контакти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Jul 2023 06:41:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png контакти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Абас ги прекина контактите со Израел, Гутереш загрижен, САД го бранат правото на Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abas-gi-prekina-kontaktite-so-izrael-guteresh-zagrizhen-sad-go-branat-pravoto-na-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abas-gi-prekina-kontaktite-so-izrael-guteresh-zagrizhen-sad-go-branat-pravoto-na-izrael/#respond Tue, 04 Jul 2023 06:41:42 +0000 https://kurir.mk/?p=852383

Палестинскиот претседател Махмуд Абас вчера ги прекина контактите и безбедносната координација со Израел откако израелските сили ја почнаа големата офанзива против милитантите во градот Џенин, на Западниот Брег, се наведува во соопштението на неговата канцеларија. Одлуката е донесена откако Абас одржа состанок со другите лидери на Палестинската управа. Абас во минатото неколку пати привремено ја прекинуваше соработката со Израел за време на претходните рунди на насилство. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, истовремено, изрази длабока загриженост за настаните во градот Џенин, на Западниот брег, изјави неговиот портпарол, откако израелските сили го нападнаа Џенин со беспилотни летала, во најголемата операција во областа во последните 20 години. Во нападите загинаа најмалку девет Палестинци, а околу 100 се повредени. -Гутереш нагласува дека сите воени операции мора да бидат преземени со целосно почитување на меѓународното хуманитарно право, изјави заменик портпаролот Фархан Хак. Израелската војска вчераутро почна голема операција која ја опиша како антитерористички напор чија цел е уништување на инфраструктурата и спречување на милитантите да го користат бегалскиот камп во Џенин како своја база за напади врз Израел. Вашингтон го поддржува „правото“ на Израел да се „одбрани“ и повикува на заштита на цивилите САД веруваат дека Израел имал „право да го брани своето население“ од исламистичките милитанти, но повикуваат на заштита на цивилите, по вчерашната израелска воена операција. -Ја поддржуваме безбедноста на Израел и неговото право да го брани својот народ од Хамас, палестинскиот исламски џихад и другите терористички групи, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент. „Императив е да се преземат сите можни мерки на претпазливост за да се избегне смртта на цивили“, додаде портпаролот. Вашингтон, главниот сојузник на Израел, исто така повика на обнова на безбедносната соработка меѓу еврејската држава и палестинската управа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abas-gi-prekina-kontaktite-so-izrael-guteresh-zagrizhen-sad-go-branat-pravoto-na-izrael/feed/ 0
Мицотакис: Почетокот на контакти со Турција е охрабрувачки чекор во правилна насока https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-pochetokot-na-kontakti-so-turcija-e-ohrabruvachki-chekor-vo-pravilna-nasoka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-pochetokot-na-kontakti-so-turcija-e-ohrabruvachki-chekor-vo-pravilna-nasoka/#respond Fri, 09 Oct 2020 09:24:03 +0000 https://kurir.mk/?p=414292

