рок од десет дена од конституирањето на Собранието да го довери мандатот за состав на Владата на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Претседателот Стево Пендаровски веќе најави дека планира да одржи консултации со политичките партии по конституирањето на Парламентот, по што, согласно уставните одредби, ќе го додели мандатот за формирање нова влада на партијата која ќе обезбед мнозинство во Собранието. Поради пандемијата, вчерашната конститутивна седница се одржа под посебни здравствени околности. На присутните во Собранието при влезот во зградата им беше мерена телесна температура, а на сите влезови беа поставени средства за дезинфекција. Бидејќи станува збор за вондредни околности и е неопходно одржување на задолжителна физичка дистанца меѓу пратениците, конститутивната седница се одржа во Големата сала на Собранието, односно во салата позната во јавноста како Голема купола. Меѓу пратениците се почитуваше физичката дистанца и истите носеа заштитна опрема. Гласањето на седницата ќе одвиваше рачно (со картончиња), а од седницата имаше директен пренос на Собранискиот канал на Националниот радидифузен сервис МРТ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-konstituirano-pretsedatelot-na-desetiot-sostav-kje-se-izbere-koga-kje-se-sozdavat-uslovi/feed/ 0
Пoчна седница за конституирање на Собранието, се одвива под посебни здравствени протоколи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-sednica-za-konstituiranje-na-sobranieto-se-odviva-pod-posebni-zdravstveni-protokoli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-sednica-za-konstituiranje-na-sobranieto-se-odviva-pod-posebni-zdravstveni-protokoli/#respond Tue, 04 Aug 2020 10:32:49 +0000 https://kurir.mk/?p=385908

Во Собранието на Република Македонија почна првата седница на новиот парламентарен состав која се одржува во салата Голема купола согласно здравствените протоколи за заштита од ширење на Ковид-19. Со седницата претседава претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери. На почетокот на седницата беше интонирана химната. Според точките на дневиот ред на седницата ќе се изврши избор на претседател и членови на Верификациската комисија на Собранието, а потоа ќе следи верификација на мандатите на пратениците во Собранието. Трета и четврта точка се избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието и избор на претседател на Собранието на Република Македонија. Функцијата претседател на Собранието им припаѓа на партиите кои ќе обезбедат мнозинството за формирање влада, процес кој формално почнува денеска, па не може со сигурност да се очекува дека тој ќе биде избран на конститутивната седница. Во Уставот е предвидено претседателот на државата во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Претседателот Стево Пендаровски веќе најави дека планира да одржи консултации со политичките партии по конституирањето на Парламентот, по што, согласно уставните одредби, ќе го додели мандатот за формирање нова влада на партијата, односно на партиите што ќе обезбедат мнозинство во Собранието на Република Северна Македонија. На изборите кои се одржаа на 15 јули коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата „За обнова на Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15, коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива – 12, Левица – два и ДПА – еден мандат. На седницата како гости се поканети претседателот Пендаровски, премиерот во заминување Оливер Спасовски, поранешни претседатели на државата и на Собранието, претседателите на Уставниот, на Врховниот суд и на Судски совет на Република Македонија,јавниот обвинител и претседателот на Советот за јавни обвинители, Народниот правобранител, членови на Владата и гувернерката на Народна Банка на Република Северна Македонија. Седницата во својство на гости ќе ја проследат и лидери на политичките партии застапени во Собранието, началникот на Генералштабот на Армијата , претседателите на МАНУ и на Државната изборна комисија, државниот правобранител, претставници на верските заедници, како и шефови на странски дипломатски конзуларни мисии во Република Македонија. Во согласност со препораките од Комисијата за заразни болести, Конститутивната седница се одвива според протоколи и критериуми коишто се утврдени во претходна координација со претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски, со единствена цел да се намали ризикот од евентуално ширење на заразата од коронавирусот. На пратениците, на гостите и на претставниците на медиумите при влезот во зградата на Собранието им беше мерена телесна температура, по што ќе им беше овозможено да влезат во зградата. На сите влезови се бидат обезбедени средства за дезинфекција. Бидејќи станува збор за вонредни околности и е неопходно одржување на задолжителна физичка дистанца меѓу пратениците, Конститутивната седница се одржува во Големата сала на Собранието на Република  Македонија, односно во салата позната во јавноста како Голема купола. Пратениците се на соодветна дистанца и со заштитна опрема. Гласањето на седницата ќе се одвива рачно (со картончиња), а од седницата има директен пренос на Собранискиот канал на Националниот радидифузен сервис МРТ. Пренос од Конститутивната седница гостите следат од пленарната сала „Македонија“, каде што е биде обезбедена неопходната физичка дистанца. Во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести и за претставниците на медиумите важат одредени протоколи за следење на Конститутивната седница, со цел да се намали ризикот од ширење на коронавирусот. За да се избегне поголемо групирање, Конститутивната седница може да ја следат најмногу по двајца претставници од секој медиум, односно, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, капацитетот на просторот дозволува најмногу 50 претставници на медиумите. Пренос од седницата ќе можат да следат во Салите 3 и 4 во Прес-центарот на Собранието. Седниците на работните тела, пак, медиумите ќе можат да ги следат преку директен пренос на веб-страницата на Собранието на линк. Во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести, во Собранието не работат Клубот на пратениците, ресторанот и бифето што се наоѓа во Прес центарот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-sednica-za-konstituiranje-na-sobranieto-se-odviva-pod-posebni-zdravstveni-protokoli/feed/ 0
