контроли – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 Apr 2023 05:51:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png контроли – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пазарната инспекција влезе на Кванташки пазар, се вршат контроли на увозниците на овошје и зеленчук https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pazarnata-inspektsija-vleze-na-kvantashki-pazar-se-vrshat-kontroli-na-uvoznitsite-na-ovoshje-i-zelenchuk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pazarnata-inspektsija-vleze-na-kvantashki-pazar-se-vrshat-kontroli-na-uvoznitsite-na-ovoshje-i-zelenchuk/#respond Tue, 25 Apr 2023 05:51:53 +0000 https://kurir.mk/?p=827138

На Кванташки пазар Скопје во тек се инспекциски надзори на увозници на овошје и зеленчук, како и на сите трговци на лице место. На терен се над 30 инспектори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), во координација со тимови Управата за финасиска полиција, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за одземен имот. -Кај увозниците на овошје и зеленчук се контролира почитување на одлуката на Владата за дистрибуција и продажба на најмалку 70 отсто од количествата што ги испорачувале во јануари и февруари. Се вршат контроли и кај сите други субјекти на Каванташки за регистрирана и нерегистрирана дејност, изјави за МИА директорот на ДПИ Горан Трајковски. Акцијата, како што најави, ќе трае во тек на целиот ден со што ДПИ ќе излезе со информација за исходот. Согласно Законот за трговија, казните за увозниците, зависно од нивната големина, доколку се утврди непочитување на владините одлуки, се движат 800 до 10.000 евра, додека за нерегистрирана дејност покрај паричната казна е предвидено и одземање на стоката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pazarnata-inspektsija-vleze-na-kvantashki-pazar-se-vrshat-kontroli-na-uvoznitsite-na-ovoshje-i-zelenchuk/feed/ 0
УЈП: Завршија контролите во КАМ, нема затворен објект, под лупа и други маркети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ujp-zavrshija-kontrolite-vo-kam-nema-zatvoren-objekt-pod-lupa-i-drugi-marketi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ujp-zavrshija-kontrolite-vo-kam-nema-zatvoren-objekt-pod-lupa-i-drugi-marketi/#respond Wed, 23 Mar 2022 12:51:52 +0000 https://kurir.mk/?p=652024

Управата за јавни приходи, ја информира јавноста, дека завршија контролите на терен во „КАМ“ и ниту еден маркет не е затворен, ниту пак до овој момент има изречено казни кон овој даночен обврзник. - Законска обврска на УЈП е да го штити интересот на граѓаните и на државата. Во таа насока а по пријава на граѓани и институции, УЈП започна со надворешна контрола, согласно законот за увид во состојбата со залихите на трговската стока во магацините и продавниците, се со цел да се утврди фактичката состојба и да се изврши споредба со книговодствената евиденција. Со првичниот и прелиминарен увид на терен, инспекторите утврдија дека дел од малопродажните објекти не само во погоре посочениот маркет, туку и кај некои други маркети на големите ланци, се пресметувалo 5% ДДВ за основните производи за храна. Дел од маркетите, продавале масло за јадење, свежо говедско месо, ориз и млеко со пресметан данок на додадена вредност што пак е спротивно на одлуката на Владата и на измените во Законот за данок на додадена вредност. Без селекција и преку надворешните контроли кои ги извршуваат инспекторите на УЈП, кај сите даночни обврзници се проверува целокупното работење за одредениот период, односно, се контролира правилното искажување на приходите и трошоците од работењето кај даночните обврзници кои покажале отстапки по однос на примената на даночната стапка, односно со намалување на ДДВ од 5 на 0%, информираат од УЈП. Од таму посочуваат дека инспекторите постапуваат по пријави на граѓани и извршуваат увид и контрола, секаде каде што веќе имаше укажување и сомневање дека постојат индиции за непочитување на законите при работењето. - Управата за јавни приходи ќе продолжи со континуирани контроли на терен се со цел заштита на стандардот на граѓаните. Целта на контролите не е да се казнува, туку да се укаже на сите даночни обврзници дека законот мора да се почитува. УЈП и инспекторите не познаваат ниту политичка, ниту верска, ниту пак национална различност. Контролите се вршат исклучиво и само во насока на почитување на Законите и за заштита на стандардот на граѓаните. Управата за јавни приходи, преку инструментите и надлежностите кои ги има ќе продолжи да ги пресретнува можните злоупотреби од страна на даночните обврзници и да спречи евентуално нанесување на штета врз граѓаните или буџетот на Република Северна Македонија, се додава во соопштението на УЈП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ujp-zavrshija-kontrolite-vo-kam-nema-zatvoren-objekt-pod-lupa-i-drugi-marketi/feed/ 0
Извршени контроли на 148 возила кои вршат јавен превоз на ученици, констатирани 70 прекршоци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izvrsheni-kontroli-na-148-vozila-koi-vrshat-javen-prevoz-na-uchenici-konstatirani-70-prekrshoci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izvrsheni-kontroli-na-148-vozila-koi-vrshat-javen-prevoz-na-uchenici-konstatirani-70-prekrshoci/#respond Sat, 12 Mar 2022 11:03:13 +0000 https://kurir.mk/?p=645925