Почетокот на прелиминарни контакти меѓу Грција и Турција е охрабрувачки чекот во правилна насока, преферираме да ѝ дадеме шанса на дипломатија за да најдеме взаемно прифатливо решение, вели грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за француски „Ле фигаро“, јави дописничката на МИА од Атина. Говорејќи за односите со Турција, Мицотакис вели дека постојат два патишта, едниот на дијалог и дипломатија врз база на меѓународното право, а вториот на ескалација и тензии, кој „неизбежно ќе доведе до мерки од Европа за Турција“. -Грција како и ЕУ, посакуваат подобрување на односите со Турција, но правилата се тука за да ги почитуваме. За време на последниот Самит на ЕУ, беа поставени за разгледување клучни прашања во врска со односите со Турција, како што се царинската унија и управувањето со миграциските бранови. И беше јасно ставено на знаење дека ако продолжи да дејствува еднострано и агресивно, ќе се соочи со последици, вели Мицотакис, објаснувајќи дека се очекува набргу да започнат прелиминарните контакти меѓу двете земји и не ја исклучи можноста за средба со турскиот претседател, иако во овој момент не е планирано такво нешто. Во однос на завчерашната одлука на атинскиот суд за Златна зора, грчкиот премиер коментира дека тоа е „вистинска победа за демократијата“ и се затвора „една мрачна епизода во јавниот живот на земјата“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-pochetokot-na-kontakti-so-turcija-e-ohrabruvachki-chekor-vo-pravilna-nasoka/feed/ 0
Викторија: Војската ќе ги испитува заразените за нивните контакти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/viktorija-vojskata-kje-gi-ispituva-zarazenite-za-nivnite-kontakti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/viktorija-vojskata-kje-gi-ispituva-zarazenite-za-nivnite-kontakti/#respond Fri, 24 Jul 2020 08:25:43 +0000 https://kurir.mk/?p=380689

Австралиската држава Викторија ќе ја ангажира војската да ги испитува лицата кои се позитивни на коронавирус, а кои не одговориле на телефонските повици, со цел да почне следење на контактите на заразените. Во Австралија во претходните денови се потврдени шест нови смртни случаи од последици на Ковид-19, што е рекорден број од почетокот на пандемијата. Сите смртни случаи се поврзани со домови за стари и изнемоштени лица, а во повеќе од 40 вакви установи е потврдена зараза со коронавирус. Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјуз изјави дека војници ќе бидат испратени во домовите на лицата заразени со коронавирус, кои не се јавиле на телефон за да одговорат на епидемиолошкиот прашалник. – Доколку овие лица не отворат врата, ќе им биде изречена казна, потврди Ендрјуз. Поради влошената епидемиолошка ситуација во Мелбурн, австралиската држава Викторија воведе делумни мерки за карантин во траење од шест недели, како и задолжително носење маски. На територијата на цела Австралија во текот на вчерашниот ден вирусот е потврден кај околу 300 луѓе. Досега во Австралија се регистрирани над 13.300 случаи на зараза, а починале вкупно 139 лица. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/viktorija-vojskata-kje-gi-ispituva-zarazenite-za-nivnite-kontakti/feed/ 0
СЗО ги отфрли обвинувањата дека стратегијата за следење контакти е неефикасна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-gi-otfrli-obvinuvanjata-deka-strategijata-za-sledenje-kontakti-e-neefikasna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-gi-otfrli-obvinuvanjata-deka-strategijata-za-sledenje-kontakti-e-neefikasna/#respond Tue, 30 Jun 2020 07:07:32 +0000 https://kurir.mk/?p=365509

