контакт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 May 2022 07:49:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png контакт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 САД сакаат вакцинирање на лицата кои биле во контакт со заболени од мајмунски сипаници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-sakaat-vakciniranje-na-licata-koi-bile-vo-kontakt-so-zaboleni-od-majmunski-sipanici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-sakaat-vakciniranje-na-licata-koi-bile-vo-kontakt-so-zaboleni-od-majmunski-sipanici/#respond Tue, 24 May 2022 07:49:06 +0000 https://kurir.mk/?p=680806

Здравствените власти во САД се подготвуваат да ги вакцинираат луѓето кои биле во близок контакт со заболени од мајмунски сипаници, во време кога државата која во моментов има пет веројатни или потврдени случаи на инфекција очекува тој број да се зголеми. – Сакаме да ја максимизираме дистрибуцијата на вакцини на оние за кои знаеме дека ќе имаат корист, изјави Џенифер Меквистон од Центарот за превенција и контрола на болести. – Станува збор за луѓе кои биле во личен близок контакт со заболени од мајмунски сипаници, а особено луѓе кои се изложени на ризик да развијат потешка форма на болеста, рече таа на прес-конференција. Еден случај е потврден во државата Масачусетс, а четири се анализираат, но се сметаат за многу веројатни, еден во Њујорк и Флорида и два во Јута. Сите случаи се кај мажи кои патувале надвор од САД. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-sakaat-vakciniranje-na-licata-koi-bile-vo-kontakt-so-zaboleni-od-majmunski-sipanici/feed/ 0
МААЕ изгуби контакт со контролните системи во Чернобил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-izgubi-kontakt-so-kontrolnite-sistemi-vo-chernobil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-izgubi-kontakt-so-kontrolnite-sistemi-vo-chernobil/#respond Wed, 09 Mar 2022 07:44:31 +0000 https://kurir.mk/?p=643757

Системите за следење на нуклеарниот материјал во капацитетите за складирање радиоактивен отпад во нуклеарната централа во Чернобил, која беше заземена од руските сили минатиот месец, престанаа да испраќаат податоци до Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), соопштија ОН. „Главниот директор …. рече дека е изгубен далечинскиот пренос на податоци од безбедносниот систем во Чернобил“, соопшти МААЕ. МААЕ, меѓу другото, ја следи безбедноста на нуклеарниот материјал. Нападот на Русија врз Украина, што почна на 24 февруари, го предизвика гневот на меѓународната заедница, а Европската унија, Велика Британија, Канада, Јапонија и САД воведоа економски санкции кон Москва. Според Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР), околу два милиона луѓе ја напуштиле Украина во соседните земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-izgubi-kontakt-so-kontrolnite-sistemi-vo-chernobil/feed/ 0
Во Русија укината изолацијата за контакт со заразен од корона https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-rusija-ukinata-izolacijata-za-kontakt-so-zarazen-od-korona/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-rusija-ukinata-izolacijata-za-kontakt-so-zarazen-od-korona/#respond Sun, 06 Feb 2022 11:53:37 +0000 https://kurir.mk/?p=627676

Русија, од денеска, ја укина изолацијата за лица кои биле во контакт со заразен од корона вирус. Шефицата на руската служба за фитосанитарен надзор Ана Попова, изјави дека карантинот за лица кои биле во контакт со заразени со омикрон варијантата на корона вирус ја губи смислата, затоа што омикрон е многу заразен, а при тоа често дава асимптоматски облик на болеста, пренесе РИА Новости. Во Русија денеска стапуваат на сила и нови правила за отпуштање пациенти со корона вирус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-rusija-ukinata-izolacijata-za-kontakt-so-zarazen-od-korona/feed/ 0
Тестирани пратениците кои имале контакт со Муцунски- познати резултатите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/testirani-pratenicite-koi-imale-kontakt-so-mucunski-poznati-rezultatite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/testirani-pratenicite-koi-imale-kontakt-so-mucunski-poznati-rezultatite/#respond Mon, 07 Dec 2020 13:34:03 +0000 https://kurir.mk/?p=440009