На 11.03.2022 во периодот од 06.00 до 10.00 часот, во рамки на утврдените приоритети за подобрување на јавната безбедност, особено помеѓу учениците во училиштата и во јавниот превоз, како и почитување и доследно спроведување на законите, на целата територија на државата беше спроведена акциска контрола на 135 локации, во која учествуваа сите сектори за внатрешни работи. Притоа биле исконтролирани 148 возила кои вршат јавен превоз на деца кон училиштата, при што биле констатирани 70 прекршоци кои произлегуваат од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за возила, Законот за заштита на населението од заразни болести и сл. За време на контролата на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи биле легитимирани 236 полнолетни средношколци, а извршени се 1.234 прегледи кај ученици, во однос на почитување на Законот за оружјето, Законот за правда на детето и Кривичниот законик. По документирање на случаите, против сите одговорни лица кои сториле било каков прекршок или кривично дело ќе биде поднесена соодветна прекршочен или кривичен поднесок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izvrsheni-kontroli-na-148-vozila-koi-vrshat-javen-prevoz-na-uchenici-konstatirani-70-prekrshoci/feed/ 0
Најавени контроли на субјектите кои вршат трговија на мало и големо со нафтени деривати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najaveni-kontroli-na-subjektite-koi-vrshat-trgovija-na-malo-i-golemo-so-nafteni-derivati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najaveni-kontroli-na-subjektite-koi-vrshat-trgovija-na-malo-i-golemo-so-nafteni-derivati/#respond Fri, 04 Mar 2022 17:44:18 +0000 https://kurir.mk/?p=641110

Покрај најавените контроли на работата на дистрибутивните центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти, со инспекциските надзори ќе бидат опфатени и правните субјекти кои вршат дејност „Трговија на мало и големо со нафтени деривати“, соопшти Управата за финансиска полиција. Оттаму информираат дека екипи на Управата за финансиска полиција заедно со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи во наредниот период ќе спроведат сеопфатни контроли на територија на цела држава. Засилените инспекциски надзори беа најавени за да се спречат евентуални манипулации во снабдувањето. Надлежните во повеќе наврати соопштија дека храна, гориво и енергенси има доволно и апелираа граѓаните да не подлегнуваат на никакви шпекулации и да не се крева непотребна паника. Уверуваат дека државата е подготвена да одговори на сите предизвици поврзани со кризата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najaveni-kontroli-na-subjektite-koi-vrshat-trgovija-na-malo-i-golemo-so-nafteni-derivati/feed/ 0
ДПИ и Финансиската полиција најавуваат засилени контроли на сите дистрибутивни центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dpi-i-finansiskata-policija-najavuvaat-zasileni-kontroli-na-site-distributivni-centri-koi-vrshat-snabduvanje-so-prehranbeni-produkti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dpi-i-finansiskata-policija-najavuvaat-zasileni-kontroli-na-site-distributivni-centri-koi-vrshat-snabduvanje-so-prehranbeni-produkti/#respond Fri, 04 Mar 2022 17:27:39 +0000 https://kurir.mk/?p=641098

Управата за финансиска полиција соопшти дека заедно со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи во наредниот период ќе спроведат сеопфатни контроли на работата на сите дистрибутивни центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти на територија на цела држава. Засилените инспекциски надзори беа најавени за да се спречат евентуални манипулации во снабдувањето. Надлежните во повеќе наврати соопштија дека храна, гориво и енергенси има доволно и апелираа граѓаните да не подлегнуваат на никакви шпекулации и да не се крева непотребна паника. Уверуваат дека државата е подготвена да одговори на сите предизвици поврзани со кризата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dpi-i-finansiskata-policija-najavuvaat-zasileni-kontroli-na-site-distributivni-centri-koi-vrshat-snabduvanje-so-prehranbeni-produkti/feed/ 0
Се вршат контроли на возила кои вршат јавен превоз на деца https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-vrshat-kontroli-na-vozila-koi-vrshat-javen-prevoz-na-deca/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-vrshat-kontroli-na-vozila-koi-vrshat-javen-prevoz-na-deca/#respond Mon, 07 Feb 2022 10:22:29 +0000 https://kurir.mk/?p=627971