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус ги отфрли обвинувањата од страна на некои земји дека стратегијата за следење на контактите на заразените со коронавирус е премногу тешка за спроведување и дека е неефикасна во контролата на пандемијата. СЗО повеќе пати ги советуваше земјите дека запирањето на епидемијата на Ковид-19 бара силна стратегија за следење контакти, интензивен процес за пронаоѓање луѓе кои биле во контакт со заразените и нивна изолација. Во последните месеци, земји со голем број заразени лица, вклучително и Велика Британија и Соединетите Американски Држави, посочија дека има премногу контакти за да се најде ефикасен систем што може да се воспостави. Британија се обврза да воспостави систем за следење контакти на почетокот од овој месец, но на крајот се откажа од дигиталната апликација што ја разви за таа цел, а политичарите признаа дека програмата сè уште не работи целосно и покрај тоа што се ангажирани илјадници работници. Во последните неколку недели, британските здравствени власти соопштија дека нивните трагачи за контакти не успеале да дојдат до четвртина од луѓето заразени со вирусот, оставајќи така илјадници заразени да ја пренесат инфекцијата. На прес-конференција, Гебрејесус го наведе директорот за вонредни состојби, д-р Мајкл Рајан, како пример на некој кој е подготвен да започне со долга потрага по контакти, посочувајќи го ангажманот на Рајан за време на епидемијата на ебола во дел од Конго каде вооружени групи напаѓале и убивале здравствени работници. – Тој веруваше дека треба да стори сé за да ја запре еболата и покажа дека спасувањето животи навистина го бара тоа ниво на посветеност, рече Гебрејесус. Тој истакна дека тврдењата на некои земји дека има премногу контакти за пребарување и дека самиот процес е претежок, не се прифатливи. Гебрејесус претходно ги пофали програмите за барање контакти што ги воведоа земји како Јужна Кореја, Сингапур и Кина, во кои беа вклучени тимови здравствени работници кои набљудуваа десетици илјади луѓе и се грижеа оние кои се изложени на вирусот да бидат изолирани. Тој рече дека денеска се навршуваат шест месеци откако Кина првпат го извести СЗО за невообичаени случаи на пневмонија, првиот знак на коронавирус. Оттогаш, повеќе од 10 милиони луѓе се заразени низ целиот свет, а повеќе од 500.000 починаа. СЗО наведе дека пандемијата се „забрзува“, посебно во Америка. – Суровата реалност е дека ова не е ниту приближно до крајот, рече генералниот директор на СЗО, додавајќи дека „најлошото допрва следи“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-gi-otfrli-obvinuvanjata-deka-strategijata-za-sledenje-kontakti-e-neefikasna/feed/ 0
Преку апликација на мобилните телефони на Кипар ќе се следат контактите на заразените со Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/preku-aplikacija-na-mobilnite-telefoni-na-kipar-kje-se-sledat-kontaktite-na-zarazenite-so-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/preku-aplikacija-na-mobilnite-telefoni-na-kipar-kje-se-sledat-kontaktite-na-zarazenite-so-kovid-19/#respond Sun, 05 Apr 2020 16:23:52 +0000 https://kurir.mk/?p=327730

За полесно пронаоѓање на контактите на новите позитивни случаи на Ковид-19 на Кипар, воведена е апликација на мобилните телефони, преку која со помош на локацијата ќе се следат движењата на заразените лица како и нивните контакти, јави дописничката на МИА од Атина. Целта на апликацијата „CovTracer“ е да се запре ширењето на коронавирусот на Кипар. – Со проверката на рутата што ја следел корисникот, може во секое време да се лоцираат и други граѓани кои биле во близина на заразениот случај и доколку тие луѓе ги преземат соодветните чекори, можат да го намалат ширењето на заразната болест, пишува во објаснувањето на апликацијата. „CovTracer“ функционира на начин на кој корисникот започнува да ги снима неговите локации со помош на GPS, а сите информации остануваат во уредот и целосно се почитува приватноста на корисникот. Во случај да биде дијагностициран Ковид-19, доколку сака доброволно, корисникот ги споделува податоците за неговите локации и движења во изминатите две седмици. Во продолжение, епидемиологот ги проверува овие информации и презема активности, како на пример, да се евакуираат делови, да се дезинфицираат простори или да ги информира граѓаните кои биле во контакт со заразениот Паралелно, корисникот, преку апликацијата, може анонимно да ги види податоците за локациите и за движењата на потврдени случаи на Ковид-19, кои во време и простор се совпаѓа со неговите движења. Во овој случај, корисникот ќе треба да контактира со надлежните органи и да побара совет, особено ако има и симптоми. Првата верзија е наменета исклучиво за оние лица кои мора да работат (на Кипар е во сила забрана за движење), додека за останатите граѓани препораката е да останат дома. Апликацијата сега е достапна само на официјалниот сајт и се очекува дополнително да биде и на Google store и Apple.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/preku-aplikacija-na-mobilnite-telefoni-na-kipar-kje-se-sledat-kontaktite-na-zarazenite-so-kovid-19/feed/ 0