контраофанзива – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 14 Jul 2023 16:46:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png контраофанзива – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јермак: Контраофанзивата на Киев „не напредува толку брзо“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jermak-kontraofanzivata-na-kiev-ne-napreduva-tolku-brzo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jermak-kontraofanzivata-na-kiev-ne-napreduva-tolku-brzo/#respond Fri, 14 Jul 2023 16:46:45 +0000 https://kurir.mk/?p=856787

Контраофанзивата на Киев, соочена со отпорот на руските сили, „не напредува толку брзо“, изјави денеска шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак. - Денес контраофанзивата не напредува толку брзо. Кога ќе видиме дека нешто не оди како што треба, треба да го кажеме тоа. Никој нема да ја разубави ситуацијата, вели Јермак. Тој исто така рече дека западните сојузници не вршат никаков притисок врз Киев по ова прашање, туку само прашуваат како можат да помогнат. - Целиот свет знае дека е невозможно да се изврши притисок врз Украина, рече Јермак, кој важи за десна рака на украинскиот претседател Зеленски. Украина нема да преговара со Русија додека нејзините војници не ја напуштат украинската територија, додаде тој. - Нашиот став е јасен. За такви преговори евентуално е можно да размислуваме откако руските сили ќе се повлечат од нашата територија. Цел свет знае дека нема да разговараме со Русите пред тоа, рече Јермак. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jermak-kontraofanzivata-na-kiev-ne-napreduva-tolku-brzo/feed/ 0
Украинското раководство ги објасни причините за бавниот напредок на контраофанзивата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskoto-rakovodstvo-gi-objasni-prichinite-za-bavniot-napredok-na-kontraofanzivata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskoto-rakovodstvo-gi-objasni-prichinite-za-bavniot-napredok-na-kontraofanzivata/#respond Wed, 05 Jul 2023 05:50:38 +0000 https://kurir.mk/?p=852777

Украинското раководство го објасни бавниот напредок на долгонајавуваната контраофанзива со новата цел да ги истроши руските сили. „Во оваа фаза на активни непријателства, украинските одбранбени сили ја исполнуваат задачата број еден: максимално уништување на жива сила, опрема, складишта за гориво, воени возила, командни пунктови, артилериски и противвоздушни сили на руската армија“, напиша секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Олексеј Данилов на Твитер. Тој додаде дека колку поефикасно е уништен непријателот, толку повеќе километри подоцна ќе бидат ослободени. „Последниве денови беа особено плодни“, додаде Данилов. Претходно, портпаролот на фронтот Таурија во јужна Украина, Валериј Шершен изјави дека украинската армија напреднала два километри, но не даде дополнителни информации. Украина се брани од руската инвазија веќе 16 месеци. Украинската армија пред неполн месец започна контраофанзива на југот на земјата, која засега не ги исполни очекувањата за враќање на окупираните територии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskoto-rakovodstvo-gi-objasni-prichinite-za-bavniot-napredok-na-kontraofanzivata/feed/ 0
Украинската армија демантира дека ја почнала најавуваната контраофанзива https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-armija-demantira-deka-ja-pochnala-najavuvanata-kontraofanziva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-armija-demantira-deka-ja-pochnala-najavuvanata-kontraofanziva/#respond Fri, 09 Jun 2023 06:02:34 +0000 https://kurir.mk/?p=843831