Петмина собраниски службеници и неколкумина пратеници се негативни на Ковид-19 поради контакт со пратеникот и претседател на Комисијата за финансирање и буџет Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, кој вчера објави дека е позитивен на вирусот. Поради состојбата на Муцунски и тестирањето на тие што биле со него во контакт во Собранието, беше одложен почетокот на продолжението на амандманската расправа за Буџетот за 2021, но по добивањето на резултатите се очекува таа попладнево да продолжи. Поради отсуството на Муцунски, седницата ќе ја води потпретседателката на Комисијата, пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/testirani-pratenicite-koi-imale-kontakt-so-mucunski-poznati-rezultatite/feed/ 0
Дали сте биле во контакт со заразено лице од коронавирусот? Еве што треба направите! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dali-ste-bile-vo-kontakt-so-zarazeno-lice-od-koronavirusot-eve-shto-treba-napravite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dali-ste-bile-vo-kontakt-so-zarazeno-lice-od-koronavirusot-eve-shto-treba-napravite/#respond Mon, 09 Nov 2020 13:56:52 +0000 https://kurir.mk/?p=426961

Ако сте биле во контакт со личност која е позитивна на коронавирусот, сигурно размислувате како треба да постапите. Универзалниот совет е да се изолирате, без оглед на тоа дали имате симптоми или не, имајќи предвид дека инкубацијата може да трае од 2 до цели 14 дена. Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) препорача да се тестирате во следниве случаи: Ако сте биле изложени на вирус, веројатно нема да развиете симптоми веднаш – може да поминат најмногу две недели пред да се појават првите знаци на болест. Да ве потсетиме, најчести симптоми се висока температура, кашлица, губење на чувство за мирис / вкус, отежнато дишење, болка во мускулите и телото, главоболка… Сепак, треба да почекате до тестот, бидејќи ако направите тест веднаш откако сте биле изложени на вирусот, можно е тестот да биде негативен, без оглед дали сте заразени или не, предупредува експертот за инфективни болести на Универзитетот од Хопкинс, Амеш А. Адалја. Ова се должи на фактот дека е потребно да се има одредено вирусно оптоварување, односно количина на вирус во организмот со цел тестот да детектира вирус во вашето тело. Лажен негативен тест може да биде опасен затоа што можете да го ширите вирусот наоколу дури и без да знаете бидејќи ќе сметате дека сте направиле тест и е се во ред. Адалја советува да почекате најмалку четири дена пред да направите тест за вирусот да има доволно време да се акумулира во вашето тело доколку сте заразени. Ако вашиот тест се покаже позитивен и се чувствувате добро, треба да се изолирате, а доколку е тест негативен, не заборавајте да водите грижа за време на периодот на инкубација, советува Томас Русо, шеф на Одделот за заразни болести на Универзитетот Бафало во Њујорк. Студија на Американскиот колеџ за кардиологија покажа дека повеќето луѓе развиваат симптоми пет дена откако биле изложени на вирусот и често се најзаразни првите два дена пред да развијат симптоми и до еден ден по почетокот на симптомите. ЦДЦ не издаде официјални упатства за тоа кога треба да бидете тестирани, а лекарите имаат различни мислења. Луис Нелсон, раководител на Одделот за итна медицина на Медицинскиот факултет „Рутгерс“ во Њу Џерси, препорачува да почекате за тестирање – сè додека не развиете симптоми. – Иако во некои случаи не е оптимално да се чекаат симптоми, тоа е можеби нај практичниот одговор, рече тој за порталот „Превенција“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dali-ste-bile-vo-kontakt-so-zarazeno-lice-od-koronavirusot-eve-shto-treba-napravite/feed/ 0
Пецас: Во континуиран контакт сме со надлежните власти од земјите од Балканот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pecas-vo-kontinuiran-kontakt-sme-so-nadleznite-vlasti-od-zemjite-od-balkanot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pecas-vo-kontinuiran-kontakt-sme-so-nadleznite-vlasti-od-zemjite-od-balkanot/#respond Thu, 09 Jul 2020 13:02:53 +0000 https://kurir.mk/?p=372578

