контра мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 17 Mar 2018 13:11:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png контра мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Љајиќ: Србија ќе воведува контра мерки за Македонија за брашното, после 14 април нема да бидеме трпеливи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ljajikj-srbija-kje-voveduva-kontra-merki-za-makedonija-za-brashnoto-posle-14-april-nema-da-bideme-trpelivi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ljajikj-srbija-kje-voveduva-kontra-merki-za-makedonija-za-brashnoto-posle-14-april-nema-da-bideme-trpelivi/#respond Sat, 17 Mar 2018 13:11:44 +0000 http://kurir.mk/?p=30771

Ако до 14 април не се најде трајно решение за извозот на брашното во Македонија, Србија ќе воведе контра мерки, соопшти денеска министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ. Гостувајќи во утринската програма на ТВ Н1, Љајиќ рече дека Србија ќе биде трпелива зашто трговската и царинската војна не се во интерес на двете земји. - До 14 април мораме да најдеме трајно решение за извозот на брашното во Македонија. Воведувањето контра мерки, за жал, се уште е опција. Ние имаме трпение, не сакаме да влеземе во трговска и царинска војна, да воведуваме контрамерки, бидејќи тоа не е во интерес на стопанството и на меѓусебните односи. Јас им кажав да не не тераат тоа да го направиме, но тоа навистина ќе го сториме овој пат ако не најдеме трајно решение, истакна српскиот министер и најави нов состанок во Скопје за две недели. Според него, проблемот со брашното го прават тројца мелничари од Македонија кои, како што напомена, имаат економско и финасиско влијание со што успеваат да наметнат вонцарински бариери. Се бара модел, дополни Љајиќ, за трајно решение за да не се повторува проблемот секоја година. - До 14 април е крајниот рок кога мораме да најдеме трајно решение за овој проблем. Во понеделник имам состанок со нашите мелничари бидејќи сето ова го правиме заради нив, а не поради политички намери, да видиме дали постигнатото решение се спроведува. Ќе бидеме трпеливи до 14 април и повеќе нема да бидеме трпеливи, порача српскиот министер. Негова оценка е дека постојат неколку модели за решавање на проблемот, меѓу кои, потполно укинување на маркичките и трајно признавање на сертификатите. На разгворот со македонскиот министер за замјоделство Љупчо Николовски не беше постигнато конечно решение и затоа, нагласи Љајиќ, се формира Мешовитиот комитет. - Пред два дена во Белград се одржа состанок на Меѓувладиниот комитет со релеватни институции од Србија и од Македонија. Говоревме генерално за олеснување на трговијата, а не само за брашното и за останатите прашања. Направивме исчекор и за две недели би требало да го продолжиме тој дијалог во Скопје, подвлече српскиот министер. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ljajikj-srbija-kje-voveduva-kontra-merki-za-makedonija-za-brashnoto-posle-14-april-nema-da-bideme-trpelivi/feed/ 0