Изминатата недела (03/04.02.2022) започна уште една Оперативна акција, врз основа на утврдени приоритети за подобрување на јавната безбедност, особено помеѓу учениците во училиштата и во јавниот превоз, како и почитување и доследно спроведување на законите, на целата територија на државата, во која учествуваа сите сектори за внатрешни работи, информираат од МВР. Притоа биле исконтролирани 719 возила кои вршат јавен превоз на деца кон училиштата на 212 локации, при што биле констатирани 44 кривични дела по член 284-а за вршење на јавен превоз без соодветна документација, и 121 прекршок кои произлегуваат од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за возила, Законот за заштита на населението од заразни болести и сл. Од сообраќај биле исклучени 34 возила поради техничка неисправност и други констатирани недоследности. За време на контролата на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи биле легитимирани 835 полнолетни средношколци, а извршени се 4.386 прегледи кај ученици, во однос на почитување на Законот за оружјето, Законот за правда на детето и Кривичниот законик. По документирање на случаите, против сите одговорни лица кои сториле било каков прекршок или кривично дело ќе биде поднесена соодветна прекршочен или кривичен поднесок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-vrshat-kontroli-na-vozila-koi-vrshat-javen-prevoz-na-deca/feed/ 0
Акциска контрола во угостителски објекти во гевгелиско: Запечатени угостителски објекти, непочитување на протоколите, неиздавање фискални сметки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akciska-kontrola-vo-ugostitelski-objekti-vo-gevgelisko-zapechateni-ugostitelski-objekti-nepochituvanje-na-protokolite-neizdavanje-fiskalni-smetki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akciska-kontrola-vo-ugostitelski-objekti-vo-gevgelisko-zapechateni-ugostitelski-objekti-nepochituvanje-na-protokolite-neizdavanje-fiskalni-smetki/#respond Sun, 06 Feb 2022 15:01:14 +0000 https://kurir.mk/?p=627721

На 05.02.2022 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, инспектори од СВР Скопје во содејство со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат извршија контрола во 14 угостителски објекти во Гевгелија и с. Мрзенци. При контролата, два угостителски објекти се запечатени од страна на Државен пазарен инспекторат поради затекнати лица без сертификати односно непочитување на ковид протоколите. Исто, така од страна на УЈП се изречени глоби за неиздавање на фискални сметки, како и санкции за други неправилности на 10 угостителски објекти. Акциските контроли на МВР, УЈП и ДПИ продолжуваат и во наредниот период.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akciska-kontrola-vo-ugostitelski-objekti-vo-gevgelisko-zapechateni-ugostitelski-objekti-nepochituvanje-na-protokolite-neizdavanje-fiskalni-smetki/feed/ 0
Во текот на викендот во Грција спроведени 200.000 контроли во ноќните клубови и регистриран 561 прекршок https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-tekot-na-vikendot-vo-grcija-sprovedeni-200-000-kontroli-vo-nokjnite-klubovi-i-registriran-561-prekrshok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-tekot-na-vikendot-vo-grcija-sprovedeni-200-000-kontroli-vo-nokjnite-klubovi-i-registriran-561-prekrshok/#respond Mon, 11 Oct 2021 13:28:01 +0000 https://kurir.mk/?p=577122

Во текот на викендот, со новите олабавувања на мерките во Грција и укинување на сите ограничувања за вакцинираните во баровите и ноќните клубови, 8.200 полицајци спровеле 200.000 контроли во целата земја и бил регистриран 561 прекршок, соопшти портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. Иконому додаде дека контролите на полицијата и на вклучените 8.200 полицајци ќе продолжат секојдневно. Согласно новите одлуки на грчката Влада што стапија во сила во саботата, како што веќе објави МИА, баровите, ноќните клубови, дискотеките итн, во кои влезот е дозволен само за вакцинирани и лица кои прележале Ковид-19, работат регуларно и повеќе нема никакви ограничувања. -Очигледно е дека новите мерки носат резултат. Значат повеќе слободи за вакцинираните кои се во помала опасност, ги заштитуваат невакцинираните, а функционираат и како мотив за нашите сограѓани кои не се вакцинирани, да го сторат тоа. Не смееме да заборавиме дека девет од десет наши сограѓани, кои се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега се невакцинирани, рече Иконому. Паралелно, мобилни единици на Националната организација за јавно здравје, од утре започнуваат вакцинација во оддалечените места во северниот дел на Грција, односно во местата кои, како што рече портпаролот на грчката Влада, имаат мала имунизациска покриеност, а целта е да се охрабрат граѓаните да се вакцинираат. Во Грција од вчера е отворена платформата за закажување термин за вакцинација со трета доза на лицата над 50 години и доколку поминале шест месеци од ревакцинацијата, а Иконому на брифингот соопшти дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, утре ќе прими трета доза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-tekot-na-vikendot-vo-grcija-sprovedeni-200-000-kontroli-vo-nokjnite-klubovi-i-registriran-561-prekrshok/feed/ 0
Започнуваат засилени вонредни контроли за квалитет на течните горива https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapochnuvaat-zasileni-vonredni-kontroli-za-kvalitet-na-technite-goriva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapochnuvaat-zasileni-vonredni-kontroli-za-kvalitet-na-technite-goriva/#respond Sun, 30 May 2021 18:45:05 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517009