Прва седница на новиот собраниски состав под здравствени протоколи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prva-sednica-na-noviot-sobraniski-sostav-pod-zdravstveni-protokoli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prva-sednica-na-noviot-sobraniski-sostav-pod-zdravstveni-protokoli/#respond Tue, 04 Aug 2020 05:18:47 +0000 https://kurir.mk/?p=385679

Во Собранието денеска на пладне во салата Голема купола ќе се одржи првата седница на новиот парламентарен состав согласно здравствените протоколи за заштита од ширење на Ковид-19. Со седницата ќе претседава претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери. Според точките на дневиот ред на седницата ќе се изврши избор на претседател и членови на Верификационата комисија на Собранието, а потоа ќе следи верификација на мандатите на пратениците во Собранието. Трета и четврта точка се избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието и избор на претседател на Собранието на Република Македонија. Функцијата Претседател на Собранието им припаѓа на партиите кои ќе обезбедат мнозинството за формирање влада, процес кој формално почнува денеска, па не може со сигурност да се очекува дека тој ќе биде избран на конститутивната седница. Во Уставот е предвидено претседателот на државата во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Претседателот Стево Пендаровски веќе најави дека планира да одржи консултации со политичките партии по конституирањето на Парламентот, по што, согласно уставните одредби, ќе го додели мандатот за формирање нова влада на партијата, односно на партиите што ќе обезбедат мнозинство во Собранието на Република Северна Македонија. На седницата како гости се поканети претседателот Пендаровски, премиерот во заминување Оливер Спасовски, поранешни претседатели на државата и на Собранието, претседателите на Уставниот, на Врховниот суд и на Судски совет на Република Македонија,јавниот обвинител и претседателот на Советот за јавни обвинители, Народниот правобранител, членови на Владата и гувернерката на Народна Банка на Република Македонија. Седницата во својство на гости ќе ја проследат и лидери на политичките партии застапени во Собранието, началникот на Генералштабот на Армијата , претседателите на МАНУ и на Државната изборна комисија, државниот правобранител, претставници на верските заедници, како и шефови на странски дипломатски конзуларни мисии во Република  Македонија. Инаку, како што соопштија од собраниската прес – служба, во согласност со препораките од Комисијата за заразни болести, Конститутивната седница ќе се одвива според протоколи и критериуми коишто се утврдени во претходна координација со претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски, со единствена цел да се намали ризикот од евентуално ширење на заразата од коронавирусот. На пратениците, на гостите и на претставниците на медиумите при влезот во зградата на Собранието ќе им биде мерена телесна температура, по што ќе им биде овозможено да влезат во зградата. На сите влезови ќе бидат обезбедени средства за дезинфекција. Бидејќи станува збор за вонредни околности и е неопходно одржување на задолжителна физичка дистанца меѓу пратениците, Конститутивната седница ќе се одржи во Големата сала на Собранието на Република Северна Македонија, односно во салата позната во јавноста како Голема купола. Пратениците ќе бидат на соодветна дистанца и ќе им биде обезбедена заштитна опрема. Гласањето на седницата ќе се одвива рачно (со картончиња), а од седницата ќе има директен пренос на Собранискиот канал на Националниот радидифузен сервис МРТ. Пренос од Конститутивната седница гостите ќе следат од пленарната сала „Македонија“, каде што ќе биде обезбедена неопходната физичка дистанца. Во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести и за претставниците на медиумите ќе важат одредени протоколи за следење на Конститутивната седница, со цел да се намали ризикот од ширење на коронавирусот. За да се избегне поголемо групирање, Конститутивната седница ќе може да ја следат најмногу по двајца претставници од секој медиум, односно, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, капацитетот на просторот дозволува најмногу 50 претставници на медиумите. Пренос од седницата ќе можат да следат во Салите 3 и 4 во Прес-центарот на Собранието. Седниците на работните тела, пак, медиумите ќе можат да ги следат преку директен пренос на веб-страницата на Собранието на линк. Во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести, во Собранието нема да работат Клубот на пратениците, ресторанот и бифето што се наоѓа во Прес центарот..]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prva-sednica-na-noviot-sobraniski-sostav-pod-zdravstveni-protokoli/feed/ 0