Украинската армија денеска ја демантираше веста објавена од Ен-би-си Њуз (NBC News) дека почнала контраофанзива против руските сили. „Немаме такви информации. И не коментираме анонимни извори“, изјави за британските медиуми портпаролот на Генералштабот на украинските вооружени сили. Претходно, Ен-би-си Њуз, повикувајќи се на висок анонимен офицер и војник во близина на првите борбени линии, објави дека украинската војска ја почнала долгоочекуваната контраофанзива. По неколкумесечниот напредок во украинската воена кампања, што може да се покаже како одлучувачки во намерите на Киев да ја врати окупираната територија, новиот бран напади е насочен кон југоисточните линии на фронтот, пренесе Ен-би-си Њуз. Украинската влада досега соопшти дека нема да има јавна најава за почеток на офанзивата, а портпаролот на украинската армија одби да ги коментира тековните воени операции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-armija-demantira-deka-ja-pochnala-najavuvanata-kontraofanziva/feed/ 0
Украина е подготвена да започне контраофанзива https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-e-podgotvena-da-zapochne-kontraofanziva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-e-podgotvena-da-zapochne-kontraofanziva/#respond Sat, 27 May 2023 10:44:09 +0000 https://kurir.mk/?p=839357

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина Алексиј Данилов изјави дека земјата е подготвена да ја започне долгоочекувана контраофанзива против руската армија. Тој не сакаше да даде точен датум, но во интервју за Би-Би-Си рече дека нападот со цел враќање на окупираните територии може да започне „утре, задутре или за една недела“. Данилов додаде дека украинската влада „нема право на грешка“ бидејќи ова е „историска можност“ што не можат да си дозволат да ја изгубат. Како секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Данилов е еден од најблиските луѓе на претседателот Володимир Зеленски. Тој потврди дека дел од платеничките сили на Вагнер се повлекуваат од градот Бахмут, но додаде дека се прегрупирале на три локации и дека тоа не значи дека престанале да се борат. Коментирајќи го распоредувањето на руското нуклеарно тактичко оружје во Белорусија, Данилов истакна дека е „апсолутно мирен“ во врска со тоа и дека тоа за него не е некоја вест. Украина со месеци планира контраофанзива, но сакаше да има што е можно повеќе време за обука на војници и добивање воена опрема од западните сојузници. Во меѓувреме, руските сили ја подготвуваа својата одбрана. Многу работи се во залог, со оглед на тоа дека владата во Киев треба да им покаже на Украинците и своите западни сојузници дека може да ги пробие руските линии, да стави крај на воениот судир и да врати дел од својата суверена територија, пишува Би-Би-Си. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-e-podgotvena-da-zapochne-kontraofanziva/feed/ 0
Њујорк тајмс: Украина спрема 12 бригади за контраофанзивата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nujork-tajms-ukraina-sprema-12-brigadi-za-kontraofanzivata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nujork-tajms-ukraina-sprema-12-brigadi-za-kontraofanzivata/#respond Tue, 25 Apr 2023 19:45:09 +0000 https://kurir.mk/?p=827540

Украина спрема 12 бригади за да започне со контраофанзивата против руската војска, соопшти весникот Њујорк тајмс повикувајќи се на протечените доверливи документи на Пентагон. -Украина се подготвува да започне со контранапад против руската војска веќе следниот месец, се вели во прилогот. Според објавените документи на Пентагон, кон крајот на април треба да бидат спремни 12 украински воени бригади со бројност од околу 4.000 војници секоја. Весникот истакнува дека воената операција се очекува да се одвива во јужен правец, вклучително и долж крајбрежјето на Азовско Море.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nujork-tajms-ukraina-sprema-12-brigadi-za-kontraofanzivata/feed/ 0
Украински командант најави контраофанзива https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-komandant-najavi-kontraofanziva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-komandant-najavi-kontraofanziva/#respond Fri, 24 Mar 2023 07:10:25 +0000 https://kurir.mk/?p=815797

Командантот на украинските копнени сили, Олександр Сирски изјави дека неговите сили наскоро ќе започнат контраофанзива. Тој додаде дека членовите на руската паравоена група Вагнер, кои биле на фронтот заедно со руските сили во Украина, „им недостасува сила“. Ќе ја искористиме оваа можност многу брзо, како што направивме претходно во близина на Киев, Харков и Купјанск, посочи Сирски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-komandant-najavi-kontraofanziva/feed/ 0