Државниот пазарен инспекторат со државната мобилна лабараторија за испитување на квалитетот на течните горива од денеска започнуваат засилени вонредни контроли на терен. Целта е преку засилени контроли да се избегнат можни манипулации со квалитетот на горивата кои што се користат во земјата. Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со в.д директорот на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска Димеска денеска информираа за резултатите од првичните контроли.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapochnuvaat-zasileni-vonredni-kontroli-za-kvalitet-na-technite-goriva/feed/ 0
Внимавајте, има интензивни контроли: За 7 дена извршени 5.228 надзори, затворени 6 угостителски објекти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vnimavajte-ima-intenzivni-kontroli-za-7-dena-izvrsheni-5-228-nadzori-zatvoreni-6-ugostitelski-objekti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vnimavajte-ima-intenzivni-kontroli-za-7-dena-izvrsheni-5-228-nadzori-zatvoreni-6-ugostitelski-objekti/#respond Wed, 17 Feb 2021 15:42:18 +0000 https://kurir.mk/?p=470138

Во периодот од 8-ми до 14-ти февруари, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за транспорт, Агенцијата за лекови и медицински средства, и Државниот инспекторат за животна средина, спроведоа вкупно 5.228 контроли и наздори во целата држава. Државниот пазарен инспекторат, спроведе 3.437 контроли и 812 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна и материјалните закони во надлежност на овој инспекторат. ДПИ изрече 32 прекршочни пријави, 98 платни налози и 107 решенија. Од овие 107 решенија, шест решенија се поради прекршување на здравствените протоколи, односно едно е поради непочитување на дозволено растојание и пет поради непочитување на работното време. Во сите случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност, односно истите се затворени за работа на лице место, а дополнително и изречени им се соодветни прекршочни платни налози. Државниот здравствен и санитарен инспекторат изврши 132 надзори, врз основа на кои изрече 20 решенија. При тоа, во посочениот период ДСЗИ издаде вкупно 4.414 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од Ковид 19, со што продолжува трендот на опаѓање на решенија за изолација. Во последните седум дена Инспекторат за транспорт изврши 51 надзори, при што издадени се шест прекршочни пријави, три решенија и еден платен налог за непочитување на материјалните закони. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести, не се констатирани прекршувања. Државниот инспекторат за труд, изврши 415 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава, за контрола на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки за сите работни места, како и на материјалните закони по кои постапува овој инспекторат. При тоа изречени се 14 решенија и 12 платни налози, поради непочитување на Протоколот за превентивни мерки за сите работни места, и поради неносење на заштитна маска на работно место. При надзорите не се изречени прекршочни пријави. Агенцијата за лекови и медицински помагала, МАЛМЕД во периодот од 8-ми до 14-ти февруари, спроведе 15 надзори во аптеки по основ почитување на мерките на Владата односно за формирани цени на заштитни средства од корона и при истите не се констатирани неправилности. Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 305 надзори, при што издадени се 13 решенија, 3 платни налози и 25 едукации, по основ на констатирани недостатоци како, небезбеден производ, неизвршени здравствени прегледи,неводење на записи за ДПП/ДХП,неспроведување на општи хигиенски мерки, неправилно складирање и чување на производи, неправилно означување на производите. Државниот инспекторат за животна средина, во истиот период изврши вкупно 61 надзор. При тоа, за констатираните неправилности од областа на животната средина инспекторите изрекоа 24 решенија пради прекршувања на Законот за животна средина, Законот за води и Законот за управување со отпад. Со оглед на тоа, мерките за заштита и спречување на ширење на корона вирусот се сѐ уште на сила, инспекциските служби и во периодот што следува ќе продолжат со интензивните контроли на терен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vnimavajte-ima-intenzivni-kontroli-za-7-dena-izvrsheni-5-228-nadzori-zatvoreni-6-ugostitelski-objekti/feed/ 0