контрола на летање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 Oct 2023 07:42:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png контрола на летање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Штрајкот на М-НАВ одложен, авионскиот сообраќај се одвива редовно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajkot-na-m-nav-odlozhen-avionskiot-soobrakaj-se-odviva-redovno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajkot-na-m-nav-odlozhen-avionskiot-soobrakaj-se-odviva-redovno/#respond Thu, 12 Oct 2023 07:40:38 +0000 https://kurir.mk/?p=887947

Постигната е согласност да се работи на отворените прашања од страна на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ), на состанокот одржан во Министерството за транспорт и врски, со претставници од Синдикатот на М-НАВ (ССКЛ) и менаџментот на претпријатието за вршење на дејноста давање на услуги на воздухопловната навигација, М-НАВ АД Скопје, информираат од Владата. Со тоа е овозможено авионскиот сообраќај да се одвива редовно. Во меѓувреме се продолжува со координациите во ресорното министерство, со цел целосно реализирање на преземените обврски од двете страни. -Владата на Република Северна Македонија смета дека потпишаниот колективен договор, одлуката за ангажирање консултантска фирма којашто професионално ќе изврши функционална анализа за подобрување на функционирањето на претпријатието, како и согласноста за подигнување на нивото на транспарентноста за сите прашања и изработка на студија којашто ќе ги даде идните правци за развој на претпријатието покажува дека низ функционален дијалог се можни решенија, се вели во соопштението на Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajkot-na-m-nav-odlozhen-avionskiot-soobrakaj-se-odviva-redovno/feed/ 0
Колапс на воздушниот сообраќај во Велика Британија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kolaps-na-vozdushniot-soobrakaj-vo-velika-britanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kolaps-na-vozdushniot-soobrakaj-vo-velika-britanija/#respond Wed, 30 Aug 2023 06:12:46 +0000 https://kurir.mk/?p=872272

Британската Влада вчера соработуваше со авиокомпаниите за да им помогне на патниците заглавени на аеродромите ширум Европа да се вратат дома, откако дефект во британскиот систем за контрола на летање предизвика големи нарушувања во воздушниот сообраќај, кои најверојатно ќе траат со денови. Повеќе од 1.500 летови беа откажани во понеделникот бидејќи контролорите на летање мораа да се префрлат на рачна контрола поради технички проблем. Тоа беше државен празник во делови од Британија и еден од најпрометните денови во годината затоа што завршуваат училишните празници. Британскиот министер за транспорт Марк Харпер предупреди дека може да поминат неколку дена за отстранување на сите проблеми, иако самиот дефект е саниран по неколку часа. Рајанер денеска ќе лета со нормален распоред, соопшти главниот извршен директор на компанијата Мајкл О’Лири, критикувајќи ја британската управа за воздушен транспорт за начинот на кој се справува со кризата. - Сè уште не сме добиле објаснување од нив, што точно го предизвика тој дефект и каде беа нивните резервни системи, напиша тој на Твитер. Харпер истакна дека владините претставници не веруваат оти техничкиот проблем, прв од такви размери во последните десет години, бил резултат на кибер-напад.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kolaps-na-vozdushniot-soobrakaj-vo-velika-britanija/feed/ 0
Ќе се понишува огласот за контролори на летање: Албанците што положиле не биле од ДУИ, поминале „други деца“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-ponishuva-oglasot-za-kontrolori-na-letanje-albancite-shto-polozile-ne-bile-od-dui-pominale-drugi-deca/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-ponishuva-oglasot-za-kontrolori-na-letanje-albancite-shto-polozile-ne-bile-od-dui-pominale-drugi-deca/#respond Wed, 09 Nov 2022 16:04:39 +0000 https://kurir.mk/?p=758102

ЌЕ ГО ПОНИШТАТ ОГЛАСОТ ЗА КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ, ЗАШТО АЛБАНЦИТЕ ШТО ПОЛОЖИЛЕ НЕ СЕ ОД ДУИ, А ПОМИНАЛЕ ДЕЦА ШТО „СЕ НИЧИИ“
Тројцата членови на управниот одбор на МНАВ и директори во агенцијата: Фахрудин Хамиди, Миѓан Селмани и Влатко Крстевски, сакаат да го поништат огласот за контролори на летање, зашто од 270 пријавени, положиле само 8 кандидати, меѓу кои не се нивните, а ни пријавените деца на функционери од ДУИ, oбјави СДК.мк СДК.мк пренесува дека меѓу најдобрите 8, се и тројца момчиња Албанци, едни од највисокорангираните по поени и тестови. Особено едниот од нив, „згазил“ на тестирањето. Но, тие не се вистинските што требаше да влезат, велат од Синдикатот на контролори на летање. Тестирањата и селекцијата ги правел тренинг центар од Данска. Но, откако меѓу тие што ги поминале строгите критериуми не се нашле имињата на „нашите“, особено дека најдобрите три Албанци „се ничии“, раководството на МНАВ се посомневал во компетентноста на Данците. Сега тричлениот одбор бара отчет од Данска зошто отпаднале другите кандидати. Целиот текст може да го прочитате на СДК.мк
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-ponishuva-oglasot-za-kontrolori-na-letanje-albancite-shto-polozile-ne-bile-od-dui-pominale-drugi-deca/feed/ 0
Технички проблем во германската Контрола на летање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tehnichki-problem-vo-germanskata-kontrola-na-letanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tehnichki-problem-vo-germanskata-kontrola-na-letanje/#respond Wed, 29 Jun 2022 07:19:16 +0000 https://kurir.mk/?p=697113

Технички проблеми во германската Контрола на летање денеска ќе предизвикаат потешкотии во европскиот воздушен простор, соопшти операторот на аеродромот во Франкфурт. Според весникот Билд, станува збор за софтверски проблем. „Затоа, ќе има доцнења во операциите и откажувања на летови и на аеродромот во Франкфурт“, наведе операторот на својата веб-страница, пренесуваат британските медиуми. Проблемите биле пријавени во Центарот за контрола на летање во Ланген, седиште на германската компанија за воздушна навигација ДФС, чии контролори го следат полетувањето и слетувањето на авионите на 15 меѓународни аеродроми во Германија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tehnichki-problem-vo-germanskata-kontrola-na-letanje/feed/ 0