контрамерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Jul 2020 12:39:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png контрамерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кина со контрамерки против четири американски медиуми https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-so-kontramerki-protiv-chetiri-amerikanski-mediumi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-so-kontramerki-protiv-chetiri-amerikanski-mediumi/#respond Wed, 01 Jul 2020 12:39:08 +0000 https://kurir.mk/?p=366672

Кина денеска побара деловни информации од четири американски медиумски компании, вклучително и Асошиејтед Прес (АП), како одговор на слични барања од Вашингтон за кинеските медиуми. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лијан, соопшти дека АП, УПИ, ЦБС и НПР имаат седум дена да пополнат изјави за вработените, финансиското работење, сопственоста на имотот и други прашања. – Треба да се истакне дека споменатата мерка на Кина е целосно неопходна противмерка и целосно легитимна одбрана против неразумната репресија на американската страна против кинеските новински агенции во САД, рече Жао на прес-конференција. Во јуни, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп додаде четири кинески медиуми на списокот организации што се сметаат за „странски мисии“, поради нивните врски со владата и Комунистичката партија. Поради таа одлука, кинеските медиуми беа принудени да го намалат бројот на вработени во САД. Жао рече дека неодамнешната американска политика штети на угледот на кинеските медиуми, влијае на нивната работа и сериозно се меша во нормалната човечка комуникација меѓу САД и Кина. – Кина ги повикува САД веднаш да го променат својот курс, да ги исправат грешките и да престанат со политичката репресија и неразумните ограничувања за кинеските медиуми, рече Жао.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-so-kontramerki-protiv-chetiri-amerikanski-mediumi/feed/ 0
Србија од утре со контрамерки кон Македонија поради брашното https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbija-od-utre-so-kontramerki-kon-makedonija-poradi-brashnoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbija-od-utre-so-kontramerki-kon-makedonija-poradi-brashnoto/#respond Tue, 06 Mar 2018 09:35:26 +0000 http://kurir.mk/?p=27773

Србија од утре ќе воведе контрамерки кон Македонија поради отежнатниот увоз на брашно, најави денеска српскиот министер за трговија Расим Љајиќ. - Не можеме веќе да чекаме. Освен купување време, од нивна страна не видовме никаква подготвеност за решавање на проблемот, вели Љајиќ во изјава за „Данас“. Посочува дека бил подготвен во петокот и вчера да дојде во Скопје за да разговара со претставници на македонската Влада за решавање на проблемот со увозот на спрско брашно во Македонија, но се откажал бидејќи не слушнал конкретен предлог за кој би можело да се разговара. Како што информираа од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) вчера за МИА, се разгледуваат сите опции за надминување на состојбата. Се очекува, на денешниот Економски совет на министрите од ресорот економија да биде отвори и прашањето за измените на Правилникот поради кој настана недоразбирањето со Србија. Министерот Николовски во саботата соопшти дека е договорено да се формира комитет меѓу двете страни кој ќе ги отвори сите можни парашања, а првата седница е закажана овој месец во Ниш. Проблемот со увозот на српското брашно настана откако Македонија, на 8 февруари годинава, ги воведе измените на постојниот Правилник. Со измените се налага брашното да се обележува со маркички по неговото дистрибуирање и целосна контрола во земјава, а не уште пред да стигне во Македонија, од страна на извозниците. Србија реагираше зашто смета дека Македонија воведува бариери, што од македонска страна се негира и се напоменува дека условите за увоз и досега беа исти, само е сменет нивниот редослед и мора да се почитуваат. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbija-od-utre-so-kontramerki-kon-makedonija-poradi-brashnoto/feed/ 0
Љаиќ против воведувањето контрамерки за Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ljaikj-protiv-voveduvanjeto-kontramerki-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ljaikj-protiv-voveduvanjeto-kontramerki-za-makedonija/#respond Sun, 04 Mar 2018 10:31:00 +0000 http://kurir.mk/?p=27140

Српскиот министер за трговија Расим Љајиќ во врска со проблемот околу извозот на српското брашно во Македонија, за РТС денеска изјави дека се противи на воведувањето контрамерки за Македонија, велејќи дека тоа би било лошо и за српските и за македонските бизнисмени. - Извозот не е забранет, туку со тие вонцарински мерки и бариери тој е отежнат, а нашите извозници со тоа стануваат неконкурентни во споредба со другите. Ние сакаме рамноправен однос, како што предвидуваат правилата на Светската трговска организација и на ЦЕФТА, рече Љајиќ. Тој додаде дека се обидува да го реши овој проблем со договор и компромис. - Сакаме потполно слободен проток на стоки и во една и во друга насока. Подготвени сме да ги отстраниме бариерите. Предуслов за сето ова е повлекување на овој правилник, изјави српскиот министер за трговија. Љајиќ, коментирајќи како сето ова ќе влијае врз српските мелничари, рече дека ова го прави нивниот извоз неиплатлив и дека ќе изгубат месечно околу 200.000 евра, доколку оваа мерка се задржи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ljaikj-protiv-voveduvanjeto-kontramerki-za-makedonija/feed/ 0