За жал трендот на нови случаи во регионот е нагорен, во континуиран контакт сме со надлежните васти од балкански земји за да им пренесеме техничко знаење и да размениме мислења, изјави портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето во однос на евентуалната можност за отворање на копнените граници за државјаните од соседните земји на Грција по 15 јули. – Секојдневно, одблизу, го следиме развојот на позтивни случаи во сите балкански земји. За жал, трендот е нагорен и тоа нагло нагорен. Нешто што нѐ доведе до тоа да бидеме претпазливи. Во континуиран контакт сме со надлежните органи од другите балкански земји за да им пренесеме техничко знаење и да размениме мислења, објасни портпаролот на грчката Влада. Тој нагласи дека на почетокот одлуката на грчката Влада за влез на туристи да биде отворен само граничниот премин Промахонас (Кулата) наишла на критики, но дека сега со големиот број регистрирани позитивни случаи кај туристи е јасно дека „поинаква одлука би создала многу поголеми проблеми за Грција”. Во периодот од 1 до 6 јули, биле направени 31.169 тестови на посетители на Грција, а како што објасни Пецас, позитивни биле само 0,3 отсто од нив, односно 100 туристи. Тој исткна дека „увезените случаи претставуваат опасност, но не се главната опасност”. – Главната опасност е во внатрешноста и произлегува од опуштеноста. Опуштеноста се гледа. Кристално јасна е околу нас во сите апекти на економската и општествената активност и во наши раце е да ја запреме, истакна Пецас. Портпаролот на грчката Влада на денешниот редовен брифинг со ноинарите неколку пат се осврна и повтори дека во внатрешноста на земјатав постои опуштеност и објасни дека државниот механизам е подготвен да ги интензивира контролите за почитување на мерките, додавајќи дека казните за прекршувачите се строги. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pecas-vo-kontinuiran-kontakt-sme-so-nadleznite-vlasti-od-zemjite-od-balkanot/feed/ 0
Петти саем за вработување и пракса „Контакт“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petti-saem-za-vrabotuvanje-i-praksa-kontakt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petti-saem-za-vrabotuvanje-i-praksa-kontakt/#respond Tue, 03 Apr 2018 07:14:20 +0000 https://kurir.mk/?p=35555

На факултетите за електротехника и информациски технологии, за информатички науки и компјутерско инженерство и на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, од денеска до 5 април се одржува петтиот саем за вработување и пракса „Контакт“, на кој ќе се претстават 22 реномирани компании од областа на електротехниката, електрониката, машинството и информатичките науки. Интересот на компаниите за стручните лица од овие области е постојано во подем. На саемот, компаниите ќе можат да ги пронајдат личностите кои ја поседуваат желбата за стручно надградување и целат кон градење успешна кариера, вели Виктор Георгиевски, главен организатор од Студентскиот парламент при ФЕИТ. Тој ги охрабрува сите заинтересирани студенти да ги посетат компаниите и, како што посочува, да станат дел од големиот број успешни приказни кои произлегле од овој саем. На овој начин велат студентите ќе се овозможи директна комуникација на студентите со компаниите и со работодавците, како и можности за професионално надградување и вработување. Годинава, на саемот „Контакт“ ќе се претстават компаниите KOSTAL, Draxlmaier, Marquardt, Asseco, Apave, Amphenol, Aptiv, EVN, LTH Learnica, GOBIVA, Netcetera, Intertec, ATS Global, doXteam, Closer, iBorn, MCA, Newman's Business Accelerator, Pop Leads, Systems for Enterprise, StepUp. Саемот „КОНТАКТ“ е поддржан од ФЕИТ, ФИНКИ и МФС, од Центарот за менаџмент консалтинг, образование и наука Мотива и од Македонија 2025. (Mиа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petti-saem-za-vrabotuvanje-i-praksa-kontakt/feed/ 0